Германско производство се, природни материјали, barefoot, јас број 20 женски моделчиња им барав пред месец дена ми пратија слики све што имаат на Инстаграм. Цените 1800, 2400 па нагоре, тие ептен за на снег па и 4к беа. Топлинките им беа ми се чини по иљадарче. Само во Куманово имаат дуќан, @Lady Miami ги има видено у живо ми се чини сподели дека изгледаат квалитетно. Јас се спремам да појдам нареден период. @nikja колку инспиративна приказна, влеваш надеж, со лесно да си ја доносиш бременоста ^^
Спиди книгава малце жустра бе Let the baby cry on and off-even if the crying lasts over an hour or two!
Ма ни толку хахаха Јас искрено немам многу желба да ја научам да ја легнам и јас да си отидам она да си заспие. Заспивањето ми е еден од најубавите моменти со неа и знам дека цел живот ќе имаме некоја посебна рутина со читање книги, гушкање пред спиење. И знам дека нема да и влијае тоа во заспивање со други, зошто внук ми е така, дома обавезно мора мајка му да легне со него и да му чита за да заспие, ама нема никаков проблем ни со друг да заспие ако кај моите или кај мене, или во градинка (а карактер е). Мене единствената желба ми е да заспиваме легнати на кревет и да не трае тоа 40 минути а еве има некоја надеж з анас, пак почнав легната да ја успивам како пред некое време и 3 вечери по ред е успешно, подолго и трае уште заспивањето (по 25-40 мин), ама верувам ќе се намали. Е овој пат ми успева и денски да ја заспијам легната (не секој пат амаbaby steps).
Еее па добри сте чим само со лежење заспива, јас целам кон тоа ама без цице да лежиме е мисловна именка моментално. Мене сега не ми е проблем времето, во принцип најчесто за 15тина минути заспива и со цице и со нишкање. Најсмирена е кога заспива со цице но проблемот е што се буди се повеќе и секако одма бара цице за презаспивање. Со нишкање ми прави па драма така кенка цело време дур ја фати сон и стресно ми е некако, почнав музика на слушалки да слушам дур ја нишкам
Епа cry it out Првото дете максимум плачела саат и 40мин, следниот ден помалце, третиот најкратко, четвртиот ден спиеше цела ноќ 12ч. Второто плачеше пократко ама појако, и на повеќе пати. Вришти 15мин, спие 2 саати, пак ќе повика, пак ќе спие 1 саат. Ама и тој за 3 дена се навикна. Како и за цуцла одвикнување, и за цицање, и за се друго, секое чудо за три дена. Ама треба живци, не викам не, и не е за секого. Треба да си ти на дно со нервите за да стегнеш заби и да издржиш. Поентата е дека треба дневен распоред да има идеален, да знаеш дека е најадено доволно и изморено соодветно, ни многу ни малце, за да очекуваш да спие ноќе. Не е работата ај од утре остај го да плаче. Книгата е многу повеќе од тоа. Јас сум почнала со дневен распоред на 5 недели со првото и на 2 недели со второто дете, а плачкиве беа на 4 и 6 месеца. Првото дете и без плачките спиеше цела ноќ на 3ипол месеца, само со правење soothing rounds. Ја оставав да плаче после регресијата во 4от месец, веќе знаев дека може да спие цела ноќ, не е дека очекував чудо да се деси. Синот пак не цицаше ноќе ама пак се будеше често, затоа малку покасно се решив на cry it out. Плус беше со грчеви, плачко невиден до 3 месеца. Сега двајцата си легнуваат во 21ч, јас ги будам во 7 за школо и градинка. Плачките од 3 дена, па и 2 недели да траеле, вредат за години раат спиење. Секако ќе има болести, заби, промени, не може да биде идеално, ама генерално немам мака. И книгата ја препорачувам со свое лично искуство дека функционира ако се следи целата, со ред за јадење, за дремки, за се, не само легни го детето, затвори врата и остави да плаче.
Искрено и мене книгата ми беше многу строга и јас немав срце да ја спроведам, не се каам зошто не го избрав тој метод, за мене изгледа премногу брутален. Никогаш не сум го сакала cry it out методот, не би го спроведила за ниту едно од децата колку ќе ги имам. На темата повеќе деца, сакам три, искрено едвај чекам мм да заврши со терапијата и да почнеме со обиди, 34 ќе полнам и не како сакам барем докај 37 да завршам со раѓање. Плус кај мене во фамилија сите се со рана менопауза, мајка ми на 41 веќе немаше циклус, баба ми на 45, двете тетки на 42… свекрва ми имаше до 57г и гледам многу разлика во начинот на стреење, се надевам дека нема и јас толку рано да влезам во менопауза. Јас сум веќе помирена со неспиење и се што се случува со детето го сфаќам како фаза која ќе помине и чекам и чекам, уствари не чекам туку пробам да уживам во секоја фаза. Моментално ми фали само време за себе, зошто вечерно време кога ќе заспие он, заспивам и јас скоро после него, ама се трудам барем во меѓувреме да гледам серија, слушам книга или нешто. Моментално илустрирам моја детска книга, толку години ова го имам на мисла и никогаш не најдов соодветна инспирација, а сега толку многу имам што секоја повлечена линија ми е радост. Мали исто го гледам многу е заинтересиран за бои, сликање, тоа ни е секојдневна активност. Времево го обожавам, а и љубовта изгледа и на него му ја пренесов оти секогаш кога ќе виде дожд бара да одиме да се шетаме и многу е радосен. Spoiler
Бебка има запче, сабајлево приметив Некако многу рано, на 5м излезе првото запче Да варам сутлијаш сега, да и растат сите бели и здрави
Јас сакам да ми образложиш како тече постапката и што правиш откако ја спушташ на кревет до заспивање абе живеам за денот вака да заспиваме. Тешкичка станува мојава а се успиваме во раце со шшкање пеење итн
Полека почнав да му го поместувам времето за спиење за кога ќе се смени саатот да немаме драма.До сега функционираме добро. Околу cry it out методата има многу нови истражувања за тоа колку е штетна,не се осудувам на такво нешто иако имало моменти кога сум сакала и сум била капната ама моево бебе ни 5 мин не можам да слушам како плаче.Нормално дека ќе се навикне ако го оставиш да плаче но по цена да ја изгуби цела сигурност кон тебе што ја има.Дури и многу често со нов скок се губи таа вештина да ја речам на самозаспивање с скокови богами има многу. Туку надвор од темава бебе е 7м веќе.Ме загрижуваат повеќе работи па ми треба совет и ваши искуства.Не си баботи ,преретко дури и тогаш вика гласно како диносаурс но поголем дел од времето е како нервозем,рже така нервозно.А му зборам му читам..џабе.Друга работа седењето сеуште не се подобрува ..следна недела сме на ортопед и одвај го чекам денот.Седи навален нанапред и нејќе да се подигне.Исто и вртењето од стомак на грб е толку тешко,се стега кога пробувам да го вежбам и нејќе.А на стомак е цело време...го крева газето,се исправува на раце.Еве не знам ама паника ми е ептен.
Ама кој ти кажал дека треба на 7 месеци да седи стабилно? Значи до 9 месеци треба да седи стабилно, воопшто не е за паника. Така што прави напред е баш правилно, го вежба јадрото да може да седи, лази и утре да се исправува. Се супер прави бебето, воопшто немаш потреба за грижа. Еве мојата и се исправа и лази ама поинтересно и е да лази, зашто знае дека така може да стигне кај сака за разлика од исправувањето.
Секоја фаза е тешка ама исто толку убава. За заспивање на кревет легнат со приказни го научи мм, фала му до небото и назад. Ама он изморен не може да мрда а не да го шета и ниша низ соба. Јас секако сум го заспивала, ама најмногу заспивал со цицање и после го префрлав во креветче. Кога го одбивав го заспивав на рамо шетајќи низ соба. Сега легнуваме се гушкаме и заспива, иначе раскажувавме приказни. И сега некогаш сака да му раскажувам ама најчесто читаме во дневна една он која сака и после одиме да спиеме. Најтешко е мислам дете од нишкање да се одвикне, внуката 3год ке прави еве ја уште ако не ја занишаш нема шанси да заспие и во градинка ја нишаат за спиење.
Со цицање и на кревет до мене, така заспиваше и синко ко бебе, така сега и ќере. Имало денови со синко кога сум го заспивала и по саат ипол-два, отпосле сфатив дека тоа е бидејќи се водев строго по апликации и прозорци на будност, не си го следев детето. Сега со ќерче таа грешка не ја правам. Не може да биде исто уморна ако имала долги дремки денот како кога имала кратки. На тема cry it out, не учат да заспиваат сами туку дека никој нема да дојде колку и да плачат, односно се откажуваат. Да ми каже сега син ми “Мамо, легни до мене дур да заспијам, страв ми е”, и јас само ладнокрвно да си излезам и затворам врата ми е непоимливо. Епа исто и со бебево, скроз е иста пораката што ја дава ама со друга вербализација (плач). Кај ниеден друг цицач не постои вакво нешто, туку сите се со малите в раце или до нив дури да потпораснат. Башка што ја мои деца не оставам да плачат ни секунда . А и физички не можам, целиот стомак ми се превртува, иако знам дека се безбедни сепак мојот автономен нервен систем го регистрира тоа како аларм на кој треба да реагирам, ме мава паничен напад. Ако плаче малку повеќе од што е непогодена мене маициве утоп од млеко ми се прават.
Зошто толку се опседнуваш со тоа? Накај 9 седна сама стабилно. Повеќе од 5 секунди несакаше на стомак. Со се пробав да и држам внимание , за да лежи, ама нескаше никако. Немаше ни обид да лази. Направи 10 м и буквално за една недела почна да лази ( една нога како ја влече, не и е баш она лазење лазење), почна да се исправа. На почеток малце бев загрижена зошто некое друго дете нешто прави, она не. Ама си ставив во глава дека не се исти сите деца и секое ќе ги прави работите тогаш кога ќе биде спремно. Колку и да ја залажував за да се пушти да оди, беше со страв и не форсирав. Сама почна самоуверено и оди сопри ја сега.
Што уствари те загрижува? За седење е рано, до 9м се толерира, ржење викање е нормално за таа возраст, така си го учат гласот. За баботење ако мислиш на бабабаба мамамама и сл се очекува до 10м. Значи во ништо не доцни уште, прилагоди си ги очекувањата, 7м е.
Тоа лежење на стомак и немада зацврсти ми е траума веќе. Од мајки околу мене до доктори. Морало 20 мин во текот на денот а оно кутрото 30с и почнува да плаче. Џабе и упорност и се.
Помодруваше од плачење. Не водени подлоги, не огледала, не играчки, не музички играчки( мајмуни, гуски,шатки), се купив, пробав. Несакаше и несакаше. Оди види ја сега дали не е цврста. Сама почна да се дига за седнување. Се напрегаше и седнуваше. Се почна сама да прави, тогаш кога она се осеќаше спремна за тоа. Нема да споредувам дете со други. Секое е различно. И не треба да се форсираат за ништо.