И мојот е со мрсули . Како што ти кажа @Noemi, физиолошки нема шанси на толкаво бебе да ставиш. Ние користиме Аква Марис за бебе. Инхалации да пробате ако имате инхалатор, со играчки некако ќе го залажеме барем 5-10 минути да стои.
Леле а мојов и суруп си пие не прави проблем и носот чистење седи мирен сака сега беше болен брзо без проблем и инхалација се зачудев
Денес земав инхалатор и тоа е неуспешно.Абе едно мочано крпче да му ги избришам мрсулите вришти солзи мислиш не знам.Леле не знам ова како ќе се преживее..капнав луѓе.Се ми е јасно дека мора и дека е нормално ама нервоза ме мава кога се трга целиот ќе скрши врат само да се тргне.Спиење ужасссс ужас.Аман што не снајде
Користев таков и секоја вечер му ставав без проблем дури и се смеев како чека мирен за тој спреј насмеан...сега и од тој вришти плаче.
Ден денес, божа сачувај за нос да ја пипнам. А гледам мрсулче. И она плаче, јас бришам. Ја учам да дува, ама уште со уста дува само ххах Претешко ти е знам. Сме поминале сите тоа. Ќе помине и ова.
Екомер почнав. Имам пиено и претходно. Според мене нема подобро. На сред настинка го почнав, мнг полесно поминав. Со хроничен бронхит сум, тешки кашлици изгурав и пичнав се нешто да "фаќам" и јас градинка. Ова ми е топ. Имам и претходно пиено за ХПВ.
Вришти и мојот, стрес ми е секое бришење . Стои да го инхалираш? Вечерва 20 минути најмалку стоеше, тој бучи овој ужива му се приспива.
Инхалирање никако повеќе од 10 минути на серија. Не знам дали ти кажал педијатарот. Не се препорачува повеќе од 10 минути.
Колку течност ставаш за 20мин да работи инхалаторот? Јас највеќе 5-7мин да сум инхалирала, со 2мл физиолошки и лекови (тоа е мн малку пр 0.2) ако требало, со препорака од педијатар.. По макс 6,7мин веќе течноста ја снемува, добива друг звук инхалаторот и не пушта видно од ладната пареа... па гасам одма.
Едно од овие Sinomarin други лекови не ставам, да веќе намалува пареата. https://24apteka.mk/product/sinomarin-babies-monodose-18x5-ml/
Требал да каже, ама еве знаеш сега. Како што ти пиша @mariz чим ја снемува пареата толку е, а тоа е максимум 10 минути.
Мене ми кажаа од овие никако во инхалатор само директно,правеле кашлица. Инаку нејќе ни аспиратор од далеку држев демек колку толку.Абе се стега со носко и не исксча ништо зошто е толку стегнат,лилјаков станува луѓе.Живци изгубив веќе а прва настинка ни е
А од кој физиолошки треба во инхалатор? Докторката рече само физиолошки, не кажа конкретно кој, а во аптека кога кажав за што е, ми ги дадоа овие…
Епа затоа 20мин ти има пареа... 5мл се. 2мл на една инхалација ме советувале од лекар, ама вакви не сум ставала.. физиолошки баш сум ставала..
@Stone нека вришти, пишти, помодрува, кога се мора нешто, мора. Ќе го фатите убаво, глава и раце ќе држите и ќе успеете. Верувам повеќе ви е жал, ама тоа е. Еве иста песна ни е дома, ама ич немам жал за вакви работи кога се мора. @Izzy_0504 треба да се инхалира со обичен физиолошки, тоа е изотоничен раствор. Синомаринов е хипертоничен и може да се користи само локално директно во носе. Кога се инхалира со него, бидејќи е хипертоничен, може да ја извлече водата од клетките и уште повеќе да го налепи секретот. Особено кај деца, бебиња ова е изразено. Кај возрасни може и да помине. Подобро со обичен физиолошки ако мора. Јас стварно не знам што е со педијатриве, основна физика и хемија е ова. Или вентолин превентивно кога ќе речат ми иде да се отрујам.
Утринава прв пат ми се сврте целосно од грбче на стомаче на подлога два пати Жива среќна и она и ја се врти и се смее, поседи на меше па не знае да се врати на грбче па почна да кенка