Мајчински муабети (не е за барање совети)

Дискусија во 'Бебе' започната од slobodka, 30 април 2016.

  1. Feniksgirl

    Feniksgirl Популарен член

    Се зачлени на:
    27 јануари 2022
    Пораки:
    8.318
    Допаѓања:
    13.710
    Пол:
    Женски
    3-4 пати. Никако не сака, ама никако. Се пробав, следно е сол во храната малку да ставам. А супер јаде, ама течност…
     
  2. Yowannty

    Yowannty Форумски идол

    Се зачлени на:
    28 ноември 2012
    Пораки:
    11.719
    Допаѓања:
    186.677
    Пол:
    Женски
    @Baby warrior најбитно од се е, како ти ќе си го врзеш умот околу доењето, па и се друго останато потоа. Може да ти биде претешко или уживање или чисто хранење на бебето. Јас многу мразам да готвам. Почнав кога родив прв пат. Не мислам да ги префрлам на џанк фуд само оти мене готвењето ми е жива мака. Некои утра после престимулирани денови и ноќи едвај од кревет се извлекувам, ама нема сигурно да ги оставам сами да се снаоѓаат пошто мене не ми е до ништо денот. Овие денови секое утро ми е такво. Сакам да ти кажам, се може да е тешко или лесно, зависи дали ти сметаш дека е нешто битно за вас и му даваш доволно значење и сакаш да го правиш тоа. Лично ме нервира зборот жртва. Не бараа да се родат, ги родив пошто јас и мм сакавме, не за да се жртвувам за нив, туку да правам се што ќе биде потребно оти знам дека така треба. Многу е битно како ти самата ќе се поставиш за било што, пошто мачно ќе ти биде едно нешто денес, утре друго, задутре трето и само нешто ќе те мачи. Или ќе сфатиш како треба да е и ќе го доживуваш поинаку. Општо, зборено. Дои и уживај. Ти веќе си ги поставила приоритетите на начин на кој сметаш дека е битен за вас и затоа секогаш ќе ти бидат исклучително глупи одредени изјави.

    @MariaBouli ги имав истите стравови како тебе. Со тоа што свекрва ми е голем дечар, така нежно збори, знае како, а мајка ми ем далеку ем ниту знае со деца, ниту е дечар ниту ништо. Не беа стравови пер се, колку што во себе осеќав по малку криво за тоа. Ама еве деца се поголемки сеа, со двете баби се во одлични односи.
    Мајка ми за дивно чудо не е онаа невротична мајка што мене ме порасна, секогаш потресена да е се под конец, да е тивко, средено и сл. 3 месеци беше кај мене целосно посветена на децава, од детска кај нив не излезе, 3 месеци не најдовме еден саат да седнеме муабет да направиме со неа. Се изнаигра. На вибер се редовно на камера и тоа е тоа. Свекрва ми е постара и веќе не може толку. Ама им пружа внимание колку што може. Летово и мене сакаше да ми помогне и да почува бебе, оно за грев цело слизнато во раце едвај го држеше, ама фала и секогаш кога ќе го подржеше. Ми беше и малце криво дека децата ќе го сакаат девер ми поише, плус тој исто има деца, а јас со брат ми во заладени односи и тој не многу заинтересиран. Ама девер ми воопшто не се потруди околу нив. А брат ми денеска го обожаваат и двајцата. Нон стоп се на телефон со него, го чекаат после работа да им се јави и само договараат што ќе праат и кај ќе одат на шетање кога ќе се видат. Повеќе од девер ми, се труди другар на маж ми. И него го сакаат многу. Кога да ги види одма ги зема ги фрла во воздух, ги растресува одма ги зеза, се бркаат, тој иако има 2 девојчиња поголеми од моиве со сите 4ца на под си игра, ги занимава и децата просто го сакаат. Квалитетна врска се гради иако не сте блиску. Сакам да ти кажам да не се секираш, детето ќе си осети само од каде доаѓа вниманието, а нив им значи некој да им е посветен и да им пружа внимание без разлика блиску или далеку.
     
    На Mumoftwo30, MeowMeow, Puffy2019 и 8 други им се допаѓа ова.
  3. Feniksgirl

    Feniksgirl Популарен член

    Се зачлени на:
    27 јануари 2022
    Пораки:
    8.318
    Допаѓања:
    13.710
    Пол:
    Женски
    Види, сите различно доживуваат работи, за нејзе затворена дома е премногу, мене лично не ми е до шетање ама затворена дома ми смета психички. Може тебе ти е најубаво чувство на свет доењето, некој му е најлошо. Јас сум од тие што им е најлошо. И се тоа е океј, зашто не е себично, не сме сите исти. Не сметам дека доењете е најдобро за моето дете, сметам дека моето дете треба да е среќно и задоволно а и јас со него, па и на ад нека е. Се прават предрасуди дека доењето е најдобро и сите што не дојат или дојат со сила а не уживаат дека се себични. По кои тоа правила е така?? Затоа ти го почитувам ставот да доиш, ти правиш како што мислиш дека е најдобро за твоето дете и тоа е најбитно и ничиво овде или на било кој мислење, полно со предрасуди како на поединци, не треба да ти е битно. Поготово па утре кога ќе ти стане тешко и ќе прочиташ овде дека ти си таа што си замислуваш дека е тешко… те молам одрипни го и прави си како душата ти сака.:l:
     
    На BellaBibi, Ena05 и Baby warrior им се допаѓа ова.
  4. Carolin.

    Carolin. Форумски идол

    Се зачлени на:
    1 декември 2014
    Пораки:
    3.612
    Допаѓања:
    20.285
    Пол:
    Женски

    Јас доев 16 месеци, прво реков до година максимум после бебо имаше 5-6месеци и на лекар од здравствени приличини ми рекоа до година макс да го одбијам за да видиме што понатака. Јас одложував од што сакав да цица, а се намачив за да дојам со царски, па немав млеко дома се молзев после 12-15дена почна да биде скроз на доење, сакав успеав не беше лесно. Ама го одбив кога ми дојде преку глава од тоа да му бидам цуцла секаде. Цуцлата на 6месеци ја плукна и да не ја види, шише одкако зема да цица не сакаше да види со сламка од 7 месеци пиеше. Јас му ги тргав подоите постепено, прво преку ден па пред дремката на пладе, пред спиење ноќе сам не сакаше кога се научи без доење да заспива и останаа тие ноќе.. е ноќе јас бев цуцла нон стоп. Ем дете што јаде се, ем ноќе не се делеше од мене, јас не наспана, нервозна.. пресеков едка вечер и не дадов. Имаше плачки ама не беше страшно. Според мене доволно беше иако имаше коментари мал е греота, а кога ке речев дојам, ее голем е веќе доста му е. До вчера беше голем сеа е мал.. на луѓето никако нема да им се удоволи, гледајте вас да ви е убаво.

    Доењето е есно прекрасно искуство, од една страна лесни но истовремено не е воопшто лесно, имаш млеко, немаш млеко, ноќ, ден, мастити, чуда. На крајот од денот јас викам фала богу што има АД иначе што ке му правев 2 недели на детево јас без млеко, а дете плаче гладно.
     
    На Hinebrra, Despinaa, Kjara2025 и 3 други им се допаѓа ова.
  5. Baby warrior

    Baby warrior Истакнат член

    Се зачлени на:
    27 декември 2023
    Пораки:
    2.301
    Допаѓања:
    4.543
    Пол:
    Женски
    Се сложувам апсолутно со се погоре. Моето бебе е мало и уште ми е назад работата. Знам дека ме чекаат уште мн борби :) моето фаќа и шише и цуце па тој момент не сум го размислила никогаш. Во секој случај најбитно на крајот од денот ни е децата да ни бидат најадени и насмеани :inlove:
     
    На Трагедијаупмм, MiloMalo и Feniksgirl им се допаѓа ова.
  6. Miss_S

    Miss_S Популарен член

    Се зачлени на:
    11 февруари 2022
    Пораки:
    3.985
    Допаѓања:
    8.250
    Пол:
    Женски
    Ниту на Ад е толку страшно кога ќе влезеш во шема, ниту е вистина дека на Ад преспиваат цела ноќ или со кравјо кога се поголеми. Да, повеќето преспиваат ама знам и случаи кај што и на 4 годишна возраст станува ноќе веројатно од навика за млеко.
    И случај кај што е на Ад и спие цела ноќ без будење од 9-10 месечна возраст.

    Конкретно за Ад, ни нешто тешко ми се видело, ни мачно. Дозите поделени во дозер, вода во термос. Дете се научи од одма да пие и потопло и млако и ладно, не се замарав дека морало 37 степени или не знам колку да е.
    Стерилизација - имавме неколку шишиња, ни ноќе сум станувала да стерилизирам, ни ништо. Во текот на денот како имав време, ставав во тенџере да провријат неколку минути или само со зовриена вода попарував и толку.
    Моево е дете што веднаш пиеше млеко така да и сега со јадење и со млекото повеќе од 5 минути за млеко и 10тина за оброк, не сме седеле на маса. Не знам за доење како би било и не можам да споредам ама еве во моментов имам другарка со 5месечно дете, која вика дека барем 6-7 часа во деноноќие е детето на града. Дали за цицање, дали мазење, што мене ми личи како премногу време кое не можам да си го дозволам само во едно место да седам и со таа една активност да сум.

    За коментари ќе има секако, дали природно, дали царски. Дали доење или Ад. Без разлика што сме и ние мајки, секако и во одреден момент до некоја друга мајка сме упатиле или барем во најмала рака сме помислиле на нешто осудувачко. Нека е и најбанална работа од типот детево е преголемо за количка или многу облечено, а надвор е топло итн.
     
    На Simon4e0507, Carolin. и Ena05 им се допаѓа ова.
  7. Peperutce6

    Peperutce6 Истакнат член

    Се зачлени на:
    29 април 2025
    Пораки:
    628
    Допаѓања:
    2.595
    Пол:
    Женски
    Добро јутро мамаситки 8)Еве јас 2 ипол месеци е малото ама не ја дојам. Господ знае колку би сакала да ја дојам, и имам млеко. Се измолзувам цело време и тска и давам, во фриждер имам едно 40 кесички по 150мл.. Кога ќе немам више млеко да и давам.
    Е сега , јас стварно пробав се за да фати цицка, ама длабоко во себе кога пробував ми беше страв и дури потајно посакував да не фати. Себично или не од мене, тоа е вистината.
    Што ако фати па мене како ќе ме боли пак, пак маститис, пак рани, пак крв, пак цели парчиња од брадавицата да паѓаат. Јас имам многу лошо искуство со доењето.
    И ден денес пробувам да ја ставам, се нервира, плаче, нема на што да фати и и се лизга.
    За мене многу полесно би било да ја дојам, со мене си е млекцето.А вака , многу е мачно.
    Стерилизирај пумпи, шишиња.. Ужас.
    Пак викам супер што имам, додека имам ќе давам и што све пробав џабе, полесно и е на шише и тоа е тоа. Шишиња, витамини да пијам јас, консултанти, посебни цуцли.. На крај на денот нахрането дете е среќно дете:) Дали од цице дали од шише , дали мајчино или АД. Битно е да не е гладно. А и доењето и хранење од шише си имаат свои потешкотии..
     
    На Simon4e0507, Spidy, Feniksgirl и 2 други им се допаѓа ова.
  8. Надеж♥️

    Надеж♥️ Истакнат член

    Се зачлени на:
    4 ноември 2024
    Пораки:
    350
    Допаѓања:
    798
    Пол:
    Женски
    Јас кога ми кажаа дека ќе мора царски да ме породат единствен страв ми беше дали ќе имам млеко дојам дека покрај желбата да се породам природно што џабе ете имав желба многу сакав да дојам и да ја почувствувам таа врска што не значи дека тие што се на АД ја немаат почувствувано. Преубаво чувство да иако некогаш си викам амаан кога бара почесто и брадавиците веќе ме болат и ноќеска кога мора да го држам на града а душата ми спие, а тек смо почели 3м е. Некогаш си помислувам полесно би било ако е на АД пред некој ден во кафич мајката извади шише ад го направи на лице место и си го нарани детето иако не ми е проблем во јавност да дојам се покривам со пелена и тпа е тоа. И мене ми е план до годината да дојам можеби некој месец плус додека се одвикнеме оти ќе морам на работа да почнам и него да го пуштам во градинка. Секој е со различно размислување, со различни чувства. Мое мислење е дека фазла од година доење нема некој бенефит голем од млекото бидејќи детето си јаде а и хранливоста нс млекото е намалема како што знам поправете ме ако грешам. Како и да е како што кажа пеперутче битно е децата да не ни се гладни и да имаат среќни мамички само така и тие ќе бидат среќни
     
    На Simon4e0507 и Ladyme им се допаѓа ова.
  9. Elly989

    Elly989 Истакнат член

    Се зачлени на:
    8 март 2024
    Пораки:
    671
    Допаѓања:
    426
    Направи и бисквити со млеко. Ќе зажедни од шеќерот :D
     
    На Feniksgirl му/ѝ се допаѓа ова.
  10. merriel0

    merriel0 Истакнат член

    Се зачлени на:
    3 ноември 2023
    Пораки:
    1.664
    Допаѓања:
    3.306
    Пол:
    Женски
    Ау, да не почнуваме со коментарите, навистина се без осет луѓето. Па и блиски роднини... среќа на време им кажав дека до матура ќе ја дојам, сака да цица детево xD

    Ама мојава многу сака да цица, неможам да опишам како вришти коа не и давам цицка... изглеа треба да стегнам заби, или преку ден да скратам или навечер... :worried:

    Јас царски бев породена, млеко имав од прв ден :?: Мака не видов со маститис, неколку пати само запуштен канал и еднаш блистер имав, цел сусам ми искочи... Ама јас пола бременост гледав, читав и се едуцирав за доење и баш онака бев спремна. Барем со тоа се гордеам со себеси.:wasntme:

    Арно ме потсети, заборавив, а јас имам здравствен проблем што треба да го решам пред бременост, а планирав тандем доење па затоа не сакав да ја одбивам... :x

    :bandit:
     
    На Izzy_0504, Carolin., Autumn Love и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  11. Ladyme

    Ladyme Популарен член

    Се зачлени на:
    8 август 2020
    Пораки:
    2.418
    Допаѓања:
    5.013
    Пол:
    Женски
    Бејби мислам дека како мене што ми е мачно да влечам сегде лименки шишиња, дозерки. Да мијам стерилизирам. Така кога ќе дојде период за работа па има деца ни цуцла не фаќаат, цела вечер да станува да цицне буквално ти будна сабајле на работа треба да се иде . Сега секоја работа има различна тежина ама секако немање сон влијае врз хормони, расположение, буквално стануваш конфликнта личност, све те нервира. И сметам дека не треба ако се нарушува здравјето на мајката да иде против себе. Плус тоа дете јаде све на година.
    Колешка премногу млеко имаше, да мора во канцеларија, па на терен по аптеки во вц да иде да се молзи за да не направи мастит.Само грутки и се правеа... И денеска збориме двете идеме на базар она виена и викам леле шишиња млека све треба да влечам ти барем со тоа не се мачеше, вика ама до 2години мн мака сум поминала и неспиена и нервозна сега со овој памет би ја одбила на работа кога се вратив на 11 месеци.
    Сега да не е човек на работа и да има време може да не е толку тешко да се продолжи и после тоа, ама колку се продолжува дете се повеќе разбира и потешко е да се одбие. Деца има шише до прво оделение влечат не пуштаат навика е. Така да све на време ако се прекине полесно ќе биде. Што вика Др Гуднајт за све треба карактер и да се држиш до тоа ... од спиење, вадење пелени, цицање, фрлање цуцла итн. сите процеси. Да не отварам др теми...
    Мислам човек треба да биде исполнет тој период и да може да ужива во тие години а не да не се осеќа убаво и ете сега ги памти мн лошо тие години. Требала да прекине на време. Мене па не ме дирнуваат никакви муабети ни од типот леле немаш млеко не го задржа или лесно ти е тебе со АД. Двата начини се храна за детето и битно да е најадено. Јас среќна тоа исто . Ајде убав е денов да си го искористиме.
     
    На Mumoftwo30, Guns N` Roses, Baby warrior и 2 други им се допаѓа ова.
  12. Feniksgirl

    Feniksgirl Популарен член

    Се зачлени на:
    27 јануари 2022
    Пораки:
    8.318
    Допаѓања:
    13.710
    Пол:
    Женски
    Не е нешто љубител на благо:|:|
     
  13. MiloMalo

    MiloMalo Популарен член

    Се зачлени на:
    5 август 2011
    Пораки:
    980
    Допаѓања:
    3.374
    Пол:
    Женски
    @Feniksgirl Те читам, мака си имате со водичка. Да пробаш, земеш шишенце или чашка и некако уз игра као еве мама пие, или со лажиче некако прво пиеш ти па она после тебе, да види дека не е страшно...
     
  14. Feniksgirl

    Feniksgirl Популарен член

    Се зачлени на:
    27 јануари 2022
    Пораки:
    8.318
    Допаѓања:
    13.710
    Пол:
    Женски
    Се пробано, ама сѐ. Не сака никако, не чаши, не шишиња, абе тави и тенџериња… никако не сака.. значи ива не важи само за вода, за се што може течност, само моево млеко, друго јок.
     
    На MiloMalo му/ѝ се допаѓа ова.
  15. MiloMalo

    MiloMalo Популарен член

    Се зачлени на:
    5 август 2011
    Пораки:
    980
    Допаѓања:
    3.374
    Пол:
    Женски
    Душиче мило, ќе пропие не се секирај, само нека е жива и здрава :l:
     
    На Feniksgirl му/ѝ се допаѓа ова.
  16. naturally

    naturally Популарен член

    Се зачлени на:
    15 февруари 2012
    Пораки:
    1.868
    Допаѓања:
    4.803
    Мојот не сака ни цуцла, на вечер често презаспива со цицање. Знам дека ќе е тешко одбивањето од вечерно цицање, ама нема да попуштам 3 дена и одма ќе сме посреќни сите:D.
    Ама па секоја навика има и одвика, како за цицањето така сум на став и за цуцли и шишиња околу првата година да се тргнат.
     
    На Ladyme му/ѝ се допаѓа ова.
  17. Autumn Love

    Autumn Love Популарен член

    Се зачлени на:
    3 декември 2020
    Пораки:
    2.566
    Допаѓања:
    6.404
    Секој тип на пораѓај може да биде и лесен и комплициран, со тоа што царскиот носи еден куп повеќе ризици за мајката. Но, не значи дека е нешто најстрашно, еве јас два пати постоперативно супер поминав, фала му на Бога, во болница од втор ден сама станував, земав бебе, местев на града, дома си функционирав сама од прв ден, со тоа што вториот пат со плус тодлер.
    Ко ќе ми текне првите денови во една рака бебе цица, со друга му спремам и давам појадок на големиот, со толкава рана и конци, нека ми се пофали еден маж кој го може тоа :D.
    Млеко имав уште на болница бидејќи во двата случаи пораѓајот беше започнат, односно не бев со закажан.
    Го пишувам ова за некои идни мајки да не си ствараат непотребни стравови ко јас пред 5 години, кога читајќи овде искуства имав створено перцепција дека после царски ќе бидам неспособна да си го гледам детето и нема да можам да дојам.

    На тема доење, и јас ко Бројче ме мрзи до немај каде да мијам и стерилизирам шишиња, да станувам во ниедно време да мешам млеко, за мене доењето е далеку полесно.
    Дури и навечер да извадам цицка ми е милион пати полесно отколку да станувам да давам шише бидејќи лесно се расонувам, тешко презаспивам. Како што растеше синко сам ја креваше пижамата, ќе цицне и презаспие, јас уморна од работа не ги ни памтев ноќите дали се будел или не, само ќе се разбудев со крената пижама :D.
    Сметам дека доењето и спиењето заедно се од Бога дадени, се друго ми е беспотребно комплицирање на нашата биологија :rofl:.
    И да се надоврзам на муабетот од погоре - ја имам една од најзахтевните и најдинамичните професии кои постојат, така да не, не е невозможно да се дои и да се оди на работа.

    На тема среќна мајка=среќно бебе не се согласувам дека потребите на мајката доаѓаат пред бебето, никогаш.
    (Вадете камењата ]:)).
    Приоритет е бебето, толку.
    Сите се органзираме и го планираме секојдневието околу него.
    Од друга страна пак, и среќата е индивидуална работа.
    За мене среќа е да се тие живи, здрави и среќни, и да се потрудам да им го понудам најдоброто што постои на светов, материјално и нематеријално, емоционално, духовно.

    Синко го доев две години и некој месец, првата година нигде не мрднав бидејќи никако не заспиваше без цицање и генерално без мој контакт, какво шише, каква цуцла, ни до парк не одевме бидејќи не се возеше во количка, за подалеку не зборам.
    Класично Velcro baby.
    Дали ми било тешко од монотоното секојдневие, дома па дома?
    Секако дека да.
    Дали сум пропуштила многу настани, конгреси, концерти, патувања?
    Исто да.
    Дали одбив едукација бидејќи не одеше со доењето и заостанав назад?
    И тоа да.
    Дали би се вратила и би го направила истиот избор?
    Секогаш и во секој универзум.
    Толку брзо ми порасна и ми фали тој период кога беше бебе што само си гледам слики и видеа, дури и кај сестра му сличности барам, а тие пак исти по исти не можеа да се погодат :D.
     
    На Трагедијаупмм, MeowMeow, strelec231992 и 11 други им се допаѓа ова.
  18. ArabellaStarfall

    ArabellaStarfall Истакнат член

    Се зачлени на:
    10 јануари 2024
    Пораки:
    1.326
    Допаѓања:
    8.425
    Пол:
    Женски
    Никој не прашува дали мајка му била породена со царски или природен пат, или дали било доено или на АД, кога ќе се однесува спротивно на нормалното функционирање во општеството. Туку како тоа дете било воспитано, какви трауми доживеало, какво детство имало. Тоа ја прави мајката мајка или само биолошки родител.

    Секако дека на секоја и е најтешко за себе, затоа што го доживува на сопствена кожа. Дури и една мајка породена со природно, па следно дете со царски, не може да биде пример за нешто точно. Си била една со едни очекувања и размислувања за првото, со други за второто. Во однос на исхраната, доењето е понапорно од аспект дека секогаш зависи од само едниот родител, АД е напорно затоа што константно треба да стануваш, шишиња да миеш, формула да спремиш, но не зависи само од тебе. Двете се тешки, или лесни, зависно кој ги чувствува.

    Во однос на претходното мислење, потребите на бебето не може секогаш да се приоритет. За да се посветиш на неговите приоритети, треба и своите да ги негуваш. Во спротивно, ќе се чувствуваш пожртвувано и ќе бараш вина во секого, освен во себе.

    А и што е битно на крај. Гледајте од децата да извадите нормални жени и мажи, со морални принципи и етика. Затоа што утре, никој нема да впери прст кон вас зошто не било доено, туку што сте направиле и како сте влијаеле во неговото детство.
     
    На LadyD, Puffy2019, cocopuff и 16 други им се допаѓа ова.
  19. Peperutce6

    Peperutce6 Истакнат член

    Се зачлени на:
    29 април 2025
    Пораки:
    628
    Допаѓања:
    2.595
    Пол:
    Женски
    Скроз се согласувам.
    Бебето е најважно, зависи од нас , и е најголема љубов на секоја мајка.
    Ама тоа не значи дека треба себе да се ставаме на дното. Кога јас сум нервозна осеќам дека и она е дефинитивно.
    Јас да продолжев да ја дојам со такви гради на пример мислам дека ќе паднев скроз психички. А јас ако паднам кој ќе се грижи за неа?
    Можеби звучи себично ама и моето ментално здравје е битно, јас со плачки бев кога ќе дојдеше време за доење, толку ми беше страшно.

    И мислам дека мајчинството не треба да биде жртва. Мајчинството е голема љубов, која нема граница но тоа не значи дека треба да се ставам на последно место...
     
    На LadyD, Katie90, Ladyme и 9 други им се допаѓа ова.
  20. Stone

    Stone Истакнат член

    Се зачлени на:
    22 јуни 2024
    Пораки:
    344
    Допаѓања:
    452
    Пол:
    Женски
    Пожртвуваност е доење,пожртвуваност е АД,пожртвуваност е природен пораѓај или пак царски.

    НЕ Е пожртвуваност болка депресија и немање време за себе,зошто се тоа ќе доведе до болести.Тоа дете треба да расте среќно со среќна мајка,а не да ја носи мајка му по болници бидејќи кога бил мал она се пожртвувала.
     
    На LadyD, Трагедијаупмм, Kjara2025 и 16 други им се допаѓа ова.