Мајчински муабети (не е за барање совети)

Дискусија во 'Бебе' започната од slobodka, 30 април 2016.

  1. Anaroz1

    Anaroz1 Популарен член

    Се зачлени на:
    14 април 2021
    Пораки:
    2.762
    Допаѓања:
    6.270
    и ние примивме денес рота и шестовалентна, многу бев под стрес зашо цела е со мрслули шмрка, ама вчера ја носев на педијатар и ја слушаше, рече нема ништо само мрслучиња се може да прима, во поликлика ја прегледаа истото го кажаа, си викам ваљда знаат што прават, ја си земав сируп преветивно дома и само ја пипкам, ама фала богу добра е за сега :drunk: се сеќавам кој стрес ми беа тие вакцини со првата, сега пак отпочеток истото :D

    на друга тема се вратив на кејот, моето омилено место во градов, почнав со трчање, нозеве назад ми одат :rofl: кажувајте лек за воспаление на мускули :D
     
    На Трагедијаупмм му/ѝ се допаѓа ова.
  2. Baby warrior

    Baby warrior Истакнат член

    Се зачлени на:
    27 декември 2023
    Пораки:
    2.301
    Допаѓања:
    4.543
    Пол:
    Женски
    И мојата си ја шмукна како ужинка со сласт ротата :D од боцкитр овојпат плачеше ама ја смиривме за 2-3мин;(
     
    На Anaroz1, Ladyme, Надеж♥️ и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  3. Ladyme

    Ladyme Популарен член

    Се зачлени на:
    8 август 2020
    Пораки:
    2.418
    Допаѓања:
    5.015
    Пол:
    Женски
    Петокот бевме на вакцина во Ѓорче, Докторкава тупан настината ни маска ни бутур шмрка.. сестрата иста и таа без маска. Ја гледам се нервирам, излагам надвор гледам деца основци кашлаат, и викам на сестрата што прават во предучилишна деца големи.. аа па на вакцина бла бла. И викам настинати деца кашлаат вие настинати и деца носиме на вакцина. Добро помина све тоа и она нервозна и од пон со носето како да ми хрчка ај викам што бљуцка од млекото и бели мрсулчиња. Сабајле станува хрчи пак. И идеме во развојно во битпазар, старци куп.. едвај поминуваме сестрава затната вика еве ги симнаа тука за вакцина неможе горе во школска да се качуваат демек здрави све не настинаа. И еве ја кива цел ден и извадив мрсули проѕирни два пати. Така се нервирам, толку се неодговорни со бебиња работат една маска да стават. Па мм се запнал ај за јадење да ми кажал филев што да јаде. да ја мерел бла бла до тоа дошло да ја пикам по болнициве.
     
    На le.soleil и Peperutce6 им се допаѓа ова.
  4. Veci@123

    Veci@123 Истакнат член

    Се зачлени на:
    11 февруари 2024
    Пораки:
    443
    Допаѓања:
    940
    Пол:
    Женски
    Вчера бев кај Филев.Сега има и докторка таа е прва смена и е за поголемите деца,и болни деца.Филев е 2 смена и се само бебиња и прематурчиња.Исто ни кажа да почнеме со исхрана и да дојдеме дури за месец ипол пред да почнеме со млечни производи.И самиот кажа нема потреба на месец дека сезона на вируси.
     
    На Mumoftwo30 му/ѝ се допаѓа ова.
  5. Ladyme

    Ladyme Популарен член

    Се зачлени на:
    8 август 2020
    Пораки:
    2.418
    Допаѓања:
    5.015
    Пол:
    Женски
    Веци последниот пат ме нанервира едно со стомачен внатре го пикна со температура па чепка играчките па на моево да фаќа му ги дава и косата ми се наелектризира. И му реков, докторе оваа просторија е за здрави деца, треба да се внимава сега нашиве се прематурчиња, уште една чекаше после мене со мн мало.
     
    На Veci@123 му/ѝ се допаѓа ова.
  6. Veci@123

    Veci@123 Истакнат член

    Се зачлени на:
    11 февруари 2024
    Пораки:
    443
    Допаѓања:
    940
    Пол:
    Женски
    Незнам јас отидов скоро послем 2 месеца ,дека бевме на детска таму преглед,и вакцина кога примавме го прегледаа и филев рече по 2 месеца Ама ок беше вчера здрави бебиња.Само кога ќе закажуваш напомени прематурче .
     
    На Ladyme му/ѝ се допаѓа ова.
  7. Надеж♥️

    Надеж♥️ Истакнат член

    Се зачлени на:
    4 ноември 2024
    Пораки:
    350
    Допаѓања:
    798
    Пол:
    Женски
    Дали е можно регресија кај бебево да почне на 3м или само не му беше вчера денот и ноќеска ноќта? Одвај вчера 2-3 дремки по пола саат ми врза и ноќеска будење мислам на секој саат саатипол беше. И кога спиеше цело време размрдан буквално немирен сон
     
  8. MariaBouli

    MariaBouli Истакнат член

    Се зачлени на:
    26 јули 2024
    Пораки:
    1.079
    Допаѓања:
    1.700
    Пол:
    Женски
    Има скок во 12та недела :)
     
    На Peperutce6 му/ѝ се допаѓа ова.
  9. Надеж♥️

    Надеж♥️ Истакнат член

    Се зачлени на:
    4 ноември 2024
    Пораки:
    350
    Допаѓања:
    798
    Пол:
    Женски
    Ние 13та веќе ја тераме од кога е роден или се рачунаат според термин?
    Да се редактирам најверојатно сме во 3 скок сега читам си го учи гласот најверојатно затоа и се дере по цел ден. Фалаа
     
    На Peperutce6 му/ѝ се допаѓа ова.
  10. Peperutce6

    Peperutce6 Истакнат член

    Се зачлени на:
    29 април 2025
    Пораки:
    628
    Допаѓања:
    2.596
    Пол:
    Женски
    Мн се смешни кога се дерат хахаха. Еве сега ја масирам на стомаче зашто уште нема какано, се дере ја и зборам викам ама кога ќе се искакаш ти она колку и е гласот вика ааауауау :D
    Деновиве ептен си збори и моето со различни интонации
     
    На Надеж♥️ и Tulip023 им се допаѓа ова.
  11. dummy

    dummy Истакнат член

    Се зачлени на:
    21 август 2024
    Пораки:
    678
    Допаѓања:
    983
    Пол:
    Женски
    Баш фино звучи ама времевоо 10 саат кнап.. Кај и текна сега на бебка да ја продолжува првава дремка периодов :?: Фино си спиеше по пола саат :rofl:
     
    На MariaBouli му/ѝ се допаѓа ова.
  12. Baby warrior

    Baby warrior Истакнат член

    Се зачлени на:
    27 декември 2023
    Пораки:
    2.301
    Допаѓања:
    4.543
    Пол:
    Женски
    И ние се вакцинираме во амбулантава во Ѓорче. Минатиот пат мн беа префини индокторката и сестрата за вакцина. Овојпат лелеее докторката една намуртена албанка ја прашувам дали и боди да и соблечам нагоре или само хеланчињата. Ме погледна као … цела цела не прашувај глупости / пак не разбрав зошто цела ја соблече гола нагоре кога и боцкаат ноџе само да и студи глупости. На крај ми запишува трета доза кога да дојдеме и ми вика вие во систина породена царски така - викам не, спонтано. Ау една од малкуте 8-| непотребен коментар
     
    На Simon4e0507 му/ѝ се допаѓа ова.
  13. MariaBouli

    MariaBouli Истакнат член

    Се зачлени на:
    26 јули 2024
    Пораки:
    1.079
    Допаѓања:
    1.700
    Пол:
    Женски
    Да, мааалце е незгодно, и мојава обично 10-11 и е дремката зависи кога станала, ќе гледам во четвртоци да станува покасно за во 11 да и е дремката :D
     
  14. Stone

    Stone Истакнат член

    Се зачлени на:
    22 јуни 2024
    Пораки:
    344
    Допаѓања:
    452
    Пол:
    Женски
    Дека ние царски што сме породени во Систина сме помалку мајки...каков коментар од стручно лице кое највеќе треба да знае колку е тешко да си царски.За вакви коментари во други држави што не би се десило...јас итен царски во Систина завршив и самиот момент што мораше итно да идам царски до ден денес ме боли не во контекст дека е помало значење туку колку страшно неспремно се чуствував...секаде во светот се шири позитива и поддршка на мајките само кај нас од стручни лица можеш вакво нешто да слушнеш.Брука од докторка.
     
    На MeowMeow, OneMiss, Simon4e0507 и 8 други им се допаѓа ова.
  15. Carolin.

    Carolin. Форумски идол

    Се зачлени на:
    1 декември 2014
    Пораки:
    3.612
    Допаѓања:
    20.285
    Пол:
    Женски

    Е баш. Јас бев со итен царски во 37ма и сега кога ке кажам царски дека сум добивам коментари од типот "ех царски лесно си поминала" "не го викаат џабе царски, како царица" итн итн. Јас знам колку лесно поминав и како не знаев главата каде ми е тогаш. Од оваа гледана точка постоперативно лесно поминав ама додека ме породија јас знам како ми беше.
     
    На MeowMeow, Simon4e0507, 1209 и 6 други им се допаѓа ова.
  16. Stone

    Stone Истакнат член

    Се зачлени на:
    22 јуни 2024
    Пораки:
    344
    Допаѓања:
    452
    Пол:
    Женски
    И додека ме породија и кога ме пораѓаа...толку бев исплашена толку изгубена мораа и да ме заспијат на крај.Секој пораѓај било царски или природно си има своја тежина и од неписмени луѓе не ни реагирам некој да каже иако сметам дека е тотално непотребно и неприфатливо дури и за неписмен а не па стручно лице.Жално е што кај нас толку не се внимава што се кажува толку немаме поддршки како мајки...толку се наметнуваат некои размислувања што влијаат психички врз мајката.Јас првите месеци толку тешко ги поминав дел и ради моментот царски.Сега да ме праша некој ни најмалце не размислувам како да се породам се додека бебе е добро.Другарка кивна и го роди бебето мене ме сечеа и ми ги тегнеа сите органи,царски е полесно.Не никако не е полесно да донесеш човечки живот на овој свет.Од самиот момент на тоа да останеш трудна да пазиш максимално што јадеш да не е случајно нешто расипано па дали смееш нешто да изедеш да се напиеш до сите тестови до сите проверки,ужаснати хормони планирања и што уште не...и повторно од почеток да почнеш да живееш нов живот бидејќи веќе не си истиот човек,веќе си мајка.
     
    На MeowMeow, Simon4e0507, Anaroz1 и 9 други им се допаѓа ова.
  17. Надеж♥️

    Надеж♥️ Истакнат член

    Се зачлени на:
    4 ноември 2024
    Пораки:
    350
    Допаѓања:
    798
    Пол:
    Женски
    Да оти не сакавме природно, најголема желба ни беше некој да не брише и оддвај да стануваме за до вц да отидеме. Јас бев на договорен царски оти така мораше ама и во велешка болница од доктор истиот коментар го слушнав. Каде ќе се пораѓаш? Во Систина? Како? Викам природно е планот свртено си е бебе надоле. Хахаха ќе видиш царски ќе те породат нема природно... Една цинична смеа...
     
    На MeowMeow, Simon4e0507, Aleks.mar и 2 други им се допаѓа ова.
  18. Stone

    Stone Истакнат член

    Се зачлени на:
    22 јуни 2024
    Пораки:
    344
    Допаѓања:
    452
    Пол:
    Женски
    Брука сме што вакви луѓе се ставени да ни го пратат здравјето и да ни даваат совети.Дури и некој да одлучул царски зар тоа е лесна одлука,зар тоа е лесно искуство.Најжално е што стручни лица кажуваат вакви коментари...јавно треба да се објават и да се засрамат.
     
    На Simon4e0507, Надеж♥️, Carolin. и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  19. Peperutce6

    Peperutce6 Истакнат член

    Се зачлени на:
    29 април 2025
    Пораки:
    628
    Допаѓања:
    2.596
    Пол:
    Женски
    Јас се породив природно. Кој ме читал знаел какви све компликации имав. Испосечена, со вакум , триста провокации. Јас после све тоа можев да идам убаво( ок болеше ама некако не ми беше толку страшно)
    Кога ме спуштија доле, цимерката беше со царски. Многу ја болеше и многу ми беше жал. И помагав за да стане зашто на Гак недај боже да ти се моча ќе дојдат за 2 саати.
    Бебчето не можеше да го пресоблече ко што треба, ептен ја болеше раната. И тогаш и реков баш капа дека и симнувам, со закажан царски беше ама толку храбра и толку се трудеше за бебето иако сите знаеме дека е тоа операција каде што се сечат слоеви на кожа не е мала работа...
    И не знам зашто кај нас се практикува муабетот еј на царски си не си се намачила не знаеш што е пораѓај, кога еве јас како жена со претежок пораѓај тврдам дека мајката со мене и беше многу потешко.
    Јас после 10 дена исто ко да не сум се породила. Зборев и со матичната вика јас бев со итен царски, исто ко камион да ти е на стомакот цело време да ти е на стомак и се мислиш дали некогаш ќе престане...
    Нашиов менталитет е отиден у пм. Ама се надевам ние новите генерации ќе ги рушиме овие предрасуди и вакви глупи мислења
     
    На MeowMeow, Simon4e0507, 1209 и 10 други им се допаѓа ова.
  20. Feniksgirl

    Feniksgirl Популарен член

    Се зачлени на:
    27 јануари 2022
    Пораки:
    8.318
    Допаѓања:
    13.710
    Пол:
    Женски
    Коментарот им е демек намерно царски форсираат во приватните за поскапо да платиш. Не дека царски помалку си мајка. Тоа сите го зборат за приватните, сигурно тоа и мислела “докторката”.


    Јас сум царски на ГАК породена, царски е се, само царски не е. Пораѓај е, меѓутоа забораваат дека е операција во едно, поготово абдоменална, ама да се живи и здрави само, па дали природно или царски, небитно.
     
    На Simon4e0507, Kjara2025, Marijanche33 и 3 други им се допаѓа ова.