Ви благодарам за поддршката, кога ќе ме погледне со тие мили очиња се друго изгледа неважно, па колку и да е тешко ќе се преброди.
Да ќе бидеш упорна, и 5пати во денот по 30секунди се нешто. И моево не сакаше, на штоперица мерев рекордот и беше 1минута на 2 месеци и пресреќна бев. И така по неколку пати во денот ја ставав по 30секунди/минута. За кратко почна да издржува по повеќе и е вистина дека има резултат. Ама нема да го оставиш да се дере, да плаче, да помодрува за да направи 20 минути. Не лажат тие околу тебе, не е дека нема да зацврсти ама дете се расте на под и така најбрзо ќе напредува. Твое е да пробуваш, ама да не го сфаќаш трауматично, напрај си кафе седнете доле на гимнастика, кога ќе почне да плаче сврти го на грб да си гледа во висечките играчки. После некое време пак.
@Надеж♥️ Дали имаш пробано на перниче да го ставаш? Има специјални со напред играчки, ние имаме од Чико. Мојот стоеше, немав проблем со лежење на стомак ама на перничето многу подолго издржуваше а како што растеше почна да си игра со играчките напред. Баш пред некој ден се навратив на слики од кога имаше 2 месеци и веќе беше баш ојачан и стоеше убаво исправен со главчето. Многу брзо ќе ојача, само ставај го како што ти рече Ноеми по неколку пати по неколку секунди/минути.
Што се замарате со тоа седење? Големата на 8 месеци сама седна, на 11 пролазе, а на 14 официјално прооде. Тогаш нема што не исчитав, паметот секаде ми одеше, па еве го здраво право дете, пргаво, еластично. Со малово не се замарам толку. Сфатив се во свое време. Моето што можам да го направам, го правам. И совет од ортопед ми е дете не се седнува на 90⁰ никогаш. Наслонот на количка или што и да е се става на 45 и се врзува само околу половина со каиши. Дете се исправа, тренира мускули, а кога ќе се измори може да се потпре назад без да има притисок позади. Кога е на 90 и кога ќе се измори нема како да ги релаксира мускулите и се создава притисок на опашката. Дете со перници околу него во никој случај не се седнува. Затоа оставете го на под само. Ќе направи се кога ќе му дојде време.
Мораш да издржиш. Имав период каде и јас кога и да се разбудеше одма цице давав, а тоа беше по 3-4 пати низ ноќта. Преку ноќ си реков дека веќе нема, дека само еднаш ќе давам, а другите пати ќе ја нишкам. Првите вечери спиев на клацкалката за да спие, или само се љуљавме на клацкалка а никоја не спиеше. Па ќе ја предадев на мм, ќе ја заспиеше он за 5 мин, ама џабе, зошто а ја спуштеше стануваше, и мн често и потклекнував и пак и давав цице. Ама кога ств се заинаетив за 3-4 веќе сфати дека нема веќе и почна да си ги намалува будењата. Сега се буди само еднаш да цица, и се трудам да не заспијам и да ја префрлам за брзо во креветче Моментално веќе и вечера јаде една недела, за некое време планирам да пробам и тоа едното станување да и го скратам. Ти верувам дека функционира, ама како и други некои методи (на пример каши vs. BLW) не е се за секого хахаха Плус ств малку ми е брутален cry it out методот што знам, еве како и другите членки мислам дека е битно да одоговараме на плачот на бебињата затоа што не знаат на друг начин да ни кажат што им е, едноставно може сака да биде гушнато и да си заспие па би му го овозможила тоа се додека ќе сака - што постираше Baby warrior, маж и нека ја учи сама да заспива Мислам дека најбитен дел е што МНОГУ пред заспивање ја носам на спална (отприлика 45-60 мин пред да сметам дека треба да заспие) - инаку може е важно да спомнам дека на спална заспива а не во креветче, ја преместувам во креветче јас кога си легнувам и не се буди, нема гајле. Сега сум решена некоја рутина баш да и воведам и правиме следно. Менувам пелена, облекувам пижами, се гушнува со татко и и си кажуваат добра ноќ (мм го терав уште пред 2-3 месеца да си научи напамет фраза за добра ноќ за асоцијација ), пуштаме пригушено светло, ја зимам во скут, и давам цуцла и читаме една книга, па легнуваме и ја дојам, е сега и да ми личи дека ќе заспие на цице (освен ако не заспие за 3 минути) после 10тина мин цицање или кога ќе ја приметам дека веќе не влече воопшто ја тргам и и ја ставам цуцлата. Најчесто ми се расонува ама не ми е проблем зошто знам дека имаме време да заспие, го гасам светлото (имам една сијаличка што свети зелено дека е полна и таа ја оставам, значи ептен да можеш контурите на човек да ги видиш) и пејам една песна (ова планирам да го избацам за брзо, меѓутоа и е голема асоцијација затоа што до сега со нишкање заспиваше само со пеење) и ја оставам буквално. И се врти, се врти, се врти, ќе брбори, ќе си поигра (единствено што не и давам е да ја извади цуцлата, кога ја зима за да си игра со неа и ја враќам одма во уста) и доаѓа момент каде што сама почнува да се смирува и да тоне. Е кога ќе почне да тоне, знам да се напикам што се вика до неа затоа што сака да ме допира за лице кога заспива за да си заспие. Ама откако ја имам испеено песната ни збор не кажувам, може да сум тука само да ја погалам по грб/меше ако нешто се пожали за да и текне дека сум тука и како што пишав да се пикнам во неа за да ме осеќа дека сум тука. И така на крај се предава и сама заспива. Е сега мислам дека исто е многу битно да спомнам дека два месеца претходно се обидував да го исфрлам нишкањето преку методот на Ангела од Италија. Има четири фази, првата фаза е да се додаде нова асоцијација покрај нишкањето (јас почнав да ја тапкам по гас и да и пеам додека ја нишкав), втората фаза е да се намалува нишкањето и да заспива со новата асоцијација додека ти стоиш, третата фаза е седната да ја заспиваш со новата асоцијација и четвртата фаза е да ја легнеш и со новата асоцијација да ја заспиеш. Ние искрено никогаш не стигнавме до четвртата фаза баш баш, јас имав некоја варијација од таа фаза односно кога ќе се потсмиреше и ќе почнеше да тоне легнував на кревет со неа сеуште гушната (раката под нејзината глава), а после некое време ја спуштав на кревет ама бев залепена со неа и ја гушкав пак. Така што верувам дека и ова многу има допринесено до тоа сега да се заспиваме на кревет.
Јас не се замарам ама маж ми очекуваше на 6 да седи сам. Кога сме веќе на тема колички, дали само мене последното ниво не ми игледа како агол од 90? @Feniksgirl и @LadyR знам имаат како нашата, гледам пример од Cybex ептен се исправени.
Официјално бебка ме искака.. Не знам како се случи само што отворив памперсот бомба Најјакото е што јас се израдував премногу зашто немаше какано 4 дена... Никогаш не сум мислела дека ќе се радувам што сум цела у гомца ама MOM LIFE
Да, не се како скроз исправени на 90. Јас веднаш познав и кај летната наша, на летната седи баш исправено а со плазата не е баш 90 степени. Ама океј е, не е проблем воопшто.
Убаво си кажуваш ама истото си го правела како јас од страв,и јас од читање и гледање по интернетов памет изгубив.Морав да прашам искуства.Прво дете се ми е ново и нормално се грижам,посебно кога гледам други.И јас викам дека не споредувам но грижата останува.Во секој случај фала ти.
Браво за упорноста за само заспивање, стварно алал да ти е. One last question на колку месеци почна со праксава?
Да ја отвикнувам од нишкање почнав после 5ти скок, немаше поента порано, едвај заспиваше со нишкање тој период, не па без првиот пат кога ми успеа 10 ноќи по ред да заспива сама беше пред 6ти скок, тогаш дури и сама ми покажа иницијатива, една вечер цицаше, сама се тргна, почна да гуга, мислев дека рано сум ја легнала а ако сум отидена во спална правило ми е дека не излегувам, и и дадов цуцла, и се вртеше и скроз сама заспа, и така 10 ноќи по ред. Ама дојде 6ти скок и немаше шанси. На почетокот на скоковите е мн разразлива и тешка, и тогаш немам шанси, еве сега сме на крај на 6ти (8 месеци) па ми успева. Само што се надевам дека сега до 7ми ќе има многу пракса па нема да се вратиме на нишкање. И стимулација пред спиење мн и влијае, мм е мн енергичен со неа и упте од новороденче го научив последниот саат пред спиење да е смирен. Еве денес дојдоа моите (од др град се), и го земале и внук ми а он е 4 годишен и жив нема до каде. Еве заспа со кенкање едвај затоа што до последно со него си играше, урлаше, и одма и беше потешко да заспие.
И маж ми само ја пентари, врти, збори гласно со неа и јас му се лутам иако знам дека е од среќа и љубов ама гледам дека ептен и влијае на спиење
Јас од старт ја заспивав и спие во креветче, нема преспиено на спална, приметив дека ако и е рано за спиење, плаче бунтува и потешко ја заспивам со стоење и нишање... И сега се бања во 8, масажа и до 8 ипол пие последно млеко и се држиме да ждригне и почнува да се прозева, и више е мирна, ние сме мирни она само гледа лево десно и ја вртам према мене, седната и цуцлата и ја тапкам шшкам и се зашеметува да кажам заспана со едното окце ѕирка, и ја ставам во креветче и готова е спие . До сабајле. Секој ден во 9 е заспана. Мм е задолжен за ноќно заспивање ама вечерва го менувам нешто уморен е. Почна нешто сега во скоков 4ти да станува кај 5 ипол и мм одма млеко и дава неколку дена и навика одма, и му забранив да не се навикнува толку рано на млеко . И ја презаспивав и кај 7 станува па и давав млеко и така неколку дена и пак се врати во нормала спие до 7-7 ипол. Од три месеци како преспива не давам млеко вечер, и кога и да станала одма презаспивам. Ама еве во 3 месеци нека се два вечери да станала навечер . Само сакам да заспива во креветче не на раце и баш ќе гледам после скок тоа да почнеме. Многу сум на мисла од кога да ја префрлам во соба на големото креветче. Некако мислам дека уште умствено е мала, ако е 6 месеци вака во мозочето е 4. Кога беше помала ја заспивав кај 10 - 10 ипол па поместував сега сме до 9 дојдени. Би сакала кај 8 ипол да е заспана ама отом потом полека. Следам спие по 14-15ч во цело деноноќие. Дремките преку ден и се со прозор на будност од 2ч.
Ти се љутеше ли многу кога проба да не и даваш цице ноќе? Кога и да пробам ме бута цела нервозна дури и кога ја гушкам. Значи ноќе ни легната до неа ни во раце станата не сака ништо друго освен цице. Еве сеа ми стана дали дека ме осети легнувам до неа и буквално ми се тргаше од гушкање кога пробував да ја презаспијам и секако се откажав и со цице за 5 мин презаспа… Можда нема да е толку нервозна ако воопшто не ја дојам пред спиење и и поместам тоа да е порано во рутината, тоа ми е наредно во план за пробување.
Пеперутче, првите два месеци беа тешки, во смисла спиеше и станува за млеко и нема кај неа јаде во сон, она станува мислиш ден и е и вечер во 3 и ќе седи еден прозор на будност будна и ќе заспие одпосле, и бевме мн уморни. Ама ја читам др гуднајт и кажува дека бебе нема баш осет, не се лачи мелатонин како што треба тој период и све тоа придонесува бебе да неможе да спои циклус и да спие. И после 3 месеци бебе почна да преспива мислам најголем плус беше што и фатив шема преку ден, сат ипол и заспи.Не броев дремки некогаш и по 6 имаше. Важно ми беше да е одморна да не ми плаче. Сега има 4 дремки кратки, некогаш ќе спои некогаш по 30 мин. Ама и храна како бара така зголемував. На Ад сме. И сега гледам она во ден пие по 1100 мл млеко плус каша една за доручек. Мислам дека е задоволено и спиењето преку ден и храната и тоа е некој резултат да спие вечер. Секое дете е различно ама мислам дека тоа влијае, сега понатаму може уште ќе менува. Еве колешката моја со првото дете на Ад, со др гуднајт го научи само спие од година ипол, зема мече и во кревет и затвара она врата тоа се вртка си зсспива ( тоа ми е желба) второто и е со цицање, и баш ја прашував разлика. Вика исто од 3ипол месеци вика преспива цела вечер без да стане. Цуцла ако се подразбуди и нема млеко не и давам вика. И на 9 месеци ја одби дека на работа се врати а и дете и јадеше све (со неа почна блв и рече подобро е во однос на првото) . И сега вика двете со мечињата во креветче и спијат. Стога е мн и редот го држи ама многу значи, на кого и да ги остави сами спијат децава. Треба да се почне со некој тренинг порано и полесно е. Сестрами почна со тренинг на година ипол и доста потешко беше. Поголема плаче, тантруми. Успивана е на рака, со шетање низ стан. Тоа и успевало после скоковите 4-5ти и тоа го задржа ама она килажа качи и потешко и потешко беше. Затоа мислам дека од 6-7 ми после скокови може да се почне со тренинг за спиење.
Да, имаше вечери кога се тегнеше со мене и плачеше, најголемиот дел од вечерите кога ја одвикнував ќе заспиеше и ќе заплачеше и пак ќе заспиеше и ќе заплачеше на секои 2 минути. Јас кога и ги тргнав тие 2-3 ноќни подои уште ја заспивав со цицање така што кај неа не влијаеше многу тоа, ама секако секое бебе различно. Ама тоа е ти викам, издржувањето, на крај краева седете си будни искрено, јас ја носев во друга соба за мм да спие бар он да е одморен и ти викам си седевме во темница на клацкалка ама не спиеше и цимолеше. Ама немаше ај ќе си играме, ај ќе правиме нешто - туку дремење во темно и тишина. Имаше многу вечери искрено кога и викав, па мм ќе ми скокнеше и ќе си ја земеше Ама на крај се помирив дека јас сакам да ја одвикнам и се запнав. Јас само последниот саат пред ноќно спиење му забранив, останатото време и јас им се радувам затоа што и она му се радува. Па мора и некој таков да имаат во животот а не само галеници како нас мајките
Душата ми плаче... Ете, падна бебе од кревет на само 8 месеци. Бебе што не лази, не се исправа - падна вртејќи се во сон. А скоро секоја вечер ставам перница од страна, ама денес не ставив И ја гледав на камера, мм беше баш до мене во тој момент, изговорив „Оди види ја многу се врти да не дојде многу на крајот на креветот“ и како ја изговорив последната буква ја снема од камера. Има модрица на јаболчницата, ама освен тоа пу пу пу изгледа добра. Не повраќаше, свесна беше. Си поплака 5-10 минути, и после јас и мм со солзи во очите се тресеме, она се смее. Ама не можам да си опростам, еве седам и едвај ги задржувам солзите.