Охх ми е страв мене како да ја одбијам малата. мислев со синко беше потешко ама неее, со малата ќе издржам 3 вечери .. пред неколку дена онака и викам нема цицее , се расипа леле колку плачеше аууууу за разлика од синко... го одбив син ми на 21 месеци а малата ќе видиме, да завршиме со вакцините па тогаш... скоро 17м е
Ќе плаче првите два три дена, после нема. Навика е за цице, заради тоа станува. Ама добро паметно за распуст, битно пробај, се измачивте со станувањето. Како растат леле многу потешко за одбивање… ние еве година ќе прави абе ме корне да и дадам, зајдува… ме чека на врата кога ќе се вратам од работа и ако не добие одма цице, тоа е урлање. Ама морам да ја поминам и зимава, зашто не прифаќа никаква течност освен моево млеко… па ми препорачаа од болница да ја поминеме и зимава за ако се разболе да има како да се хидрира… ја не знам сега како да ја одбијам, а не тогаш кога повеќе ќе разбира.
Неделава селф кер ќе ми биде едвај чекам женски... Денес фарбање, петок на третман за лице сабота депилација хуху.. Мислев и нокти ама ќе почекам уште некој месец да влезам у шема.. Советите што ми ги дававте сите за спиење ептен помогнаа ама како викаат кога спие дете ќути така да само толку на таа тема хахаха. Сакав да прашам, по колку време ги изнесувате надвор децата? На пример моето скоро 3 месеци, како многу ми е по саат време страв ми е да не настине па ја носам по 20 минути. И сега гледам врнежлива неделава не знам кај да ја носам и дали да искачаме.. Знам дека е убаво да искача ама баш сега кога ќе биде зима во Скопјево смрди воздухот и за нас а не па бебушки. Моментална
Јас ја шеткам низ маало секој ден ако не врне, ако е ладно наоблечена барем 40мин-саат. Вчера се спремивме излеговме и заврна па рикверц ја изнесов на тераса ја успав ја денес масажа сум закажала вечер прв пат откако сум породена
Изгледа сите имаме селф кер овие денови. Мислам јас си завршив во 2 дена ама како нова сум. Понеделникот нокти и масажа, вчера депилација. Косата минатиот месец ја средив. Нареден ќе ставиме пак преливче ако имам коса секако од паѓањето
Не е спремна Мариз. Само кортизол и се крева така. Сеа скоро читав како Данска постепено од 2019 почнала да ги отфрла советите за cry it out, после обемна студија и предупредувања на голем број психолози по ризиците за емоционалниот развој на бебињата. Бебињата немаат развиен систем за регулирање стрес, а неутешното повторувачко плачење само ги ослабува деловите од мозокот за емоционална регулација. Знам дека ти е тешко, ама дај и уште малце време, ехеее ти се верува дека ти порасна и ова? Туку што ќе се прави зимава? Уште календарски е есен, а ние 17 пати болни бевме. Еве сме пак. Маж е кранк од денеска да може да ми се најде мене дома со сите тројца. Има ли нешто како тајлол хот што баш крева, а е дозволено во доење?
Здраво мајки Конечно полабаво на работа па да пишам збор два или цел реферат. Периодов на рано стемнување и мали деца баш и не е нај нај комбинација. Вчера и со дожд, без ич надвор да се истрчаат, мислам дека станот го урнаа. Со кој попрво да играш, големиот влече да редиме магнетни коцки по шема, малава со животна желба да му руши се на брат и. А и двајцата мали за да го разберат другиот. И така некогаш балансирам, некогаш оставам да победи подобриот Судија секако не планирам да бидам. А во некои поретки денови си играат заедно душата ми се топи кога ги гледам. Едно станување и одма се бараат. Големиот заштитнички настроен кон сестра му, се што може ќе и угоди. Она па лисица само го гушка и батооо батоооо му вика. Годинава ќе одиме на зимување една недела прв пат со двајцата. Големиот ќе нема гајле ќе седи во кола ама сестра му со црвците малку потешко. Тоа е што е, ќе преживееме. Она пошто беше бубаче од бебе мора да наплати сега. Во секој случај не си ставам при срце знам дека секоја фаза си има почеток и крај. 4 години беше магичната бројка во која големиот се смени преку ноќ. Сега е преразбрано дете, уште да пројаде дома а не само во градинка и супер ќе биде. Секој ден истиот бубањ, ко ништо да не правиш, а секој ден истите обврски ги вртиш во круг. Кога ќе треба некогаш и социјален живот да имам ми иде да откажам од што батеријата константно на 10% ми е. Може уште малку ама може и да се угасам у 9 заспивајќи деца. Ве поздравувам
Баш е убаво да ја изнесуваш после дожд. Башка најверојатно имаш и кабаница... Таму кај вас е баш развиена хомеопатијата, си имате и засебни аптеки, си пробала ли? Има кај нас една девојка ќе ти пратам линк ако сакаш, има цел водич.
@mariz не знам како луѓево сфаќаат cry out мислев на тоа друг да ја смири, не да се остава да плаче, туку друг да те замени тебе неколку вечери. Премногу време поминуваш низ овој период, воопшто не е касно да пробаш и не мислам дека треба да издржиш неспиење. Пробај на распуст, се надевам дека ќе се среди порано и нема да имаш потреба воопшто од пробава.
Ма јооок затоа и не пробувам... со плачење корнење, шанса нема да ја учам. Ќе порасне, ќе научи... Ептен ќе пробуваме на распуст, ама пак тоа ќе е да не се корне од плачење... Кое дете па и не се научило да спие.. Овие големите ни доаѓаа со нас спиеја ко малецки, а сега се сами во посебни соби.. Не да лета време... не ми се верува ни дека го родив, тоа пораснало
Pseudoephedin е дополнителната состојка на Тајлолот покрај парацетамол, истата и во Риностоп ја има, единствениот лош ефект што може да го причини е намалување на млекото ама на невоспоставена лактација. Бев болна пиев 3пати на растојание од 6/8 саати, после доење гледав да го пијам, немав никакви негативни ефекти. На е-лактанција е исто одобрен.
Немам пробано и не сум ниту нешто многу информирана искрено, ама да супер, ако сакаш прати ми да видам. Се разбираме. Си летна времето еј. Мене често пати не ми се верува дека ќерка ми 6 има. Што се се исподешава за овие години, а како вчера да беше. Леле Ноеми не знаеш што добро направи. Да беше поблиску ќе те частев. Веројатно имам помешано со нешто друго, ама убедена бев дека нешто се излачува во млекото. Колку сум без енергија и главава ми шантра овие два дена очајно ми треба, а за чудо тајлол хот ми делува како инфуз и ме крева. Одма одам да си смешам една чаша.
@Ladyme мислам дека можеш нешто да ми препорачаш, би ми помогнала многу... неколку пати од нервоза се згрчувам па ми се фаќа вратот, што можам да се напијам освен б6, тоа пијам 2 3 пати на ден...
Јас баш деновиве сум настината, и не можев да издржам повеќе, се напив две апчиња Риностоп првиот ден. Чудо е како одма ми делува, ама страв ми беше да пијам повеќе оти во упатството пишува дека може да се излачи дел во млекото и да предизвика несакани ефекти кај доенчето. Матичната и во аптека ми рекоа не за риностоп додека дојам, а само тоа ми помага.
Лек за врат ракија на марама и спиј и др ден преку ден кога ќе си дома...хаха жими се ништо не помага како тоа...така во средно мислам дека на две недели јас фатена во вратот како робот цела се вртев. И една другарка ми вика еее си се фатила стај ракија и викам ај бе да смрдам уште тоа. Абе ако веруваш стаев од др ден како нова. Можеш да пиеш некој период неуробион по едно се пие има и б1 и б12 побрзо ќе ти опушти нервен систем. Некогаш јас комбинирам навечер неуробион диазепам 2 мг и мг хлорид гел тој на донвас ( во бременост го користев за нозете) кога сум напната многу за да не станам др ден како згазена од воз.
Да, повеќето лекарства не се официјално одобрени ако ги прашаш пошо никој не се замара и не сака да превземе одговорност. Ама јас не можев да функционирам, а сама по цел ден, кој ќе ми го чува детето. Ако се излачи мал дел во млекото несаканите ефект за бебето се несоница и раздразливост. https://www.e-lactancia.org/breastfeeding/pseudoephedrine/product/ А еве и за капките за нос https://www.e-lactancia.org/breastfeeding/oxymetazoline-oxymetazoline-hydrochloride/product/ Да не сум оф, ја стварно не знам со што треба да занимавам 9 месечно бебе зимава, ќе го сруши станов, затрупани сме со играчки, ги ротирам, ама се и држи внимание 5минути. Се учиме со сортери и стакинг прстени, ок е 2 минути ќе го прави и ќе ги фрли. Денес најака активност и беше трескање на стаклото од вратата на дневната. А не може да сме надвор со саати, кај ни е крајот