Повивање на бебе е нешто во кое апсолутно се сложувам до одреден месец како и што треба.Бебе кое било во стомак пред 2 месеци додека спие не му треба слобода на рачиња.Токму и тоа е поентата на повивањето да се осеќа сигурно да се осеќа заштитено.Кога бебе ќе порасне тогаш нормално му се потребни рачиња да се намести да се крене.И не повивање да не може да мрда...абе се има денес на интернет и дека колкчиња не треба да бидат стегнати и дека за спиење може чим им помага И муабетот нас што не повивале со 300 ќебиња и тракатанци...секое време си е своја приказна не мешајте баби и жаби.Никој сигурно сега нема да ви рече да го умотате бебето во 30 партали на клими и температури дома што некогаш ги немале.Не Англија Германија...секоја мајка точно знае што прави крајно овде сме за совети секој си избира како му одговара.А од тие бебињата што преспиваат цела ноќ да ми дадете и на мене некад да се наспијам после 7м навечер.Шала на страна подобри сме во контекст спиење од кога беше помал ама не заборавајте секое бебе си е свој човек. Најлесно ни е да судиме порано што правеле и тоа што ни одговара да го прифатиме тоа што не не...толку се знаело.И јас утре ден кога ќе сум свекрва ќе кажам јас што сум знаела..кој знае тогаш што ќе биде добро.Нормално никогаш не сакам некој да наметнува нивни мислења и да очекува дека МОРАМ да ги прифатам...ама за совет секогаш ислушувам ..а дали ќе прифатам е мое.
И ти имаш право, ама сега кога размислувам не знам дали ма некои од овие прозиводи стои ВРА free. Се спомнуваа студии во Чешка и Унгарија па затоа ми личеше релевантно, а името на профилот не ни го видов, како suggested ми излезе. едит: https://www.theguardian.com/society...paired-sexual-development-found-dummies-tests Сепак не е толку ирелевантно, имаш линк од изворот во статијава.
Здраво мами, на оваа мама вчера и беше роденден па скоро цел ден се мавкав низ кујна ама ептен бев горда пошо се што планирав успеав да направам, односно да спремам додека бебо имаше дремка после само сервирав и го споив главното јадење бебо беше најсреќен за моите свеќи и прскалки. Ама сабајлето ми честита свекрва ми роденден и му вели "денес на мама и е роденден" и он " а оде нема баони" на ѕидот кај што му беа неговите балони за роденден, трча во ходник и вика "татиииии бгу идемо гааат купимо баони мама пуно баониии" мм: какви балони да купиме малицааа озевааа и багееел озев (мешалица розева и багер розев) А бе денот ми го направил За спиење сте збореле, секое дете си има свој ритам ама мојата докторка ми кажа дека спиењето се учи и дека мора да се помачам. На почеток бебе топче мало не знае каде е, грчеви чуда сите дремки над мене му беа. Помина тоа почнавме да спиеме нормално станувашр ноќе за цицање некогаш 1 некогаш 10 пати, таман си фатил некој ред ете ти скок, заби, регресии или се тоа заедно и не знаеш кај тераш. Полека ке почнете да имате мали човечиња што ке се научат да спијат сами, и да преспиваат ноќи а вие ќе се будите од навика. На се има крај. Кога го доев и станувавме 7262627 пати ноќе викав дали некогаш ке се наспијам и јас и ова дете. Почнавме и на спална да спиеме сите тројца зошто така врзуваше повеќе сон ноќе. Еве сме сега 2 години и скоро 3 месеци има, во декември е точно година одкако го имам одбиено некој лани да ми кажуваше дека ке спиеме по цела ноќ без будење, јас ке го прашав дали е нормален искрено. Реалноста е дека, секој период поминува и секој период е убав и исто толку тежок, ама ке ги паметите повеќе убавите моменти, гушкајте ги додека се такви мали ушушкани и згужвани
Да ти кажам полесно дека ќе ти биде.....до душа зависи што работиш. 10 дена сум дома, прво малиот болен, па големата, вчера затворив боледување, зашто толку е, од вчера пепел болна сум јас. И сега како да земам боледување за мене кога за нив имав до вчера?! Овие 10 дена сум зомби, со две болни деца, хорор. Кога одам на работа барем кафе на раат, јадење, муабет. Ме снема и од форум што немам време за ништо. Бубањ невиден, градинки, родендени, вируси, варичела во најава....не за џабе по кутија ајкос ја мавам на ден. Да не пропушев пак кога се роди синко, сега ќе пропушев дефф. Во контекст на твојава последна реченица, мајка ми ми се јавува го жали брат ми, ќе седел сам 2 недели во туѓина, снашка сама ќе доаѓа во МК. И викам како мене не ме остават негде сама 2 недели да се вратам во живот....
Не е утеха знам, ама нема максимум. Се тера тоа темпо дур пркнат, дур се имунизираат, дур ова, дур она, дур пројде некое време, ден, година. Не се форсирај. Ќе вежбаш. И јас цел месец почнувам, никако да почнам. Таман си реков дојде време, пркна малово, подолги прозори на будност има, едниот болен, другиот, третиот. Таман третиот се опраи, другиот го поврати, па ја папсав, па маж папса, па нов вирус првото донесе и го свртевме.. и така во вечен круг на шерување вируси. Ама, кога одеше маж на адаптација со второто првите две недели, јас сама со бебули дома, тој или во рака или во релаксатор, тивко, нема играчки насекаде, нема трчкање, тропање, лупање… ги прошетав сите соби низ дома, празни, тивки, чисти, се на свое место. Си помислив во себе.. значи вака ќе биде. Битерсвит чувство искрено ко за емотивна плачка ко мене. Никогаш посреќна не бев кога се вратија талибанците и во рок од 10 минути направија хаос од играчки насекаде. И се потсетив тивко дека си имав ветено на себе си еднашка порано дека нема да се замарам. Знам дека е клише и живи патетики. Ама знам и дека не вреди замарање за нешто што нема да е вечно.. и всушност колку и да е моментално тешко, реалноста е дека е прилично кратко во споредба со цел останат живот. Дечкото сеуште ми е на адаптација. Цели 2 месеци немаме некој гоооолем прогрес барем си мислев, ама од тие два месеца дали и еден месец се на се бил, почесто беше болен. Го носам јас сега, го оставам 2 саати едвај и се врткам и трткам како мува без глава околу градинката, а во глава ми ѕвони неговото плачење мамиииии врати сееееее, земи меееее, не ме оставаааајјј. Тој плаче, јас уште поише. И колку да се праам силна и колку и да знам дека скоро сите така поминуваат, срцево ми се крши на милион парчиња. Толку сум благодарна што имав шанса да им се посветам на двајцата по цели 3 години и не сакам да звучам неблагодарно. Знам колку се битни првите 3 години, знам дека многу немаат таква шанса и знам дека сега е вистинско време да го пуштам и имав 3 години да се спремам ментално и пак ме гризе оваа вина што ја осеќам кога го оставам. Маж ми одеше со ќерка ми. Цела прва година јас воопшто не ја однесов во градинка, одев само за земање. Знаев дека ментално ќе ми биде голема тежина и притисок. Она што не знаев е дека и на маж ми му беше. Таа беше релативно лесна и одма се адаптираше, ама на почеток си имаше и такви денови како и секое дете. Еднаш маж ми ми рече, леле кога не сака да седи, а ја треба да ја оставам и да продолжам на работа како да ми се распаѓа телово… и јас не го сфатив толку сериозно, си помислив ај сеа.. претерува. И сега ме прогонуваат тие зборови секогаш кога јас го оставам син ми и чувствувам како душава ми го напушта телото. Оваа недела учителот не беше таму, имаа заменска учителка со нивната учителка. Таа не знае добро англиски да ми објасни некои поголеми детали, ама разбирам доволно германски да ми каже колку плачел, дали јадел или не, дали си играл или не и сл. Ама, приметила дека баш ми е тешко кога го оставам, па во договор со учителката од другата група која збореше перфектен англиски, напраиле милион слики од него вчера, за да ми покажат дека уствари има прогрес и да не се секирам. И кога отидов да го земам, а срце не ми издржува 2 саати па одам маааалкуцка порано ме препрати до учителката од другата група, да ми каже се што сакаше таа да каже. Ми ги покажа сите слики од сите агли, и јадел и си играл и миел заби и денсал и го сликале секогаш кога прави нешто за да ми го покажат мене. Па следеше разговор дека ме разбираат како ми е како мајка и што чувствувам… и тука се разрикав до липање. Ама толку ми падна убаво колку се потрудија и двете да пружат мал комфорт и да ме мотивираат да не се откажувам и да сум потрпелива и поупорна. Си го собрав од тоалетот од нивната училница, каде се шлакаше со вода со уште две девојчиња, имаа мали сунџерчиња во различни форми и демек ги миеја играчките. А сите тодлери се среќни кога се шлакаат со вода. И така здравје од понеделник, повторно во нови мали победи!
Најтешко ми е кога мора за нив да се грижам, а ја сум исто скапана, прескапана, 31 една имам а се осеќам мнооогу постаро, а пошто така се осеќам - така и изгледам. Многу нервно попуштив, лесно избувнувам веќе, порано саат имав за мене откако ќе заспијат, сега немам ич. Успивај едниот, успивај другиот - додека сум ја успала неа, он почнува да се дере и така се во круг. И она почна да се буди, нејќе ни со татко ни со мече, бебево па ич… Болестиве не знам веќе, еден носи друг носи, проверувај да не спуштиле, дома ми е само шприцови, физиолошки, 500 сирупа и капки распослани, инхалатор и носко, хаос цела дневна. Работата ми е психички заморна, плус со луѓе што се исто ко мали деца, ама барем можам да затворам врата и да кажам да не ме замараат два саати, да ручам културно и кафе да пијам. Ама додека стигнам до работа, облечи еден, тегни се со вриштење сакам ова нејќам тоа, да го спремам малиот со облека, ручеци, ужини, да се спремам јас - мислам дека 50% од енергијата за денот ќе ми ја снема. Маж искача порано, па секад на мене паѓа тој товар… да речам да спремам навечер, дали јас да се бањам или ова да спремам, кај се 100те будења измеѓу, не дај Боже па да седнам еден чај да испијам… Што е најтрагично ми багува мозокот, ко да ми гори и не можам да го изгасам. Уше па ми вика докторката абе добра храна и вежбање за имунитет и умор; фала, не знаев ја иначе, сакам да се саботирам намерно вака. Теа што вика две недели сама да се рестартирам, ја многу си ги сакам децава ама се надевам на некој службен пат од два три дена периодов да ПРОБАМ да успорам малку.
БПА free, но во составот има наведено друго име за истата таа компонента што е пречеста појава и голем мајндфак на мајките поврзан со најранливата група на популација. Затоа верувам само во инокс и стакло. И единствено цуцли ако мора, нека се од каучук. Сите што нарачуваат садови за јадење од пики бебе и тему... Никогаш нема да ве разберам. Тоа врела храна коа ќе ставиш, па мешаш кашата да се излади... Фуј Јас на поклон имам добиено чашки и тањирчиња од синсеј, (бамбус, па поминат низ триста хемиски процеси, па белеени, па принтан со незнам какви бои... Али направен според сите стандарди... Смешки) ги користам само за смоки.
а од каде купувате тањирчиња, чашки? Јас мислам дека и сире локални продавнички, а и оние локо кроко, тополино, енци менци итн исти зимаат само ги препродаваат.
Стаклени чинивчиња користам од пред дедо Ное што се користеле у куќава, онакви за пудинг или за послужување јатки што ги користеле постарите генерации. Планирам да и купам од братство иноксни у скоро време, ама сакам да ги видам во живо, да не се многу тенки. Летото кога бев ко за беља беа затворени. Спојлер: Братството Охрид Има силиконски делчиња што прават вакум помеѓу површината и тањирчето, тие сеуште немам најдено каде ги има. Тему неам проверено зошто не ни нарачувам. До сега немавме проблеми со фрлање ама ми се чини почна, па веќе морам да најдам солуција. Едит: каде ако не на тему... Само треба некои што се квалитетни, ваљда ќе ги погодам... Е ова би нарачала, да не го превртувам Скопјево. Спојлер
офф искрено не знам што да кажам не е за темава муабетов. Ама не е се црно и бело. Сеа да не е токсична пластика да смрди ама баба, дедо со карцином и помладк луѓе во фамилија што сега се 50/60години, а демек поздраво порано. Само да не даде бог, а од се не можеме да се заштитиме ама и никок не потврдил директна корелација како што знам
Баба и дедо се со карцином зошто нивните тањирчиња биле премачкани со нафта (Не во буквална смисла) и моментално јадат храна гортвена во изгребани тавчиња, неможеш да им кажеш збор, зошто ние све знаеме и многу сме едуцирани, па затоа си патиме. Јас веќе 10 години немам ниту баба ниту дедо. Цигарчето, кафенцето, наполитанки по 2 кила на ден. Која баба не седнала да земе здив па и се земал здивот. Постарата генерација се експеримент на пестициди и лоши хемиски соединенија. Конзумирале и употребувале многу производи кои се забранети на пазарот. А да се разбереме, живеат и сега, не само пред 50 години. Поздраво живееле на село. Нашиот Балкан е човечка лабараторија. Ако можам да скратам некое лошо за моето дете, ќе го скратам. Нит у боја, нит црно бело не ми треба. Едит: како мислиш никој не потврдил директна корелација? Каква корелација е потребна?
па некои клинички испитувања дека тањирот е единствена причина, конкретна за болест кај човек. Не сум прочитала.
Ама незнам какво докажување ни треба да сфатиме дека силиконот при допир со храна испушта хемикалии во храната? А воедно, има премногу истражувања. Само некогаш е полесно да ги затвориме очите и да кажеме како за сите така и за нас.
Еве ајде да јадеш манџа у хартиено тањирче, кој е резултатот? Храна со вкус на хартија.... Незнам како да објаснам, не сум се едуцирала да докажувам вакви работи. @Anie93 P.Ѕ. А и искрено не ми се замара, секој си знае за себеси и за своето дете
Има ли некој буден освен мене и детево мое од 5 ипол сабајлево по ново време знаев дека ќе му се измести станувањето со саатов ама не до волку, обично 7:00-7:40 станува. Утре во градинка после 2 недели ќе го пуштиме, не знам што да очекувам ако пак стане волку рано, ќе јаде два доручеци
Се смени саатот?? Ете да се тешам ради тоа и ние од 5 ипол, дај си рака Уште малце прва дремка ќе тераме.