Хелпппп Таман е 8 недела одговара на скок. Детево зема да ми гуга у 3 ипол луѓе не знаев дали да се смеам или да плачам. Очите џамлии како да спиела цело време. Колку трае скоков?...
Епа тоа де. Детето ќе оди на училиште. Ќе треба да се сретне со авторитети, ќе треба да се соочи со фрустрации од типот, не може се ти како што сакаш, сега се седи и се учи. Сега треба да научиш да пишуваш, сметаш и сл. Па ќе се соочи со деца кои се посурови и свашта што носи животот. Детето не е носено на психолог, мајката сама го дефинира така. Ама и да е осетливо дете, секое стручно лице препорачува граници да се постават, оти особено на осетливи деца им треба ориентација и сигурност. Ма да мене ми стои на не можам и не сакам да се замарам. Не цркаме ние по дома, ама за тоа нека скока, крши, добива скапи поклони без крај, без да ја научи вредноста на нештата. Кога е премногу ќе ги седнам пред тв, ќе пуштам цел ден да врти нешто што не е соодветен за возраста, ако не сака од ручекот, ќе дадам вафли од лидл и мир и сите среќни. Малку изговарав, сељачки од мене пти треба моето да си гледам, ама да ќе редуцирам на средби оти не можам со такви глупошѕини и исто влијание врз моето после да се оправам. Нека кршат глава. И од на маж ми брат му децата, исто такво беснеење се и они демек џентл, ама да у право е реин овој пат, не е џентл туку немарност и допусливост е. Па после не им било убаво ко рекле роднините оти децата не им се воспитани. Епа ај воспитани ви се, нај арни се, ама не ни ги носете дома да не ни демолираат. Реков не сум хитлер, може и на кревет на спална да се скока. Може да се лепат прсти на стакло и да се лиже стакло е ок. И да залета боичка на маса, комода, ѕид и да се клетери по столче, кревет и да се отвара по фиоки и у кујна да се буричка околку мене ок е. Се такво се додека е во граници на нормално детско однесување. .ама демолирање, расипување храна, газење играчки намерно, грзиање и фрлање играчки, плукање и лижење не може. Кај нив шо сака нека прават. И не знам оти толку се навредуваат ко им ги опоменам децата и право идат на мене да ми објаснуваат дека е ок. Дека е нормално. Дека не треба друг да ги опомене. Море мрш. Па и свекрва ми е налутена нормално шо не ги викам и не сакам со од деверот да се дружи. Еве јас и со моите роднини кога ќе се претера не сакам. Не дека наши нивни правам. Има неколку деца од градинка со исти манири ко моето и така ги дружиме некогаш. Дете е нормално. Некогаш ќе фрли, ќе удри ама право трчаш и објаснуваш, тргаш настрана збориш и кажуваш дека не така.
Втор скок е, ние минатата недела го поминавме. Таман се пожалив, денеска чудо. Како е успана, врза неколку часа, стана за цицање и пак заспа и тоа без некој да има до нејзе. Се сум средила, исчистила, ручек, не ми се верува дури.
И прија дождот Бебе е ке менува не се грижи.Напорно е сега ептен,ама верувај деновите ке летнат ич како ништо.Еден ден ке се разбудиш а она веќе ке ти мафта за на школо одејки … Ако кажам дека ми фалат бебешките денови нема да ми верувате.Онакви малецки,меки,миризливи.Секој ден учат нешто ново благодарение на вас/нас.Очињата им светат кога ке ја видат мама. Моите веќе израснаа 17 и 11 години големите…Сега им требам за пари,шопинг,некое домашно и толку
Кога бев трудна испраќавме братучетка на мм. Се омажи во Данска. Сите плачат. Ја плачам зашто мојата ќерка може ќе се омажи така далеку па што ќе правам без неа Ќерка ми (уште не родена) иначе. Не знам дали сум спремна да порасне. Емотивно ми е многу и првото тргање на алиштата што ги носеше како новороденче. Два месеци прават разлика, поголема е , ме гледа ми се смее. Се радува кога ќе ме види. Знам дека мора да пораснат ама ете... Јас сум и таква по карактер све си ставам при срце ама ваква љубов прв пат сум осетила и не можам да верувам дека може да се сака едно мало човече волку.
Моето е мало, мислам мало 2год има ама сега повеќе се заигрува сам си наоѓа занимација плус оди во градинка и се фаќам на моменти како ми фали, не знам што да правам без него имам вишок време пошо нели се побрзо изработувам сама. Еве сега јас пијам кафе он си игра со багерите и не ми се верува коцкаво беше мало изгубено а сега маже право па и кажува што сака и не сака, дури знае и да се закра мнпгу брзо растат премнооогу
Ај со лесно. Здравје ни зема втор скок. До сега втор, четврт и седми најлоши кај нас беа. Втор прелош, не спиеше воопшто ни дење ни ноќе, мислам постпородилна депресија на најјако имав тогаш. Хорор скок, мислам две или три недели трае.
Не сум пишала одамна, отворив фемина барам совети искуства од 7ми скок, многу е лош скоков значи ама и многу учи сонце на мама мило. Сега дури почна стабилно да седи, правилно да лази и сам да се исправува. А и еден куп нови слогови сврзува, мило едно а колку бев насекирана за седењето… Само мака за успивање, по саат време се успиваме со плачки со пеење со гушкање. Четврти скок едино вака не дрмна
Не е до детето, до родителот е што тоа лиже туѓи торти. Моето е мало, ама и јас знам да кренам тон, зошто мора да знае што не е во ред. Не сум јас ни за тепање нит за џентл. Нешто измеѓу. Родителите си ги прават децата лигави и после не можат со нив да се справат. На некои родители им треба тепање.
Еее па ти пааа...."Дете е, треба да се качува по работи". А тоа само на лустер што не ми се качи. Прочистувачот за воздух го крева ке го турне на земја, јас со фино му зборам дека не треба, ке го скрши, мајка му и татко му молчат и седат. Јас станав зашто гледам не сфаќаат. Па до тебе да е, да не трча... пфффф... истури вода во скут зошто никој не го гледа дека држи чаша. Па ке си исчистите ми вика... абе хемиско ке викнеме и 3 чистачки откако ке си одите. Си помислив, не реков...
Мислам дека ова ми е прва вечер после 8 месеци што се изнадремав. Мм гледаше фудбал, јас играв Бинго на телефон 2 саати имам малку грижа на совест дека можеби требаше да правам нешто затоа што цело време се чувствувам дека има нешто за правење, ама немам нешто што толку ми виси на глава и затоа решив да дремам! Сега една епизода, и во кревет. Убава сабота мајки
За по гости, граници од типот, не смее намерно да истура храна, вода, да отвора по фиоки, врати, да се качува насекаде, да удира итн важат за секаде. Небитно каде сме по гости. Е сега на пример кај баба ми (80 годишна) што живее сама и нема ни којзнае колку играчки, ни пак деца, носам и шише скроз затворено, да не може ни ненамерно да истури вода, носам играчки, на крај краеви давам ако треба и телефон оти знам дека жената на таа возраст и најмал неред ќе и биде тешко да го средува, а не сакам да и ускратам дружба со дете оти ептен се радува на правнучето. Кај другари со деца, сме поопуштени. Ако и дадат играчки, смее нели да си игра, со надзор нормално, повторно не смее намерно да крши играчки, да фрла и се останато. Имаме и 2 блиски фамилии што и на сопствените деца и моето вклучувајќи го им дозволуваат во детска да играат и скокаат на кревет и да истурат корпи со играчки. Дете е баш слободно таму, пак ќе речам одредени граници важат, ама не се потресувам до толку ако пофати играчка бидејќи од домаќините е дозволено.
Само да се надоврзам малку на муабетот за воспитување, не коментирам ништо што сте пишале, туку чисто да споделам извадоци од книгата што ја читам за казнувањето и тепањето (макар и плеснувањето по газе)
Ова погоре што пишав е сосема друго од тоа што го пиша. Дете мора да се игра со нешто. Ама треба родителот да си фрла око на него. Играчки расфрлани ич не ми пречат. Кога немав дете давав од пластиките од кујна и се и сешто отии идат со дете и не носат ниту една играчка. Не очекувам дека ке седи мирен на 5 години. Мора нешто да праи. Од она што не го дозволувам дома, не го дозволувам ниту на гости. Што е украс, не е за фаќање. Ако е мал.
Гледам не правите разлика меѓу нежно и пермисивно родителство иако е многу пати објаснето. Пермисивно родителство = невоспитани деца, немаат поставено јасни граници ниту се држат до граници и на децата им е се допуштено. Џентл парентинг е вклучување на чувствата на децата. Граници јасно поставени, се следи самото дете, неговите потреби, нормално дека некогаш и ќе подвикнеш, па и асално ќе се развикаш некогаш, ама не вклучува тепање ниту “малце само така по пеленка”. Друго, имате преголеми очекувања од мали деца. Послушно дете не е здраво ниту пожелно однесување. Во детската природа е детето да е непослушно, да истражува, да е љубопитно, да тестира граници. До вас е колку далеку ќе оди, ама мора и да му се даде простор. Меѓутоа гледам дека вие воопшто не дозволувате децата да се непослушни. Мало дете ќе истроши кога јаде ќе направи хаос, очекувано ќе потури вода, ќе турне нешто оти се страшно несмасни, ќе скрши, нормално дека сака да ги дофати сите височини, да ги распостеле сите играчки, да скока по кревети, мало дете нема разбирање за опасност, мали деца се нарцисоидни го сакаат целото внимание, тие сакаат се во истиот момент кога ќе им прдне на памет, да им одговориш ќе те прекине милион пати додека збориш. Нема капацитет да сфати. Ама така го гради. Мирно дете, што ќе си седне до вас дур вие терате 2 саати кафе цигара муабет ниту е воспитано, ниту послушно, а најмалку нормално за мало дете. Не знам кај ги наоѓате тие пријатели, ама ако се нема услови дома за децата да се дружат нема што да се среќавате по дома. Едноставно е. Читав и претходно за детето што го лижело прозорот. Е арно де. Голема работа. На 2 години лижат што ќе стигнат, цело игралиште надвор на пример ама таму нема кој да превртува очи. Лижнало, станеш, го тргнеш му кажеш дека не треба така, оно во прва прилика пак ќе му ја шмугне дур не го гледаш. Не е лошо дете, не е невоспитано дете, туку е дете. Таман работа да се потресувам ако дома ми лижне врата некое туѓо дете. Мислам oh the horror! Ама ако се потресле, не ти се пријатели. Ниту го прави тоа детето намерно, ниту некој родител го учи така да прави. Лижат се како процес на истражување. И ќе лижне многу пати пред да научи, оти никогаш никому не влегло во главчето на прво објаснување. Бев еднаш и јас болна педантерија додека психологот не ми отвори очи дека и тоа е своевидна траума од детство. Сега мора да се чистат приоритетите неопходни да се чисти во секое време, како вц-ата и подовите на пример, се друго од ден на ден како доаѓа ред. Со мали деца не мора да биде се под конец. И не треба. Во тој дом има живи луѓе и луѓето, а особено децата си растураат и валкаат по себе. Да, нервира кога само што си усисал пак е за усисање, само што си избришал пак има прсти. Ама ќе пораснат и пак ќе ви биде под конец ако тоа ви е најбитната работа во животот. Сега не мора и не треба да биде.
Многу се поистоветува gentle parenting со допуштање. Никаде во gentle parenting не постои дека детето не треба да има граници, само се поставуваат на многу поразличен начин од закани, плескање и тепање еве @Yowannty малку поопширно објаснила, да не должам и јас Само ќе кажам дека тие родители што ти ги спомнуваш се од оние што им е полесно да го "остават детето затоа што не можат да се разберат со него", другата страна се тие "плесни го или закани му се и ќе научи". А gentle parenting си бара најмногу труд и од двете екстреми горе само многу луѓе не го разбираат, слушнале gentle и мислат дека знаат, а немаат ништо прочитано за тоа што значи
Многу често се мешаат gentle parenting и permissive parenting. Кога некој ќе каже дека го практикува првово, сите одма мислат дека тоа значи еј детето прави што сака нема контрола врз него.А воопшто не е така. Битно е да научи да си ги сфаќа емоциите а не само да слуша ради стравот. Тоа не е попуштање според мене ,туку е избор да останеш мирен и авторитетен во исто време.Без дерење, казнување ама и не дозволуваш детето да дивее да се качува на некој на глава.Детето треба да знае дека има граници кои не треба да ги поминува.Тоа е поентата. Не е лесно, бара трпение и самоконтрола, ама е начин кој јас здравје ќе го практикувам кога ќе порасне малку. Тоа е начин на воспитувањр во кој јас се пронаоѓам во моментов.Без дерење, тепање, ама да си постојат некои јасни граници што смее што не смее. Секако сите пукаат у некој момент, луѓе сме и никој не е совршен. Баш со една професорка на факс имавме една прекрасна дискусија за ова, и верувајте сто различни карактери сто различни мислења. Имаше и такви што беа за тепање на детето при секоја грешка, имаше и такви што би дозволиле детето да се треска у сред продавница ако не добие нешто што сака, а имаше и со мислење дека треба да се направи баланс. Ќе видиме кај мене, многу е мала ама верувам ќе бидам од последниве.
Баш заради тоа и децава се сите до едно невоспитани. И после пак ќе дојдеме на тоа дека родителите се криви. Забораваме малку дека не секогаш се криви за се родителите, многу влијаат и факторите надвор, друштво, па и времето во кое живееме. Не сум растена така растена сум со родители од Југославија, не постоело џентлперентинг, фала богу што не постоело. Ама денешниве деца се резултат на лошото воспитување. Не сметам дека треба тепање во никој случај, ама да се слушале чувствата на децата, од тоа си патиме. И до утре сабајле нека се пишуваат реферати, дете што лиже прозори може дома да лиже, ако лиже кај некој друг за мене е невоспитано. Од тоа ама дете е, си патиме.