Како сте? Се навикна баткото? Околу Нова година прв пат имавме ваква дојава. Прва мисла да не оди дете, да поседи дома. Ама после размислување викам ако седи дома треба со месеци да седи додека помине бранот. Така да си продолжи со одење. Досега нема фатено, еве скоро цела година. 2 бранови поминаа. Од една страна си викам е подобро помала да фати и така да си тераме. Кога ќе не изненадат, тогаш.
Добри сме. Демек се навикна, денес ке пробаат да спие. Требаше минатата недела ама настинат па кашлаше, поседе дома малу да се оправи па ајде од сега. И мене мм ми рече зошо не го зема дома ама реално до кога ке го чувам дома, секогаш може некое дете да појави сипаници па вака ако треба да ги прележи подобро сега да прележи, секако еднаш мора. Јас најмногу се плашам од заушки, мм нема прележано ако фатат со него заедно ке биде хаос.
Мене уште сега за сипаници ми е страв а до градинка имаме до нареден септември. И јас немам прележано ќе треба заедно со синко да си ги лежиме
Кај нас во градинка сипаниците кружеа од јануари до август. Нов бран веројатно наскоро. Нема поента дома да чуваш дете. Кај ти текна на заушки . Последна епидемија беше 2009 година. 2023 имаше 9 случаи, 2024 - 18. Вакциниран е со МРП?
Кај нас лани фати баш за новогодишни и божиќни празници. Ако ти е за утеха деца лесно поминуваат, кај возрасни е малку зезнато.
дали е тоа овој сируп? https://24apteka.mk/product/zell-oxigen-plus/ Јас да се надоврзам на темата болештини некако многу поначесто ми излагат херпеси. Појдов понеделникот 3та на работа и одма осетив како на крајници да имам некоја нелагодност како прашина налепена па до додразнив до гргорење и кашлање. Овој период некако често ми паѓа имунитет ама не се давам. антибиотици не пијам. Не знам од кога немам пиено а многупати сум се мачела со ангина и болно грло. Ама сирупов како што прочитав на линкот добро би ми дошол
Најверојатно имаш прележано на нога, или што би рекле, само преносител си. Ако си била мешана со деца ко мала сигурно си само носител. Поубаво ко помали, да дознаам дека некое дете има во моја близина, намерно ќе ја мешам да префати.
Мајки што имате две деца и што ви спијат децата во детска, како ви е организирана собата? Моментално синко е сам во детска, спие таму уште пред 6м да има а веќе е 2+. следна годн здравје ќе има сестра, па се мислиме како да ги организираме. Дали кревет на спрат, два независни или нешто по мерка направено? Што сметате дека е попрактично? Поготово бидејќи таа соба треба да служи и кога ќе бидат поголеми. Ќе има само кревети и играчки, имаме друга соба/канцеларија која што има бироа и ќе учат таму здравје. секоја препорака би ми значела
Многу ми е тешко што моите се на 150 км а неговите тука. Знам дека звучи себично, ама тешко ми е што веќе гледам дека се опушта со нив, а со моите уште плаче. А следен пат кога ќе одиме ќе има поминато 2 месеци од последниот пат затоа што мојот господин маж не испланирал дека наредниве 2 викенда нема да може да одиме, а последниот пат кога бевме правевме ајвар и искрено не ја ни видоа нешто многу. И знам дека не е намерно што не размислил ама ме фрустрира затоа што со неговите МОРА да се гледаме во неделата по еднаш затоа што они така очекувале, така било логично, така не знам што, а моите се треба да имаат разбирање... Никогаш не мислев дека ќе ми биде тешко што се далеку затоа што еве веќе 12 години сум далеку од нив, ама со неа веќе ми е друго гледиштето и срце ми се крши...
Детето ти е почесто со неговите и нормално е тоа. Госпоѓа свеки живее под нас, мајка ми на 2 мин од нас. Ако е повеќе со свеки, знае да несака кај мајка ми. Ако е повеќе со мајка ми, несака кај свеки. Плус мало е. Што разбира реално. Ќе потпорасне, ќе оди на поседок таму. Ќе има љубов за сите.
Е овој е друг проблем што го имам со нив, ама во случајов и џабе ќе дојдат кога по еден ден од викендиве нема да сме дома со се бебе па џабе ќе доаѓаат толкав пат реално за да ја видат на некој саат само Знам, ама како некој што МНОГУ ги преферираше едните баба и дедо за разлика од другите (и тоа ги сакав тие со кои што не живеев, баба ми со која што живеев беше многу тежок карактер и ја засакав кога пораснав доста поголема и почнав да разбирам зошто е таква каква што е, дедо ми го сакав ама беше доста повлечен тип), многу ми е страв да не преферира некој, а од некоја себична жичка во себе, тоа да не бидат неговите
Мала разлика ќе ти бидат и мислам дека нема да си на иста мисла како мене, ама еве да споделам. 5 години се разлика, сега малиот е година ипол, големата 6ипол. Во детска има голем кревет, плакар и се друго е играчки. Кога дојде бебе кратко беше во спална, после креветчето го ставив во детска и спијат заедно во соба. Гужва е во собата ама не беше проблем додека не почна ќерката во училиште. Сега има потреба од фиоки за книги, маса за пишување, а он уште долго ќе игра со секакви играчки. Планот е да одат во посебни соби за некоја година, ама во меѓувреме мора да се издржи. За кревети на спрат малото е премало, а во дрвеното креветче секако ќе го собира да спие сигурно до 4 години, ако не и повеќе. Кнап е собата, ама од практични причини тоа не може поинаку. Кога ја правевме собата за ќерката секако размислував за понатака, па затоа распоредот на плакарот и креветот овозможува промени понатака (таа соба најверојатно ќе биде спална наша во иднина), се е бело и едноставно за да се искористи со било кое дете, и правено како за возрасен. Затоа моја препорака е да не правиш шарена детска соба и мали кревети. За играчките мене многу корисен ми е шкафот со коцки (правен е од мајстор ама изгледа исто како од икеа), и мала масичка со столчиња. И колку што може да се остава празен простор за игра. Собата беше полупразна додека ќерката не направи 4 години и супер и одговараше. Твоите и дека се поблиску со возраст реално можеш и да не правиш класична детска уште повеќе години.
Мислеше да не бидат неговите во последнава реченица, според муабетот. Еве си била и ти дете и си сакала некоја баба повеќе од Х причини. Остави го детето да си расте со љубов од двете страни. Тоа само ќе си се наслони , кога ќе порасне. А за жал на тоа никој неможе да влијае. Јас свекрва ми, неможам да ја поднесам најискрено. Збориме, ама гледам да е со резерва се. Ама па моево дете, е исто дете на син и. И она и е баба и ја сака, чува, играат, ја шета кога се чуваат. Моментално опцијата ми е таа, со свеки или мајка ми да е, бидејќи не е примена во градинка уште. Е ја гледам свеки каква е со децата од девер ми и никогаш тоа нема да го дозволам. Ама тоа е друга тема веќе.
Никој не кратам од гледање, дружење, сакање, таман работа. Јас знам дека и они ќе ми се најдат многу, и дека со нив и многу повеќе ќе се дружи и гледа реално, иако пак знам дека и со моите тоа ќе биде по последователно (на повеќе дена наеднаш) зошто здравје идат во пензија наредна година па здравје ќе иде на гости кај нив како јас што сум идела кај баба ми и дедо ми (цели распусти поминував таму реално). Моментално ме исфрустрира ситуацијата, и овие 9 месеци многу тешко ми паѓа моментот дека сме во различни градови, ако 150км не е многу што вика Лизи, сепак е организација да ги патуваш, да спиеш надвор од дома, да излезеш скроз од рутината... А најмногу од се ме изнервира мм, реално требаше од него најмногу да се пожалам хахахахаха Јас не можам да ја поднесам свеки зошто многу бебешки се понаша, во глобала такви луѓе ме нервираат, ама сеа тоа е што е со тоа што со нив ќе биде тешко ако, дај боже само да е жив и здрав свекорот, зошто она е шеќераш, сама нема шанси да би можела да ја чува. Е сега како ќе се понашаат натака со воспитување и однесување не знам, тип на луѓе се што не прават многу по свое па си викам дека ќе ме послушуваат. Од друга страна па моите имат моменти што ги прават со внуците од сестра ми што ме откачуваат ама што викаш тоа е друга тема веќе
@1001Ana1001 се согласувам со Спајди околу бојата на мебелот, да е неутрална, бела, крем што ќе може понатаму да се надоградува. Со деца од 1 и 3 години, моментално или за догодина не ти треба ни работни маси, ни ништо. Кревет/и плус простор за складирање играчки. И нормално играчките. Понатаму ќе надоградувате. Или опција со тек на време во тинејџерските години работната соба да стане спална за едниот, односно да се поделат. За мали деца јас не би ставила кревети на спрат. Не ми е баш безбедно. Е сега зависи и колкава е собата. @MariaBouli , пораснав без многу блискост со баби и може ради тоа не ми е ни битно каква блискост ќе има дете, а реално и едната и другата баба ја чуваат, седи со двете. Фактот што јас сум немала блискост од некоја страна ми е и како пречка да дете остварува преголема блискост со било која баба. Инаку со тек на време како што расте ќе се научи. Може со твоите и видео повик често. Не е исто како во живо ама е доволно добра алтернатива.
На 15 км живееја моите, па кога одев кај нив на спиење со беба ( кога беше мм трета), мислам дека уште вц шоља што не товарев во колата хахаха Организација за до толку блиску , ми беше ужас. Мене свеки ме нервира, прееска баш и на мм му кажав да и каже ( дека од мене кажано е одма нос дигање и зборење ), дека несакам да ја учи , ај да го тепаме мечето дека е лошо, ај да тепаме ова,ај да го караме тој или таа. За друго во врска со детето, неможам да се пожалам. Ми се јавува да ме праша, дали да и даде тоа и тоа да јаде, дека несакала од тоа што сум и спуштила. Готви за неа посебно, без запршки и зачини. Само да ја примат во градинка ми е најбитно искрено. После се ќе биде подруго и помалце ќе бидам зависна, за чување за дете од било кој.
Јас работам од дома скроз флексибилно, па засега јас си ја чувам. Здравје се надевам така ќе останам додека да наполни 2 и после на градинка. Немам некоја желба да ја чуваат по цел ден иако се слободни пензионери и двајцата. Ама верувам дека ќе ја оставам некогаш да се подружат исто како што би ја оставила со моите. Е тие муабети од сите старци ги има, јас тоа сфатив. Колку се изнаслушав кога беше ептен новороденче дека Ааа ти сигурно плачеш за јадење, лоша е мама не ти дава да цицаш, а само што цицала. И од свеки и од мајка ми. Ретко кој постар не ги збори. Таков им е муабетот за жал. Мене баба ми и дедо ми, особено дедо ми зошто баба ми порано почина, ме изградија како човек искрено, па веројатно затоа ми е доста битна блискоста со баби и дедовци. Ама академски луѓе беа, професори, што им беше битна среќата и нашето воспитување повеќе од се. За разлика од другата баба што не ја сакав - и беше битно материјалното, како татко ми се мачел да направи куќа па сега јас ќе сум собирала другарки дома (ама долга е приказната зошто таков и беше табиетот). Се слушаме често по телефон, ама бебево само сака да го земе телефонот и да си игра со маската