Така е, меѓутоа може да ги елиминираме работите кои зависат од нас, а ги има многу. Кога јас почнав да го правам ова сфатив дека и те како некои работи зависат од нас. А за воздухот, искрено прва прилика план ни е ра бегаме од Скопје. И тоа е точно, но не е главен фактор за покачувањето на бројките. Воопшто не е точно дека аутистичните деца биле институционализирани. Стигматизирани и денес се, се уште, посебно на наше поднебје. Зборуваме за фрапантни разлики, да имало и тогаш толкави појави сигурно ќе се третирале поинаку овие деца. Во САД едно на 30 деца е аутистично. Можеби тука имаат влијание и распоредот на примање вакцините, не знам, не е истражено доволно се уште. Да не се разбереме погрешно, не сум против вакцини, ќерка ми е вакцинирана. Адитвите, пестицидите, загадувањето на воздухот, водата и почвата, екранизацијата, прекумерното користење на пластика и штетни материјали, полиестерот, итн...долга е листата.. се ова има влијание и придонесува врз почестата појава на аутизам.
Ве читам за саатот што се смени. Јас да го пофалам ќере. 7 ипол се буди фиксно за на градинка. Вчера сабајле, кога се смени саатот, се разбуди 9 сабајле по старо/8 по ново. Сме се отспале квалитетно сите тројца. Инаку, оваа мајка, денес беше во теретана прв пат после пораѓај Ама со тренер хаха, за да не забушавам. Сум го заборавила колку е пренајубаво чувството после тренинг. До вечер ако заврне снег, да знаете која е причината.
може да збориме колку сакаме, ама никогаш нема да знаеме за сигурно колку аутизам имало. Пестициди, нафта у храна, микропластика, конзерванси, вештачки бои, тешки метали... далеку од аутизмот, се менува дури и човечкиот ген. Тој живот што го спомнуваш е скап, зошто така ни е наметнато. зошто е модерно... Но баш напротив, поедноставување и свесно живеење немора да кошта тон пари. Постојат начини и чекори кои секој може да ги превземе во својот дом. Не зборам за живот на село све сам да си правиш, тоа е изводливо само во комуна, туку за живот овде во Скопје, баш во системот. Јас водам lowtox on a budget домаќинство, успевам, наоѓам нови решенија и работи кои функционираат за мојата фамилија. Да не паламудам, ми се чини на форумов нема некаков аир од ова, особено у мајчински муабети.
Скоро една година. Со царски бев, и сега дури се осеќам како вратена со силата до некоја нормала. Само што новава нормала е на 100 страни да си растргнат, со енергија да не можеш од сабајле од кревет да станиш. Се надевам дека теретаната ќе ми помогне да не се осеќам како баба стара што сите коски ја вртат и крцкаат при секое движење.
Дете бр.1 - заспано Дете бр.2 - заспано Дете бр.3 - заспано Јас: батери лоу Дотолку лоу што ме мрзи и пижами да си облечам.
Како сте мајки? Јас сум болна, сите вируси од градинка и јас ги фатив ама ова најлошо е до сега. Кашлам како куче мислам дека игли имам во грлово. Што пиете за да одржите имунитет? Дајте нешто испробано. Детево е настинато два дена не го носам во градинка ама луѓе него вака ништо не му е. Игра, јаде, пие збеснува само низ дома и се мислам утре да го пратам. Не ни кашла одкако се напи антибиотик, само влечам секрет од нос. Не знам колку ми е паметно ова ама дома не доседува, па капак на се сама сум а не можам да мрдам само ме влече низ дома некаде, вчера мајка ми го зема попладнето да одспијам јас станав ко удрена со мокра чорапа он дојде со уште толку енергија
јас лани зимав ургент ц и многу ми помагаше, а пиев имунитет топ ама штом го прекинев одма се разболував
па јас мака мачев со стрептокока каде што работев 2години валјда се живо префаќав…. И ги пиев редовно не знам сега точно ама од 6те месеци студени во годината сигурно 4ипол да кажеме грубо. Зошто некоја недела знаев да прекинам, да прескокнам. Ама неограничено се пие, има неколку форми. Една е за да се пое континуирано а имаше знам и посилна доза при активни инфекции
Да се пожалам едвај се избањав, и седнав се гледам пропадната во лицево , циклусот долг, болен (кетонали се дупнав од пиење) ,.... дете тешка категорија цел ден хиперактивна бара во раце јас неможам па само плаче. Заспи ја спие на 30 мин ако ја презаспијам на коњ сум ама изгледа деновиве понервозна сум и не и делувам добро и одма се буди и мислам прозориве на будност ми се вечност. Дома хаос, успеав спална да средам малку додека се занимаваше во креветче за10 мин усисав, сменив постелнина, прашина и таман да го земам џогерот и вресна и толку, затворив прозор и ја успав.. Дневниве дремки кажете како да ги средам едвај 2ч додржува будна и вика копа очи и се спие... А спиена е навечер. Све сме со 4 дремки една ако ја презаспијам ќе биде 1 ипол час долга ако не све по 35-45мин. и нервозна е и се спие се проѕева. Читам др гуднајт вика ако почне порано да станува и да крати ноќен сон треба да се скрати дремка. Она од 8ч дојде до 6 да станува. Сега по ново 5 и 15 очите отворени. Долг ми е денов немам сила.Се пожалив.
Епа исто и јас. Не е работава нон стоп да се пие нешто. Тој држи топ додека пиеш ама а прекинеш налет.. ја на пкуќа спуштив одма одкако го прекинав со црп 65 бев. Значи врши работа ама не може нон стоп да го пие човек.
Јас ја бањам во туш кабина еднаш на 2-3недели иначе со оние влажните што се за чистење ја пребришувам насабајле.
Исто сме/бевме со дремките веќе некој период баш се жалев во некоја тема дур ми префрлаше од 4 на 3. Некој период веќе сме со 3 од кои една дремка и е обично подолга ( прва или втора) а другите кратки по 30минути. Јас само продолжував прозори на будност дур се потсреди ама уште знае некој ден да е хаос 3 дремки од по 30 минути и преморена до ноќно спиење па сабајле да стане во 5. Цело време ми делува уморна на 1:40 од прозор на будност ама и се враќа енергија па тера и до 2:30 а после убава дремка. Така дааа продолжувај ww