Мајчински муабети (не е за барање совети)

Дискусија во 'Бебе' започната од slobodka, 30 април 2016.

  1. Yowannty

    Yowannty Форумски идол

    Се зачлени на:
    28 ноември 2012
    Пораки:
    11.992
    Допаѓања:
    190.020
    Пол:
    Женски
    Девојки, Данијела Остојиќ има конференција за ментално здравје, во Македонија конечно. За жал лично не можам да одам, ама ја препорачувам. На добро познатата тема за ние што ја следиме - Промени ги балканските уверувања.
    Кој не ја знае, се работи за клинички психолог со долго искуство и говори против наметнатите размислувања и однесувања кои ни се пренесуваат генерациски и се заеднички за нас на Балканот, а се многу симптоматични најчесто и не здрави. Како ни се пренесуваат генерациските трауми, за потоа и ние да ги пренесеме на нашите деца. Посветува внимание на комуникацијата и динамиката во врските и браковите, а особено внимание посветува на родителството. Воглавно, против балканските уверувања во кои уште сме заглавени, од типот дека жените сеуште многу трпат и толерираат за мир дома (сеуште убедени дека така треба), што е токсично однесување и како тоа влијае на останатите членови во домот, тепањето деца, а како се гради здрава врска со нив. Одлична е.
    IMG_8956.jpeg
     
    На 1209, MeowMeow, sani99 и 8 други им се допаѓа ова.
  2. lala15

    lala15 Истакнат член

    Се зачлени на:
    20 август 2014
    Пораки:
    477
    Допаѓања:
    919
    Пол:
    Женски
    79 € влезница :drunk:
     
    На LadyD, Yowannty, Kjara2025 и 2 други им се допаѓа ова.
  3. LaTama

    LaTama Истакнат член

    Се зачлени на:
    1 октомври 2019
    Пораки:
    780
    Допаѓања:
    850
    Пол:
    Женски
    Дојдов да се пожалам... добро бе мајки само јас ли толко лошо се чувствувам како родител. Многу ми е тешко, немам воопшто време за себе буквално 24/7 бебе е залепено за мене. Не е воопшто лошо бебе ама е захтевно, кога е будно сака во раце цело време без раце и кичма сум а кога спие сака да ја држиш за рака или да си до неа, ако се тргнеш се буди. Немам од никој помош освен од сопругот ама и тој оди на работа така да 8 саати сме сами а кога ќе си дојде гледам додека тој е со неа јас дома да потсредам нешто, за себе немам воопшто време. Знам мајчинството е голема жртва ама не си замислував така. Долгоочекувано бебе е и сега кога го пишувам ова уште полошо се чувствувам, како да не сум благодарна на Господ што ни ја даде а премногу ја сакам
     
  4. Feniksgirl

    Feniksgirl Популарен член

    Се зачлени на:
    27 јануари 2022
    Пораки:
    8.977
    Допаѓања:
    15.236
    Пол:
    Женски
    На сите им е тешко, ама буквално на сите. Кој ќе ти каже дека не му е, те лаже. Полека ќе се навикнеш или мој совет е да се препуштиш на хаосот, тогаш многу полесно станува, верувај ми. Брзо ќе помине се.
     
    На 1209, јolene, Anie93 и 3 други им се допаѓа ова.
  5. LaTama

    LaTama Истакнат член

    Се зачлени на:
    1 октомври 2019
    Пораки:
    780
    Допаѓања:
    850
    Пол:
    Женски
    Незнам. Кога ќе ги погледнам со 2,3 па и некои 4 деца се прашувам толку ли лошо јас се организирам што со 1 дете сум згазена уморна. Сега таа регресијата мислам ме дотепа
     
  6. Ladyme

    Ladyme Популарен член

    Се зачлени на:
    8 август 2020
    Пораки:
    2.828
    Допаѓања:
    5.932
    Пол:
    Женски
    Ее сега го испраќам мм на раб му викам ај дојди си порано кажи нешто излези... денот ми е планина ако веруваш. Захтевна е сега е во скок, преку ден почнува за глупости да плаче, зошто на стомак се свртила и заглавила со рацете во уста главата во подлога и плаче. Да ја земам да ја свртам уште појако, она очекува во раце. Кичмата ми е со голема сколиоза и самата дискусите се скроз за нигде и после бременоста лежење мислам пола човек сум. Она си има 8 кг да е здрава и жива. И незнам сега еве денеска ова чудо стај ја во кревет заспана во секунда се врти и паѓа цуцла и одма отвара очи плаче и така 4 пати и на крај една марама имав ја повив (да не се тепа со рацете по лице тие дополнително ја будат) ја успав и ја ставив во креветче ете ја спие некои 20 мин. Седам се чудам денов како ќе го поминам. Хаос. Има денови ќе помине полесно има денови многу тешки. Јас сум зела триста упати чекам да испитам све. Нешто има и тешко спијам. Коритзолот сигурно во небеса. Ќе видиме.
     
    На 1209, јolene, merriel0 и 4 други им се допаѓа ова.
  7. QweenSM

    QweenSM Форумски идол

    Се зачлени на:
    18 декември 2013
    Пораки:
    5.965
    Допаѓања:
    36.254
    Пол:
    Женски
    Ох бе мајче, на сите ни е исто, верувај.
    И јас сум сама со бебе, буцко ми е да е жив и здрав ама мислам се распаѓам во секој момент кога сака во раце. Среќа веќе се повеќе мобилни па доста време поминува на под, па малку ми одмараат рацете.
    Со бебе/дете нема лесно, само едноставно го прифаќаш тоа и живееш така.
    И јас немам време за себе. Навечер откако ќе се успие бебе, го раскревам хаосот набрзина што бил преку ден, јадеме со сопругот, садеви, алишта, некогаш знам да пеглам, и додека да се истуширам и седнам едно кафе да се напијам или чај, еве го 22ч дошло и јас сум преуморна. Бебе секако навечер станува 2 пати, и во 7 сабајле веќе очите филџани.
    И така во круг секој ден.
    Ама вака кога пишувам уствари гледам колку ми е напорно, а сето ова не го осеќам веќе ни дека го правам, дека сме како роботи некои програмирани. :D
    И сепак гледам да уживам во целиот овој хаос и умор, дека еднаш е вака мал и додека да трепнам ќе ми порасни.
     
    На 1209, јolene, Noemi и 6 други им се допаѓа ова.
  8. dummy

    dummy Истакнат член

    Се зачлени на:
    21 август 2024
    Пораки:
    1.359
    Допаѓања:
    1.950
    Пол:
    Женски
    На сите ни е тешко, некои денови помалце некои повеќе. Јас имам среќа мм работи од дома па можам бар до вц да појдам ама време за себе јок, ноќе одкога ќе ја заспијам ама што попрво тогаш. Денски почна да спие сама инаку се беше на мене, не можев да мрднам ни за до вц. За жал уште дремките и се кратки и трчам да ја презаспивам. Во малку времето што дреме глеам да направам за неа за јадење, за нас ама некогаш не стигам за нас па се снаоѓаме нарачуваме. Дур е будна е преактивна, се заигрува и сама на подлога ама секако не за долго. Освен стандардни ствари низ дома што едвај стигнувам да ги правам, еднаш месечно време за себе ми е за на депилација, ако се рачуна тоа за време за себе. На шишање бев прв пат 5ипол м после пораѓај, косава чума. Се канам да вежбам ама мотовација јок и многу сум ненаспана, ноќе на 2 саати станувам… и така поминуваат денови, недели месеци а не станува баш полесно ама па почнуваат повеќе да разбираат и дефинитивно е по интересно. Едино полесно е што не е до толку лепенка за цице
     
    На јolene, 1209, Noemi и 4 други им се допаѓа ова.
  9. Aschenputtel

    Aschenputtel Популарен член

    Се зачлени на:
    6 јуни 2012
    Пораки:
    2.275
    Допаѓања:
    9.240
    Пол:
    Женски
    Тешко е сама, претешко. Маж ми не остави на 2 месеца, возе камион во странство. Сама се снаоѓав како знаев. Како што ти кажаа и други, ќе се навикнеш. Јас имам пишувано, сум се бањала и по полноќ, после со него во купатило, јадев кога спиеше, чистев ноќе, средував, пеглав.
    Не беше лошо бебе, ама се будеше на 3 саата за млеко. Е сега е 15 месеци, ама има друга мака со забите.
    Секој период носи тешкотии. Едно ќе мине, друго ќе дојде. Еве како тргна на градинка втор месец, па наоѓам време за себе малце. Претходно и по 3 дена нечешлана одев.
    Ама, затоа кога си дојде, цел ден е со мене до вечер. Се шетаме по соби, отвора фиоки, фрла, растура. Ќе седнам да јадам, доаѓа, ме влече. И така. Социјален живот нула, ама и не ми недостига искрено многу.
    Тоа е, сум прифатила и терам.
     
    На јolene, 1209, Noemi и 4 други им се допаѓа ова.
  10. Dodo1

    Dodo1 Популарен член

    Се зачлени на:
    12 февруари 2011
    Пораки:
    2.022
    Допаѓања:
    3.099
    Пол:
    Женски
    Ве читам навечер од кога ќе заспијат бебињата чистите. Мајки бе, од каде сила? Јас едвај играчките ќе ги соберам да не се сопнам на нив па да ја разбудам, и едвај чекам да легнам.
     
    На LadyInPainting, јolene, LiquidLuna и 6 други им се допаѓа ова.
  11. Baby warrior

    Baby warrior Истакнат член

    Се зачлени на:
    27 декември 2023
    Пораки:
    3.392
    Допаѓања:
    6.461
    Пол:
    Женски
    Исто, некогаш ми е тешко да помислам да се истиширам се струполувам до неа и ме снемува зошто знам за саат ипол два ќе се разбуди за млеко и така цела вечер. Чистење нека е здрава и жива жената што ми доаѓа на 10дена. Сега кога ќе почне да лази за 3-4месеци ќе треба и на 5-6дена да иде вероватно … јас сила немам за чистење :drunk:
     
    На јolene и Puffy2019 им се допаѓа ова.
  12. Ladyme

    Ladyme Популарен член

    Се зачлени на:
    8 август 2020
    Пораки:
    2.828
    Допаѓања:
    5.932
    Пол:
    Женски
    Додо, машина пуштам за тањири, шишиња мијам, кујната да ја средам. Јас да се средам избањам.
    Дневната е хаос средувам, играчките нејзини, алишта што сум перела сушела ги диплам или нешто ќе запеглам. Кој ќе ми ја заврши работата. Пак мене ме чека. За да можам др ден да станам и да функционирам , јас сабајле сум утепана ич немам сила, навечер ми е полесно. На паузи кога спие едно кафе неможам да испијам. или нокти да исечам. 8-|
     
    На јolene и MariaBouli им се допаѓа ова.
  13. dummy

    dummy Истакнат член

    Се зачлени на:
    21 август 2024
    Пораки:
    1.359
    Допаѓања:
    1.950
    Пол:
    Женски
    Нокти сечам на земја до неа на подлога :rofl:
     
    На merriel0, An43, LaTama и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  14. Ladyme

    Ladyme Популарен член

    Се зачлени на:
    8 август 2020
    Пораки:
    2.828
    Допаѓања:
    5.932
    Пол:
    Женски
    Ништо неќе сега оток е, само кенка само плаче. Абе вода да станам да земам да не ме гледа мисли крај света е. Навечер арно заспива па средуваме со мм и ќе полегнеме до 12 он ќе си заспие јас гледам тв, имам чуство дека денот не сум го искористила, имам чуство дека ете со филм серија нешто мозокот ќе ми се опушти.Мислам ако не излезам од дома денот му отишол а јас не сум го искористила, и додека врнеше дека не излагав ич до 1 сум гледала тв.
     
    На MamaCara и MariaBouli им се допаѓа ова.
  15. naturally

    naturally Популарен член

    Се зачлени на:
    15 февруари 2012
    Пораки:
    2.274
    Допаѓања:
    5.561
    Јас јадам на подлога и правам трошки па ги чистам после:D
     
    На merriel0, LaTama и dummy им се допаѓа ова.
  16. Dodo1

    Dodo1 Популарен член

    Се зачлени на:
    12 февруари 2011
    Пораки:
    2.022
    Допаѓања:
    3.099
    Пол:
    Женски
    За вакво средување е задолжен маж ми додека јас ја успивам едно 10тина минути.. за бањање, јас се бањам прва па маж ми ми ја носи во вц и додека сум јас под туш ја бањаме и неа. Како ги бањате бебињата? Корито нема шанса ќе излезе од него, вака под туш тераме неколку месеци.
     
    На Ladyme му/ѝ се допаѓа ова.
  17. Feniksgirl

    Feniksgirl Популарен член

    Се зачлени на:
    27 јануари 2022
    Пораки:
    8.977
    Допаѓања:
    15.236
    Пол:
    Женски
    Под туш исто.
     
    На Dodo1 му/ѝ се допаѓа ова.
  18. Ladyme

    Ladyme Популарен член

    Се зачлени на:
    8 август 2020
    Пораки:
    2.828
    Допаѓања:
    5.932
    Пол:
    Женски
    Во корито, на мрежа. Уште е мирна кога се бања се смее ужива. Мм држи туш јас ја бањам све тело, коса и на крај он ја крева минутка позади грб све мијам и бањарче и он ја носи на пресоблекувална. Ќе ја седнувам кога ќе почне да седи. Неможам да ја држам кога е во раце прета тешко иде.
     
    На Надеж♥️, MamaCara, Puffy2019 и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  19. dummy

    dummy Истакнат член

    Се зачлени на:
    21 август 2024
    Пораки:
    1.359
    Допаѓања:
    1.950
    Пол:
    Женски
    Мала е мојава уште ужива во кадичката на седиштето ама кога не сме дома исто така под туш со мене ама страв ми е се си мислам ќе ми падне. Како ја додржуваш мокра?
     
    На Dodo1 му/ѝ се допаѓа ова.
  20. DELFINA81

    DELFINA81 Популарен член

    Се зачлени на:
    18 ноември 2019
    Пораки:
    2.973
    Допаѓања:
    12.172
    Пол:
    Женски
    Ма не ни сечам,со 3 те дечиња тешко,така како копачи ќе си ги носам :D:D:D
     
    На merriel0 и dummy им се допаѓа ова.