Ви ги читам муабетиве за џентл перентинг. Јас сум израсната од високо образовани родители, што во нашата околина било реткост кога бев дете. Татко ми често патуваше заради работни активности и од странство во тоа време има купено многу книги за родителствување на англиски што и јас денес ги читам а ги читале и тие. Можам да кажам дека до некаде било џентл иако терминот не постоел тогаш. Никогаш ме немаат истепано. Секогаш се разговарало. Особено татко ми. Татко ми го има целото трпение на светот и до ден денес е вклучен 200% во улогата на дедо и на околината им е чудно како татко ми знае и пелена да смени и да се игра со бебето и да го успие и сѐ. Јас сплет на околности, сум анксиозна личност. Такашто дека анксиозноста потекнувала од комунистички методи не би се согласила. Дополнително, некогаш и посакувам да биле покомунистички настроени зошто во многу ситуации ми е тешко да се справам зошто сум порасната во огромна емпатија што е мисловна именка во денешно општество. Исто така сметам и дека не сум доволно дисциплинирана зошто им било поважно да јас сакам да одам на пливање наместо на сила да ме тераат, иако се обидувале на различни начини меѓутоа на крај не ме форсирале што мислам дека резултирало со потешкотии во бидување дисциплиниран. А може и не е само тој фактор ама јас така мислам. Сега, јас како родител, мм е растен по комунистички методи, нема никаква блискост само стравопочит и мене ми е несфатливо, ама мислам дека има корисни моменти и во тоа патријархално воспитување па затоа би се обидела да балансирам. Треба да му се постават јасни граници на детето и не мора да се постават со ќотек. Јас се сеќавам на една ситуација дома, имавме како фотелја за облекување обувки во ходник и на некои 5 години се запнав да ја внесам во дневна. Мајка ми почна да ми објаснува дека е прљава и дека не и е местото во дневна и тука татко ми само ми рече, дај ми една причина зошто фотелјата треба да е во дневна, без да е причината “зошто јас така сакам”; ако ми кажеш зошто сакаш, јас ќе ти помогнам заедно да ја внесеме. И само седнав, размислив и викам “па нема причина, во ходник треба да си стои”. Иако бев многу мала, јасно се сеќавам на оваа сцена зошто од тогаш често за нешто што многу сакав си го поставував сама прашањето да си дадам причина зошто. Ова е џентл перентинг според мене и за вакво однесување многу помага. Ама дека се повеќе родители мислат дека се џентл а всушност е полесно да си кажеш дека си џентл и да го разлигавиш детето отколку да седнеш и да го воспиташ (во никој случај со ќотек) ама дека можеш некогаш да повишиш тон, можеш, сепак треба да си и некаков авторитет кон детето. И за последно, секој родител на некаков начин ќе остави траума на своето дете. Важно е до кој степен ќе го оштети и дали ќе попречи во неговото снаоѓање понатака во животот.
А што е толку лошо да се прочита книга, па макар и да се чита на Четџпт за човек да научи нешто ново? Никој не мора да се фати како слеп за стап за тоа што го пишува, ама така можеме да растеме како родители – ако си дозволиме да учиме нови начини, нели?
Јас деновиве многу ама многу често помислувам на тоа дека сум лош родител, во последните недели тотално бев прегорена сама со дете по цел ден, беше болен и повреден и не спиеше и не јадеше и се така во круг. Толку бев изморена и нервозна што често знаев да му подвикнам и во тие моменти се осеќав многу поразено…ама сега читајќи ја @Yowannty за која имам огромна почит како членка и родител, сфаќам дека 90% од времето сум таков родител и тоа значи дека во голем дел ги правам вистинските работи. Моето дете е многу, премногу свесно за своја возраст и не сум ни свесна јас колку е уствари напреден додека не видам други деца на негова возраст. Толку е свесен за своите постапки и толку е разбирлив што мене му е банално да му се карам оти ете сакал да ги тргне сите перници од кревет и да скока. Јас ги бирам битките и дефинитивно знае за граници, ама дома цел ден е расфрлано, со разни активности и разни игри и скоро ништо не му бранам да прави, а тоа што му го бранам е или опасно или има оправдна причина зошто му дозволувам, а зошто не. Никогаш ама никогаш не реагирам со викање ако случајно направи нешто, ако истури или скрши, објаснувам дека знам дека некогаш е тешко да бидеш мирен и да внимаваш ама дека тоа и тоа е опасно или не знам и одма после го приметува дека е многу внимателен. На моето дете му е дозволено да се качува на ѕидови, дрвја, да се лула на шипки и да прави опасни работи, секогаш внимавам и стојам до него, ама никогаш не му забранувам и не го карам за тоа. Дозволено му е да истражува по дома и да брка низ фиоки и да вади и знаете што, 90% од времето ги враќа работите на место. И лижеш и тој прозори ама после тоа ми рекол мама дај крпа да бришам. Нешто што многу ме изненади пред некој ден е како лесно и успешно ги натера сите деца во игротеката да се смират и да играат со него. Му ги носеа коцките за тој да ги реди, а он на сите по ред на секоја коцка им викаше фала што ми даваш, фала што ми помагаш, од едно дете, станаа две, па три и сигурно цел саат ја играа играта, немаше ниту удирање ниту тантруми ниту викање. И една мајка тивко набљудуваше и после ми рече мајка браво, само толку, ама се осетив многу многу убаво. Пример кај свекорот и свекрвата на моето дете не му е дозволено скоро ништо, свекорот толку бурно реагира на истурен сок пример што избегнувам да му давам да јаде и пие таму. Детето таму е под стрес и не ги слуша ништо, а не покажува и особена наклонетост кон нив. Свекрва ми не дозволува една флека да има на лице одма го брише, до степен да го расплаче, значи мене стварно не ми е проблем ако детето ми е измачкано со чоколадо. Они де многу строги, строги биле мм и жалам да го кажам ова ама маж ми има огромни пропусти во воспитувањето. Свекрва ми прееска на моето дете кое се изнервира оти она усисувала со нашата правосмукалка му рече да те ебам во скаперникот, не ни измислувам, да на шала беше ама и предходно на шала му рекла многу си смотан или не знам што, јас ова тотално не го оправдувам, ама они по дома се пцуваат и маж и ја пцува неа и мене тоа ми е тотално невалидно и сељачко понашање, па не ни можам да замислам какви родители биле и не можам да дозволам ради разбојна фаза конкретно фаза на неделење и припадност моето дете да биде нарекувано скаперник или смотко. Од друга страна, јас и брат ми никогаш не сме биле тепани, ниту пак нешто конретно карани, секогаш се се решавало со разговор и 100 процентна отвореност од двете страни. Ни беше дозволено скоро се, ама ние сами си ги знаевме границите. Моите родители се многу горди на тоа какви деца израснале, плус ги гледам како се понашаат и како го воспитуваат моето дете и 100 посто доверба имам во нив за чување, а и он многу ги сака и слуша. Цел реферат напишав… На тема шминка, гледам да бидам средена, може минимално ама 90% од времето имам барем крем, коректор, руменило и малце средени веѓи. Јас лично не користам многу шминка оти сметам дека природно изгледам подобро, ама исчупана, издепилирана, со коса средена макар и во пунџа и крема мора да сум. И воопшто не е невозможно 10 мин да издвоиш за себе да се средиш, верувам дека толку време треба. Сега и јас претпочитам да носам фармерки и некој дукс или некоја кошула, мајца, нешто едноставно минимал ефорт, оверсајз џемпер, ама сакам да ми е складно и не сакам да се шетам по тренерки. Маж ми си дојде вчера, мали се стопи во него, колку многу му фалел, се буди од спиење и веднаш прашува каде е тато, а за една недела кога пак ќе треба да оди…ќе биде изгледа многу потешко, ми останува да соберам сили и да прогурам следниве два месеци пак.
Здраво, незнам дали е за тука темата ама на друго место некако не е за пишување. Имам 2 деца машки едното е 5 години другото 9 месеци. Кога бев бремена на двете од страв несакавме да имаме односи. Е сега кога се породив со првото не го доев и кога завршија 40 дена после 2 недели добив менструација и све си беше супер и нормално овулација и односи и желбата кај мене се најнормално. Проблемот е кога се породив со второто некако се оптпварив повеќе околу доењето и успеав, ама немам добиено уште и желбата за секс ми е нула, не помисливам на тоа воопшто дури и на моменти ми е гадно. 3 пати со сила во овие 9 месеци. Маж ми е многу добар и не ме форсира на тоа, од него немам проблем, ама јас незнам што да правам некако жал ми е и за него сепак маж е. Дали одкако ќе добијам ќе се вратам во нормала за оваа работа? Дали е нормално да немам потреба? Заборавив да напоменам, двете со царски ги имам родено, значи немам никаква разлика вагинално или рана што би можела да влијае. Ви благодарам.
Жени јас само дојдов да си кажам дека убавицата моја има забче и тоа не едно туку две. Долго време требаше да пробијат, се ставаше во уста од што ја чеша, кога некни таман наполни 6 месеци бевме на вакцина се враќаме дома ајде реков да ја намачкам гелче кога нешто греби, одма земам чаша стаклена мислам дека овде прочитав од @MariaBouli и оп тропа, денес гледам пробило и другото. Е сега тоа што станува на секој саат навечер од што си има мака е друго, ама осеќам како чудно ме тегне на цице само си викам ајде ќе помине, ако почне да гризе убаво кај ми е крајот. Хаос сум луѓе јас немам време ни да читам овде, дома правам чистка како никогаш до сега решив да исфрлам се што немаме користено барем една година ако не користиме логично не ни треба, решив да свртиме малку на разумен минимализам ако може да се нарече така пошто сме преплавени со глупости и си мислам кај да е ќе почне да патка па ќе фаќа насекаде колку помалку работи и помалку за средување, толку подобро за мене. Вчера го чистев гардероберот 5 големи ќеси со алишта до сега, а уште немам завршено, навистина не знам што правиме. Денес одам на козметичар таман да соберам сила и продолжуваме
Да се редат бели како бисерчиња А кажи ми преку ден каква е? Значи мојава преку ден нема никаков проблем, исто е кенкава како претходно ама не осеќам дека има некоја поголема нервоза или болка од забите. Во оваа недела еднаш или два пати така повеќе вриштеше, мачкав гелче и се смируваше. Ама затоа последните 2-3 вечери... Се буди многу често и тоа со вриштење, и опциите се или да дреме на цицка до недоглед, или да спие врз мене. Мн се нервирам затоа што пред да и излезат забите 3 недели се мачев со самостојното заспивање и имавме одлични резултати. И сега се ми е паднато како во вода... И не знам дали е до забите, дали е до тоа што многу почесто го терам мм да ја заспива преку ден периодов, а он ја заспива легната врз него Синоќа сум спиена 2-3 саати макс и тоа пола од времето со неа врз мене, пола од времето до мене ама јас на раб на креветот... Леле, ова многу сакам да го направам во животот ама ич не сум карактер. Од облека и обувки комотно можам 80% од алиштата да фрлам, затоа што не одам физички на работа ништо и не носам, ама секогаш си викам - што ако некогаш почнам да одам? И на крај знам дека ако почнам шансите се дека ќе сакам нешто ново да купам, ама ајде... За другите глупости да не збориме колку ги имам по дома што исто ми е криво да ги фрлам...
Мислам дека во глобала сите ние жените повеќе се врзуваме емотивно за работите еве пример за облеката. Искрено тешко е ама има разлика многу и онака 80% од времето носиме 20% од тоа што го имаме. Сега се што остана е тоа што стварно го носам, нема работи што ми се мали и во случај ако ослабам ако ослабам ќе купам, нема алишта ова го сакам ама нема со што да го искомбинирам ако во моментов не можам да смислам три до пет комбинации значи не му е местото тука, обично многу работи ги чував за ај ќе ги носам по дома сега си викав дали сакаш да изгледаш низ дома како партал не сакаш значи оди и тоа. Исто и во кујна имам голема кујна што значи повеќе место за собирање и секогаш работната површина беше полна со апарати оти немав место каде да ги ставам, сега кога исфрлив се во кујната освен кафематот и мулти кукерот друго нема и олеснување ми е кога ќе влезам во кујна без да се справувам со хаосот нема непотребни работи. Имам уште многу работа ама тоа е долг процес и решена сум да бидам истрајна оти на моменти додека средувам настанува поголем хаос па ми иди да кренам раце ама решив да не се откажувам оти навистина кога ќе отворам сега на места кај што имам поминато се гледа огромна разлика и иди чувство на олеснување.
Јас ова го правам од Ковидот навака, ако една сезона не сум го носела, го вадам следната и ако и следната не го носам оди у аут. Сега на ред е кујна и на крај дневна и тоа тв комодата. Има да исчистам се. Едвај чекам да дојде ред и на играчки, ги оставам последни зошто сум убедена дека децата ќе пекаат за некои играчки, па нека поиграат уште малку.
Па искрено и јас тој период некаде имав нешто слично направено но не бев реална со себе како сега. Сега многу по сериозно настапив и има многу повеќе ефект иако реално не сум ни на пола. А и тоа е процес што трае оти треба работа и на себе за да не акумулираме работи што не ни требаат. Иначе супер е тоа што веќе имаш стратегија. Си мислам сега ќе почне да патка да фаќа насекаде, кај еден куп играчки сите нешто и носат, се собира многу. Вака помалку работи за менаџирање низ дома повеќе слободно време за да и се посветувам неа наместо да собирам купишта работи што нема да знам кај да ги ставам.
Здравоо мамички. Синоќа не можев да заспијам зашто сабајлево имавме термин на ортопед. Цела ноќ ме гонеа мисли дали ќе биде океј што ќе биде. По природа сум ансиозна а за бебево уште повеќе. Бевме сабајле. Кај доктор Тони Талевски. Докторот е прекрасен, имам најголеми препораки. Толку нежно ја гледа, толку убаво објаснува. Се е океј, нема ниту една замерка докторот и рече дека е многу силно бебуле. Му се смешкаше цело време, и се измочка. Луѓе ако верувате дека он ја исчисти... Значи ептен душичка. И така полесно ми е сега. Закажавме пак на 8месеци, и сега ќе одиме матичната да ја измери и да ни закаже вакцини
Бебуш пролази,спор е и ко војник лази ама лази.Пред 1 недела плачев што е работава не гуга не седи и синко по некој ден кажа мама и сега нон стоп вика мама посебно кога кенка а знае и баба,пролази но сеуште не седи сам.Бевме и ние кај Тони се е во ред.Супер е докторот само не се оди ненаспан,толку смирено со ист тон збори одвај издржав да не заспијам.Ме фати смеа претходниот пат не прашуваше дали сме медицински лица и сега пак Туку бебе вчера кога заспа после 1 час се разбуди со страшно плачење.Го кренав се смири.Денес втората дремка исто ама не се смири може две минути плаче очи не отвара одвај се смири.Не знам што е8 месеци ќе прави за 1 недела.
И мојот плаче а очи не отвара или се буди со плачење, страшно со викање плаче. Си викам да не се заби, уште нема ни еден заб. 2-3 недели е разлика со твојот
Ние имаме 2 доле веќе 1 месец ,сега горниве ги чекаме ама што знам така му се набубрени долго време.Гелче ставам осанит давам ништо фајде не видов искрено.
4 давам навечер само пред спиење,а преку ден гелче мачкам само.Ладни глодалки никад не функционирале кај нас.