На гак се учеа на мене специјализанти.. др Адела беше баш и ме проверува една ме расчепка и Адела и вика чекај ја сама додека не видам и она ме чепка пак. Бљакккк тоа е најлош дел. Мене прегледите со рака и бебе кога ми ги разрани брадавиците ми се нешто најболно до сега.
И 'најнемајката' на свет ако е породена природно, се' и се простува. Царски ако е, фрли таму тоа не го бива да воспита некој. Породена царски пред двеипол години, 11та недела сум со второ. Ако е се' како првиот пораѓај и опоравок ќе бидам најблагодарна и најсреќна. Осетив и прегледи со рака и вагинална провокација (што и да беше) и венска провокација и болки до 100 ама ете требало да излезе од стомак.
Јас само еден имав пред да ми стават епидурал, после не осеќав болка ама некако непријатно чуство е. Врвот на непријатност ми е пукањето водењак со тој долгиот инструмент.
Прашав Докторка што работи во Битпазар вакцинален пункт блиска ми е вика може каде сакаш да примиш вакцини. Само во главната книга кај што си внесен да донесеш податоци да се внесат.
Леле кај ме потсети на пукањето на водењакот со тоа металното… мислам ќе умрев тогаш, почнав да ја буткам докторката да стискам нозе преболно ми беше
Немав болка пошто епидуралот си работеше, ама се стегнав целата. Стигнав на болница 6-7 прсти отворена, така да добро што не ми пукнал дома пошто веројатноста да се породев во кола беше голема.
Одам пред некој ден на педикир, девојкава што ме работи има детенце мало исто и ме прашува како е бебето. Еј викам супер твоето како е. Ми вика добро леле еве ја одбивам од цицање одвај чекам да ми олесни. Викам еепа добро дошло ред нели. Ми вика а ти доиш? Викам да. Ама комбинирано со ад? Викам не ексклузивно. Ме погледнува и ми вика - будала, да не можеш да мрднеш до 2години. Јас останав засрамена од тоа што она го кажа Викам а зошто така викаш? Ми вика, абе не прај грешки како мене до 2години да доиш мн е мачно и не можеш да мрднеш нигде без детето. Ок, си заќутев и се насмеав културно. Во себе до крај на педикир си размислувам тивко, од опционални просечно 70години што би требало да ми ги даде Господ да поживеам и да поминам најразлични искуства на земјава, јас да не можам да се помачам да си го дојам детето додека имам млеко и тоа има интерес… штознам заклучокот ми е дека е себично. На крај краева и ние што доиме оставаме замрзнато млеко па татковците го даваат од шише кога ќе излеземе - за се има опција само да се сака!
Исти “совети” добивам, или за да спие цела ноќ ад да сум давала. Немам ми замрзнато и искрено во овие 7 месеци не сум имала желба повеќе од сат и пол да сум излезена од дома, не знам ми фали да видам што прави. Планирам до година да дојам и после да го одбивам, дали полека или наеднаш ќе решам тогаш до 2 години нема шанси да издржам. После годината ни АД не му треба ако не сака, а нема да сака имам пробано се гади од вкусот.
Себично е ако ти е мачно? Ти ја разбирам љубовта ама не гледам причина дека мене ми е себично што ќе ја одбијам зашто ми е премачно. Мислам лошо од страна на девојката, ама сега исто и ти правиш… осудувајќи те она тебе, ти ме осуди мене.
Таман сте за одбивање , направи годинка? Длабоко во мене некогаш едвај чекам да го одбијам иако ќе ми е жал, знам.
Да, сега ќе прави годинка. Со не знам кои сили и со тешки маки психички одвај, ама одвај ја дојам. За жал моето бебе не прифаќа никаква течност освен моето млеко, што ми прави уште полошо да се осеќам психички и ќе викнам трубачи кога ќе ја одбијам.
Истиов муабет го слушам од другарки кои сеуште немаат деца. Кога кажувам дека го дојам пред нив дури и незгодно ми паѓа од муабетите што следат. Една од нив е толку многу убедена дека со Ад е полесно и дека дете спие по цела ноќ што дури и кажува дека од старт ќе му дава и дека нема ни да се обиде да го дои. Јас немам ништо против Ад, дури и од болница не пуштија со препорака за дохрана, но самата помисла на начинот на подготовка, стерилизирање шишиња, па на 3 часа да се дава а дете плаче некако ми беше хаотично и вложив мнооогу напор за да го дојам и сум пресреќна што еве веќе 4 месеци сме на ексклузивно доење.
Не бее таман работа, цела година доиш како себично. Можда лошо сум пишала… себично во однос на нејзиното размислување демек не можела да шета дека доела од сиите 70години што ќе ги проживеам здравје боже баш оваа една година - ете и две да не можа да прошетам јас во мојата глава сакам да дојам до првиот роденден ќе видам како ќе бидеме зошто и сега на 5месеци водам тешки борби и ич не ми е лесно доењето ама сум страшно упорна. Нема да навлагам во поединости ама ако сакаш може да пишеш што е мачно чисто да споредам дали моево мачно е слично и ја се префорсирувам знам дека сум напната, онака сакам да слушнам сегменти на мачно, да видам дали се тоа поминувам или има и полошо
Јас првиот месец му давав АД, после комбинирано и после само доење, и верувајте дека со две раце потпишувам доењето е полесно кога ќе го навикнеш. И попрактично. Мене толку ми беше омрзнато тоа стелизирање, тоа миење, тоа мерење…значи уф и сега кога ќе помислам ми се темни, а немав проблем детето одма прифати шише, пиеше од секакво, до голем знаеше чат пат АД да пие, поточно после 4ти месец кога го чуваа моите во ретки ситуации му даваа АД , никогаш не се молзев оти и тоа ми беше мачно. Можев да продолжам да давам АД и никогаш да не се трудам да се научи, значи месец дена не цицаше, сама не знам како после ми дојде млеко жими се, ама почна да цица и ми олекна кога постепено исфрлив АД. Од една страна зошто знаев дека доењето е најдобро за него, од друга оти ми беше лесно да извадам града кога и да треба да го смирам. Со тебе си ја носиш храната, нема полесно. И сега е 2.8м и уште цица пред спиење…цело време се наканувам да го одбијам и уште не дошол момент. Искрено некогаш се срамам да кажам пред луѓе дека уште дојам, имаат сите некои предрасуди, иако знам дека нема потреба тоа е мој избор, сепак не ја отворам темата освен со најблиски. Инаку дојдов да се пожалам дека ништо до сега не ми било мачно толку во мајчинството како оваа фаза на убедување за облекување…ужасно мачно ми е секој ден да се убедуваме за пресоблекување за тргање пелени за облекување…секое излегување завршува со јас пред врата и спремна да тргнам, а он гол во двор плаче по мене да не го оставам. Знам дека е погрешна тактика, знам дека му правам траума ама немам веќе живци оти пробав се и не можам да најдам финта што ќе ми олесни. Исто многу викам по него во последно време. Не барам утеха само сакам да си кажам дека сум свесна и не знам како да си помогнам. Ама сама со него по цел ден и цела ноќ го вади најлошто од мене. Маж ми откако си отиде пак, детево исто како првата недела кога отиде, бес и лутина, пробам да бидам тука за него, да збориме, да го тешам ама му паѓа многу тешко. Едвај чекам да се преселиме, знам дека ќе биде голем, огромен предизвик ама немам сила ова сама да го правам. За добра ноќ ја обрнав цел куќа бараајќи два дела од штрафцигер кој заборавив да го скријам и прееска го дофатил и го фатив како игра со него и мислев дека ги голнтал, а тие такви остри мали и со магнет се. Саат и 40мин ги барав и испаничов стотка. Ги најдов среќа, ама маж ми го пцував цело време во себе и на глас додека ги барав оти не ги зема со него. Неповрзан муабет, ама не знам ни кај сум ни што сум.
Имам Емед пингвинче веќе 5та година. Бучен е, како трактор ми е, ама сирот колку е утепан од користење не е свесен и одличен е се уште. Во поглед на квалитет нема да згрешиш. Моите земаа такво безжично и баш го гледав супер е. Претивко, само пареата што излегува се слуша. Ми беше чудно дури, не се тресеше цела куќа. За што и да одлучиш најбитно е да видиш колку резидуална течност од лекот останува во садот по инхалацијата. Секогаш останува дел, ама еве со Емед имам искуство и е нешто минимално, пишуваше точно колку. На упатството на безжичново уште помалку пишува дека останува (и од око се гледа дека една капка буквално е останата).
Колку често цица? Те прашувам бидејќи мојава конечно се распи вода кога ја сведов на 3 подои во 24 ч.
Еден многу добронамерен совет, ако си решена дека сакаш да одбиеш, одбивај сега, секој нареден месец ќе биде се потешко и потешко, додека не разбираше можев да пресечам и ќе плачеше три дена можеби и толку. Сега разбира и не сака да прифати дека е толку, па станува екстремно тешко да се направи.
Ова не е пост со кој се жалам, само споделувам, за да ти доловам што сака да каже жената. Дојам веќе 16м. не одам на работа, беба цица кога сака. Breastfeeding on demand. Единствен слободен момент ми е кога мм ќе ја прошета саат време до љуљашки, а тоа е ретко зошто оди во 3 смени. Бебка не јаде од што сака да цица цело време, цуцла не прифати, шише не прифати. Има делумна интолеранција на лактоза, т.е. смее само домашен кефир, абц и кашкавал. Исхраната и е лимитирана, а и мене, зошто и влијае. Кој што прави, цице цице... Денес беа да шетаат, пола пат се дерела Оде мама цицее! Навечер спиеме на кревет, цицка цуцла... престимулирачки... особено сеа 5 заби одеднаш и никнуваат. Ако ти прифаќа шише и може мт да и даде, топ. Но постои и друга страна од приказната која еве, се надевам ти ја објаснив. Доењето е преубаво, ужива бебка, уживам јас, несакам да го употребам зборот, но... жртвување е чоече. Или јас сум претерала незнам.