Исто се ми е кренато ќошиња гумирани, фиоки сите до една блокирани со магнет, штекери затворени..знае да си се заигра сам некое време..зависи како е расположен важно е безбеден од глупости, мада пак го демнам цело време пусти страв
На која дрога се да ми је знати Или мајки што стануваат у 5 чистат, кафе пијат тренираат, кога ќе станам за тоа да ми се јавиш Минско поле е од играчници
Мајки што се мислите како постигнуваат тие што се средени и што им е тип топ- нешто мора да трпи! Еве јас сум од тие со таа болест се да е под ред дома а имам дете од година ипол. Он истура прља јас одма по него колку што се може. Дете заспива у 9 и јас тогаш се фаќам за работа, да се среди кујна дневна вц ако треба, играчки сите на свое место. Ручек или правам исто вечерта или набрзина нешто пред да го земам од градинка а често и готово купуваме( дома сум во 15 часот бидејќи работата ми е на 5 мин пешки од дома а го зимам во 16 часот). На крај доаѓам јас, да се избањам и средам и дошло 12 1 саат. Сабајле прва смена на работа. Имам и коса,лице средено, нокти 1 месечно, 2 пати неделно на вежбање. Тогаш маж ми го чува. За викенд знае да седи со некоја од бабите па да имаме и време за нас и за нешто повеќе да се заврши по дома. Преку недела сме ние тројца ама пак и тие викенди кога е со бабите е огромна помош. Значи сума сумарум јас имам одлучено сонот(4-5 часа спијам) да ми трпи за јас да имам време за себе да се средам и дома да ми е средено и плус ете некои викенди бабите што го чуваат да ми се живи и здрави!
Јас сум од тие мајки, еве 2г како сум вратена на работа секој ден сум нашминката, средена, станувам да средам од сабајле зошто навечер е хаос и не можам, ми се спие... Секој различно функционира. Јас не можам навечер, ми се спие, станувам сабајле во 5-6 зависи колку имам работа и средувам. Сега ќе почнам да вежбам сабајле, ќе станувам во 5, да се спремам, да одам да вежбам во 6 и во 7ипол на работа. Морам, немам кога друг пат, а ако не вежбам не ми е убаво. Сите си калкулираме со времето, што ни одговара.
Блазе си ти. Камо да можам, од една страна коа ке размислам и поубаво човек поарно функционира.. ама ја дефинитивно сум од другиов тип Туку луксуз е раат да јадам
Девојки многу гледате инста и тоа само од надвор така изгледа.Не се на дрога,на работа одат ,па ќе се средат,и дете е чувано од градинка,баба,жена ,маж што помага-чекај помага и ако не мрчи колку е расфрлано.И со едно е лесно ,со 2 е друга организација. Не се супер жени и немаат супер моќи,повеќе од вас. Ех, и јас вака си фантазирав и набивав комлекси и сопругот е многу важен во ова,да не кажам најважен ,да преземе обврски колку може ,да раскрене ,абе само да ЌУТИ И ДА ТИ ГО ЦЕНИ ТРУДОТ Е ДОВОЛНО.,ќе имаш повеќе сила и нерви. Важно е и каква работа работиш,дали те истоштува на максимум физички или психички,или е полабаво ,па се снаогаош некако.
Тоа клацкање напред назад 3 недели траеше, многу беше смешна, па после army crawling една недела и се пушти на сите 4 исправено да лази. Има време, ќе се пушти, најголема мотивација е нешто што сакат да дофатат, кај нас продужен кабел
Да ми е жива и здрава жената што ми доаѓа на 10дена за чистење и роботот. Јас собирам тањири ставам во машина и раскревам облека и играчки, друго тешко сама ја чувам по цели денови, навечер ја успиваме меѓу 7-8 поседувам два саати да го видам маж ми и одам у спална на спиење. Од фул штикли и шминки на патики и тренерки сум нон стоп. Пред некој ден облеков фармерки па се осетив дотерана инаку исто бројче носам од пред бременост плакар полн со облека за на работа ја сфатив дека немам дуксери и тренерки па викендов реков ќе се пуштам во шопинг на спортски ствари за на патика. Од шминка бб кремче и римел
Јас не знам како ќе стигнам за на работа да се средам. Пред да се породам во 6 станував, набрзина едно шминкање и во 6 и 20 веќе бев во автобус качена. А сега, мислам дека 2 саати ќе ми требаат со се бебе да се организирам.. Имам една колешка прва доаѓа на работа и си се шминка таму, ќе станам како нејзе
Ја имав девојка во тим што еднаш дојде со витлер во коса заборавен од ноќта само што се врати од породилно и се смееше пуста тогаш јас без деца на шала ама малце неозбилно ми изгледаше… од оваа перспектива си викам па добро што и витлер и текнало ноќта да стаи
Е добро колку време одзима една крема, бб крема, руж, маскара и кармин? 5мин? Еве сабајле ми се разбуди додека се спремав, го седнав до мене на капакот од шољата, му дадов со затворените течни кармини да игра или со потрошени некои работи за да не ми ги скрши и се спремив. И тоа со пудра, контури, течни и камени производи, сетинг пудра, веѓи, трепки, се! Готова бев за 10мин. Јас не можам на брзинка да одам во вц, или седам или не одам, трпам, па затоа си станувам порано. Прво фаќам низ дома, собирам од дневна и кујна, полнам машини, седнувам на шоља, пред тоа уствари мијам лице и заби за да можам на шоља да се спремам бар серуми и креми да нашлапам, се шминкам и ем сум посветила време на себе ем сум здивнала малку, ем тип топ на работа спремна. Имам одвоено со што одам на работа, со што по дома и вадам од закачалка и се облакам, толку. Ако одземам седење на шоља, прибирање и спремање јадење за дете, јас сум готова за 15мин максимум сосе коса собирање. А пунџа мене ми е стилот, имам начин како ја фаќам и на тој начин ем ми е спастрена ем не губам многу време. Мислам дека се претерува со тоа дека треба којзнае колку време за да се спремиш. И ве разбирам, имам и јас дете кое од раѓање е залепен за мене, сум седела и ја на шоља со него, сум се спремала со него, сум викала Сега мама, една минута мама, секунда мама, тоа е, дете е, за мене и моето внимание знае и тоа го бара, што не вика Комшикаааа, земи ме во рацеее... Вика Мама....
Господ нека ми даде сила уште некој саат оти ќе ме умре знам. Сабајле стана пред 8 се убаво, прва дремка за прв пат после 100 години легнав со неа и си реков ќе си поспијам и јас, си ја гушнав... Спиеше 30 мин. Втора дремка го пратив мм зошто ем му заспива за 3 секунди ем мн подолго спие кога он ќе ја заспие. Ја заспа за 2 секунди, спиеше 30 мин. За 3та дремка не сме измоливме и веќе и касно е. И сега ќе дреме будна до 7 од 2ипол, кујзнае како ќе издржи ама не ја легнувам порано, сама си знае
Исти сме вчера и денес но со три дремки од по пола саат… Вчера исфорсирав и четврта и едвај ја разбудив после а денес реков не и си остана будна од 3 до сега, само што ја успав. Читав вака кога прават треба да се зголемат прозори на будност за да се исфрли последната дремка. Вие преоѓате ваљда од 3 на 2 ние од 4 на 3. Патем се чудам како прелесно ми заспа а 4 саати будна. Се надевам нема да стане за пола саат и да лудува
Од пред некое време веќе и ја исфрлив третата, едноставно немаше шанси да ја заспијам или ја заспиваше многу касно и после навечер ја фаќаше 9 дур да заспие. Е сега, уште нема ептен убав ред фатено со втората, некогаш ја спие убаво барем саат до саат ипол, некогаш 30 мин. Ама барем првата секогаш и е без утка саат ипол, што претходно не беше така. Денес нешто се пореметија Изгледа и забите ги пореметуваат Еве ја заспа за 3 секунди, на цицка. Последните денови ми заспива на цицка (валда од забите) и ми се буди почесто дур да си легнам и јас. Дали ме осеќа дека ме нема. Ама среќа само цуцла треба да и бутнам и одма продолжува.
Па со едно дете може тоа да, ама со две и повеќе од две деца јок Толку многу ствари имам, што немам толку високи места за да ги собере Еве ја големава женска дојде од школо и го остави ранецот во дневна... абе одма и го начека и почна да и го чепка Колку пати ја спасував со моливи во раце Трча шета, боици и моливи во раце, коса ми се крева!!! Робот не ни помислувам на купам, во наредни уште 6,7год, зошто не би преживеал Инаку стопена сум, што не сум застаната. Фармерки како на закачалка ми стојат, за нови сум веќе... а не бев во план да слабеам, ама оди не ослабни со 3 деца Денот ми е турбо! Уживајте додека се малечки, поголеми деца.. поголеми проблеми. Малово ми е најлесно од сите 3ца, иако да.. викам дека е потешка како прооде. Со нив учење, домашни, активности, расправии... Ред демек ќе фатам, ама тешка работа. Една отстапка (болно дете, роденден некој и излегување од дома), отиде редот. А сакам на сите 3ца да им се угоди... Незнам како и зошто сум се жалела некогаш и со едно... Ама се е ваљда навика, од сам да отидеш на едно дете... па од едно на две... па од две на три... и исто тешко е (иако обврските ми се х100 од тоа кога сум била со едно дете) Единствено најтешко ми е што стварно неможам веќе со алиштава Тоа никако не го навикнав, не фатив финта некоја. Абе пери пери пери пери, пак прелеана корпата е со неперени. Имам две сушари пружени фул, сушара што врти и суши, и 3 полни корпи со неперени.. во секое време А инаку да се и пофалам, иако сум во ваква борба секој ден да стигнам се... секогаш сум со средена коса и нашминкана (дневно, нежно де ) . Единствено нокти немам. Знам да се излакирам само.. ама периодов сум без лак (како е родено најмалово)... И уште нешто чудно да ви кажам... добив 5,6 дена пред време. Ова не ми се случило па незнам од кога
Станувам 6, а ако сакам да поспијам и 6:20. Ако не е станата малава, спремањето ми е полесно... се спремам прво јас, прво нормално се мијам.. па се облекувам, па шминка, (10мин макс е шминкање), па ја будам останатата екипа Моето спремање, макс 20мин е. Е ако е она станата, будам маж за да ја чува и пак спремам се јас. Алишта на дечкиве големи спремни се од вечер. Има денови каде сме одлично организирани, ама денови.. ја оставаме куќава превртена. Не е страшно, ќе се снајдеш. Чим и јас на целото неспиење навечер се снаоѓам сабајле со 3ца (па и маж ми 4ца), секој мислам може Оно со душа го чекам викендот демек нели повеќе ќе поспијам... а врска нема, макс 6ипол сме станати со најмалово
Еве јас ја отфрлам четвртата баш ради тој проблем ама со по пола саат другите не знам како ќе тераме… Забите се кај мојава сигурно дека некогаш ни цице не ја смирува скроз за денска дремка, давам ладна глодалка па мачкам гелче и тек тогаш со цице некако ќе заспие едвај. Жалче е двата кеца одеднаш многу и дојде.
I na 40+ stepeni se sminkas? Ja pa nemozam da zamislam da se sminkam za na rab pogotovo leto dodeka stignam kasa ima da se napravam zasto mi e blisku za so kola a daleku peski, peski imam 15 min a i koga ke gi vidam celi rasteceni od sminkite i ne mi izgleda bas ubavo. Za izleguvanje da ama za na rab deka ke se aknam da se sminkam za cel den vo kancelarija da go predremam i ne mi ide bas , tuk tam po nekoj sostanok vo den i bez sminka ke go pominam , sto da si pravam prirodna lepota sum hahahah mala sala