Мајчински муабети (не е за барање совети)

Дискусија во 'Бебе' започната од slobodka, 30 април 2016.

  1. MariaBouli

    MariaBouli Истакнат член

    Се зачлени на:
    26 јули 2024
    Пораки:
    975
    Допаѓања:
    1.519
    Пол:
    Женски
    Напротив, родителите се криви за тоа каква основа му поставиле на детето кога било мало. Не заборавајте дека до 2 годинки родителите му се цел свет на детето, од нив најмногу учи :)

    А тоа што во наше време не се слушале нашите емоции туку сме биле роботи на зборовите на нашите затоа сега сме анксиозни, повлечени, не знаеме да си изразиме што чувствуваме, не сме онака блиски со нашите до степен на споделување емоции и тегоби, не знаеме да кажеме не, (кога последен пат на работа сме одбиле обврска што не била наша само затоа што "така сме биле учени"?) итн...

    А лижењето прозори е фаза и тука зависи до родителот каква граница сака да постави. Еве јас гарантирам дека ќе му поставам граници на моето дете да не лиже прозори ни дома затоа што сметам дека не е океј, ама не со тоа што ќе го плеснам за да разбере или ќе му викам за да се плаши :)
     
    На anngelique, Yowannty, Noemi и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  2. Feniksgirl

    Feniksgirl Популарен член

    Се зачлени на:
    27 јануари 2022
    Пораки:
    8.157
    Допаѓања:
    13.384
    Пол:
    Женски
    Се надевам дека стварно не сме реални со муабетите дека заради родителите сме анксиозни, и се надевам дека за 20 години нема да се каат родителиве за џентлперентинг.
    Се додека ги вадиме децава дека им е се “фаза” никогаш нема да се воспитаат. Пак ќе кажам, во никој случај не поддржувам тепање.


    Али добро, секој знае како ќе си го воспитува детето, примерите на џентлперентинг околу мене се такви- невоспитани.:D

    Толку од мене на темава.:)
     
    На Надеж♥️, Ladyme, EnaEnA30 и 4 други им се допаѓа ова.
  3. Anaroz1

    Anaroz1 Популарен член

    Се зачлени на:
    14 април 2021
    Пораки:
    2.728
    Допаѓања:
    6.210
    можеш сега додека е бебе да гарантираш било што, верувај ми дека е друго кога ќе имаш тодлер и ќе те гледа во очи и ќе прави нешто што си повторил 500 пати да не прави, земала штрафови ми брца во штекер и тоа како и викав, лижење прозори нема ни дома ни на гости, лижење торти исто така, шрктање ѕидови не дозволувам, не ја тепам ама и тоа како викам, има други начини да истражува дете сигурно не е тоа со лижење прозори или торта во случајот беше напишано за 6 годишно дете дека лижело торта.
     
    На Liky, MeowMeow, Carolin. и 3 други им се допаѓа ова.
  4. Skyler

    Skyler Популарен член

    Се зачлени на:
    18 октомври 2022
    Пораки:
    4.096
    Допаѓања:
    13.494
    Пол:
    Женски
    @Feniksgirl Ги мешаш работите. Детето е само дете, мора да згреши, да помине граница, да излиже, да скрши…мора да се наоѓа во ситуации добри или лоши за да ги поставиш границите, да го воспитуваш, да го исправиш на правиот пат. Што знае дете што смее, што е опасно ако не се најде во ситуација?
    @Yowannty Секоја чест што после толку години на форумот и 3 деца дома имаш живци на долго да образложиш што и како :*
     
    На Carolin., Pocahontas.93, 1209 и 13 други им се допаѓа ова.
  5. MariaBouli

    MariaBouli Истакнат член

    Се зачлени на:
    26 јули 2024
    Пораки:
    975
    Допаѓања:
    1.519
    Пол:
    Женски
    Не викам дека е само ради нив, ама дека нивното воспитувањето има некои "последици" на нас има. Еве јас не сум акнсиозна, ама не знам да кажам не затоа што така ме учеле. Исто со моите мн ретко зборувам за емоции затоа што тие биле небитни. А на пример имам другарка што нејзините во тоа време ја растеле на неконвенционален југословенски начин и збори до татко и за се (на 16 години има зборено со него за првиот секс, мене ми е срам да го кажам зборот секс пред моите).

    Дека нашите деца ќе имаат "последици" од нашето воспитување исто според мене е факт, само сметам дека секоја генерација треба да учи од претходната што е добро а што не, а не слепо да се верува дека "Еее што ми фали мене сега кога татко ми ме плескаше како мала", затоа што ако длабоко размислиме, тогаш ни фалело љубов и разбирање :)
     
    На kozuf, le.soleil, Yowannty и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  6. Simon4e0507

    Simon4e0507 Истакнат член

    Се зачлени на:
    30 октомври 2023
    Пораки:
    212
    Допаѓања:
    302
    Пол:
    Женски
    Тотално те поддржувам од збор до збор на место кажано..во наше време сите тие деца што им беше допуштено се многу лошо завршија..со пороци ..со што не ..сега се други времиња ..немање нерви ,време живеење стресно и брзо ..се си има свои последици и не очекувам ништо добро од новите генерации ..
     
    На Kjara2025, Ladyme, mariz и 4 други им се допаѓа ова.
  7. Simon4e0507

    Simon4e0507 Истакнат член

    Се зачлени на:
    30 октомври 2023
    Пораки:
    212
    Допаѓања:
    302
    Пол:
    Женски
    Факт е дека се потекнува од дома и начинот на кој сме воспитувани ..некои семејства се позатворени а некои се поопуштени ..моето досегашно искуство ми покажало дека се е од дома на кој пат личноста ќе се насочи а најчесто тоа е она што го гледа во секојдневието на пр.физички труд или интелектуална работа.Деца кои растат со родители кои се вредни, работливи, учени да ствараат и тие се такви ... се борат, ризикуваат ,храбри се ..а деца кои се растени и начекуваат на готово многу поволности пр.бизнис разработен,имот итн не се многу амбициозни..пак ќе кажам ова не значо дека е така за сите и секогаш меѓутоа моето искуство во моето опкружување е такво.
     
    На mama31, Ladyme и MariaBouli им се допаѓа ова.
  8. MariaBouli

    MariaBouli Истакнат член

    Се зачлени на:
    26 јули 2024
    Пораки:
    975
    Допаѓања:
    1.519
    Пол:
    Женски
    Баш така, ама истото е и за тоа погоре што си го пишала. Јас познавам луѓе што биле најстрого воспитани, бајчиња, па забегале кога се "ослободиле" од своите :) примери секакви ќе има во секоја генерација, за жал не можеме да генерализираме дека ако вака или така правиме, детето ќе ни порасне во ваков или таков човек. За жал и многу други фактори како што спомна Феникс, како опкружување, друштво, и сл. ќе влијаат. Дај боже да имаше точна формула како со 100% сигурност да ги истераме на прав пат. Ама нема, па наше е само да го дадеме најдоброто од себе, што не за секој родител е истото :)

    Како и да е, како по обичај забегавме малку навака натака :D Јас искрено само сакав да кажам дека многу се плука по gentle parenting затоа што се мисли дека тоа е permissive parenting а дека гентл има многу добри бенефити и методи :)
     
    На 1209, Simon4e0507, Yowannty и 2 други им се допаѓа ова.
  9. Yowannty

    Yowannty Форумски идол

    Се зачлени на:
    28 ноември 2012
    Пораки:
    11.695
    Допаѓања:
    186.305
    Пол:
    Женски
    Кога ќе почне да се спомнува оној “стравопочит” начин на воспитување од прошлите генерации сфаќам дека до тука е. Особено во позитивен контекст ако е, мрак ми паѓа пред очи. :D Чувствата на децата не биле битни? Нормално кога мислите дека вашите се пред нивните. Жално за тие деца и сите нас од тоа време. Да си знаете со време сите што си имате приватни бизниси да си ги оставате во наследство на комшиите оти децата нема да ви ги биде иначе. |(

    Со деца се бираат битките. Шкртнало, лижнало, скокнало, боже пази не се ни најмалку страшни работи што можат да ве задесат. Кешки да беа.

    @Skyler е кај спомна ме урочи одма, не седнав до сеа. :rofl: Неам ја среќа сестро слатка со едно од три, да го заспијам на дремка и да не морам да лежам и ја до него. :D Чим лежам амин за мобилните. :D
    Бебули успан, чекам маж да ги успие другите двајца, ја веќе отворив еден мал лилет ќе делиме и да се видиме со него кај сме што сме, што има ново, што праиме и кај тераме во животов. :D И едвај чекам да се онесвестам во кревет. А спиење њама со недели оти бебули протестира и така. Ама, нели нема ништо пооптимистично од мајка со мали деца дека конечно ќе преспие. :D
     
    На Snowflake92, Carolin., Pocahontas.93 и 8 други им се допаѓа ова.
  10. Feniksgirl

    Feniksgirl Популарен член

    Се зачлени на:
    27 јануари 2022
    Пораки:
    8.157
    Допаѓања:
    13.384
    Пол:
    Женски
    Може дома да крши, кај друг не смее да крши. Али добро, чувствата му се такви во моментот.:drunk:





    На дете ваков или не знам каков перентинг не му треба, по книга дете не се учи. Ама заборавив дека овде се стручни лица има, па они се најдобро знаат и најчитани со реферати од чат гпт. @Skyler воопшто не го мислам ова за тебе.
     
    На Надеж♥️, EnaEnA30, Simon4e0507 и 3 други им се допаѓа ова.
  11. Baby warrior

    Baby warrior Истакнат член

    Се зачлени на:
    27 декември 2023
    Пораки:
    2.187
    Допаѓања:
    4.275
    Пол:
    Женски
    Јас да ви кажам станав прв пат мајка на 34години, до пред некоја година воопшто не ми беа бебиња/деца во видик нити пак во план. За воспитно механизми почнав да читам минатата година и се заразив бидејќи ми се интересни за анализа во однос на тоа што направиле моите со мене и брат ми и што сакам да направам јас со мојава убавинка :inlove:
    Јас и брат ми сме деца за пример. Најблаго кажано мајка ми била секогаш од мајките што си одела од родителски среќна. Двајцата учевме двајцата бевме друштвени, среќни деца и со некоја убава ѕвезда. Јас бев претседател на клас 3години по ред … онака омилени во друштво деца :$ Како возрасна тие работи не ги сфаќав за нешто специјално иско мајка ми стално на сите им викаше имам златни деца а ние и се смеевме дека некогаш можда сме и сребрени ама пошто сме си нејзини сме златни 8)
    Шала на страна, по анализиве и од она што активно читам, сфатив дека мајка ми несакајќи во 90тите применувала метода на самочување и нежно свесно родителство затоа што самата таа е дете без родители.
    Во тоа време свесно родителство како термин не ни постоел, ама мајка ми пустата изгорена од моментот што немала родители, на нас ни го дала светот… во договор со татко ми инзаедно биднале прекрасни родители без да се свесни за тоа.
    Еве како … мајка ми немала на кој да се исплаче за првиот дечко што ја откачил или да каже колку е исплашена од двојката по математика па затоа нас не учела секогаш за СЕ ама баш за се прво нејзе да и се обратиме па после на другарки/роднини/комшии.
    Со ова направила некоја врска нераскинслива и создала деца кои се сигурни само во својот родител што е екстремно важно за мене!

    Читам последниве недели за методот на позитивна дисциплина и се воодушевувам на начините за ислушувањр на детето и за давањето на избор кор многу од децата од наша генерација го немале. На пр. Зимо е детето нејке да ги облече хулахопките под фармерки. Понуди му да облече бели црни или розе хулахопки … ќе го насочиш да прави избор кој тебе ти е тотално небитен а ќе си ја завршиш идејата дека на твоето дете ќе му биде топло на школо.

    Мојава ќерка е бебе и мн ми е важно во каква девојка ќе порасне. Стварно сакам да е среќна во околината, ценета и кул :D Ќе кажам само дека многу пати откако почнав да се интересирам за техники на родителство си помислив алал да им е на моите! Се надевам еден ден и ќерка ми ќе ми се јави да ми каже нешто слично :rofl: ќе ми го направи денот 8)
     
    Последна измена: 19 октомври 2025 во 20:49
    На LadyInPainting, MikicaBt, Viktorijaaa5 и 13 други им се допаѓа ова.
  12. Miss_S

    Miss_S Популарен член

    Се зачлени на:
    11 февруари 2022
    Пораки:
    3.924
    Допаѓања:
    8.174
    Пол:
    Женски
    Феникс, како расте ќерка се повеќе сфаќам дека милион грешки правиме со тоа што остај мала е, не разбира, остави ќе научи, кај баба смее да прави се. Уште потешко ми е тоа што на еден куп различни места, во различни ситуации се одгледува, а никој не е на иста страна.
    И да сфаќам дека дете од 2 години пример ако во едната куќа е дозволено да лижи прозорци, многу тешко ќе го одвикнеш да го прави тоа.
    Во случајов кај баба А, смееш да се качуваш на лустер, ама кај баба Б ќе седиш во ќош. Е па сигурно нема да го прави тоа.
    Дома може да префаќа по маса и да истура храна, ама кај тета Х, не смее да се доближи до маса.

    Стварно лоши ситуации, стварно изгледа како многу деца да се невоспитани од сето тоа.
    И не дека не се слуша нивната желба и барања.
     
    На Ladyme, Simon4e0507, Feniksgirl и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  13. Anaroz1

    Anaroz1 Популарен член

    Се зачлени на:
    14 април 2021
    Пораки:
    2.728
    Допаѓања:
    6.210
    е тој проблем јас го имам со бабите, прво дете, прво внуче, прво правнуче од сите стани значи галено, прегалено само и се купува и се дозволува таму и на лустер да се качи, буквално влагам јас тетка и ја рани, дедо и чашата со чефка и ја држи баба и ја служи, значи ти дома пробуваш да и објасниш да не јаде толку благо, оди таму они и дале чоколино, сок, животинско, чоколадно млеко, абе се што можеле за да не и кажат не, се и дале, и после дома го очекува истиот третман и не и даваш ти толку благо да јаде и она тука хистерија ја фаќа и се дере и ми објаснува како баба и и давала :drunk:
     
  14. Skyler

    Skyler Популарен член

    Се зачлени на:
    18 октомври 2022
    Пораки:
    4.096
    Допаѓања:
    13.494
    Пол:
    Женски
    Ни дома не смее да крши, да лиже, да фрла итн итн., границите се јасно поставени. Муабетот е дека ќе се случи, секако дека ќе се случи и тоа таму кај што најмалку треба, во момент кога најмалку треба. Пошо тоа е дете со негови емоции, не знае да ги контролира, наше е да го научиме. А со балкан едишн воспитување можеш само да го научиш да ги поттисне, да се срами да ги изрази или да се плаши.
    Значи не збориме за разгалување ‘крши мама, само немој да ми плачеш’ туку разговор зошто крши, муабет и заклучок што смее и не смее.

    Само замисли да ти е детето некаде малтретирано и не знае да го каже тоа или да го објасни. Резултат е скоро секогаш промена на расположение, лутење, фрлање, удирање за да го исфрли бесот. Со разговор може и ќе извлечеш нешто, со ќотек можеш само да го затвориш детето уште подлабоко и да се осеќа отфрлено од цел свет.
     
    На Noemi, Pocahontas.93, Yowannty и 6 други им се допаѓа ова.
  15. Feniksgirl

    Feniksgirl Популарен член

    Се зачлени на:
    27 јануари 2022
    Пораки:
    8.157
    Допаѓања:
    13.384
    Пол:
    Женски
    Ама еве, па дете било де, ќе лижело прозори. Не знам каде ќотек спомнав како родителство, ама добро.
     
  16. Skyler

    Skyler Популарен член

    Се зачлени на:
    18 октомври 2022
    Пораки:
    4.096
    Допаѓања:
    13.494
    Пол:
    Женски
    Па не знам, извини ако лошо сум прочитала, правам многу работи во исто време, некаде како да прочитав дека денешните деца се невоспитани заради џентл парентингот.

    Во ниеден свет, во ниедни услови нема да дозволам да си ја расипам врската со децата, да ги тепам, да не им ги валидирам чувствата. Секогаш ми се на прво место, ако немам време откажувам други работи. За мене начинот на кој што повеќето ги воспитуваме сега е поубав и поздрав, од начинот на кој што нас не воспитуваа т.е. не оставаа сами да се изградиме, они беа само ако поминеш црвена линија.
     
    На An43, Yowannty, 1209 и 2 други им се допаѓа ова.
  17. le.soleil

    le.soleil Популарен член

    Се зачлени на:
    18 август 2011
    Пораки:
    1.775
    Допаѓања:
    6.158
    Без грам сарказам или зајадливост? Кој е проблемот со валидирање на чувствата на децата и верување дека децата поминуваат низ фази? И како еве ти ќе постапиш ако детето лиже прозори на друго место иако 500 пати го имаш тргнато од прозор и дома и му имаш кажано не?

    Јас верувам дека веруваш дека ќе му поставиш граница, ама ти верувај ми дека од карактерот на детето ќе зависи дали ќе научи од 10 или од 100 кажувања дека не смее. Посебно, кај такви "бељи" што се од сензорна природа како што е лижење прозори. Значи во такви случаи детето има потреба да го излиже прозорот, не зашто сака да тестира граници или да те изнервира, него едноставно неговиот организам го бара тоа. И кога ти ќе му викаш или недај боже тепаш за тоа што ќе го прави како ќе се чуствува тоа дете, кога не сфаќа што направило погрешно. Е тука доаѓа муабетот за валидирање чувства и пробување да разбереш што е тоа што е тригер за некое однесување. Децата на 2 години не знаат да кажат, ние сме тие што треба да пробаме да ги разбереме прво а после соодветно да постапиме.
    Јас се согласувам со @Yowannty дека треба да ги бираме битките. Не секое тестирање граници треба да се адресира или барем не на ист начин, а поготово таквите што се од сензорна природа или резултат на емоционална дисрегулација.
    Зашто го кажувам ова, имам близнаци, еднојајчени, иста днк делат побогу, ист начин на воспитување, комплетно различно однесување имаат и различни "финти" палат кај нив. Едно време и јас верував дека за однесувањето на децата поготово ако ми личело невоспитано, се должи на воспитување, сега гледам дека не е баш така и дека голем удел има и во карактер, на која возраст се како и начин на кој процесираат дразби.
    И факт е дека некои деца се помирни, некои се "полоши", исто како што е факт дека причината може да е а може и да не е до начинот да воспитување. И тешко е дека може да предвидиме според однесувањето на 2-3-4 години во какви луѓе ќе израснат. Ама дека секоја генерација на свој начин ги зезнала децата и тоа е точно. Јас знам кај ме зезнале мене ама и кои трауми ми помогнале во животот
     
    На Noemi, Puffy2019, Pocahontas.93 и 3 други им се допаѓа ова.
  18. Feniksgirl

    Feniksgirl Популарен член

    Се зачлени на:
    27 јануари 2022
    Пораки:
    8.157
    Допаѓања:
    13.384
    Пол:
    Женски
    Ама така и треба, си научила од грешките на твоите родители, они научиле од нивните. А не по книга, која единствено нешто што прави е да нит се тера нит се води детето. Воспитуваш дете како што ти знаеш најдобро.
     
  19. LizzyGrant

    LizzyGrant Истакнат член

    Се зачлени на:
    27 мај 2021
    Пораки:
    651
    Допаѓања:
    1.271
    Пол:
    Женски
    Не сфаќам како си го замислувате тоа поставување граници. Дека ќе му кажете не лижеме прозорци, не фрламе работи и готово? Ќе згрешат или ненамерно или ќе ја тестираат таа граница едно 100 пати. И да, некогаш баш пред луѓе или на гости. Додека се научат. Процес е и ептен долг, не значи дека ако е во такво издание детето е невоспитано или џентл перентинг дека е проблемот. Но секако ако родителот не реагира на некои работи Е проблем, за тие граници да се постават треба челични живци и многу трпение и доследност и повторување на истото.
    Ако повредува некој или уништува нешто треба реакција, за други работи и не баш.
     
    На Yowannty и le.soleil им се допаѓа ова.
  20. Miss_S

    Miss_S Популарен член

    Се зачлени на:
    11 февруари 2022
    Пораки:
    3.924
    Допаѓања:
    8.174
    Пол:
    Женски
    Настрана прозори, фрлање играчки итн кај 2-3 годишници, јас сум запрепастена од околинава околу мене кај училишни деца колку им се попушта и допушта.
    Не сме стигнати со дете до таму ама во моево воспитување е дека образованието е битно и обврска ми била да напишам домашна, научам што е за следен ден по еден или повеќе предмети, без исклучок. Ок настинки, температура, сипаници итн сум имала и јас прогледување низ прсти ама остатокот од времето, не.
    Од примериве што ги имам од околу мене, имаш:
    - Не ја читај цела лектира, што ќе се мачиш, доволно е пола, ќе види наставникот дека си се потрудил ( на 5то одделенец)
    - Научи една строфа од песната ако не сакаш повеќе, не губи време на тоа ( на 3то одделенец)

    20 потсетници и јавувања во ден кон детето, кој предмет следува, да не се заборави опрема, чадор, сега имаш ваква настава, после си таму на тренинг, вибер прашања 300 до наставникот кој што имал за домашна и учење.

    Ова ми е како сами да си правиме "паразити" и деца неспособни да се изборат за себе или да се снајдат во животот. Не зборувам за прваче кое вчера седнало во клупа, туку за деца кои се и по неколку години во училишен систем.
    Пишувам од неколку примери што ги гледам и слушам секојдневно, не дека сите деца се исти или сите родители се исти.
     
    На Bubiška, Carolin., azelea и 2 други им се допаѓа ова.