Не е муабетот за тоа, ама ако ти треба нешто пуштај Мис Рејчел. Барем гледаат вистински човек, фацијални изрази, песнички со мафтање раце. Најдобро би било нешто на македонски, ама она ми е одличен втор избор.
А ракија и марама со неспиење иде ли мала шала ќе пробам баш, инаку ми се чини и аптека само б6 ми понудија дека дојам, прееска се напив у комбинација со магнезиум па ме пушти малку... Дијазепам еднаш се имам напиено мислам дека ќе пцојсав, со низок притисок сум јас. Валеријана исто тахикардија ми направи... А неуробион смеам значи а... Они викаат после година дена и не оди многу во млекото ама мојата многу цица па ми е шубе сепак... Фала ти сонц Само мајка може вака да изнервира... неколку пати не сфаќав дека од нервоза, веќе 3ти пат се враќам од кај нив укочена...
Пробај и да се измасираш. И растегни се, грбот, рамената. Од што си под стрес/нервоза, телото ти се грчи, а најмногу иде кај рамената и вратот. По мене имам приметено.
Според мене, не ти ни треба. Ќе потпорасне ќе почне повеќе да се интересира и заигрува, па зимово со активности по дома ќе глумиме градинка. Ние немаме ТВ. Од лаптоп и пуштав песнички па почна да кенка да сака да штрака, сега само радио од телефон на јблто.
Да, не верував ама минатиот пат баш осетив шилци чим се изнервирав... Се тегнев прееска, малце подобра сум, фала ти.
Моето не пие воопшто никакво млеко од 15 месеци навака. Сам си го одби, а се давеше во млеко, со сласт го пиеше, и тоа е единствено нешто што ми одбил, друго се си јаде до последно залче. Јаде кисело млеко, јогурт, абц сир, моцарела... секој ден нешто млечно и тоа е тоа, што да му правам кога не сака да пие млеко. Пробав и без цуцла, и од шолја, ама никако не го сака.
Излезе од 4ти скок и научила многу работи - бравос! Ама откако излеговме цела недела се буди во 5сабајле - не и требало ова да го учи
Морам вака утрински да се искажам, па да почне денот. Ќерка ми за недела дена полни една година. Јас стварно не сфаќам како помина една година толку брзо? Ќе ми текне и си плачам. Ем што ми фалат нејзините мали рачиња, ем што не сакам толку брзо да расте. Ми фали бебешкиот мирис, кога беше мало бебе и можев да ја гушкам и стискам колку сакам. Сега тоа трае кратко, сака да е во акција цело време и да прави нешто. Од друга страна утешително ми е што сакам три деца, и си викам ќе има уште бебиња. Па ми дојде мисла дека како и да е, некое дете ќе биде последното што ќе го родам, што ќе биде последното бебе во домот. И дури трепнеш пораснале, си заминале како што и јас заминав од дома на 18 години и повеќе не се вратив да живеам дома. Скоро секој викенд гледам да си одам кај моите, иако со бебе е стварно тешко секоја недела пакување и распакување. Преку неделата не знам каде да фатам попрво, за да е се' стасано и да можеме викендот да си одиме кај моите. Ама сега како родител, гледам што значи дете да родиш и растеш. Си викам како им е на мама и тато сега сами дома, па уште ако и ретко си одам. Не би сакала да сум на нивно место. Буквално живеат со мислата за кога следно ќе не видат, и тоа единствено ги држи среќни. Кога си одиме, како да ќе прелетат од радост. Брат ми дека е па на друг континент скроз, срце на сите ни се кине што ретко го гледаме. И така... Мисли вакви од сабајле ме маваат во глава.
Ко вчера да бевме бремени и само се чекавме која ќе пише дека се породила за 5 дена правиме годинка, не знам дали сум тажна или среќна, толку ми се измешани емоцииве… само си ги гледам сликиве и си плачам. Ми порасна бебето, ме вика мама, ме гушка и мази… кај и да е ќе прооди па ќе трчам по нејзе, не дека сега не ја бркаме низ цел стан Не знам дали сакам воопшто второ ама дефинитивно не постои поголема љубов од ова, поготово кога ќе те гушне или насмее. Нека дава Господ кај секој што сака, кога ќе си посака.
Тоа да. Полни раце да имаат сите што посакуваат, Господ да дава на секој што си сака. Љубов ваква не може да се мери со ништо.
Леле јас па каков емотивец сум, секој ден плачам значи. И тоа плачам за мајка ми, а не за мене. Сега ја разбирам кога требаше да се преселам од дома кај маж ми, како тажно ме погледна и ми рече толку мами, од утре нема да си ми тука веќе до мене. Леле луѓе тоа ме скрши ама во моментот не го сфатив така, дури сега го разбирам. Се вратив на работа и ми светна дека година дена прелета буквално, а сега уште побрзо ќе ми поминува. Се враќам дома, што попрво да направам, си ја гледам само 3, 4 саати во денот и душата ме боли. Дефинитивно да си мајка е најубавото нешто на светот, ама и најтешкото. Никогаш не си безгрижен и сам во мислите..
Кога сме на тема емотивност , да си се искажам и јас, дека од вчера си плачам. Неколку дена бевме на гости кај моите со бебка. Луѓе, се изнаплакав ако ми верувате. Бебе си игра со моите играчки, седи во мојата количка. Мајка ми ја извадила мојата лулашка и таму се лулаше. Си играеше во мојата соба што си стои исто како да живеам сеуште таму, ништо не е сменето. Јас го гледам и не ми се верува дека, ко прво син ми е во мојата соба, па и дека родив, па и дека веќе порасна. Сега ги разбирам моите кога им е тешко за мене. Со каква насмевка на лицата само нѐ чекаат да отидеме таму неколку дена, да ни се израдуваат. За баба ми па да не зборам. Си игра со син ми како да не е толку стара. Па кога ќе ми донеси нешто да каснам, крив куц со ногата, душа ми се кини. Нема поубаво чувство од тоа кога ќе отидиш таму кај што си пораснал и така те гледаат. Незаменливо ми е. Кај сите Господ да дава ваква радост. Сите што сакаат да си дочекаат свое чедо. Дури тогаш ќе сфатат што е неизмерна среќа. Родителството е нешто најтешко на цел свет, ама поубаво дефинитивно нема. Каша - попара може ми е постов, ама сте се распишале и вие, а и јас од вчера сум така носталгична, што морав да шкртнам. Да ми олесни малку.
Мајки, жени здраво Мајка сум на 3 деца од кои 2 во градинка, 1 во училиште. Искрено ми е многу мило што постојат вакви групи за секаков вид на муабет и поддршка. Инаку многу долго сакам да почнам нешто да работам од дома меѓутоа да е поврзано со храна. Сум работела и онлајн како фриленсер и приватно и државно, меѓутоа тоа што најмногу ме влече е готвењето. Искрено барам истомисленичка како мене да би можеле заедно да работиме да почнeме од 0. Ако некој се пронаоѓа нека ми пише слободно Поздрав и убав ден.
Ех на темава … оваа недела вртевме слики од бебка во болница, бебушка слатка нежна најубава јас пред 7години се иселив од дома да живеам со мм уште не бевме ни верени … купивме стан и решивме да живееме заедно. Се сеќавам дека викендот кога требаше да се селам мајка ми и татко ми уште рано сабајлето се спакуваа и отидоа во викендица - сега ми е јасно зошто
Не знам што ни бидна на сите ама и јас сум многу емотивна деновиве за тоа колку брзо летна времето. Особено како ЛејдиР многу ме пукаат емоции за моите тоа што јас не успевам толку често да си одам еве сега кога ќе си одиме ќе имаат поминато два месеци. И срце ми се крши и се обидувам да надополнам со зборување на телефон ама па моите ич не им се прави тоа и уште толку се нервирам. Ама тоа е што е секој родител го поминал овој пат па така и ние. Јас сум само најсреќна што можам да работам од дома и да си ја гледам бебка како ми расте, капа ви симнувам на тие што одите на работа и ги гледате само по 3-4 саати. На друга тема што се враќаме од гимнастика во систина. Се утепа од плачење сите 45 минути и незнам дали е поради тоа што не се гледаме со луѓе толку често што искрено не е до нас затоа што другарите цело време ги викаме никој не доаѓа другари со деца немаме и така. Може некој од тука се пронаоѓа со овој муабет па ако сака да се дружиме нека ми пише. За тоа како си поминавме убаво беше имаше деца од два месеци до девет месеци како нас па малце беше измешано на кој што покажуваше ама океј беше. Со тоа што си одам малку тажна затоа што ми рече дека заостанувала затоа што не седнувалс сама и не лазела и не се вртела ид грб на стомак а тоа не знам зошто престана да го прави, не е дека не знае, порано уште кога ќе ја легнев се вртеше сега дреме на грб. И така емоции од сите страни, каша попара постови, ама таков ни е и мозокот на нас мајките...
Ме наежи.. Мајка си е мајка. И сега кога и јас сум мајка сфаќам колку е тешко , убаво , и колкава љубов е тоа
Абе сакав да ја запишам и мојава па да се деужиме ама и она е во некоја фаза на плачење со луѓе и заради тоа се предомислив плус со спиењето сме каша попара во зависност од тоа дали ќе стане во 5или во 7мн ми го менува денот иначе ок ти се виде какви вежби се прават? Како изгледа часот?
И јасс ептен сакав ама исто со дремките непредвидлива ми е, некогаш и е долга првата некогаш не, некогаш ќе стане во 5 некогаш покасно. Чекам демек да се потсреди да имаме некаков ред па да можам да почнам во некој конкретен термин