Е јас ради социјализација најмногу ја запишав, затоа што фазата на плачење од други и помина, ама само со тие што се познати и што ги гледа почесто. Од сите други плаче и многу сакам да ја подружам особено затоа што нема да ја пуштам на градинка уште 1 година мин. Инаку океј беше, искрено единствено што јас лично би сменила е да се дечињата тука некаде со возраст за да може повеќе структура да има часот. Вака имаше две од 2 месеци, две од 7 и 9 месеци ама што лазеа, се исправувса и се по ред, и мојата и уште една како мојата што само седат. И сега се двоеше докторката прво ќе покажеше на најмалите, после на поголемите, па конкретно на тие што лазат и така. Ама океј беше, 5-6 вежби ни кажа да ги правиме дома, ама така јас сум многу осетлива, па кога ми рече дека заостанува, а и гледајќи ги другиве две ми падна малце тешко... Плус индиректно направи муабет дека се гледало кога дете било во раце пораснато а кога на подлога, а луѓе, цел ден е на земја, значи цел. Јас имам грижа на совест дека она е цело време на земја, многу често и сама затоа што де работам, де готвам, де чистам... Е сеа да, не ја "вежбам" ама па ми се буни кога пробувам... Ама ајде тоа е што е, планирам секако овој месец да го истераме може стварно ќе има напредок, ќе се потрудам и дома повеќе да работам со неа, па ќе видиме што ќе биде. Инаку ние сме генерално со распоред за дремки веќе, иако малце кнап ни иде терминов ама ќе се организирам некако.
@MariaBouli Упаѓам во муабетот ама ова со подлогите нема врска децата се различни. Тргам од големата на стомак мразеше да е зајдуваше. На земја исто. Или беше во раце или на кревет па после 6 м и на лулашка. Количка не користев често. На 6 седеше со помош за седнување без перници околу ,дубак не сакаше ич ставав ептен на 5-10 мин ако требаше да ставам ручек пример пошо на земја вриштеше а од дубакот после 10 мин пробуваше да излезе. Само што почна сама да седнува она ја кочеше некако кучмата и почнуваше да стои околу 10 м одеше со држење по мебел накај 11.5 месеци прооде. На подлога на земја лежела вкупно 30-60 минути зборувам за сите месеци заедно до кај 10,лазеше од точка А до точка Б само во случај да нема за што да се држи за да оди... Значи 70% била во раце и некои 30 на кревет. Малово обожава на стомак ,обожава во количка ,обожава да лежи на подлога. Се врти во круг а уште не пробала да се сврти од меше на грб или обратно. *за мајките и родителите ме расплакавте и бидејќи јас тоа сум го немала со мајка ми сега сфаќам дека веќе претерав со ќерка ми ,ја фатив другата крајност што исто така не е ок. Не знам како ќе излезам од ситуацијава..
Јас ако земам да мислам готова сум ептен не ме бива после цел ден нерасположена. И не мислам земам работам рибам дома тепихот, нешто ми се увртило дека мајками е сама и секоја вечер тел ми е на сајлент го ставам на звучно незнам мн голем страв нешто дане и биде. Мн тешко кога е родителот сам, да се двајца мислам дека нема толку да ми е тешко. Нејсе... јас на друга тема сум нервозна и ме осеќа и она. Сега кога сум дома сфаќам како голем дел од животот сум потрошила на други луѓе не сум се посветила на себе и мојот развој, и голем дел од работниот век исто многу сум се далаа овде во мак не е баш ценет, не сум човек што менува работи и заради тоа не сум просперирала многу а знам колку можам. И така сум од тој дел разочарана. Одбрав мн тежок пат и цел студентски живот не уживав не шетав ништо само учење може ради животот дека така во немаштија. И така несакам моето дете да е како мене, сакам да ужива во животот и плачам искрено секој ден кога ми текнува. Не е важен ни факултет ни ништо, важен е животот да го живее човек и да е среќен. Мислам цвеќарка да би работела би била посреќна. Ете секој со својата мака. Денов е меланхоличен.
Изгледа денот ни е таков на сите, за плачење. Јас бев првин настината, па еве од ноќеска и бебка кива и има водени мрсоли. Влечам со аспираторот за уста што е, на секое кивање, плус и ставам солен раствор. Ја намачкав една маст Пранаром на градите, со мирис на еукалиптус е. Матичната е од 3ч после, ќе ја носам на преглед. Страв ми е да не спушти недај Боже, да не се искомплицира нешто. Синоќа мрдаше многу во сонот таа, нелагодно и беше од мрсолите изгледа, јас спиев само 2 саати. И во тие два саати сонував како ја оставиле сама во болница без мене На толку пазење, бегање од народ што се вика, во два месеци втор пат ми настинува и тоа од мене. Првиот пат додуша беше само со темп, таков вирус. А со никој не се гледаме, ни јас ни таа, ниту некој ни доаѓа дома. Жалче е, нон стоп кива. Не можам да си простам што ја заразив. Виранто е над 1 година, има ли нешто друго за волку мали бебиња за спречување на настинка (6м е таа)?
А да не се запчиња? Јас така со мојата се испаничив, баш 6 м имаше. Кога она од заби шти вадеше мрсули за извоз. Сите заби после тоа така ги извади.
Ајдеее идам ја да ве расположааам! прво абе немој да си зимаш при срце, глупости па и таа докторка би требало малце поублажено да споредува деца ако и воопшто треба да се споредуваат, кое дете останало непроодено или непролазено ајде те молам нели зборевме на оваа тема пред некое време, изгледа психички развој и физички развој не идат рака под рака или пак селогаш едниот е во водство. Еве практичен пример твојата веќе фаќа сама парчиња и си џвака храна, вчера кај другарка моја бев нејзината е 11месеци уште бленда каши строго ништо не и прифаќа. Така да ете ти си работела на деуго ниво и сфера, а седење лазење исправање ќе си дојде се по ред и како што гледам околу мене а имам мн другарки со бебиња до 3години, повеќете од нив собладуваат ова како моторика во 2-3недели се дигаат скроз Лејди ти си јака женска скроз! За мајка ти те разбирам тоа е емоција … јас сум по поврзана со татко миниако мајка ми ја сакам најмногу на свет и преблагодарна сум и за се ама и кас имам стравови за татко ми дека се доста години разлика постар е он и мн ми е стресно кога ќе помислам дека ќе го нема пред мајка ми. Но, мора да сме сееќни во нашите семејства, сме создале деца, сме одбрале сопрузи што не сакаат и негуваат и да се освестиме дека животот налага да одиме напред и да се бориме со се напоредно. Ти извојува една преголема битка и си го имаш твоето девојченце до тебе здраво и живо, само позитивно има време и за кариера и за работа, децата никогаш нема да ни бидат волку мали а ние имаме време и откако ќе пораснат да продолжиме со кариера и тоа уште посилно од претходно со појаки сили Ете така, денов е тмурен јас станата од 5, попладне имаме најавено гости а мојава госпогица плаче од секој жив освен од мене и мм така да се спремам и вечер да не може да ја успиеме асално и на време ама тоа е тоа. Утре е петок и досѓа викендот кога и маж ми ќе е дома па ќе шеткаме и ќе уживаме заедно тројцата Ви испраќам розевки мисли на сите за најубав втор дел од денот
Трет скок ајмо. Ептен познавам кога е у скок. Денес цел ден има дремки од по 20 минути, нервозна е , се врти, кенкава е, се тегне. Морам да ја презаспивам а и тоа не знам дали стварно спие.. Се надевам вечерното спиење ќе биде добро.. Недела дена траел ох ох
Ќе издржиш кога заврши имам ново дете, маж ми што вика софтверот и е апдејтиран Мн нови скилс покаува ептен е интересна ужас стана со спиењето навечер и уште не се оправа, станува на 2h , a оваа недела па и рано сабајле во 5 расположена да го почне денот али шта је ту је навикнав да си бидам со подочњаци нели
Апдејт си прават Мора да се издржи па после запчиња па плачки хеххх.. Што вика мајка ми само што си почнала со неспиење и умор Ја изнезов надвор малце да ја прошетам, не бе тоа урлање а ја земам у раце престанува. И еве ја ми спие у раце. Едвај чекам да дојде мм да ја земе да идам у вц на раат.. Аман стомакот ме боли веќе
Не се заби, долните кецови ги извади пред 1м, не ја ни осетив што се вика. Тие веќе се до пола пораснати. А горните уште не се набабрени. Мислам дека е типична настинка ова. Исто а бев и јас, првиот ден се убив од кивање, вториот носот чешма ми беше, третиот веќе густ секрет.
Од 4 скок до крај на скоковите мојов не излезе од скок, после него прекинав да ги пратам џабе ја купив таа апликацијата. Да стане на 2 саати бев свежа и наспана. Тоа на секој пола саат беше некои 8-9 месеци до година и кусур. Бебево така ако ми прави не знам што ќе биде со мене, оно од сега не е по спиењето новороденче, ќе биде што викаат првото било помирно. Ако моево прво е помирното Бардовци не ми бега
Да мојава излезе пред една недела … сега ај што се буди на 2саати па и почна во 5сабајле да се буди скроз ококорена јас немам мн надеж дека ќе се оправи до годинка /годинка ипол и мојава
Малце е мизерно на работа ако почнеш на 8 месеци, иначе се издржува и телото ќе ти заборави. Јас сега кома сум со бебево, како да не сум имала таков неспијач за прво дете
Мојата освен раце друго незнаеше. Лазење е мисловна именка за неа. Па и прооде и пролази и се. Не си ставај толку при срце. Секое дете е различно.
и моето е во трет скок. Вечерното спиење, откако ќе заспие убаво, му е добро ама заспивањетооо.... по два, три саати трае, заспива, па се буди, па пола саат спие, па ќе си се разбуди насмеан, полн со енергија, па ај се од почеток. И ако нешто не му е погодено, во секундата почнува со вриштење, нема никакви предупредувачки знаци
Леле и јас ќе се помешам.Нрма врска подлогата да треба повеќе на меше ама за останатото секое дете е различно.Еве ние дека сме предвремено родени одиме на физикална веќе 3 месеци.Бебе сега е 8 месеци родилна а 5 месеци корегирана сега почна да се врти од грб на стомаче , а обратно поретко ама се врти.Доброто од физкална е што сега цел ден го поминува на стомак а предтоа вриштеше.Они викаат веќе треба да лази,викам ќе лази кога он ќе биде спремен што сакаат предвремено е роден. Со физиотерапевтот се прави дури го фали,а почнеме дома да вежбаме се тегне ,плаче .Со мене сака да си игра не сака да вежба.Мој совет одете тоа е добро за нејзе,а за коментарите игнорирај.
Не знам како тоа ти заостанува детето ама да си ја фрли дипломата “докторкава”. Моето дете е цело време на подлога, не сакаше воопшто плачење значи со помодрување. И замисли на 5 месеци прв пат се сврте, од грб на меше, на 7 од меше на грб и од тогаш не застана, на 9.5 наеднаш пролази, значи лазење струја, на 10 се исправи еве се движи по мебел, ја паткаме година ќе прави за некој ден. Секое дете си има свое темпо, не се сите исти нит па се роботи. Со сила ништо не се прави, дете не се форсира за ништо, кога е спремно ќе си направи. Мојата на пример уста не затвара, за нејзините врснички е понапредна па таму, дали тоа значи дека тие заостануваат? Не!!! Те молам не се замарај и ќе видиш дека се наеднаш ќе направи. Уживај, брзо ќе помине се, после кичма ќе те боли трчајќи по нејзе.