Јас со свекрва ми од секогаш сум во никаков однос уште кога бевме со мм дечко и девојка во се му се мешаше таман сме изглеле го вика дома нешто да и помага или не и било добро ако не иде ккога ке рече она одма кавги на мајками и пишува мене ме вреѓа после останав бремена кога правевме регистрација све добро пројде во кафана кога се враќавме во такси се налути и наперави триста чуда полиција моите ги вреѓаше изнзборе све зошто не смо отишле прво кај неа дома а нас ни беше да идеме да земем алишта дека бев скоро 9ти месец и скав да се пресоблечем па ке идевме ама она тоа не го сваќа на пораѓај ни дојде да го види бебе ни праша после некој месец дојде добро траев реков ајде ке попуштимпак добра бев а моите више не запраеја моабет со неа поготово таткоми дека многу ги извреѓа надовор пред зграда пред људи она од секогашш била таква на мм му правела проблеми со сите е таква после на свадбата крштевка и прв роденден на син ми пак од сабајлето исто го пријави од мм таткому дека ја тепалго зедоја во полиција а тој појма немаше со нас беше дома дека они се разведени и тогај правешепроблеми на кумата и пишуваше погрдни зборови после пак бев добра ради мм што увекк и се смирува и и прави чејфоој зборев со неа ина се понаша како ништо да не било ама сега пред 2 недели пак направи драме ме вреѓаше дека мм не заминал да и помогне нешто кога она сакала и тогај и јас све и изнакажав и више не сме збореле ни кај нас дошла и реков неможе дека ние сами живееме со мм сега утре и е роденден и на неа и на мајками кај мајками ке одиме а кај неа јас несакам мм изгледа сака за пак да не прави проблеми она
Дали на еден или друг начин пак ќе вреѓа. Прави си кеифот и ич да не ти чуе. Ми личи ко жена некое растројство да има искрено... xD Разбирам скоро све од дешавкиве на членките, ама ова да си дозволи БАБА да вреѓа е стварно ниско.
Мамаситки како сте Кај мене секој ден ист. Стани среди бебе, успиј нахрани, кога ќе дојде мм ручек, ако спие бебка гледаме некој филм и то је то. Навечер де молиме госпожа да спие убаво, ама никогаш не се знае каква ќе биде ноќта. За некој ден треба пак да добијам. Ми рече докторката дека и овулација сум имала на десен јајник, и викам фала докторке да знам да заклучам таму Сега доаѓаат гости да ја видат, и значи бацувањр по лице доближување а трујат на парфеми, цигари. Не знам како да кажам да бидам ли скроз директна не ја фаќај по лице. Тоа мислам дека е основна култура или дека ја таква сум па мислам сите се.. Посебно кога ќе почнат да ја бацуваат збеснувам. @Ladyme како си? Се опорави ли малку?
Нормално дека ќе бидеш директна. На нив кога не им работи паметот, мора да ги потсетиш. Јас освен најблиски (родители, брат ми и сестра му) никој друг не примав на "повојница". Како народ си го имаме оноа ништо не ми е, алергија е само, а оно партал болни. Епа за чест на некој јас главата да си ја чукам не фала. Многу фино ги откачував. Не може да ми викаш не бе здрави сме, а кога ќе дојдеш детето да ти кашла. Тотално нефер. А за бацувањето јас одма кажувам и тргам бебе и не ми е воопшто непријатно.
Ако се безосетни во овај период на секакви можни настинки да бакнуваат бебче, ќе им кажеш во лице. Макар што никогаш не треба да се дрзнуваат да лигават бебе ни на лице, рачиња, ама толку е свеста кај луѓево. Баш ако толку многу го сакаат бебето нема да го бакнуваат.
Мене па ајде да не се навредат. Незгодно ми е . Им кажувам индиректно, ја зимам демек и се спие. Ама очигледно мора да се смени нешто зашто жива се изедов. На што личи бацувањр на бебе што нема ни два месеци. Ние сме со свекор и свекрва и сите минуваат и сите ја зимаат и многу се нервирам. Едвај чекам да најдам и ја работа , и мм да дигне некој кредит да си купиме стан зашто косата ми обеле на млади години. Многу се нервирам од простиов народ и ептен ми е криво што сум таков карактер место да ги отерам у пм. Тетка му секоја вечер у 8 до 9 ипол дреме не можам што се вика ни маж да гушнам. Ненормална работа.
Најдиректна да бидеш, и око да не ти трепне. Твое дете е, ти одлучуваш. Кој како сака нека сфати, ти само си го заштитуваш бебето кога е најкревко и тоа е тоа. Барем јас така ќе постапувам кога ќе се роди моето бумби.
Нема да си толку емпатична кон нив кога немаат осет со бебето. Не може да се лигави бебето, да и дишат во лице или да се префрла од раце в раце, нека ти се лутат слободно. Нека си лежи беба и нека ја гледаат, што е тоа да мора да се префаќа ко штафета за да знаеме дека многу го сакаат детето абе ајде. Кога ќе настини пак на тебе останува грижата, ги нема тогаш вљубените во бебка да си ја акаат главата во 3 ноќе.
Овој феномен јас многу сакам некој да ми го објасни. Значи свекрвата уште од ден 1 само во раце да ја држат со свекорот. И само им објаснуваме со мм дека нема потреба, и свекорот е разбран, ама она, не бе. Плус сега веќе е порасната, и свекрвата не може да ја држи зошто е шеќераш, и го тера свекорот да ја држи за она да ја гледа. А мојава е веќе 8 месеци, значи седи, си игра, башка баш е забавна за гледање на тој начин, затоа што ги игра играчки, си брбори со нив. Во раце ништо не прави, дреме. Ама не, еве вчера беа си отидоа со Леле баба ич не те подржавме денес. Во прашалници останав затоа што свекорот си седеше доле до неа си играа. Ама она ем може да ја држи, ем не може да седне доле, ем не може да ја смири. Епа сега ако не можеш, ќе си седиш од страна ќе ја гледаш и готово.
Ја со маж ми имам ова хахаха. Од релаксатори, креветчиња со нишкање, со музика и што уште не кога е мирна и си седи он решава дека сака да ја држи абе остај не дирај лава док спава ама сакал да ја гушка и така кога ќе заплаче а сме двајцата дома него го гледа за да ја дигне во раце
Пу пу , не важи гледање без држење. Свеки па гледа само да го седни и остави. Апла ми кажа дека ѝ е тежок па неможе многу да го држи. Ја разбирам многу добро за тоа хаха. Ама веќе се во период каде што нема потреба толку држење. Ни он не сака толку. Сака да си игра на подлога, сам си се занимава и да го оставам 1ч. И баш како што викаш, си брбори, во некој негов бебешки свет си е. Прекјут ми е кога го гледам. Во врска со бацување бебе. Немојте да дозволувате. Нема не ми е згодно. Треба на другиве да не им е згодно, ама многу не разбран народ сме. Ако нѐ излигавиш бебе, не го бидува. Комшивка еднаш се осуди да го баци за раче, фино лепо кажав уште еднаш така не. Може ми се налути, ама баш ми е гајле. Бабите и дедовците кога го бацуваат на ноџе (читај, на ноџе со чорапче) ме вади од такт, не па други на раче што веднаш ќе ги стави во уста. Не молчете, дека после тие луѓе нема да се со вас во 2 сабајле кога ќе настинат.
Никаква Пеперутче, вчера бев на инфузија пак, омалаксана, главоболка доста. Ништо не јадам, желудникот ми е надразнет и цел ден сум со двопек. Дојде свекрвата ја чува малата. Глава неможам да кренам. Се надевам ќе се средам деновиве.
Само да ви кажам, многууу е полесно откако ќе проодат. Како мајка, на дете кое освен во раце, друго не прифаќаше, дете кое си беше буце и раце ми паѓаа секој ден , те за спиење денско, те за кога е будна. Сега сум препородена. По саат се заспива навечер, зошто со црви во газот е, амаааа друго е раат. Вчера си лежам на гарнитура, мм со мене. Она еден саат си зимаше една по една играчка од корпата, ми носеше и јас на секое морав да кажам ФАЛААА. Ако кажев благодарам ме гледаше чудно и хм хм хм ми збори, да кажам фала и она повторува по мене. Пре интересни се.
Недела две, откако наполни година се пушти сама и не застана хахаххаха Пред тоа чекор два знаеше да направи од - до некое место. За раче фатена одеше уште пред годинка. Ама сама заоде тогаш. Па ај што оди, ама што се пентари на се. Ново и е трчање по гарнитура
Се е полесно како растат. Јас едвај чекам мојава да почне да седи, барем додека правам јадење да можам на земја или во хранилката да ја ставам. Кога породуваат пак, човечиња, секаде сами стигаат, не ти се веќе во раце нон стоп. Туку дојдов да кажам дека 5 скок ме уништи, на раб на нервен слом сум, не можам повеќе. На моменти сакам да избегам од дома, неподносливо е колку вришти ако не ме гледа пред неа. И цело време сака да е во раце, да разгледува, ме пукна. Не можам ни ручек да направам, ни до вц да одам, ништо. Кафе со денови не сум пиена, ќе полудам мислам. Ова досега најтешкиот скок дефинитивно. Дали и се поклопи и со запчето, ма да тоа веќе си расне не верувам толку да ја боли. Почнав со дохрана пред 4 дена, ужас и тоа, затвора уста, плаче, не сака воопшто да јаде. Не форсирам, знам дека и е ново и непознато, ама ме плаши дека нема да сака да јаде. Во неделата и правевме крштевка, помина и таа обврска, супер поминавме. Беше многу весела, на сите се смееше, одеше кај сите. Е од понеделникот наваму, уста не затвори ама буквално. И тоа не плаче таа, директно хистерично вреска.
Направи пауза со пробувањето вкусови па пробај пак по една недела, @Feniksgirl мислам ја имам читано со таков проблем.