Мајки, денеска примивме прва вакцина, душата ми се кине. Ај таму што морав да ја држам додека ја боцкаа, прежална беше како плачеше, а претходно веселка, ми се смешкаше, кога испаднавеме од амбулантата неможев да си ги задржам солзите од што ми беше прежална. Од здраво детето сега болно ми е, многу плачеше, има отоци и црвенило на ножињата сигурно многу ја боли и температура 37, едвај се смири, ми спие сега во раце. Како го поминувате вакцинирањето, особено првото, ја гледам и плачам, знам дека ќе помине за ден два, но посилно е од мене.
Ние многу добро ги поминавме вакцините без реакции.Секогаш кога одев носев играчки тропки со мене што ги сака и ниту еднаш бебе не заплача освен на последната вакцина на 6м кога таа што го боцкаше наместо да гледа што прави она мене ме гледаше како изигравам кловн за бебуш да не плаче па го изгреба со игла.Али супер секогаш беше насмеан.Немавме реакции фала богу секогаш веднаш ставав облоги ациди борици неколку дена,обавезно ставај
Како прво, мораш да се смириш мајка. Сите поминуваме низ ова и навистина е жално што ги гледаме како плачат, ама за нивно добро е. Детево не ти е болно, само не расположено после вакцина. И тоа е најнормално. Исти бевме и ние. Ама ќе пројде за ден-два и после си се враќаат како што си се. Таа температура е нормална за бебе, не се грижи. Гушкај бебе, гали, ќе пројде.
Скраја да е, да е болно. Вакцина примило детето. Не е болно. И јас плачев повеќе од неа за првите вакцини. Ставај облоги на местото каде е боцната. Утре ќе биде многу подобро бебушко. Денес само гушкање, мазење.
Ова со плачењево и мене ми се има случено, бебе е 3 ипол месеци. Досега два пати вака ми се има разбудено сред ноќ и едвај се смири, нејќеше ни цице ни цуцла, гушкав силно и само што ќе отвори очи веднаш престанува. Иначе е многу тивко бебе и ваквиот плач навистина ме вознемири
И јас на првото одење плачев, а не бебуш ништо не му беше. Фала богу сите вакцини лесно ги помина, со мала темп некои. Ама првата е стрес после се навикнуваш
Само јас ли не бев под стрес на прва вакцина? Он си плачеше само на боцкањатс и одма се смири. Да дента не беше расположен со темп. 37.3 вечерта ми качи дури 38.5 ама некако смирено поминав
Мајка знам дека те е жал ама сите деца минуваат низ тоа, ја боли да ама не дека е толку страшно, ќе помине за ден два. За нивно добро е, гушкај ја разладувај место со ладно туферче и дај и доза парацетемол за болката Јас пак толку сум ладнокрвна на вакви прегледи и вакцини некако го сфаќам како дека мора да се деси мора за него да сум цврста и тоа е тоа. Мм е потресен пример и он стои надвор. Плачев со него само сега кога му го шиеа прстот ама тоа ептен беше екстрем. Инаку дури кога му ставаа катетар како мал јас бев со него, крв од вена, вакцини, инфузии…
На три години си ја расцепи устата. Му ја шиеја со полу фатена анестезија, а јас го држев за раце да не мрда. Детево се одкорна од плачење, цело време викаше мамо, готово ли е, сто пати истото. Верувај, после тоа вакцина е ништо, најмалку болно и за плачење. Не треба воопшто да си го ставаш на срце.
Ела да те гушнам, и јас го држев моето кога му го шиеа прстот и он се откорна од плачење и цело време викаше мамо да не го сечат прстето, да не ми го сечат прстето. И тоа со локална анестезија, 2.5 години инаку. Он веројатно ќе заборави, ама јас богами никогаш нема.
Они нема да паметат ништо а вие ,коса бела ке имате Спојлер: Моја траума 17дена старо бебе со 1600гр оставив на операциона маса во операциона сала И ден денес се прашувам шо му беше толку тешко од соба да го земеа,зошто мораше јас да гледам се тоа
Души златни, се надевам дека нема да памтат бидејќи стварно е траума. И јас никогаш нема да заборавам, имав кошмари еден месец мислам после тоа.
Лајкот е за поддршка. Кога гледаме такви работи мора да сме цврсти и силни. Кај мене маж ми паѓа во несвест кога ќе види крв малку, а јас сум по ладнокрвна па секаде одам. А еве и син ми станува како него, кога ќе падне ако има крв вришти мислиш крај света е, а не го ни боли ама ете.
И мојот лајк е за подршка, жалам што си морала да минуваш и ти и оно низ тоа, се надевам дека се е добро и силно дете. Моето па на мене е изгледа, кога го стисна прстот уствари не ни плачеше, почна да плаче кога виде дека јас плачам и паничам, до тогаш ми велеше еј мама види крв.
Мајки, ви благодарам за поддршката и споделените искуства, жал ми е сите што сте минувале низ тешки моменти. Се ми е јасно, знам дека ќе помине, воопшто не сум ни плачка, ни емотивна, неможам да се препознаам откако станав мајка, децата ми се слаба точка.
4 саат сабајле. До сега плачеше, ја ставам у креветче вришти. Еве ја сега си гуга на играчките у релаксатор.... Ме уби втор скок
И јас сум тука веќе цела недела, секоја ноќ од 3 до 5. Моево не знам во кој скок е, 13 ипол месеци е ама хронично сум ненаспиена. Кога ќе пораснат веќе
Не да е лудило.. Ми капнуваат очите а она сто расположенија смени.. Си гледам серија.. Мм спие утре е на работа. Ја и она ќе спиеме преку ден очигледно зашто се преморува и после спие денски.. Ќе ме оговараат како може снаа да спие волку хахсх