Едно за едната нога фатено,друго за другата нога и мамаааа,мамааа....не можам ни да се соблечам. Мм се обидува да ги залаже со нешто,ама јок брате не престануваат. Цицаат и како други деца се после. До кога ќе е вака не знам,ќе мора нешто да смислам.
Kолку цица на 15 м? Ние сме 13+ со 3 подои (после работа, пред спиење и рано наутро). Сакам тој после работа да го заменам со ужинка, ама не знам колку млеко им треба после 1 год?
Може и без млеко, со внесување на доволно млечни производи. Син ми одбиен на 1 година, никакво млеко не пропи, а и не знам на таа возраст што внесуваат со доење искрено.
Сум заборавила тој детал, 6 години ќе прави сега , ама јогурт, урда, моцарела, може млечна вечера да има, гриз, така тетрапак му давав. Исто и со тарана или палента му подметнував павлака зошто не ја сакаше вака, може и грчки јогурт има сега, котиџ, тогаш не беа толку популарни. Со спанаќ може исто кисело млеко. Така поминавме, не сакаше ад, а тетрапак да пие само чисто не сакав ни да му дадам.
Навечер (пред спиење и уште 2,3 пати периодов што се буди) и наутро. Тој после раб го скративме, ама знае чат-пат да цица.. Млеко не пие, не сака.. Јаде сиренце, к.млеко, јогурт, кашкавалче..
Не им "треба" вооошто. Им треба калциум кој може да го внесе со сите други млечни производи. Ако јаде сирење, јогурт, кисело млеко, тогаш може и вооошто да не пие обично млеко (ни мајчино, ни ад, ни тетрапак).
Да, душата и ја извади на свекрва ми два дена.. особено вториот, на поарно не одеше.. Пробав и со маж ми... Периодов по две станувања има и тоа ми е океј, наспани сме. 20-21ч легнува, 12 прво ќе стане.. па 3,4, па 6 будни со аларм
Ќе пробаме таму за распуст после нова година кога ќе бидам на одмор... Зошто свекрва ми ја чува додека сум на работа, да не ја оставам без сон да чува дете. Со маж ми нема како, ја слушам како крева куќа у вис и одам си ја зимам
Е тука нема попуштање, ќе мора да најде начин маж ти да ја смири, тука не смееш да попуштиш. Мислам дека ќе биде успех ова ако пробаш.
Пробувано е во сите 7 месеци. Многууу плаче, се корне дете... вика така гласно, буди све живо Сите така ненаспани ќе останат...Затоа распуст ќе чекаме