Мајчински муабети (не е за барање совети)

Дискусија во 'Бебе' започната од slobodka, 30 април 2016.

  1. Ladyme

    Ladyme Популарен член

    Се зачлени на:
    8 август 2020
    Пораки:
    2.828
    Допаѓања:
    5.932
    Пол:
    Женски
    Ох стресно многу, верувам више уплав имам одкако се врти. Важно е добро. Не ја мачи душата. Смири се, напи се едно б6 и легни си до неа да те осети.
    Види има некое како браник за кревет да го имаш како опција кога идеш во дневна. Не верувам надоле да оди сигурно повеќе лево десно ротира.
    Внукава во креветчето после 6ти месец мислам со нозете на оградата беше качена и така спиеше. Наопаку ја наоѓаше наутро, мн се немирни во сон.
     

    Прикачени фајлови:

  2. MariaBouli

    MariaBouli Истакнат член

    Се зачлени на:
    26 јули 2024
    Пораки:
    1.650
    Допаѓања:
    3.056
    Пол:
    Женски
    Абе го порачав од Тему и ми го откажаа демек го немало... И ете беља работа. А и во креветче и мн немирна, имам ставено една перница на работ и спие со неа на ноагат а пред некој ден ја начекав главата како и виси надвор од перницата, стресови. А креветче не се лепи 100% со спалната. После ова сеа ќе земам утре сите дупки ќе ги пополнам со перници со чуда, кога ќе заспива на спална барикади има да и правам. Абе да се нема раат од нив...

    Презаспа уште прееска брзо ја ставив на обратно на спална и ја напикав во потпирачот :D си спие од тогаш, јас морав да станам да работам. Сега ја гледам, не изгледа престрашно како што си мислев дека ќе биде.

    Дај кажете што да мачкам побрзо да и помине :(
     

    Прикачени фајлови:

  3. Carolin.

    Carolin. Форумски идол

    Се зачлени на:
    1 декември 2014
    Пораки:
    3.798
    Допаѓања:
    20.813
    Пол:
    Женски

    Во пики бебе имаш вакви потпирачи, или пак спои кревет со креветчето и нека спие од таа страна.
    Мене ми падна така на 6-7 месеци јас се свртев да земам памперс од шкаф буквално секунди беа во прашање он се најде на земја. Плачи он плачи јас, освен ваква модрица на челото ништо друго немаше. Ке помине, она нема да се сеќава а со секое наредно паѓање ти ке имаш по едно ново бело влакно. Моево паѓа само на глава не знам до сега како заби си нема искршено или нос искрено, ама што велат старите децаат имаат гумена глава и тоа е точно.
     
    На MariaBouli му/ѝ се допаѓа ова.
  4. Трагедијаупмм

    Трагедијаупмм Истакнат член

    Се зачлени на:
    2 ноември 2023
    Пораки:
    1.766
    Допаѓања:
    3.740
    Пол:
    Женски
    Нема дете што не паднало ,големата на 5 м ми падна не се вртеше до тогаш и ја на гарнитура ја имав ставено напикана во ќош и 2 метра од неа полнам вода во кујна и слушам туп...Фала богу немаше ништо... е од тогааш хахх ден денес паѓа.
    За ова вака не знам ама кога ќе падне одма маргарин да се намачка и нема да се направи модринка.
     
    На Anaroz1 и MariaBouli им се допаѓа ова.
  5. Ladyme

    Ladyme Популарен член

    Се зачлени на:
    8 август 2020
    Пораки:
    2.828
    Допаѓања:
    5.932
    Пол:
    Женски
    Некоја крема или маст со невен ако имаш, ќе заврши работа.
     
  6. MariaBouli

    MariaBouli Истакнат член

    Се зачлени на:
    26 јули 2024
    Пораки:
    1.650
    Допаѓања:
    3.056
    Пол:
    Женски
    Епа балсамот од Веледа за ладно го имам и тоа и мачкав синоќа, таман има невен. Денес гледам уште помалце и се знае.

    Абе она не спие на спална, ама додека да си легнеме ние ја оставам таму баш со намера да има повеќе простор да се врти зошто во креветчето ја гледам дека и е тесно. Ама кој би рекол дека толку многу ќе се сврти, значи повеќе беше накај другата страна на креветот наместена и затоа не ставив перница, како кокошка на жар се изврте... Ајде тоа е, што викаш они ќе паѓаат, нас ќе ни белее косата :D
     
    На MamaCara, Трагедијаупмм, Carolin. и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  7. Peperutce6

    Peperutce6 Истакнат член

    Се зачлени на:
    29 април 2025
    Пораки:
    1.013
    Допаѓања:
    4.426
    Пол:
    Женски
    Е исто ни е моментално. Имаше некои денови кај што само јадеше и презаспиваше. Сега седи будна по 2 саати, па тек тогаш заспива. Моето е малечко месец ипол е , мислам дека џабе ќе се мачам она сеуште нема никаков ред. Мртва уморна сум и јас секоја ноќ, ми изгледа како да ги сменила денот за ноќта. Еве ја сега спие и дадов да јаде и си продолжи.. Ќе ѕирнам и таму, сакам да и воспоставам некој ред ама треба да видам од кога може. Сега само на раце сака што е и нормално :)
    Инаку, сакав да те прашам, мислам дека тебе те читав пишуваше за некоја крема за пеленскс регија? Како да и се лупи кожичката долу, користам Веледа. Ако е некоја друга таа што ја фалеше да земам да пробам.. :)
     
    На MamaCara и Anaroz1 им се допаѓа ова.
  8. angel4444

    angel4444 Популарен член

    Се зачлени на:
    1 април 2016
    Пораки:
    1.270
    Допаѓања:
    1.668
    Пол:
    Женски
    Хааај :f: не читам баш редовно и не ни стасувам да пишам..периодов ми е турбо. Кој измисли 2 смена на работа нека иде у пм :smoke:
    Стануваме во 7, цицање, доручек, спремам ручек ставам да му се вари, играње, гушкање, ние јадење кафе, у меѓувреме ако има за пуштање сушара/перална/садови што секако ќе ме чекаат вечер да си се подружиме, правосмукалка чат-пат јер ми се сјеба роботот.. во 12 се облакам и излагам ко Круела со колана :x или крема за лице забораена или јадење за на работа или недочешлана (facepalm) послето во 18 со убава главоболка трчам нешто да испазарам и дома...дома буквално нема играчка што не е извадена од кошот и цела дневна кујна ходник се со колички, топки, мечиња.. иде вечера, гушкање, цице, беби заспива во 19:30 и јас до 23 си раскревам, зачистувам, машини празнам што сум остаила пред да идам, туш, со маж да се "видиме" :lol: и послето кома.. Викенд сме или по родендени, свадби, гости одиме ни доаѓаат таков некој период, такада полесно ми е преку недела коа сум на работа:D уште се заебавам со периапикален апцес - ме уништи забот од болки, снимки, чистење редовно на забар - глупости :sweat: И секоја вечер си викам леле не можам веќе преморена сум, има ли крај ова, кога ќе се одморам, како ли ќе протерам утре:bug: и секој ден исто терам :rofl: Верувам дека сите сме во истава трка, сите жени сме суперхерои и stay strong - ќе биде се во ред што пее Каролина :D:l:
     
    На 1209, LiquidLuna, MamaCara и 6 други им се допаѓа ова.
  9. Yowannty

    Yowannty Форумски идол

    Се зачлени на:
    28 ноември 2012
    Пораки:
    11.992
    Допаѓања:
    190.020
    Пол:
    Женски
    Потпишувам со две раце и две нозе до збор. :lol:

    Јас не следев будни прозори за ниедно, ама борба беше со првото дете да заспие порано. Си ја подававме со маж ми со саати. А како ќе заспие порано кога сабајле станува во 10? Нормално дека во 7 попладне ќе и е последна дремка. И така ме поучија овде да будам се порано на утро и со секое следно утро беше подобро и почна порано да заспива. За второ и трето веќе знаев како. :D Не следам будни прозори си ги следам нив и од прилика знам кога им се спие. Ако стане брзо од дремка тогаш и за саат време знае да стане кенкав за спиење, иначе 2 саати од прилика +/- е будно. Ама најголем заеб е кога веќе почнува да му се спие и јас баш тогаш да дозавршам нешто набрзина. Аха. После тоа ми наплаќа со камата. Ми се деси неколку пати. :sweat:


    За другото што да кажам. Кожа ми се ежи кога ќе чујам тренинг за бебиња. Ко војници да растеме, дај некој нека измисли интернат за бебиња па и да ги праќаме на тренирање да не мора ниту тоа ние. :emo: Па им даваат фенси имиња да те погоди таму во што најмногу ти фали во моментот - спиењето. Никаков тренинг за спиење не е тоа. Го тренираш бебето да си ја потиснува потребата од тебе оти ти сакаш да спиеш и нејќеш да одговориш.
    Ќе си станат децата самостојни и се помалку ќе имаат потреба од нас и тоа ќе дојде природно и спонтано како што и треба. Се друго е стимулирање на нивниот стрес хормон кој понатака си носи свои последици низ животот.


    Реков, откако станав 11 пати ноќеска. И тоа ќе беше ок да немав термин на педијатар. И тоа ќе беше ок да не ги забораев и кенгурот и количката во кола со маж на работа. |( Кај уморна и ненаспана па уште бебе во раце до педијатар. :emo: Среќа ординацијата ми е прилично блиску, ама улицата што води до неа е угорница. :sweat: Навежбав непланирано и мускули и трпение денеска. Ама ништо од планот за шопинг. :wasntme: Среќа бебули е добар, пораснал 8 цм и ставил повеќе од килце за два месеца и следна контрола во Февруари пред да заокружи годинка. :l: За назад удолница, па се тераше полесно. :lol:
     
    На WhiteCat33, 1209, pamelche и 21 други им се допаѓа ова.
  10. Ladyme

    Ladyme Популарен член

    Се зачлени на:
    8 август 2020
    Пораки:
    2.828
    Допаѓања:
    5.932
    Пол:
    Женски
    Пепрутче ставам бадемова крема и ептен навечер зошто почна да ми е какана сабајле, па да има подебел слој ставам од веледата . Веледата за пеленска има доста цинк оваа бадемовата е мн лесна и хидратантна и газето и свети.
    Има црвенило или само се љупи? Види мене Др Јадранка од ремедика кога ми ја дадоа од Неонатологија беше дете рани цело црвено жиш и излупено кожичето и кога се смири со миробакт и мантазол ја мачкав и канестен ми даде на крај рече дека лупењето на кожичката е кандида. И после две три мачкања со канестенот се смири све. Е сега ти можеш бадемовата да ја користиш за редовна употреба ама види дане треба и нешто хемија малку дане има др проблем. Значи да ја ѕирне педијатар ако се љупи кожичката.

    https://kiwi.mk/product/pharmamed-bademova-krema-za-detsa-100ml/
     
    На MamaCara и Peperutce6 им се допаѓа ова.
  11. Dodo1

    Dodo1 Популарен член

    Се зачлени на:
    12 февруари 2011
    Пораки:
    2.022
    Допаѓања:
    3.099
    Пол:
    Женски
    Добар ден мајки. Читам за спиењево пак се збори, рутини, темно, спална, тивко, шшкање. Истата бев, како војник ред и направивме, буквално од почеток. Не викам дека тоа не помага, треба детето да си знае ред. Еве мојава знае кога треба да спие, ја бањаме средуваме, малце масажа мачкање по телцето. Се смирува, чека да и облечам вреќичка. Си легнува со главчето, си го става цуцето. Заспана е за 3 минути. И оп,за саат време, максимум саат ипол е станата. И така цела ноќ. Што се не е пробано и џабе е се, многу темпераментно бебе е и активно спие. Сакам да ви кажам на тие новопечени мајки, што читате, некогаш не е до вас колку и да се трудите, ако е такво детето такво ќе е.. На тие што ви успева, алал да ви е, уживајте во сонот. :rofl:
    Уште си ја тераме рутината со бебче ама помирена сум дека станува и дека ќе станува, тоа е. А да ја оставам да плаче не ни помислувам, немам срце за тоа.
    За паѓањето, и мене ми падна пред некое време од гарнитура, директно на глава наназад. Сама бев дома, искрено се чудам како не испаничив. Ја земав ја измив со ладна вода ја смирив, гледав да не поврати и да не спие 2 саати. Добра беше. Мислев дека полошо ќе го поднесам првото паѓање ама океј беше, останав смирена.
    И да прашам, како треба да прооди бебче? Босо низ дома? Се пушта мојава веќе сака да оди, боса се движи по чорапчиња дома
     
    На 1209, LiquidLuna, dummy и 10 други им се допаѓа ова.
  12. Baby warrior

    Baby warrior Истакнат член

    Се зачлени на:
    27 декември 2023
    Пораки:
    3.392
    Допаѓања:
    6.461
    Пол:
    Женски
    Мене што те прочитав срце ми застана… мн се плашам од паѓање…премногу! Да и помине побрзо … и мојата спална од двете страни е отворена и не може да се пикне до ѕид … затоа почнувам надежно денски да ја ставам во лреветче два дена за да пробам пд наредна недела и навечер. Плус и редно време е и маж ми да се врати во спална :devil: на гарнитура спие 4месеци и мене ми фали :@
     
    На MariaBouli му/ѝ се допаѓа ова.
  13. Peperutce6

    Peperutce6 Истакнат член

    Се зачлени на:
    29 април 2025
    Пораки:
    1.013
    Допаѓања:
    4.426
    Пол:
    Женски
    @Ladyme фала ти многу , ќе ја однессм вечер втора смена е докторката да ја види , и купив и фризи дерм сма читам и тоа има цинк.
     
    На Ladyme му/ѝ се допаѓа ова.
  14. Peperutce6

    Peperutce6 Истакнат член

    Се зачлени на:
    29 април 2025
    Пораки:
    1.013
    Допаѓања:
    4.426
    Пол:
    Женски
    Јас да се јавам, прв секс после пораѓај циркузи :D:D Мене страв ми беше неудобно некако таман се опуштив, почна да плаче госпожа. Ајде се смири, пак почна да плаче и се откажавме, више срече други пут :lol::lol: Детево ко да знае спиеше цело време ама ајдее да им реметсм планови на овие две напатени душички :D:D
    #Momlife станува се пореален
     
    На 1209, pamelche, MeowMeow и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  15. BellaBibi

    BellaBibi Форумски идол

    Се зачлени на:
    15 јануари 2021
    Пораки:
    8.971
    Допаѓања:
    27.017
    Пол:
    Женски
    Боса е најубаво кога проодува. Од Телески совет ни беше, до 2-3 години, колку може да е повеќе боса, за да и се оформува стапалото.
     
    На MamaCara и Dodo1 им се допаѓа ова.
  16. MariaBouli

    MariaBouli Истакнат член

    Се зачлени на:
    26 јули 2024
    Пораки:
    1.650
    Допаѓања:
    3.056
    Пол:
    Женски
    Абе јас само ја заспивам во спална кога ќе си легнеме си оди во креветче. А намерно ја оставам на спална за да има простор да се врти зошто во креветче и е тесно. Ама кој би рекол дека толку ќе се изврти значи 3 круга направи буквално од една до друга страна....
     
    На MamaCara и Baby warrior им се допаѓа ова.
  17. Надеж♥️

    Надеж♥️ Истакнат член

    Се зачлени на:
    4 ноември 2024
    Пораки:
    625
    Допаѓања:
    1.509
    Пол:
    Женски
    Ние само што тргнавме накај спална оти мажето во релаксатор беше цврсто успан не начекаа ококорени очи. Среќа си продолжи одма па беше успешна мисијата:D
     
    На MamaCara му/ѝ се допаѓа ова.
  18. Anaroz1

    Anaroz1 Популарен член

    Се зачлени на:
    14 април 2021
    Пораки:
    3.123
    Допаѓања:
    7.167
    ве читам за ред поставување, тренизни, прозори, скокови....јас сум заостаната, ниту сум пратела прозори, ниту сум правела тренинг, а искрено немам ни ред, немам ништо против тие што имаат... ние сме цели хаотични, повеќе сме надвор него дома, цело време шетаме, одиме по гости, некако не успеваме сами да имаме ред, а не па детево да има ред со нас, за малото не зборам тоа е уште мало за ред :D

    за паѓање на бебе нови мајки не се секирајте, нема некој на кој не му паднало бебето :drunk: мене големата ми падна на 5 месеци од спална и не беше еднаш, уште неколку пати ми се случи да ми падне, многу е стресно, ама буквално секунди се во прашање со нив...

    нашиов период со новороденче дома овој пат ни е скроз различен од првиот, првата ми е родена во декември, во време корона, цела бременост ја памтам како мирен период, се роди бебе, дома ни луѓе да ти дојдат ни никој, така мирно, бебешки успивни песни на телевизор пуштени, најубавата зима ми беше. сега со второво само што останав бремена купивме стан, стар за реновирање, се фативме со мајстори, цела година само тоа правевме, мислевме ќе се преселиме пред да се породам, никако не стигавме, бебе стигна пред да биде готов станот, чекавме да направи 40 дена за да се селиме, сега цело време шетаме купуваме за да го опремиме цел стан, бебево со нас, нема кој да ја почува :drunk: , селиме алишта деновиве по сто пати натака навака ја возиме со нас, дома ни е хаос, во новата дома хаос не успевам да уживам со бебето од што сме турбо, буквално едвај чекам да заврши периодов и да се прибереме сите 4ца во новата дома, осеќам дека толку сум под стрес, уморна, неспиена и истрошена годинава како никогаш до сега, како да нема крај. :drunk:
     
    На WhiteCat33, 1209, pamelche и 12 други им се допаѓа ова.
  19. dead.flower23

    dead.flower23 Популарен член

    Се зачлени на:
    2 јули 2019
    Пораки:
    569
    Допаѓања:
    2.202
    Пол:
    Женски
    Колку ме нервира кога не сака да се успие значи 2 саата го успивам и ете ти го ќе стане и ав ав ав ав ми прави ... мене ми се спие ми се корне денес немам ич спиено он на најако пуштен, маж ми ма работа ја сама почнав у ѕид да лупам.
     
    На MamaCara, Надеж♥️ и merriel0 им се допаѓа ова.
  20. angel4444

    angel4444 Популарен член

    Се зачлени на:
    1 април 2016
    Пораки:
    1.270
    Допаѓања:
    1.668
    Пол:
    Женски
    Леле вчера се пожалив дека периодов ми е "тежок" и одма ми се покажа дека може бетер :muscle:
    Од синоќа јас и маж ми сме со некој летечи вирус, како воз да не згазил..болка во цело тело, главоболка, а грло и нос ништо :?: нити температура.. бебуш тотално ништо не му е, не застана од сабајле, дај боже да не префати уште тоа ми фали :bug: Едвај некако се одвозев до работа, седам у јакна замотана, пошо нема греење :headbang: Иначе малиов почнал да ме имитира како бришам масички и комода со влажни :rofl: јас ги користам слипи за чистење, завршив, и го гледам си ги отвара неговите и зел брише бе :rofl:
     
    На MamaCara, LiquidLuna, DELFINA81 и 5 други им се допаѓа ова.