Ќе смени, сеуште и е измешано ден и ноќ. Ние тој период се заминавме со ламби и сенки на ѕидот но никогаш не го палев големото светло. Овие моменти се бесценети, особено со прво дете. А колку спие снаата, ич нека не ги интересира ^^
Кога ќе видам како се возбудува кога ќе ме види и како и светкаат очињата нема ни умор ни ништо Ќе помине...
Јас многу се потресов на првата вакцина и маж ми, едвај чекав да влезам во колата да се изнаплачам. Цел ден ја држев во раце. Да те утешам на втората бевме многу посмирени она поплача минутка само. На трета веќе искулирани сите немаше плачки
Оваа мајка е во шок. Жени, мојата неспијачка вчера спиеше од 9ипол до 6ипол без да се разбуди. Во 6ипол станала, пак со цуцла продолжила. Во 15 до 9 едвај ја разбудивме... Кој не ме прочитал во другата тема, овде да кажам дека ја одвикнувам од ноќно доење. Спиеше 2 ноќи со маж ми, 2 ноќи со мајка ми, сега од вечер пак 2 ноќи со маж ми ќе спие. Со многу страв го пишувам ова за да не избаксузирам и се молам ова вака да продолжи. И што не кажете бе дека волку е убаво да си наспана? Имам енергија бе луѓе, не ме боли глава, не сум нервна 24/7 значи сосема нов човек. Дефинитивно е претешко да имаш бебе што не спие навечер. Значи стварно се молам ова да продолжи...
Ние имаме забчеее! Сега баш му давав ручек, и кога со лажичката осеќам доле нешто ми гребкаааа. Здравје да порача мама колачиња па ќе ве заблажам сите тука.
Ретко пишувам, не сум така активна како во бременоста Но дојдов да се пожалам. Ноќеска пукнав. Како почна во 8 вечер со вриштење, запре дури во 11 денес. Заспа цврсто во раце после шетање низ дома за пет минути. Спуштам на кревет, излегувам од соба и за две минути почнува да мрда. Додека стигнам во соба, веќе вришти. Ништо, ништо не ја смируваше. На грб легната не прифаќаше никако, не можев да ја преоблечам. После три саати заспа со татко и со white noise. Што ми требаше, дојдов и јас да легнам, полека намалив звук на видеото, на крај и исклучив. Веднаш се разбуди со плачење. И така продолжи до сабајле. Вака неутешно да плаче, со вриштење како кога ќе се исплаши, да не сака да лежи никако, никаква музика, зборување, пеење, ништо да не помага мислам само еднаш имавме откако се вративме од болница. Прва дремка во 7 и пол сабајле...па пак се разбуди со истото плачење во 10, цицаше пак, се искака, избљуцка и еве ја сега сама заспа лежејќи до мене. Не знам што беше ова, се случувало тешко да заспие, или да се разбуди сред ноќ па да има плачки саат-два, но ова...маратонска вечер.
Мајки, вчера исто не прегледаа, бебе има кила на папоче, два месеца е. Досега се беше во ред првиот месец, ова и јас го забележав скоро како мало испапчување на папочето, а вчера и педијатарот. Совет од педијатарот е да се следи, дека може да се повлече, но јас не сум мирна. Дали да ја носам на второ мислење, детски хирург да ја види??
И ние имаме кај папочето.Кај нас остана исто не се зголеми.Исто ни рекоа ќе следиме.Ќе гледаш пелената да ја ставаш кај папочето и да биде малце стегната.Како растат ќе се повлече,кај некои се зголемува ама се повлекува понатака во растот.
Да се остави детее со татко сите да се наспани. Затоа и јас сменив место мм спие од кај детево од 2ипол месеци. Ајде да не го бие малер да си спие дете цело време. Доста беа неспиени ноќи.
Леле браво. Знам како се осеќаш јас кога го одбив после тоа 2 недели јас станував од пуста навика а он почна одма да преспива цела ноќ. На сите кажуваме дека кога дете спие ноќе има друга мајка од дете кое се буди 4-5-7-8 пати ноќе.
И моето имаше. Ништо не преземав, до годината се повлече само. Така и рече педијатарот, дури после годината ако остане може нешто да се преземе, или ако се зголемува. Кај синот се повлече без ништо.
И јас ќе ти кажам да направиш пауза, пред некое време баш прашував за тоа дека уста не отвара. Не дека сега којзнае колку јаде, ама не е како што беше.
Леле додо колкава е 8-9месеци нели? Значи одбивањево лек искочи Мн ти се радувам, спиј и за мене женска