Твоето е многу мало. Почни да следиш прозор на будност, буди ја преку ден пократки дремки. Изнесувајќи надвор, играј ја преку ден, да и створиш ритам. Да се измори преку ден колку толку, ама не да се преспие, за да не ти седи ноќе толку будна.
Верувај нема шанси. Детево спие кога и се спие, а ако нејке нема шанси значи секакво успивање пробав. Еве си легна у 5 ипол сабајле. Спиеше до 11 ипол. Сега е сеуште будна ја гледам почнува да и се спие. Она има огромни прозори на будност и се нервирам не можам да ја успијам немам шанси
сте станале во 5, заспала во 5ипол, спиела до 11ипол, тоа е премногу. Мора да и направиш ред на спиење бар приближно. До 5 мало бебе не смее да седи будно. Хормонот за раст се лачи навечер, затоа е раздразлива и не спие. Полека, може е во некој скок, нешто се случува, ќе се смени, ама мора да воведеш некаков ред. Бањање во исто време, масажа, подој или шише и во затемнета оладена соба на спиење, не нишкање, ништо такво, бели звуци, близина и тоа е тоа. Две имам, различни ко ден и ноќ, и двете на овој начин за спиење до ден денес се, редот е тој, иако големиот е 9, малиот е скоро 3, само сега е вечера пред туш, пресоблакање, пижами, кревет и книга сега, двајцата за 20 мин се кома. Има исклучоци и од нас и од нив, ама тоа е тоа стандард од раѓање.
Пробувам.. Според недели сме баш во втор скок. Веќе 4ти ден е вака пред тоа си спиеше од 11 до 8 до будење за да јаде. После тоа си имаше идеални прозори на будност и си спиеше супер. Од еднаш ми смени многи. Еве сега си легна. Ќе ја будам накај 3 саат. Па ќе ја успивам накај 5. Не знам што да кажам, ептен сме уморни и ја и она. Навечер се гледа дека и се спие ги чеше очињата, црвени и се и е нервозна. Дали не ме бива да ја успијам , дали е до скокот не знам..
Ќе заспие, може ќе ти ги спои двете дремки, кај мене денес истото го направи, остана повеќе будна сабајле наместо да продолжи после цицање, па после спои две дремки,еве ја уште спие. Ист месец родени, само различна година Не можам да се сетам дали со син ми го поминав тоа кога беше на таа возраст. Тогаш знаеше во сред ноќ да седне во креветче и да се мава со грпчето од него (среќа спиеше во транспортно) но тоа го правеше буден преку ден на кауч. Дај Боже само да не се повторуваат често овие епизоди, затоа што се навистина жални, не можат да се смират никако.
На почетокот е нормално да не можеш да препознаеш. Не е критика кон тебе. Инвестирај недела две да фатите ритам. Полека ќе биде. Ќерка ми и ден денеска мислиш не и се спие, оти не покажува знаци, ама легни ја готова е за 10мин. Едноставно има такви деца. Затоа сме тука и тоа ни е работата. Меѓудругото и да ги научиме на распоред. Рутината не е само за сега, рутината е за понатаму исто многу битна. Им дава чуство на сигурност, контрола, знаат што следи. Прво ти релаксирана и смирена, сигурна во себе што правиш оти они се радари и само на мајката како се осеќа, така и они. Сите други небитни. Коментари од типот бебе не се буди додека спие, бла бла се булшит. Оти бебе ако сврзе дневна дремка подолга од неколку саати, не е веќе дневна туку му е ноќна дремка. На твое место јас би ја разбудила во 8 сабајле, не би ја оставила до 11. 8 јадење, играње во 9 ипол спиење. Пола саат пола. После саат ипол пак спиење. Најдолга дремка саат ипол на ден. Пред ноќно спиење ако прозор на будност нормален треба да е саат ипол, правиш подолг за макс пола саат од нормално. Јадење, пола саат надвор, игра дома 15 мин, бањање, нега јадење и у кревет. Верувај бев и јас на твое место, по пола ден дете будно. Плаче. Ноќе до 2 будни. Почнав да читам за прозорци на будност и оп маѓија. Бебе од 2 месеци спиеше по цела ноќ. Еднаш за јадење и пак си заспиваше. Сите скокови после полесно се помина. Дремки кратење никогаш не било проблем кај нас. Само рутина мора. Најди си пример на нет кој ти одговара на тебе и твојот ритам и терај. На ќерка ми и ден денеска станување во 7 и 20 и е навика. Така и е природно и така и е ок. Стануваше во 7 и 20 и обавезно уште пола саат на града спиеше додека јас кафе пијам. И сега е иста. Се буди и уште 15 мин се гушка со шише со мене, па после почнува денот. И еве пак одам да ја будам, ако сакам вечер сите во пристојно време да си легнеме .
Фала ти премногу. Јас мислев правам лошо ако ја будам зашто нели заспала во 5 ипол сабајле и мислам уморна ќе биде и лошо и правам така. Ќе пробам дефинитивно. Подобро ко што викаш да се потрудам тие фве недели да воведам ред зашто вака и мене ми се пореметува све.. Ептен ми е напорно вака како робот сум со четири саати сон цел ден. Ќе пробам да ја будам така денес. Да видиме како ќе биде, а од утре колку и да плаче ќе ја будам. Ептен сакам да и создадам некој ред.. Она и престимулирана е. Навечер доаѓа фамилијата на мм сите ја фаќаат по раце и зборат ја префрлаат еден на друг. Мислам дека и тоа влијае.
Преморено бебе/дете е најтешко да успиеш. Дури и го успиеш па станува со плачки додека се поодмори. На бе ко твоето само тоа што е будно толку многу му е премногу. Ама ќе биде. На 7 недели се сеќавам уште. Трауми еј од плачење. Грчеви страшно. Хорори. Тогаш прв пат пробавме и со бели звуци. Т.е правосмукалка звук и тоа до година ипол ни беше другарче неразделно за спиење. Ој ќе помине се. И ова па друго иде и така.
Тоа влијае многу. Навечер треба да е посмирено. Да нема многу дразби. Побарај низ нет некои примери-видеа имаш куп. Ќе си најдеш што ти одговара. Пробајте. Се ќе биде
Никако навечер да ти се збираат, тоа избркај под итно од дома. После 8 дома никој, освен ептен ако е гости сеа еднаш у месец, два. Во 8 смирувај дома атмосфера, на туширање, подој, шише и спиење. И не прави драма ако не спие, гушкај, смирувај, ама не лулај без престан низ соба, никако тоа, уште повеќе се раздразнуваат. Замисли ти се спие, нервозна си, растревожена и сеа некој ти лула кревет... Никако. Легни до неа на кревет, ако цица и заспива така супер, ако не шишето и гали по грпче, тапкај по газе. Јас и двајцата вака сум ги заспувала и не сум имала мака со думкање, нишкање, лулање деца.
Извини што ќе прашам, во колку навечер се собираат кај бебе мало? 5-6 ок, ама после тоа никако. Ни јас еве после 7 месеци не примам гости толку касно, време за спремање ни е и во 8 легнува. Веќе 2 месеци има, почнете со воведување ред тешко ќе е ама после ќе е полесно за сите. И друго, колку пати и да се разбуди не вади го од спална за да си игра во релаксатор така му даваш знак дека е ден и време за игра.
Женска у 9 ипол упаѓаат у соба ја зима ја врти околу. Ни може ли ни ништо. Многу се нервирам а баш тука зборев дека ми е глупо да пресечам нели као од почит. Ќе заклучувам соба. Не може така кој сака ја зима ја игра , нормално кога ќе почне да плаче ми ја даваат мене и ја си го јадам стапот по цела ноќ после.
Ма каква почит ти тука негуваш? Тие немаат почит спрема тебе а уште помалце спрема бебето. Едноставно ќе речеш, сега треба да спие и не излегувај од соба. Ти ќе кажуваш за твоето дете, не свекрвата и роднините. Мора малце да покажеш став.
@Peperutce6 симни си ја huckleberry апликација, си внесуваш податоци и ти дава кога би имала дремка госпожа, а има и опција да ти направи рутина баш за вас. ❤️ Се плаќа но можеш Недела дена бесплатно да ја користиш. Мене многу ми помогна да ги сфатам дремките и прозорите на будност.
Незнам што ќе кажат. Ама јаде се со нив, спие. Се. Дојде ли викенд , со мене и мм, борба за спиење, јаде како маче некое.