Мајчински муабети (не е за барање совети)

Дискусија во 'Бебе' започната од slobodka, 30 април 2016.

  1. Baby warrior

    Baby warrior Истакнат член

    Се зачлени на:
    27 декември 2023
    Пораки:
    2.301
    Допаѓања:
    4.543
    Пол:
    Женски
    Немам коментар сувишно е да се објаснуваме царски/спонтано сите сме станале мајки и тоа е најважно се друго паѓа во вода. Некоја полесно некоја потешко. И јас како @Peperutce6 имав цимерка 10год помлада од мене породена со царски, плачеше 3денови влагаа и излагаа доктори и сестри дење ноќе. Мене призорот за царски после тоа пто го видов кај нејзе ми стана престрашен. Јас спонтано со епизиотомија, можам да кажам цел месец одвај седев/доев/држев бебе се ми е како во магла додуша ама знам дека кога доев се местев на гарнитура некако одвај за да ја надојам и ме болеше ептен. Повеќе од денот гледав да стојам пошто секое седнување ми беше болка. Сепак царски си е операција ако кај мене доле сецнале кожичка која зараснува, кај сите со царски се сечат кожа, ткиво, да се дојде до органите. На крајот, среќни сме што сме се родиле во 20ти век и царскиот го има како опција, си помислувам тажно колку ли само бебиња и мајки не би го преживеале пороѓајот ако не постоеше царскиот рез како процедура ;(
     
    На Suze18992, Aleks.mar, Simon4e0507 и 3 други им се допаѓа ова.
  2. angel4444

    angel4444 Популарен член

    Се зачлени на:
    1 април 2016
    Пораки:
    1.151
    Допаѓања:
    1.568
    Пол:
    Женски
    Викендот кога се породив јас, само јас бев царски во Чаир. Сите што беа природно многу брзо после пораѓај стануваа, шетаа, дури цигари пушеа во вц, кафиња вареа, бебиња носеа во раце, доеја...
    Јас 3 дена не можев да станам и зачекорам од болки, крварење, катетар..дефинитивно нема поболно.
    Само кај мене доаѓаа на 2ч да ми ставаат во инфузија антибиотици, клексани ме боцкаа, за болка..нив јадење во кревет им носеа и си јадеа..
    И буквално сите со сожалување ме гледаа и само ми викаа ајде ќе биде океј ќе пројде брзо ќе заборавиш..
    Што секако не беше така. И дома ме болеше, од вц школка ме стануваа седнуваа првите денови, едвај функционирав и се движев. Ми отекоа нозете после неколку дена, пиев тотхема и боцкав клексани месец ипол отпосле зошто имав изгубено премногу крв. Не ги спомнувам главоболките, болката од раната, болката од спиналот во кичма, вртоглавиците..хорор. Може и мене така ми се погоди да го извлечам подебелиот крај, ама немаше споредба со овие природно што беа..
     
    На Aleks.mar, MeowMeow, Simon4e0507 и 3 други им се допаѓа ова.
  3. Stone

    Stone Истакнат член

    Се зачлени на:
    22 јуни 2024
    Пораки:
    344
    Допаѓања:
    452
    Пол:
    Женски
    Самото тоа што се дрзнале да искоментираат ги прави дека размислувањето им е токму така,затоа што не прашале како си поминала царски туку автоматски ах ти царски.Крајно не ми ги дале они парите за Систина или на било кого па да коментираат.Наместо да се запрашаат зошто родилките сите пари си ги даваат по приватни од стравови во државна.Ама ај на многу теми навлегов.
     
    На MeowMeow, Simon4e0507 и Надеж♥️ им се допаѓа ова.
  4. Feniksgirl

    Feniksgirl Популарен член

    Се зачлени на:
    27 јануари 2022
    Пораки:
    8.318
    Допаѓања:
    13.710
    Пол:
    Женски
    Тоа е точно, сакав да ти доловам зашто така искоментирала.
    Еве јас на државно без врски, преубаво си поминав, исто царски.
     
    На Simon4e0507 и Stone им се допаѓа ова.
  5. angel4444

    angel4444 Популарен член

    Се зачлени на:
    1 април 2016
    Пораки:
    1.151
    Допаѓања:
    1.568
    Пол:
    Женски
    Што сакате кога вујна ми сегде кажувала: Ете, сите лигли се научиле сега царски..не си мајка ако не издржиш природен пораѓај..како после дете ќе гледаш, неспособни :worried: само зошто во мојата поширока и потесна фамилија, само јас сум царски породена. И тоа со карлично бебе, 2 пати замотано со папочна околу врат.
    Нема везе, ми пренесоа сите за јадењето го*на, ја викнале шо ја викнале на мекици и јас кажав да не ја видам веќе. Нит мене нит бебево 15м не го видела никогаш :rofl: Пишан и е крстот :tmi:
     
    На Aleks.mar, MeowMeow, Simon4e0507 и 5 други им се допаѓа ова.
  6. QweenSM

    QweenSM Форумски идол

    Се зачлени на:
    18 декември 2013
    Пораки:
    5.643
    Допаѓања:
    35.465
    Пол:
    Женски
    Природно се породив.
    Како за прворотка поминав релативно брзо, помалку од 12ч од првата контракција, до самото излегување на бебе.
    Епидурал ставив да ми олесни , не фати. Имав пукање од прв степен. Не ми ставија анестезија за шиење, доста болно ми беше. Иако нели, не дојде до сечење туку испукав, и најблагата форма.

    За вас породени царски, едно имам да ви кажам, а тоа е капа доле.
    Воопшто не е процедурава ,,царски” . Секој кој што ќе каже дека е тоа eazy way out, ми се иди да му залепам шамар.
    Да, немам осетено да зборам, ама немора да имам осетено за да знам дека после операција е премногу тешко. А на сето тоа, добиваш новороденче кое чека на тебе.

    Нема лесен пораѓај.
    Само има вакви да не речам, ама ќе речам ,,прости” размислувања.
    Па и коментарот ако доаѓа од жена ми е уште по трагично.
     
    На MeowMeow, Ladyme, Надеж♥️ и 3 други им се допаѓа ова.
  7. naturally

    naturally Популарен член

    Се зачлени на:
    15 февруари 2012
    Пораки:
    1.868
    Допаѓања:
    4.803
    Јас редовно добивам прашање дали дојам, па кога ќе речам “да” следи “браво, браво”. А, ако не доев? Нема “браво”?
    Толку ми е глупо прашањето, не знам ни како да избегам да одговорам.
    Се породив во приватна природно, прелесно. Толку лесно, а сепак на помислата сфаќам дека ништо не е лесно.
    Прашањето како си породена и дали доиш од стручни лица треба да се поставуваат само од информативен карактер, без глупи реплики ама толку е IQ-то …
     
    На Aleks.mar, MeowMeow, Simon4e0507 и 12 други им се допаѓа ова.
  8. angel4444

    angel4444 Популарен член

    Се зачлени на:
    1 април 2016
    Пораки:
    1.151
    Допаѓања:
    1.568
    Пол:
    Женски
    Не, уште посмешно е прашањето: А уште го доиш??? Аман бе голем е до прво ли ќе цица :rofl:
    Викам, а твои се цицките или мои?
    Штама :bandit:
     
    На MeowMeow, lady1987, DELFINA81 и 7 други им се допаѓа ова.
  9. MariaBouli

    MariaBouli Истакнат член

    Се зачлени на:
    26 јули 2024
    Пораки:
    1.079
    Допаѓања:
    1.700
    Пол:
    Женски
    Матичната си ја обожавам, цела бременост зборев колку е non-judgemental затоа што претходната што ја имав мислам дека психички се оболев од неа.

    И сеа баш пред скоро конечно бев на преглед и кога и кажав дека со царски една таква фаца ми направи се разочарав дури. А по контекстот ја сфатив дека не дека мене ме криви туку тој муабетот дека во приватна обавезно те пораѓаат царски ама многу се разочарав.

    А секој трет ден имам грижа на совест зошто непробав со провокации и се обидувам да не мислам на тоа ама така ќе улета некој ќе ме срамни со земја да го мислам пет дена по ред
     
    На Baby warrior му/ѝ се допаѓа ова.
  10. QweenSM

    QweenSM Форумски идол

    Се зачлени на:
    18 декември 2013
    Пораки:
    5.643
    Допаѓања:
    35.465
    Пол:
    Женски
    А мене кога ќе ме прашаа ,.доиш”? и кога ќе кажев не, одма му се менува фацата и така пропаднато ,,аа од шише пие” . :D
    Крај на светот е од шише дека пие, немајка пу.
     
    На lady1987, Simon4e0507, Puffy2019 и 3 други им се допаѓа ова.
  11. naturally

    naturally Популарен член

    Се зачлени на:
    15 февруари 2012
    Пораки:
    1.868
    Допаѓања:
    4.803
    Не бе од чаша пие |(
     
    На Simon4e0507 му/ѝ се допаѓа ова.
  12. Peperutce6

    Peperutce6 Истакнат член

    Се зачлени на:
    29 април 2025
    Пораки:
    628
    Допаѓања:
    2.596
    Пол:
    Женски
    Значи ние што даваме од шише ич не не бива:D:D , кога ќе слушнат одговор да ако доиш тоа е за восхит. А вака... Па добро тоа е ќе порасне секако бебето

    Туку, денес конечно се спротиставив за нешто што ми смета. Доаѓа баба му на мм и ја слушам цела затната таква збори. И трга да ја земе бебка, и викам не ја зимај настината си вчера прими вакцина треба да ја пазам.
    Луѓе како се налути, стана лупа врста искача од соба. Доаѓа мм од работа и одма му кажала како сум безобразна и не и го давам бебето да го чепка, он секако на моја страна.
    Не знам зашто морам да се расправам за вакви работи кои се комон сенс ама веќе не можам да попуштам на личности кои не ме почитуваат мене а не се ни грижат за здравјето на бебето.
     
    На MeowMeow, Simon4e0507, Надеж♥️ и 8 други им се допаѓа ова.
  13. BellaBibi

    BellaBibi Форумски идол

    Се зачлени на:
    15 јануари 2021
    Пораки:
    8.028
    Допаѓања:
    25.034
    Пол:
    Женски
    Мене вујна ми , ми кажа е како ќе осетиш дека си станала мајка , ако не родиш природно? Викам , па ај да умрам ако не оди природно. И фаца ми направи женава, па као тоа е.
    Викам дали се слушаш што збориш?
    Ќе се породам на начин, како што докторите ќе сметаат дека е бајбезбедно за детето и за мене.

    Се породив природно. Брзо, лесно, ме сецнаа. Па ми пукна раната после 5 дена, па пак шиење.
    Ама сите до една сме МАЈКИ!
     
    На MeowMeow, lady1987, Simon4e0507 и 8 други им се допаѓа ова.
  14. Ladyme

    Ladyme Популарен член

    Се зачлени на:
    8 август 2020
    Пораки:
    2.418
    Допаѓања:
    5.015
    Пол:
    Женски
    Ќе сменам пункт, демек поблиску ама два пати спцијализанти ја гледаат и се гледаат незнаат како да и пресметаат дека е прематурче кога да дојдеме, еднаш од школска оваа настинатава, само еднаш беше докторкава што е тука демек поискусна.
    Сестрами вика во јане сандански се со маски, и за родителите имало знак. Па може таму ќе идам следно. Ќе земам од тука картонот
     
    На Baby warrior му/ѝ се допаѓа ова.
  15. Ladyme

    Ladyme Популарен член

    Се зачлени на:
    8 август 2020
    Пораки:
    2.418
    Допаѓања:
    5.015
    Пол:
    Женски
    Јас болката некако мн поинаку ја почнав од сала уште со сечењето што го осетив , па после пораѓај тоа што осетив мислам полошо незнам дали има таква константна болка а тело врие, што не помагаше ништо од 12 до 5 сабајлето будна липам плачам тивко да не разбудам жените на пин. Па јас сега да би бирала да можам и да е се океј со дете никогаш царски не би одбрала. Па мислев црева на секое ми се истураат и до 30 дена болка. И незнам како пред некое време со бебе на мене и да станам, така лошо станав така болка ми дојде во царскиот како првите денови.
    До мене имаше девојче со природен пораѓај, тежок испукала па ај тоа.. не виделе срасната плацентата за матка повлекол докторов почнала да крвари па ја успале и ја средувале, шиеле, па плазма примала итн. Девојкава трчаше трет ден и беше, вика првиот ден после кога се разбудив уморна бев, ама како јадев ми дојде сила супер сум. Бебе од сабајле до вечер тука. Мене ми помагаше :l:многу сум и благодарна кога замина плачев една вечер бевме заедно ми даде чоколадце :l:
    Јас едвај отидов дома... све сама се спремив и мм влегол набрзина им рекол женами да ја земам иначе не пуштаа и ми облече чорапи и патики и едвај по скали лифтот не работеше. Хаос хаос ме потсетивте со муабетиве. Се штрекав во сон до пред некое време дека сум на операционата маса. Жена било како да раѓа, родена за мачење. Цела бременост е тежок процес па и здравствено мислам мене ме истроши и влоши. Циста на града, циста и чвор на тироидната, песок на жолчката и напад на жолчка добив, Од лежење кичмата и коленава. Толку на мм му викам најди друга за друго дете. :bandit::fubar:
     
    На Simon4e0507, Kjara2025, Baby warrior и 5 други им се допаѓа ова.
  16. dummy

    dummy Истакнат член

    Се зачлени на:
    21 август 2024
    Пораки:
    678
    Допаѓања:
    983
    Пол:
    Женски
    Јас сум од тие баксузите што осетив ужасни болки и тргнав природно да се пораѓам но по 12 саати завршив на царски (по мое барање пошто веќе не можев да издржам и среќа имав опција да барам). Во Систина бев ама без анестезија и мене стварно ми беше претрауматично целото тоа патешествие и дур се отварав и после со царскиот. За среќа па брзо застанав на нозе ама дефинитивно бев бајаги млитава едно недела дена. Така да и едното и другото е мачно, и со едното и со другото се станува мајка и мене барем стварно не ме допираат коментари дека ми било лесно дека сум била на царски, јас си знам кој стрес го претрпев. Здравје боже ако раѓам второ би идела на закажан царски пошто сепак не ми беше многу тешко опоравувањето ама тие болките, прегледите со рака и отварањето не би можела пак да ги трпам.
     
    На Simon4e0507, Tulip023, Puffy2019 и 4 други им се допаѓа ова.
  17. happygirl

    happygirl Форумски идол

    Се зачлени на:
    27 јули 2010
    Пораки:
    4.913
    Допаѓања:
    25.502
    Пол:
    Женски
    Природно се породив и со двете деца, со синко првиот пат за 3ч се заврши, многу брз и лесен пораѓај имав. Со бебка сега се породив за 12ч, малку се помачив. Од се, најболни ми беа прегледите со рака, болките ги трпев ама кога ќе дојдеше докторот да ме провери до кај сум отворена ауу...

    И со двете деца, после 3ч од пораѓај сама станав, отидов во вц, и нормално функционирав, иако бев шиена и со двете. Имав цимерка со царски, девојчето ни можеше да јаде, ни да станува, со катетер 24ч, многу и се лошеше.. сепак е операција,и никогаш не би избрала царски пред природен пораѓај ако е до мене. И покрај тоа што надвор од Ск, по болниците така не пораѓаат без анестезија нормално.
     
    На Simon4e0507, 1209, naturally и 3 други им се допаѓа ова.
  18. QweenSM

    QweenSM Форумски идол

    Се зачлени на:
    18 декември 2013
    Пораки:
    5.643
    Допаѓања:
    35.465
    Пол:
    Женски
    Аууу жени прегледите со рака се :x
    Секогаш кога доаѓаа да ме проверат со рака ги молев да биде веќе последен пат.
    Сеа не сакам да исплашеме некоја идна мајка ама мене лично тоа ми беше хорор .
     
    На Simon4e0507, happygirl и naturally им се допаѓа ова.
  19. LaTama

    LaTama Истакнат член

    Се зачлени на:
    1 октомври 2019
    Пораки:
    690
    Допаѓања:
    789
    Пол:
    Женски
    Јас сум породена царски и уште ми е непоимливо кога некоја со царски ќе ми каже супер поминав. Јас иако се пораѓав во приватна ми беше претрауматично можам да замислам во државна знаејки ги нашите услови. Првото станување ми беше премногу болно а имам висок праг на толеранција на болка. Неможев до тоалет да одам, неможев да седнам на тоалет, неможев да се исправам, да се свртам во кревет...незнам зошто толку трауматично ми беше но и дома кога ќе се сетев плачав што поминав. Кога ќе се сетам сега на се не сум сигурна дали би одела на второ.
    А такви прости муабети за мајка и немајка ги игнорирам, јас си знам дали сум помалку мајка оти сум породена царски
     
    На Simon4e0507 и angel4444 им се допаѓа ова.
  20. dummy

    dummy Истакнат член

    Се зачлени на:
    21 август 2024
    Пораки:
    678
    Допаѓања:
    983
    Пол:
    Женски
    Стварно најужасно ми беше на тие. Јас за викенд се порагав и персоналот некако беше напет сакаа побрзо да ме породат па мислам и форсираа малце на тие прегледите за да се доотворам побрзо.. кошмари имав после тие ужасни брцања..

    Стварно не ми е јасно како во 21ви век се уште прегледуваат на таков начин, до толку да не му текне на некој да измисли нешто понормално
     
    На lady1987 и Simon4e0507 им се допаѓа ова.