Да те утешам ќерката стана во 4 30 по ново, синко во 5 по ново. Веќе правам ручек за утре, и ставив една сушара и една машина за перење
Види дали има на Елоди таму и оние од дм со природни материјали се добри, обично по 2 одат заедно. Битно е да не ставаш топло директно на пластика. Ниту да сечкаш директно на пластика ради микро пластиката што останува во храната. Секогаш сечкај, мешај, лади во садови што ги користиш за вас, а потоа ставај во бебешките. На Елоди се добри и дури е дозволено да се загреваат во микро, ама јас пластика лично не загревам. Софи жирафата беше многу популарна за ќерка ми пред 6 години и таа многу ја сакаше ама на почеток кратко. После за син ми ја земав пак, ама тој не ја сакаше ич и подобро. Сега за третово не ја земав воопшто оти има доста информации и видеа низ интернетов дека може да се наполни со мувла внатрешно. Со двајцата претходно многу брзо ги сменив и силиконските лажички со обични иноксни и сега планирам исто. Исто со Мери пластичните садчиња ми се само за смоки и ладни сендвичиња нешто такво за доручек, храна од после една година им сервирам во нашите. Како и да е, колку и да намалуваш на пластика, невозможно е да не се зезнеш негде за жал. Еве го, колку природни глодалки му имам купено меѓу другите, тој највише ги сака пластичните шишиња од кока кола. Златна цицка само. Се знае што е најдобро и најбезбедно. Ама што вика @merriel0 каде што се може и колку што се може ќе се адаптирам и тоа е.
Ако ти е утеха мојава од 4ипол е станата, 5ипол по старо а 4 ипол по ново… Со денови демек поместувавме дремки и стануваше покасно ама денес реши да ми покаже дека залудно сум се надевала дека нема да го осетиме поместувањево на саатот
Стандард 6:30-7 си стануваме ние, така да денешново 6:30 ко бонус ми се виде Нема ни 8:30, а веќе појадок направен и изеден, ручек во припрема
Ја не знам кај да пишам тука сите најдобро ќе ми одговорите Според календар сум во овулација, значи јајниците ме скинаа луѓе какви бодежи. Имам посетено гинеколог се е океј , и уште тогаш ми беше помината овулсцијата ама сега какви бодежи мајко мила... Нормално ли е или да закажувам пак преглед.
Овулација во живот не сум осетила до пораѓај, после тоа и боцкање и болки и се по список. Прво прашање на гинеколог ми беше тоа, нели откако испадна се во ред со прегледот и ПАП и брисеви. И така лабаво добив одговор е па супер е, ќе знаеш сега кога да се пазиш ако не сакате дете или кога да сте активни ако сакате Скоро 3 години после пораѓај, веќе сега можам да речам и циклус ми се врати со доаѓање иако што треба и болки во овулација/пред добивање се намалени. Баш онака како и пред пораѓај што ми беше.
Мојава сабајле отвори очи во 5:50 јас надежна ја ставив да цица и си викам ќе продолжи … ама не женската си се ококори и почна да се смее да играме
Мојава стана да ги помести саатите немој да заборавиме, од 2 до 4 не заспа, и во 7 срипа спремна за денот. Сеа она ќе дреме јас едвај гледам, поужасна ноќ здравје. Па и времево е да те фати сезонска депресија. Буквално како мачкава сум
И јас сум тука некаде.. едвај ја заспав..до 7ипол продолжи и сега спие јас сум зомби,ќе поминат ли грчевите? дали ќе престане ова плачење и кога?
Гледам се развила дискусија на темава, а вчера имав впечаток дека никој не е заинтересиран за ова, иако е многу битен фактор... еве јас да си кажам, се затрчав за силиконски сет и го преплатив искрено, по неколку користења сфатив дека почна да мириса и храната менува вкус. Сега и давам само во наши чинии, керамички. За тефлонот да не прајме муабет. Жив отров. Некаде читав дека и иноксот при гребење и погрешно третирање не е баш безбеден, ама не сум сигурна за ова.. јас последно купив тенџериња од емајл на Металац, смрт им нема, ене и баба ми уште во нив готви, а ептен безбеден материјал е. Инаку сум го размислувала и јас тоа за постарите генерации. Можам да кажам споредба со дедо ми, уште е жив, а роден '36та год. Една болест или операција немал, крвната слика му е топ. Ама, во најклучните години од животот јадел се домашно на село, без загадување на вода, воздух, почва. Понатаму во Југославија искрено не знам какви биле регулативите за пестициди и штетни материи, ама можам да направам споредба со генерацијата на татко ми, многу негови врсници се со сериозни заболувања и хронични болести. Доволно е да се запрашаме од каде овој "бум" на аутизам во последните години, па да сфатиме дека нешто со околината и начинот на живот не е во ред, а да не зборуваме и за еден куп студии кои го докажуваат тоа. Во ЕУ барем има какви-такви регулативи за храна и козметика, овде ние сме оставени на милост и немилост на профитерите. На крај краева, од "ништо не му е, и ние така сме растеле", имаме деца дијабетичари, со тон алергии, со интолеранции, со психички болести итн. едит: порачувај од братство, ич не му се мисли, ок дебелина се, сум користела чинии за возрасни, се надевам и за децата се исти.
Кај мене после пораѓај овулациите ми се ненормално болни и со обилен таков секрет како белка од јајце..што се деси не знам ств..бев на лекар и јас се си е океј, чисти брисеви, пап..све
Истооооо..... Ај што вика @Miss_S барем знаеш кога да седиш мирна хаха. @Simon4e0507 женска уште ли има грчеви? Јас мислев до кај 2 ипол поминуваат... Ми донесоа едни капки од италија, буквално се колнат во нив, братучеткава има близначиња многу грчеви имале само тие и помагале. И дадов еднаш само на мојата, ако сакаш ќе ти ги дадам пробај може стварно ќе помогнат. Знам дека и поголема е од моето бебче твојата, веќе 3 има сигурно.. Пробувај и со топла пеленка на стомаче...