Леле мајче не се фали Еднаш, два пати што ја пофалив тука, душата ми ја извади после хахахахах Ние уште не сме скроз оправени со спиењето. Периоди ќе спие поубаво, периоди страшна е Во овие 7 месеци, неколку пати се случи да преспие ноќ без ни едно будење. Се радувам сеуште на ноќите со 2 будења.. тоа е спиење за мене Креветче тестирам на секое цели 7м, шанса нема. Таму моментално се буди и ако ја оставам 1,2мин, може куќава во вис да ја крене.. Спие до мене, се буди.. плаче, цицнува, спие. Вака ќе е додека не ја одбијам, ама ја уште не сум размислувала за одбивање. Ќе издржам Иначе пробано да спие со свекрва ми и маж ми и вришти, станува, не им се смирува, душа им вадеше. Тешко ќе оди и тоа... Додека не ми довади заби, не ја одбивам..
многу е убаво да се наспиеш после толлу многу ноќи не спиење, уживај и јас едвај чекам за мене тоа да се случи, ама далеку е зимата за мене
Мојава вчера мислам дека го достигна врвот. Вака со грчевите не ми било. Ајде што секоја вечер се успиваме по 1 саат. Со тоа веќе се помирив. Кога почна во сон да плаче. Плачење, вриштење, јас гушкам, зборам, она не преќинува. Па станав, па почнав да ја шетам низ куќа, заспа. Таман да седнам, пак рикна. Добар пола саат, несмеев да седнам или да се потпрам. Морав да стојам. Едвај некако со мм и одвлековме внимание, заспа. Ама цела ноќ ми се будеше со плачење. Како отидов на работа, не се сеќавам. Со плачењево за се и сешто и во било кое време, ќе збудалам.
Не можам да го избегнам чувството на нелагодност кога ќе сум наспиена, здрава, продуктивна, со ручеци со сѐ. Па зар и вака можело?
Мајки, ми треба ваше мислење. Прележавме вирус со малава(11 месеци). Јас полошо поминував, не бев способна сама во тоалет да одам. До пред вирусот беше комбинација Ад и плус цицање( немав доволно млеко за само да ја дојам, така тераме од кога е родена), бидејќи не бев способна за ништо не и давав да цица и само еднаш се измолзив и приметив дека не ми се полнат веќе градите. Најверојатно од многу лекарства, не внесував храна неколку денови...Сега сум подобро, се мислам вака дали да оставам, да пие само Ад или да се обидеме повторно да си цица по малку. Многу ни помагаше цицањето кога беше вознемирена, заби, скокови..Имам некоја грижа што не и давам да цица. За мене е многу полесно вака, но не знам што да правам.
Треба да се опоравиш, тоа е сега битно. Ако ти значи да ја доиш, продолжи, со нејзината стимулација пак ќе ти се полнат градите. Ама пак ќе кажам, тоа зависи од тебе дали сакаш да доиш и понатаму, или не. Ако не сакаш, ова ти е полесен начин да ја префрлиш целосно на адаптирано и да ја одбиеш од града, оти подоцна може да е потешко одбивањето, иако не мора да значи дека ќе е така штом прифаќа шише. За одбивањето, грижа ќе имаш и да е поголемо детето.
Ноќни терори или кошмари, има разлика помеѓу двете. Малите дечиња, до кај 2-3 години, не го разликуваат сонот од реалноста, мислат дека тоа страшно што сонувале, се случува вистински. Мораш да видиш што ја смирува, и додека не се смири да тераш со таа метода, да галиш, да гушкаш пример, ама теророт не бара гушкање и зборување, треба само детето да се освести и разбуди од сонот, за да се смири. Ако бара утеха и прегратка, во повеќето случаеви е кошмар. Ова поминува до кај 2 години негде. Гледај да не биде престимулирана 2 часа пред спиење, нека е тивка атмосфера, со не многу светлина... Ќе помине, само треба трпение.
Од моево искуство кога имале такви денови со будење, неутешно плачење или било заби или учеле нешто. Најчесто после некој ден гледав нови вештини, експлозија на зборови и сл.
Ноќва супер поминавме. Ќе видиме дали ќе се повторува или ќе искочи нешто ново. Она само кај мене во раце и строго да стојам. Штом ќе седнев вриштеше.
Реагираше на збор, на прегратка? Тоа не се случува секоја ноќ, неколку пати во недела или месец, зависи.
Година и скоро два месеци е. Дали и премор има од цел ден што не застанува буквално ни секунда. Еве ја од 7:15 станата, уште не е заспана…