Хаај да споделам набрзинка нешто само па да се спие..беби нана уште од 7ипол, денес после 100 века успеавме дневна дремка 2ипол саата и си спие спокојно сега..нашетан, наручкан, бањат си се смешка у спиење на глас, како ептен мало коа беше јас го слушам се топам.. инаку за што дојдов: ми излезе на фб емисијана Мамавизија и гостинка беше Елена Бубало. Ептен беше зборена тука, и мене ми е многу антипатична и воопшто не ми беше океј тоа за што сите ја критикуваа: начинот на вежбање бремена и носење бебе што вришти у сала небитно. Ја изгледав цела и можам да кажам дека се согласувам со многу ствари што ги кажа и за многу ствари е во право. Не би да набројувам, доколку сте во можност изгледајте ја, стварно има што да се слушне..и не е дека и е 3то дете, туку и со првото ги правела тотално истите работи. Начинот на воведување ред, организација, да си олесни и на себе и на бебето и на сите дома, ептен реални, директни и искрени факти, финансии дома, обврски, коментари од страна..сите што сте тазе мајки ви препорачувам да ја изгледате, мене ептен ми се допадна кажаното
@MariaBouli и моите живеат на 120км од мене. Со тоа што татко ми поголем дел од годината работи во Швајцарија, значи мајка ми е сама. Од пред 5 години и брат ми се исели, тој живее со снаа ми во Австрија, си доаѓаат 3-4 пати годишно. Овде се родителите на мм, и сестра му мажена, има 2 деца. Синко е скоро 7год, и верувај дека е поблизок со вујко му, т.е брат ми, отколку со тетка му што е овде. Дури еднаш ме праша: мама, зошто тета никогаш не ме гушка? Со видео повици се слушаме буквално секој ден, многу сум поврзана јас со моите и со брат ми. Па така и синко иако не ги гледа често, ги осеќа за поблиски, тие се во тек секој ден што му се случило, кај бил, што правел. Овие овде не, особено откако тргна на школо. Сега додека сум на породилно со бебка, синко не оди веќе пред/после школо кај родителите на мм, дома си е со нас, и тие го гледаат еднаш на 2 недели. Со тетка му се гледа/ме еднаш на 2м, па затоа и нема некоја близина со нив. Така да нема некое правило. Сакам да ти кажам, те сфаќам како ти е, и мене многу ми фалат моите, барем да беа поблиску ама тоа е. Кога татко ми е тука, се гледаме секој викенд, најчесто тие доаѓаат кај нас, и тоа не со спиење, на ручек на пример само и си одат. Пошто мене ми е преголема организација сега со 2 деца да се товарам во кола, иако и ние одиме кај нив само поретко.
Јас бидејќи живеам надвор од градот ретко се гледаме со сите.Иако грубо околу 45 мин макс им треба на било кој ретко доаѓаат па и кога ќе дојдат не гледам дека нешто премногу им фалело бебе.Ептен сум разочарана што сите не оставија сами да тераме бидејќи им е полесно така.Разбирам дека секој си имс свој живот но толку збореа за ова внуче...препреразочарана од сите Туку вчера беше свеки...некад и ја се чудам на своја самоконтрола.Да не сум му давала млеко навечер туку гриз со млеко или бисквити со млеко за да се одвикне од млеко сега додека не сум тргнала на работа.Сфатив уште од муабетите за бајачки коа беше бебуш мал дека џабе е муабет и објаснување па само слушам и ништо не коментирам веќе.Уз контекст на муабетот може ми е екстремно тешко вака сами ама бар мир имам.
Ноќеска почна да ме боли грло, толку пазам на се, не се мешам со луѓе, никаде не излегувам и ете, само бебето да не ми го префати. Ние се стабилизираме полека со бебе, навечер рано легнуваме сите комплет во 9, во кревет. Бебе спие до сабајле, до 7 часот, се буди во текот на ноќта само за цицање и си продолжува. Преку ден прави дремки, ја легнувам на кревет и спие, секако јас да сум до неа, но и тоа е напредок. Минатата недела почна високо да ги крева ножињата, неделава почна да се врти на страна, сабајлево ја оставив на кревет, се изврти на меше , не очекував толку рано да почне да се врти, ѕверка мала. Следната недела не очекува 3ти скок, таман се стабилизиравме малку.
На муабетот баби и дедовци, свекор ми и свекрва ми особено свекор ми е решен изгледа по секоја цена синко да ги сака повеќе одколку моите. Се почесто гледа да дојде оти е цело време на одмор од работа или на боледување итн. Муабетот од вчера: Свекор ми: Се договорив јас со П(свекрва ми), читај и кажав немаше договор, кога ќе почне Д во градинка јас ќе си дадам отказ и секој ден ќе си го зимам јас од градинка. Ќе си одиме на езеро, на кафе, во базаро, во село... Муабетот е поттикнат од тоа што и јас и мм сме на работа до 16ч. Добро му викам како ќе сме слободни ќе си го зимаме и мама кога ќе е дома ќе го зима. С: Ако јас ќе бидам дома ќе си го зимам секој ден само да почне да оди и ќе биде полесно за мене. Синко е 3м и до градинка има уште скоро цела година ама господинот си го направил планот. И не знам која е потребата на 3м бебе да му лае стварно не знам. Повеќе пати му е кажано од мм да не му лае дека го плаши и он упорно за на крај да му речам и прадедо му дека така му лаеше и дека сегс кога ќе го види вришти па да се исплаши дека нема да го сака детето и сега да му мјаучи. А муабетот гладен си ти деде/бабе мама не ти дава да јадеш, ах таа С(на име ме нагласува) да ја тепаме оти не ти дава...
Значи коса ми се крева од тоа ќе го тепаме татко ти, ќе го тепаме дедо ти не слуша… (за мене не кажала досега). Значи на бебе од 6м од толку работи што можеш да му кажеш убави, песнички да му пееш, единствен муабет на свекрва ми со ќерка ми и е тоа. Му кажав на мм и сто пати и кажа и она му враќаше: “од кога ти стана психолог”, “па она не разбира”, “па што е тоа толку лошо”, па не знам што… ама изгледа конечно и влезе во глава па не сум ја чула последниве 2-3 гледања.
Муабетов ме потсети кога пред 5 години се роди внук ми од сестра, јас на 350км од нив, тооолку бев исплашена дека нема да ме знае и сака, само чичо му ќе го знае од другата страна. Fast forward денес иако имам бебе и он има братче веќе, ја тера мајка му да ми звони да ми покаже ново лего, што правел во градинка, итн. Чичо му од друга страна иако се двајцата машки не успеа да се поврзе со него. На некои работи не треба да се мешаме туку да ги оставиме да течат природно, децата сами ќе почувствуваат кој им пружа љубов, внимание и грижа. За жал јас веќе и не познавам некој со пошироко семејство кое е на куп во ист град, па затоа видео повици ни се bоnding начини. Едит: дедо ми беше најдобриот дедо на светот ама еднаш ме има однесено на митинг на Циле не можам да замислам кој шлог и било на мајка ми, дали сум имала 5години. Ама ми купи една огромна лижалка жаба и многу ми беше јако
Оо каква тема... Највеќе ме боли Јас сум на 200 км од моите ,тато е починат а мајка ми...па мајка ми е приказна за себе. За првото дека во ковид време дојде на 2.5 месеци мене прво ,исплашена многу работи се случија а свекрвата си го искористи моментот да ме дојаде Затоа сестра ми ко се породи уште не излезена од болница она таму се нацрта таа и е на 100 км ,пола шат од кај мене После со второво и јас си имав повеќе самодоверба, плус и самото бебе поцврсто а и свекрвата не смее да се замеша конечно мм сфати некои работи. Мајка се полетува после 2 недели да дојдат ама комплетно и брат ми и сестра ми со зетот и внукот. И да ви кажам им реков да не идат т.е ако дојдат дека со мм ќе си одат во кафана а јас и бебка ќе сме дома можеби згрешив можеби не не знам... се подналути ама јас во тој момент за гости чекање не бев. Е сеа после 4 м на пријателка нејзина ќерката се породи и мајка моја кажува дека женава не отишла да го види бебето (истата релација сме) зошто ќерка и така сакала, па греота била пријателката плачела ,разочарана бла бла... Не ми се караше искрено и си поќутев. И многу вакви навидум ситници во кои ја преферира сестра ми болат ама си ќутам Само едно знам да беше тука татко ми немаше да дозволи сама да поминувам низ се... ама тоа е што е.
Ротата за прва доза се засрка за втора исплука Таа се залета да и стиска нос којзнае како ја погледнав магла фати
Мојава и се повраќаше грдо и беше Така и за витамините ми прави грди и се посебно омега. Ама издржа некако. Ај викам ротата ќе ја протера може у вц ќе се олесни А вакцинава у ноџе кога ја видов иглата коса ми се крена, мене нека ме боцкаат со десет такви ама ми е жал за неа Декември крај втора доза оф оф
Побарај ти да и дадеш следно. Мене и сама ми кажа сестрата, да и дадам јас, за да ја испие цела доза. Дека од неа плачеше.
И моето ја шмукна, што знае оно мисли млеко иде. Па витамини кога и давам на лажичка со отворена уста ме чека хахаха вика иде јадење.