Исто ми се случи вчера, за прв пат. Имавме гости до кај 20:00 па си велам превозбуден можи беше. Му дадов еспумисан на крај и заспавме, можи гасови да беа
Оти е бебе мајка, сите се такви на периоди, не барај причини, побогу 2м има уште не знае каде е ту сакаш ред за спиење да има. Намали со очекувањата те молам оти само нервози ќе се пуниш, јас со което и ден денес некогаш во раце спијам или го презаспивам по сто пати. Можно е и грчеви да има, во скок да е…се може.
Ова е многу погрешен совет, извини ама штрекањето треба да го имаат баш ради тоа да се развие тоа нервен систем, повивање е застарена пракса. Детето треба да спие со слободи раце и нозе.
Ние ја повивавме само рацете до 3ипол месеци. Да не беше тоа бебе ќе беше не доволно спиено и по цели денови не доволно активно и јадено. Не гледам лошо во тоа, ние си имавме наспано и среќно бебе. Можеби не си видела како бебе на секоја минута плаче неутешно од тоа што претнало со рачињата, после 3ипол месеци се случуваше многу ретко и не и беше толку проблем.
Не е лош совет, баш помага многу на почетокот. Се осеќа посигурно, не се буди често. Плус моево прематурче нервен систем недоразвиен, само мрдаше нога рака и не заспиваше цврсто и се будеше и плачеше. И намалив после како видов дека подобро спие и се намали и рефлексот. Мислам полошо од тоа дете да седи будно цела вечер и ден нема, ако помага повивањето да зацврсти сон не е лошо. После 3месец бебиња спијат по цела вечер, врзуваат циклуси и слободни треба да се во раце нозе. Повиено моето имаше дремки по 2-2.5ч и била расположена за функционирање.
Па тоа не значи дека ако сте го правиле е правилно. Знаете дека во Англија каде што се породив детето од пораѓај одма ти го даваат облечено во алишта, неповиено? Знаеш дека сите педијатри советуваат да се оставаат децата на слобода? Да сите деца до едно имаат моро рефлекс и треба да го имаат и ако спречувате да се штрека детето спречувате правилен развој на детето. Може не наштетитло на вашите, се надевам дека е така, ама не советувајте вакви работи пред да прочитате што е правилно. Да првите 3 месеци се клучни и тогаш имаат моро рефлекс, баш тогаш не треба да се спречува. Не знам во кој свет живееш ако мислиш дека бебињата после 3 месеци преспиваат цела вечер, ама добро, се надевам дека ќе ви преспиваат.
Не знам за Англија, живеам во Македонија. Имам читано доволно за да бидам информирана. Не убедувам никого, само кажувам дека на многу им помогнало и мене исто така. Не значи ни моето ни твоето дека е правилно. Дома сите си имаме различни деца. И моето исто така преспиваше цела ноќ после 3 месеци, се до 5 скок. Како што кажав секое дете си е различно и секоја мајка нека прави како мисли дека е најдобро за своето дете. Бројче олабави малку молим те, ми делуваш секогаш нападно.
Нема да се спречи со повивање целосно, само малку ќе се пригуши рефлексот. Како и да е, мислам дека околу 2 месеци е пиша членката, до 3 максимум смее да се повиваат зашто после следи и вртење. Јас пробав и му купив такво со лепенки ама изгледа не знаев да го наместам зашто не успеа и ги вадеше рачињата и се откажав. Може да проба на пример ноќе повиено, дење за дремки со слободни рачиња и наскоро ќе се изгуби рефлексот. А дека ќе спие нема после 3… околу 4 таму беше најлошо како што памтам па на 6 стана подобро @Guns N` Roses не се грижи има крај на не спиењето, уште е мало бебето, ќе спие
Не живеам во друг свет во ист живееме , преспиваат бебиња од 3 месеци, и моето спие и знам многу што спијат. Има различни деца ама ако може нешто да помогне треба да се проба. И ортопед прашан и педијатар. И не е важно ич да ти кажам што било во Англија или Германија.Не значи дека само тоа нивното е правилно. Јас мислам дека мн интелегентен народ сме, незнам зошто мислите и сами се правиме дека нашето тука е све неправилно. Баш цела бременост читав, и странски бабици гледав и сегде се препорачува да се повие детето и подобро да спие на почетокот.
Те молам кажи ми каде пишува, баш сакам да прочитам. Не мислам дека сме неинтелегентен народ, само сеуште следиме застарени совети.
Па не знам каде делувам нападно, баш нека кажат други членки дали делувам, ќе се сменам ако е така. А совет ако сфаќате кко напад тогаш проблемот е во вас.
Знам доста мајки што повиваат и доста што не повиваат. Јас бев од овие вториве. Во право си дека секое бебе е различно. Мене во Систина цело време повиено ми го носеа. Јас пробав дома да повијам и не успеав одма се отпушти со претање најверојатно не направив нешто како што треба и го оставав така. Фала богу еве за 5 дена сме 3 месеци и рефлексот е скоро па и изгубен прееретко знае со рачињата да се штрекне и мислам дека побрзо му помина ради тоа што не беше повиван. Моето изгледа е од тие што не се будат одма на штрекнување и лесно поминавме.
Во врска со повивањево еве мое искуство ќерка ми имаше мнооогу изразен моро рефлекс и не можевме да ја успиеме никако ако не ја повиеме .. буквално рипаше цела јас не знаев за повивање, мајка ми дојде еден ден и и кажувам дека џабе успивам одма се буди и дека не сме спиени со денови дека нинспие на рака итн и зема ја пови и дете заспа 2саати. Од тогаш до 2ипол месеци ја повиваме за да може да спиеме и ние и она во вториот месец веќе стана посилна па навечер се одповиваше и морав и по два три пати да ја преповивм за да продолжи. Го прашав и Др. Тони ортопедот за повивањето зошто читав све и свашта ми рече мајка прави тоа што прави детето да се усталожи и вое да спиете ние со генерации сме повивани се е ок. Ќерка ми е 4ипол месеци и сеуште понекогаш навечер знае со рачињата да мрда сега веќе не се буди ама сеуште го има рефлексот и најдобро спие на страна. Еве да напоменам дека детето е плашливо од прв ден и на секое шушкање чукнување се штрекнува ден денес. Едноставно тоа е развиток на нервниот систем и не гледам ништо страшно. Многу е поважно и бебето и родителите да спијат отколку да седи дете расплакано и родителите капнати
Не мора да значи дека се во право во Англија, на иста мисла сум и јас. За ноќен сон сум повивала, како што кажа една мајка кога гледаш дете уморно и ненаспано, урла, се ќе направиш. Не секоја вечер, ама пример два пати неделно преспивал повиен зошто веќе немало смисла да се инатам. И апсолутно поспокојно и посреќно бебенце сум имала после. И не си во право, имам две деца и двете после 2м преспивале ноќ, големиот може и порано, зошто беше на молзено. Колку и да не ги сакам тие нови модерни пракси, тренинзи и слично, се слагам со таа Гуднајт, спиењето се тренира, исто и неспиењето, се што треба е да бидеш малку упорен и да најдеш што му одговара на бебето. Моите и двајцата сакаат рутина, во се, не само во спиење, веројатно на мене се во тоа, и јас си сакам рутина. Јас разговарав со нашите доктори и никој не ми рече дека е штетно повивање за ноќен сон, преку ден не, но навечер туш, масажа, пижами, повој ако сме заредиле повеќе денови во немирен сон, подој и сон квалитетен. После 3м веќе немало смисла, не сум повивала, спиеле како топ по цели ноќи, спиеле спокојно.
најновите препораки се бебињата да не се повиваат, бебињата природно мрдајќи со ноџињата ги прават вежбите за колкчиња оние што ве соверуваат педијатар и ортопед да ги правите, не значи дека нешто ќе му биде на бебето ако го повивате, никому ништо, има тон информации секој си прави со своето дете како мисли дека треба. јас моите не сум ги повивала, воглавно се водев по советите на др. Антоние, не сум повивала, не сум ставала широк повој, не сум користела кенгур, џампер, дубак, мојата беше оставена на земја само, сама седна, сама пролазе, сама прооде. е сеа од сите другарки околу мене гледам дека сите различно си прават, нормално со истиот муабет нас не ставале во дубак па што ни фали
Мајки, ве прочитав сите, благодарам за советите. На почеткот немаше шанси да заспие неповиена, до скоро ја повивав и навечер и преку ден за спиење, но како расте веќе не е можно да се повие, премногу мрда, одма ги вади рачињата, плаче. Побарав и претходно совет од педијатар во врска со спиење, ми рече дека може да ја повивам, така и правев. Купено е посебно за повивање со лепенки, се вади експресно. Точно е за грчеви сеуште не мачат, од таа страна се и е дадено капки пред доење и после доење, сирупчето за грчеви, но сеуште приметувам дека има мака и тоа плус допринесува. Преку ден спие само во раце, да не се лажеме дека не е стресно, ден, два, недела, периодично да е, се издржува, но постојано е вака. Жал ми е кога ја гледам да спие целата свиткана и се поти вратчето, косичката и не е спиена како што треба се буди нервозна, ќенкава. Овие осум ипол месеци породилно, ќе бидам резервирана само за бебе, максимално и се посветувам. Како личност сум премногу принципиелна, но и трпелива. Читам, се едуцирам, барам совети, мислења, искуства, го почитувам секое мислење и благодарна сум што некој одвоил време да сподели сопствено искуство и да даде совет со цел да помогне, а ми помогнало многу и во текот на бременоста, доењето. Благодарение на советите успешно ја дојам, веќе еден месец сме само на доење и супер напредува. Секако дека бебе е сеуште многу мало, не се обидувам да и воведам ред ни на спиење, ни на јадење, но кога гледам дека се мачи, нормално се обидувам да најдам решение доколку е можно.
Мислам дека дискусијава потекнува од логиката дека ќе се повие детето како на времето на грб со шамии кога ги врзувале, да не може со ништо да мрда освен со очи. Јас за повивање имав посебна "направа", памучна прекривка со лепенки на горниот дел, рачињата се стиснати, а нозете се како во поширока торба, значи релативно слободни. Не гледам каков проблем во однос на развиток може повивањето да направи вака. Рачињата се стиснати за да кога има рефлекс не ги крева, а нозете се слободни да прави што сака. А искрено мислам дека ние модерните мајки и да сакаме да го замотаме бебе како фишек, нема да знаеме да го направиме тоа толку цврсто.
За спиењето во раце, мојата само во раце спиеше до полни 5 месеци. Многу почна да ми смета тоа, не можев до вц да отидам ама ете, помина. Се сеќавам и на денот кога пробав да ја легнам во креветче и продолжи да спие, славев, пресреќна бев. сега не сака да се гушка само ме турка, единствено гушкање ми е кога ја успивам.. уживајте, гушкајте се
И мајка и свекрва пред да се породам ми понудија комплети за повивање од 80тите години што се користеле и не повивале нас. Перфектно зачувани ама со мал милион делови што секое преслекување на бебе, би ми одземало добри 15-20 минути. Среќа што моево воопшто и немаше некој проблем со спиење на почетокот, па не сум повивала. Дури и еднаш ја оставив со свекрва, имав до банка обврски, се враќам дома, наоѓам дете завиткано комплет во дебело ќебе. Препотено, и демек види што убаво си заспа. Не сум против повивање ама нели сега има куп производи за тоа соодветни што може да се користат.
Веќе 25 дена сум вратена на работа и за овие 25 дена два пати ми се разболуваат. Големата носи од школо, малово префаќа. До сега беше многу отпорно, свашта и од градинка носеше големата, па не се разболе ниту еднаш. Кашлици деноноќни кај големата, малово температура, мрсули и плачки до бескрај. Со маж ми сме како зомби, мислам во секој момент ќе се срушиме, спиеме по 2-3 саати веќе 3та недела. Не ми се случило повеќе од две години да не вежбам вака долго, ама трета недела ме фаќа како се немам во теретана појавено. Се симнувам во подрум демек ќе вежбам, ама само седнувам на подлога и мислам ќе се исповратам. Пред некој ден на работа отидов во алиштата што ги носев по дома, со бљуцки со се. Е до толку сум за никаде. Таму среќа се пресоблакам во униформа, па да не личам како од центрифуга извадена. Ми вика големава леле мамо ама си модра околу очите. Е да де, озбилно се прашувам кој е максимумот до кога ќе може да се издржи. Пренапорно е со две болни деца одеднаш