Само консултација е 3000 а има посебни паќети за тренинзи. Има инфо на сајтот https://drgoodnight.mk/
Постојат и овие јас ги следам, гледам генерално истите совети како гуднајт ги даваат а дооооста се поефтини од неа.
Незнам налет...ни мојава не оди, ама јас работам во училиште, батко и и дада и носат. Со забите е хаотична, па и тука има пад на имунитетот. Вчера 40.2 крена, ноќеска исто со 40 се боревме.. еве ја уште си крева на 4,5,6ч. Пробувам да и фатам мокрача со кесиче, па да одиме крвна слика уште една да направиме и мокрача + уринокултура. Ај тоа, па и големиве не се арни.. ама ај со нив е полесно. Само јас да не фатам и паднам у кревет, е тогаш незнам шо ќе биде. Вака сме хаос, не така Да ве поздравам и ќе се одјавам од тука некое време, воопшто психички не сум ко што треба..
Јас фатив откако и дадов вода и ја нацицав, па и залепив кесиче и ја чекав така легната да не мрда и се измоча, само така фатив два пати, поинаку никако не успеав, во меѓувреме песнички и пуштив. Нашите 2и пол месеци се бактерија па за две недели вирус, па за две недели пак вирус, па за три бактерија со лежење во болница и за една недела настинка. Не оди во градинка, сама е, нема брат и сестра, немаме ни некој посебен контакт си деца во градинка. Али ете првата бактерија си го направи своето, и го бутна имунитетот и толку, глава не кренавме. А јас и немам некој избор за имунитет некои дополнителни суплементи под година… во глобала супер ни е.
И јас ги пратам ама сториво не сум го видела, баш може да искористам фала тиии. Прашав рекоа анкета пополнуваш за да утврдат каква рутина е потребна, ти ја праќаат пдф или печатена по карго а следува и консултација со нив во тек на процесот. Слично како кај гуднајт ама далеку поефтино
Јас дојдов само некаде да се искажам. Неделава 24 часа сум врзана за бебе, буквално, некој да ми кажуваше немаше да му верувам. Постојано сака да е во раце, преку ден никако несака да спие во креветче, си прави кратки дремки во раце, а и се спие и се плаче. Место не ја фаќа, сака да цица, ја зимам да цица, цица 5 минути и почнува да мрда, прета, одма го повраќа тоа што ќе го цицне. Во раце не ја фаќа место, па ќе шетаме, па ќе ја ставам да си полежи кај играчките, ама ако не сум и јас до нејзе одма вришти плаче и се така. Набрзина ќе каснам нешто колку да се рече, немам никаква желба да каснам нешто нормално, до тоалет не можам да отидам. Ручек, да зачистам, усисивам е научна фантастика, дома како бомба да паднала, лудило ме фаќа. Мајка ми иде приквечер да ја причува саат, два па да ги одморам рацеве и грбот. Сопругот е до 4 на работа, капак на се и минатиот викенд беше болен и овој пак со темература, седиме во друга соба да не ја префати. Во последно време мм како гостин да е дома, не реагирам, збирам, не знам само кој ден ќе ми пукне филмот.
Мајче, не знам како да те утешам освен да ти кажам дека ќе помине. Новороденче периодот, па се до некои негови 2-3 месеци ми е како во магла. Од што толку ми беше претешко ништо не се сеќавам. Ќе помине, мора да издржиш за тоа мало човече. Бомба ми е уште дома и допрва ќе биде. Некогаш немам време ни да се избањам, ниту да јадам како што треба, еве 8 месеци постпартум иста песна. Само што сега веќе се навикнуваш на новиот живот и хаосот, а на почетокот ми беше баш тешко да прифатам. Сега и уште потешки за гледање се. Не застанува ни секунда. Допрва нема да застанува. Издржи, подобри денови допрва доаѓаат. Еве сега цел ден си гугаме, збориме на негов бебешки јазик, ми се смее цело време, си играме на подлога, се бркаме. А дома ми е хаос. Ама има време и пак ќе биде средено дома, ама овие моменти со него ќе ги немам повеќе.
Мама не знам колкаво ти е бебенцето, ама за овој дел кратки дремки спас најдов во спиење надвор на тераса/двор овие неколку ден. Скандинавски начин, кај мене успева си спие без проблем по саат ипол, два. Ќе користам вака додека не почне загадувањето на најјако
Те молам ако се решиш да пишеш искуство. Не ми е за парите туку ме интересира дали стварно има надеж за нашите FOMO бебиња или тоа е тоа
Не знаев кај да пишам па ај тука. Има ли некоја зимано целосни зимски комбинезони како шушкавец што се од sinsay? Како им се броевите дека другите алишта општо се помали? Бебка е 6м и носи 74ка но на мисла сум да не и е мало и да и треба 80ка? Не знам па да не плива во 80ка. Мада слабо има 80ки online.
За зимски алишта се водам по тоа што зимата е поприлично долга, што би се рекло може истите алишта и онаму до февруари ќе ги носи и земам број плус. Посебно за така големи работи, што нема ни кај да складирам. Јас би зела 80ка секако во твојот случај. Како што пишав декември/јануари се за 3 месеци од сега и секако ќе стаса број плус. Ептен ако ти е големо, па може и замена. Туку некој споменуваше продавница за чевли детски Хепи фут или така нешто. Како се со цена? Мкд производство ли е?