Мајчински муабети (не е за барање совети)

Дискусија во 'Бебе' започната од slobodka, 30 април 2016.

  1. jungle

    jungle Истакнат член

    Се зачлени на:
    9 април 2012
    Пораки:
    175
    Допаѓања:
    929
    Немаш толку проблем со дремки и прозори на будност колку што е проблем и тотално погрешно бебе од 2 месеци да се игра и врти низ раце во 9 и пол.
    И кога ќе си легне во 11 можеби? Престимулирана е.
    Бебе во затемнето, тивко и со бели звуци околу 7 и пол 8 макс.
    Нормално е да ти стане ноќе повеќе пати, не е робот да спие цела ноќ ама не е ок и да седи до 5 сабајле.
    Вадење во светла соба не, со шшкање, галење, млекце и ќе презаспие по одредено време.
    Измешани и се ден и ноќ, но кога ќе фати ред нема ни да имаш потреба да ја будиш преку ден затоа што толку мало бебе реално има потреба од сон околу 15 часа во деноноќие.
     
    На merriel0, naturally и Peperutce6 им се допаѓа ова.
  2. Dodo1

    Dodo1 Популарен член

    Се зачлени на:
    12 февруари 2011
    Пораки:
    2.017
    Допаѓања:
    3.076
    Пол:
    Женски
    Иначе сега го читам ова пак.. јас не ја одбивам скроз, преку ден цица 4 пати и не планирам денски да и скратам уште. Кога ќе тргнам на работа претпоставувам ќе цица два пати отприлика
     
    На kozuf му/ѝ се допаѓа ова.
  3. mariz

    mariz Форумски идол

    Се зачлени на:
    17 март 2014
    Пораки:
    18.225
    Допаѓања:
    78.454
    Пол:
    Женски
    Е кај мене нема кога преку ден, одам само прва смена... кога преспала рано прва дремка и има 2 дремки преку ден, на втората дремка цица некогаш (веќе доста ретко). И тек навечер. Ама добро мојава е веќе скоро 15м.
     
    На Dodo1 му/ѝ се допаѓа ова.
  4. Dodo1

    Dodo1 Популарен член

    Се зачлени на:
    12 февруари 2011
    Пораки:
    2.017
    Допаѓања:
    3.076
    Пол:
    Женски
    Да да поголеми сте вие.. Не знам јас планирам докај година и толку ама ќе видиме
     
    На mariz му/ѝ се допаѓа ова.
  5. Guns N` Roses

    Guns N` Roses Популарен член

    Се зачлени на:
    25 август 2017
    Пораки:
    4.582
    Допаѓања:
    18.298
    Пол:
    Женски
    @Peperutce6
    Бебињата ни се една недела разлика. Кај мене тоа прозори на будност ништо не функционираше, секако е пробано. Од првата ден кога е донесена дома навечер ми спие, да не се подречам, во 21 часот ја бањам, масажа, ја шетаме низ собата за спиење и веќе е круша, гасам ламба, затемнето да е и веќе знае дека е време за спиење, јас легнувам до нејзе. Ми се буди за цицање еднаш, цица и одма заспива додека не се раздени. Штом види дневна светлина будна е и спремна за играње, од 8часот не спие покасно наутро. После тоа немаме никаков ред во текот на денот со спиењето, секако е пробано.
     
    На Anaroz1 и Simon4e0507 им се допаѓа ова.
  6. MariaBouli

    MariaBouli Истакнат член

    Се зачлени на:
    26 јули 2024
    Пораки:
    1.650
    Допаѓања:
    3.055
    Пол:
    Женски
    Ако во 9 почнуваш да ја бањаш, и тераш рутини, значи заспива во 10. Тоа е касно. Бебињата треба да спијат по околу 12 саато ноќно спиење, што значи ако спие до 8, значи да си ленува околу 8 :) Тоа после ќе ви помогне и за дневние дремки. Не мора да значи дека ќе имате совршен распоред, за жал не се сите деца како по книга, ама барем каков таков :)
     
    На Guns N` Roses, јolene и Simon4e0507 им се допаѓа ова.
  7. Simon4e0507

    Simon4e0507 Истакнат член

    Се зачлени на:
    30 октомври 2023
    Пораки:
    392
    Допаѓања:
    724
    Пол:
    Женски
    И ние немаме ред ..да ви се приклучам на клубот мојата на 4ти Август е родена,не ја бањам секој ден секој 2ден ја бањам,ние заспиваме различно околу 10-11 а спиеме до 9ипол.Менува неколку пати..не пратам скокови итн .Поз до вас :)
     
    На Anaroz1, Guns N` Roses и Надеж♥️ им се допаѓа ова.
  8. Ladyme

    Ladyme Популарен член

    Се зачлени на:
    8 август 2020
    Пораки:
    2.828
    Допаѓања:
    5.931
    Пол:
    Женски
    Да малку и се сменил ден ноќ, и сега да се врати во нормала малку ќе те помачи ама чим дојде ден ако заспала во 5, кај 7ипол 8 макс буди ја со светлина, полека со зборење. Буквално да се разбуди сама и почни храна пресоблекување игра и пак успивај. Значи во скок сега успивање тешко мн, плаче а ја свртиш да ја успиваш. И фен за бебе има видео на јутуб, шшкање, станата ја нишкам одам и ќе поплаче ќе се предаде, на почеток по пола сат па после и побрзо. Има денови земи ја очи затворени ама има денови тешко иде ама јас не попуштам сум решила да спие и како било ќе заспие не ја оставам да се умори. Значи смешки сум подклекнувам, нишам во круг со куковите, нишам во ритам, тапкам што ли не... Значи кога не сме во скок мн нормално заспива ама вака хаос.

    Кога сме кај заспивањето, нормално е да заспива во 10 до 8 спиеше, и кај нас беше така јас се консултирав и со др гуднајт. Рече сосема е нормално и после ќе враќате кон назад. Сега е 6 ипол месеци заспива во 9 и станува во 7. Па ќе идам и планирам 8ипол да стигнам супер ќе биде.
     
    На Надеж♥️ му/ѝ се допаѓа ова.
  9. Cvetce_

    Cvetce_ Истакнат член

    Се зачлени на:
    6 декември 2024
    Пораки:
    1.263
    Допаѓања:
    1.893
    Пол:
    Женски
    Јас така успеав да му воведам ред уште еден месец кога имавме. И јас се мачев, денски спиеше навечер ококорен до 5 сабајле, јас не спиев ич, буквално се случуваше во неколку дена 10 сати да имам вкупно спиено,и кога се повратив малце и психички и физички си го кладов прстот на глава дека не бива така.
    Почнав денски да го носам кај моите, таму со децата на брат ми го играа го тормозеа, седеше денски повеќе буден и навечер му воведив рутина, од 19:30 почнуваме со преслекување, масажи, галење и си легнувам до него, му давам од страна града во лежечка позиција, ќе потрга, ќе се умори и ќе заспие на града, после му правам хамуфлажа, ставам цуцле оти уште не е длабоко заспан, и си го гушкам, ќе го понишкам така со раката дури лежи и то е то. Ќе ми се подразбуди дури фати длабок сон ама онака цуцлето ако паднало и прета со рацете ме бара мене,топлина бара и пак е кинисан.

    Е сега, периодов навечер ми се буди почесто за цицање, некогаш на два часа некогаш на еден.
    Сумљам на повеќе работи, на пелените оти сменавме на бејби лав и можеби не упиваат многу како памперсот, оти не се пресоблекуваме навечер, па му прави нервоза ако е преполна пелената.
    На тоа што во текот на ноќта цица од страна како што кажав и многу пати јас ќе заспијам на сред цицање ќе ја изместам градата и тој ќе заспие и не цица доволно.
    На тоа што не подригнува дека легнат цица и има повеќе гасови и непријатност, плус периодов му се бери и секрет од млекцето дека во лежење цицаме.
    Значи не се буди и немаме проблем со заспивање ама ме исцеди навечер,посебно откако примивме вакцина,мешето му кркори и можи од тоа е
     
  10. 1209

    1209 Форумски идол

    Се зачлени на:
    1 август 2010
    Пораки:
    7.408
    Допаѓања:
    47.697
    Пол:
    Женски
    Додека да сфатите што му годи што не, кога че си речете аа ноќва спиеше дај да правиме и утре исто, секако дека утре нема да биде исто и така во круг ќе поминат година две, ќе никнат сите заби и конечно ќе се наспиете. До тогаш ако сте од оние среќните што имаат дете што спие супер, ако сте од другите со дете како моето што и ден денес спие како зајак, нека ви е со лесно.:D
     
    На Erika.greeneyes, Sunrise!!!, MeowMeow и 16 други им се допаѓа ова.
  11. Guns N` Roses

    Guns N` Roses Популарен член

    Се зачлени на:
    25 август 2017
    Пораки:
    4.582
    Допаѓања:
    18.298
    Пол:
    Женски
    Јасно ми е мене се тоа и јас сакам да имам бебе како по книга. Моево денски не може да спие нормално затоа што на секое минимално тропање се штрека и дремката и трае буквално 15 минути(и тоа ако сум легната до нејзе) или во раце да спие тогаш ќе спие подолго. Навечер јас гасам се и легнувам до нејзе со раката цело време ја допирам или за раче ја држам, ако станам и до тоалет во текот на ноќта одма станува. Се буди во текот на ноќта и се врти да види дали сум до тука, ако види дека сум продолжува со спиење. Наутро кога се буди не плаче штом сум до нејзе, си лежи, си гледа, само ако е гладна плаче.
     
    На Anaroz1, Simon4e0507, Baby warrior и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  12. Marijanche33

    Marijanche33 Истакнат член

    Се зачлени на:
    10 февруари 2025
    Пораки:
    597
    Допаѓања:
    650
    Пол:
    Женски
    А немаш можност да ја држиш во раце? Знам дека не е идеално ама ако contact nap е единствениот начин да спие преку ден…
     
    На Simon4e0507 и naturally им се допаѓа ова.
  13. MariaBouli

    MariaBouli Истакнат член

    Се зачлени на:
    26 јули 2024
    Пораки:
    1.650
    Допаѓања:
    3.055
    Пол:
    Женски
    Тоа што си бара близина е сосема во ред, сите ние сме имале периоди каде спиеле буквално на нас по цел ден :D А истото е и за тишината. Но, би можело да игра улога тоа ако во денот не спие барем минимално колку што е за нејзина возраст, па поради тоа да спие во полесен сон, да се буди почесто и сл. Барем за мене најлесно беше прво да го средам ноќното заспивање. Јас со цел памет до скоро 2 месеци ја оставав во дневна до 11, демек да биде тука со нас а јас и мм серии гледавме. Будала (facepalm) Сфатив дека не функционираме така, и почнав во 8 да ја носам во спална, и видов подобрување во целокупното спиење. Далеку е од дете по книга (не можам да се помирам со тоа затоа што знам како е да биде така - внук ми беше таков, го чував два месеца по цел ден, милина :inlove:), ама навечер сврзува по 11-12 саати и после денските и се секогаш различни ама ги отспива тие 13 саати како за неа :)
     
    На Guns N` Roses, naturally и Carolin. им се допаѓа ова.
  14. Noemi

    Noemi Популарен член

    Се зачлени на:
    7 април 2010
    Пораки:
    3.170
    Допаѓања:
    11.901
    Бел шум ќе ти ги реши маките од будење поради тропање. Имаш на спотифај, како мече Шумиш, други апликации.
     
  15. Peperutce6

    Peperutce6 Истакнат член

    Се зачлени на:
    29 април 2025
    Пораки:
    1.012
    Допаѓања:
    4.423
    Пол:
    Женски
    Јас дали ќе избаксузирам или не морам да пишам. Нели се жалев вчера , ме советувавте сите за спиењето. Од како заспа во 13:30 и пратев точно будни прозорци и спиење.

    Во 19:30 ја избањав, средив, ручкаше и почнав да ја успивам со успиванка песничка.
    До 20:10 беше заспана.Иначе во ова време немаше да ја заспивам зашто мислев нема шанси да спие нели спиела претходно доста. Ама си заспа. Околу 10 ја презаспивав. Пак ќе кажам, инаку ќе упалев светло и ќе ја носев у дневна ама само ја успав со шшкање и нежно лулање.

    Е околу 3 ипол ми стана. Не успеав да ја успијам ама не ја ни носев у дневна ниту палев светло. Си легна накај 5:10 сама си лежеше у креветче ја и давав само цуцла. Сабајле се разбуди во 9:00 викам океј е зашто нели беше будна и ја презаспивав повеќе пати. Дали онака се погоди, дали детево не беше ич стимулирано како секоја ноќ што е, дали помогна прстење на будни прозорци не знам. Сега како што ве разбрав треба да заспие пак накај 10:30-11 макс. Се на се, луѓе ја се наспав.
    Како и да е вечер, не ја изнесувам на светло, во релсксатори. Прв пат детево не ми се разбуди со плачење туку со насмевки.
     
    На Mother of 2boys, strelec231992, Viktorijaaa5 и 12 други им се допаѓа ова.
  16. BellaBibi

    BellaBibi Форумски идол

    Се зачлени на:
    15 јануари 2021
    Пораки:
    8.966
    Допаѓања:
    27.012
    Пол:
    Женски
    Колку пати и да се разбуди, од спална вадење и палење светло немој.
    Година и два месеци е, ниту еднаш ја немам извадено од спална кога се будела. И термос со ад дозерки имав спремно до мене кога беше помала.
    Терај истово секој ден, ќе се научи.
     
    На merriel0, Spidy, Ladyme и 4 други им се допаѓа ова.
  17. Cvetce_

    Cvetce_ Истакнат член

    Се зачлени на:
    6 декември 2024
    Пораки:
    1.263
    Допаѓања:
    1.893
    Пол:
    Женски
    Колку се нервирам со овие старите значи.
    Бебето се нафрла на образи, најверојатно бебешки акни ништо страшно му врват пак му се појавуваат. Е сега работата е што се шират кога се трие бебе од облека и на чаршави, свекрва еден ден не бев дома и зела испрала све со ленор, креваат алиштата на ленор, а цело време периме со бебешки чико детергент, начекала момент и си испрала госпожата.
    Ајде тоа, вчера ми вели шо е вака црвен, и го фаќа на образи, па реков еве пд шо го фаќаме сите со раце, толку осет да се нема.
    Се спремам за молзење и го држи бебко во раце ми вика ика бебето, реков нека ика не го боли нешто боже мој, не му давам цице оти ќе се молзам, и врти околу соби, фучи, абе зианет не го ставив на града, икало бебето, wow замислете
     
    На Трагедијаупмм и Peperutce6 им се допаѓа ова.
  18. MariaBouli

    MariaBouli Истакнат член

    Се зачлени на:
    26 јули 2024
    Пораки:
    1.650
    Допаѓања:
    3.055
    Пол:
    Женски
    Од едицијата: муабетите на свекрвите.

    Свеки: И расте сега запче на М., лелее.
    Јас: Да, да, едното и е пукнато веќе, а и другото е набабрено, се спрема.
    Свеки: Значи сега веќе готово со цицање.
    Јас: (во прашалници :?:) Зошто?
    Свеки: Епа јас така направив, кога му излегоа заби на Б. престанав.
    Јас: (уште толку во прашалници :?:) А зошто?
    Свеки: Епа страв ми беше да не гризе, што знам.
    Јас: А гризеше Б.?
    Свеки: Па не знам, страв ми беше па одма престанав да му давам града.
    Јас: (веќе премногу во прашалници :?:) Добро, немам намера јас да престанам ради заби.
     
    На Трагедијаупмм, MeowMeow, 1209 и 3 други им се допаѓа ова.
  19. Cvetce_

    Cvetce_ Истакнат член

    Се зачлени на:
    6 декември 2024
    Пораки:
    1.263
    Допаѓања:
    1.893
    Пол:
    Женски
    Мене сабајле ми рече ќе ми секни млекото од десната града оти слабо цица од таа бебко, и викам па затоа се молзам и давам колку шо можам, ама не таа упорна ќе секне и крај.
    Исто дури бев бремена ми рече уз муабет ама ти не ќ доиш шо ќе ти е перница, да се крсти чоек
     
    На Трагедијаупмм и MariaBouli им се допаѓа ова.
  20. Надеж♥️

    Надеж♥️ Истакнат член

    Се зачлени на:
    4 ноември 2024
    Пораки:
    621
    Допаѓања:
    1.509
    Пол:
    Женски
    Исто. Роден е 28 јули. Пробав да се водам по прозори по дремки рутини, џабе. Се стресирав 60мин будно мора да се успие а тоа очињата зуски отворени. Навечер се уште се обидувам 20ч да го успијам. Заспива и во 9ипол ете ти го буден некогаш и порано. Сега денски си го следам по знаци за умор. Проѕевање, очи триење уши фаќање и го успивам. Навечер пред 22 тешко дека е успан за ноќно спиење. Станува 2 пати ноќно време за јадење, до 7:30 е буден, а во 8:30 веќе заспива за прва дремка. Се помирив дека моето по книга не може да тера и си се водам по него.
     
    На Anaroz1, Guns N` Roses, Autumn Love и 1 друга личност им се допаѓа ова.