Затоа не оставам дете на никој ни 5мин, тешко ми е ама барем немам вакви глупости да се нервирам - мед бе еј! Кажи ми само дека и кажа дека знаеш и дека тоа е исто како да и дадеш нејзе јагоди а она е алегична смртно на нив
Баба ми дури ме советуваше да сум и ја ставела цуцлата на малава во мед за да почне да ја сака дека скроз одбива хах… Постариве генерации така терале со медот лабаво да се смири бебе а они раат
Филмот им е дека они така давале на своите, па ништо нема да им биде. Болест е да се мешаш за дете што не е твое. Како се осудуваат само, јас би ја запалила.
Мене најтрагичното секогаш во овој муабет е што не можат да прифатат дека советите се менуваат. Дека откако правеле они така се покажало дека медот предизвикува болест и сега кажуваат да не се дава. И дека и они да знаеле нема да ризикувале, како што ние не сакаме да ризикуваме затоа што Абе што има врска јас на моите им давав ништо не им е живи здрави се.
За инает… Ама зошто инаети? Демек попаметни се од нас. Денешниве свекрви се “педијатри”, како се погодија се да знаат секоја чест.
Ништо не стасав да и кажам, не ни знаев. Вечерта си заминавме за Скопје и тогаш ми кажа мм. Од тогаш не сме ја виделе, а и она не се јавува. Мм се скарал со нејзе кога му рекла. И ја нема. Мм вика Господ не чувал ако така ни давала сѐ.
Ми текна сега за свекрвиве.. мојава викаше да не сме ја ставале пред огледало пред една година и секогаш кога поминуваше со неа до огледало ја криеше, за да не се видела во огледало.. и еднаш маж ми ја намести малава легната пред огледалото да се гледа, леле кога ја виде свеки шлог ја мавна.
Да знаеш само колку се расправав за ова, ама како што ве читам сите се исти. Сите истите глупости и бабини басни ги прават. Исто кога беше новороденче, да сме му даделе вода ама и со малку лимонче, одма ќе прекинел да ика. Реков тоа шанса нема. И на секое икање истото ми го збореше , ама да му дадеме малку да не се мачи, ама ајде многу е мал. Еднаш падна на муабет баш за мед, и ми вика свеки еее на Х(маж ми) колку мед му имам ставано во цуцла па што му е. Исто и за огледалото хахах. @Dodo1 Во ходник имаме па го крие од огледалото бе. До година она не ги огледувала нејзините , ок. Ааа и за смеењето. Малку повеќе ако почне да се смее син ми, ајде доста, па ќе ми плачиш после, ќе те пресмееме, греота. Уште многу ги има да ги кажувам ама веќе гледа дека е на голем игнор ставена па не зборува веќе. Да не можи да се изначуди човек на нивниве адети.
На тема свекрви, немам проблем пошо ретко се гледаме, не му чува дете, ама и не дозволувам мешање по ниедна точка за бебето кога ја гледа. Има некои коментари не и ги земам на срце, ама и не си дозволува многу пошо и маж ми не толерира. На семејна собиранка, пробува да ја заигра ќерка ми ама не и оди и нормално ќерка ми вика мама мама, на што она одговара е само ти ли имаш мајка, мора да си до неа. Ја земав беба и викам твоите со по 40години па уште се до тебе. Се заќуте
На тема свекрва, фрлаше ѓубре и ја фати со неизмиени раце, одма искоментирав, ми вика ,,ДЕ БЕ ПА И ТИ" па отиде и ми се изми раце врз ПОЛН мијалник садови. Следна дешавка, беа болни бараа парацетамол, следен ден беба у двор трчка, па ја земала... Ја прашувам културно, оздравевте? ,,Добри сме" Сигурно? Вчера апчиња пиевте, беба у раце ми спиеше два дена, несакам пак да се разболи. ,,ДЕ БЕ ПА И ТИ ЗА СВЕ НЕПТО ИМАШ ДА КАЖЕШ, И МИНСТИОТ ПАТ ЗА РАЦЕТЕ МИ СЕ ДЕРЕШЕ"... МОЛАМ? За мое дете не ти ќутам па ако сакаш преврти се, а за дерење не измислувај... Среќа мм беше тука и двата пати, ова е веќе негова обврска да си реши проблем. Ама to sum up, среќа не ми помагала ни до сега. Сега уопште не ми ми треба. Манипулатока.
Мојата колку бисери има ехеее ама не и се замарам, како ке растат нема да им се замарате и поарно верувајте, од едно влегло од друго излегло. Најголемата мака и е зоши син ми бил многу поврзан со мене, пазете син ми е поврзан со мене. Детено што го растам, јаде, спие, се бања се со мене. Последен коментар и беше "ау какво си како дрогирано по мајка ти" јас ја загледав мм го зема детево и само ја праша дали мисли што збори. Одтогаш има 3-4дена поминато помалце ја глеам Да се разбереме ми пречи зошо така збори, ме нервира ама брзо ми текнува дека не вреди јас да се нервирам за нив, да умрам од нервози а они да си го жиеват животот, не бе. Имам јас за кого да живеам они нека пукнат од мака.
Леле јас би и се прснала од смеење у фаца, каков коментар чоече. И доликува на годините и статусот БАБА. Недоквакана...
Овој коментар ми е хит! Мн пати го имам слушнато за други деца од баби. врвот беше пред некој ден, мајка ми моја родена дојде и ќерка ми нејкеше кај нејзе во раце и ми вика ете мајка детето не ме сака не го носиш не ја гледам и не ме сака. Ќе имаш проблем се по тебе е! немам проблем мамо, ова е мое дете, тешко добиено, долго очекувано. Никаков проблем, тпа за мене е љубов, тешко е зошто сама ја одгледувам ама е љубов најголема.
Јас не се жалам од мојава само овие бабини деветини и се пресмешнии. Иначе за бебе чување и за почитување на нашите желби одлуки и начини, збор не кажувам. Буквално ако и речам донеси ми ја во 8 ипол, точно на време се дома. Пред некој ден ми ја чуваше и и реков во 8 дома да сте, ми се јавува во 5 до 8 дали може уште 10 минути да ја прошетам многу е мирна не е кенкава. Значи обавезно прашува за такви работи, или за јадење и слично, амааааа чорапи, слаба точка и се. И огледало, и шишање. Пред година шишање НИ КА КО. Маж ми и вика да не не треба и ноктите да и ги сечеме? Супер си е мојава кога гледам вашиве какви се
Не ми зборете за свекрви, можам книга во 16 продолженија да напишам. Уште додека бев на боледување без никој да и побара, се спремаше и проповедаше дека ќе ја чува кога ќе работам. Одбројуваше денови да почнам со работа. Детево никогаш не реагираше добро на неа. Се обиде 3 пати да ја чува, детево 3 пати се откорна од плачење по 1ч. до точка на заоѓање и тресење. Тука повлеков црта, реков нема да дозволам детево да ми биде потресено за да задоволам нечии лични желби и замисли, друг ќе ја чува. Фала за помошта ама детево не е спремно. И сега демек ја гледа на пладне, да се навикне малава, ама се е исто. Бега и плаче од неа. Детево ми подава мене играчка, оваа вика НЕ на мајка ти мене ќе ми дадеш. Детево трга да лази кон мене - оваа застанува пред нејзе и вика не може кај мајка ти. Детево ме бара со поглед - оваа ја попречува и вика мене гледај ме. Вчера тргна малата накај мене да ме гушне, додека се движеше оваа и стсви кутија по патот и вика - ова е рампа нема проаѓање Мислам дури срам ми е што пишувам и не се откажува од чување, МОРАЛА малава да се навикне. За што да мора? За лични замисли и потреби? Баба не е само онаа што чува дете додека мајката работи, баба е и онаа што го гледа детето навечер, за викенд. И така натака, можам до следна недела да ви кажувам сказни од рубриката Соништата на Свеки.
Јас немам свекрва ама имам свекор кој вреди за 3 свекрви. Тој бетер од твојата, на ќерка ми газот и го измил врз полн мијалник оти многу се искакала. После ги стерилизирав чиниите.
Здравоо. Роденден ќе славиме во ноември. Најблиските прашуваат што сакаме за поклон. Што би му требало на едно годишно дете во ноември? Сакам да и остане како спомен од баба, дедо, тета..