Мајчински муабети (не е за барање совети)

Дискусија во 'Бебе' започната од slobodka, 30 април 2016.

  1. MariaBouli

    MariaBouli Истакнат член

    Се зачлени на:
    26 јули 2024
    Пораки:
    1.650
    Допаѓања:
    3.054
    Пол:
    Женски
    Девојки фала ви :inlove:

    Го правевме муабетов пред скоро и тогаш ми споделивте ваши примери и си прифатив дека секое бебе различно, веќе не ми беше ни тешко ни ништо, дури и се смеев на бебка дека е мрза и е стара бсба што ја болат колената.

    Ама денес дека доктор ми го направи муабетот пак ми падна тешко некако... Му се изнаплакав на мм он ми се дереше дека ми е забрането да идам чим само ме растревожува и така, забавен ден хахах
     
    На 1209, Трагедијаупмм, Baby warrior и 4 други им се допаѓа ова.
  2. BellaBibi

    BellaBibi Форумски идол

    Се зачлени на:
    15 јануари 2021
    Пораки:
    8.962
    Допаѓања:
    27.006
    Пол:
    Женски
    А докторите како сите деца што им доаѓаат, се исти ?
    Абе остави си дете да си направи се, кога ќе е спремно.
    Иста бев и јас, затоа ти викам да кулираш.
     
    На 1209, MariaBouli, Трагедијаупмм и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  3. dummy

    dummy Истакнат член

    Се зачлени на:
    21 август 2024
    Пораки:
    1.356
    Допаѓања:
    1.945
    Пол:
    Женски
    Многу ме нервира што некои доктори сакаат да се водат по книга а книгите се со утопистички граници кои не знам кое бебе ги задоволува. Од муабети со многу мајки (а еве и тука на форумов) често се случува бебе да е понапредно во нешто а да "заостанува" во друго и треба да го прифатиме дека сами си се развиваат во нивен тек. Од тоа што памтам, твојата си ручка сама и има пинцета фат што бебиња ни на година и кусур не го имаат, така да сосема нормално е други работи да не и се толку интересни и да посака да ги прави малце покасно од некои си временски рамки. Мојава пример за повеќево физички milestones не покажува никаков интерес и после нагло во 3 дена совладува. За вртење на меше до 4 месеци не ни пробуваше, јас демек ја учев ама не беше нешто заинтереснирана и нагло на 4ипол месеци во 3 дена совлада и од тогаш кисне на меше по цели денови. За обратно од меше на грб истата песна, воопшто не ни пробуваше се до 6ипол месеци и пак нагло во 3 дена го совлада и сеа грб,меше,грб,меше и цела дневна ја проаѓа не можам да ја стигнам. Се ќе си дојде во времето кога она ќе биде спремна :inlove:
     
    На 1209, Guns N` Roses, MariaBouli и 4 други им се допаѓа ова.
  4. MariaBouli

    MariaBouli Истакнат член

    Се зачлени на:
    26 јули 2024
    Пораки:
    1.650
    Допаѓања:
    3.054
    Пол:
    Женски
    Па тоа си викав и јас, ајде јадењето сама е затоа што и со БЛВ се храниме, ама на пример пинцета фат има од 8 месеци, збори брбори константно. Плус и не е до толку заглавена, на меше сака, во кругови се врти и се бутка низ цела дневна, и наназад се бутка. Е сеа што ја болат колената како стара баба за да клекне на нив што да и правам :rofl:
     
  5. Ladyme

    Ladyme Популарен член

    Се зачлени на:
    8 август 2020
    Пораки:
    2.828
    Допаѓања:
    5.931
    Пол:
    Женски
    Секое дете си е различно, некое може да е мн активно ама говорот му иде потешко, др не се мн активни ама па во говорот брзо се развиваат. Немој да се оптоваруваш. Кога можеш играј со неа, тоа на мм му викам и ние на подлога со неа тел на страна и да ја занимаваме. Иначе јас еве од 4 месеци почнав да работам со една жена активности за деца е на инста, Елена се вика живее во Шведска има две дечиња, ми ја кажа колешка. Дава активности и тие ги правиш во неделата. од 4 месеци групите и се па натака. Тие се све за развој, сензорни, моторички, ја правиш активноста и ја праќаш дека успешно си ја направил. Јас после до следната работилница ја повторуваме неколку пати истата.
    500 ден е сезона и следната ти е бесплатна. Сите работилници се со производи што ги имаш дома.
    Искрено убаво е и да видиш колку различни деца има. Моето прематурче со др прематурчиња со деца кои се родени навреме итн.
    Разгледај кога можеш.
     
  6. Tulip023

    Tulip023 Истакнат член

    Се зачлени на:
    4 април 2025
    Пораки:
    281
    Допаѓања:
    522
    Пол:
    Женски
    Ах, ве прочитав утрово сте пишувале за мајките... Јас иако цел живот имав релативно близок однос со мајка ми, тек откако останав бремена некако сфатив колку тој однос ми е еден од најзначајните во животот. Имав претешка бременост и не можам ни да замислам како ќе ја истерав без нејзината поддршка. Сега сум пресреќна што живееме релативно блиску и што често го гледа бебето. Уживам кога ја гледам со колку љубов го гледа и му збори, а и он кога и да и го слушне гласот се смешка :inlove::inlove: истовремено, криво ми е за сите моменти пред бременоста кога некако не се трудев доволно да поминувам квалитетно време со неа...
     
    На Izzy_0504, Трагедијаупмм, Guns N` Roses и 6 други им се допаѓа ова.
  7. Puffy2019

    Puffy2019 Популарен член

    Се зачлени на:
    17 јануари 2019
    Пораки:
    829
    Допаѓања:
    1.810
    Пол:
    Женски
    Не забележувајќи дека е во тема Труднички муабети, се распишував.
    Вечерва ве прочитав дека и вие сте со исти чувства овие денови, и ќе го ископирам тука, затоа што за тука беше наменето.
    @Peperutce6 , и мене ми фали муабетењето и тешењето со вас, бодрењето од таа тема :)

    @@Puffy2019 Дај жено следна година уште по едно да напраиме да се тешиме двете , те немаа мис ју по темиве
    Хахахахахаха нема шансиии :D
    Дури тогаш на Фемина нема да помислиме од што ќе трчаме по сегашниве бебиња :rofl:
    Иако, да знаеш сум се чудела на себе пред некој ден, ги пакував малите алишта на ќерка ми, и си викам на кого ли ќе ги дадам следно да ги носи, а во душава некоја желба за уште едно бебе8-|:worried:
    Ова не сум јас, сто посто е од хормоните, јас и три децаааа :rofl::whew:
    Втората бременост ми беше многу помачна од овој период сега, особено во 9ти не се издржуваше ни психички, ни физички.
    Докторката на одење од болница ме зезаше дека ќе и фалат моите пораки (паники) :rofl:
    Убаво рекле, или ќе имаш лесна бременост и тешко породување, или обратно. Две убавини нема...
    Тука сум читам редовно, но колку пати сум почнала да пишувам и оставам ехеее.
    Повеќе време ќе имаме да пркнат уште малку.
    А мерак за ќерка што ти било, тоа да се купува, да се бараат слатки работички, се да ти се допаѓа :inlove:
    Вчера и купив една розева бундичка, се топам гледајќи ја. Денес и купив шпихозни, комплетчиња, душече, капче, а на син ми само долна маичка.
    Па излегов од продавница така како виновна.
    А вчера му купив термо комплет, и не е дека е ускратен од нешто, и тој има куп облека, за играчки па да не збориме.
    Маж ми вика сум претерувала, не требало да чувствувам вина, затоа што купувам според потребите. Ама ај на мајка објасни дека не е неправедно за едното да се врати со полна кеса, а за другото така:|
    Тешко ми е, она од кое се плашев се остварува. Немам време да му посветам, се заштитнички сум настроена кон малата затоа што нагло и приоѓа па ја плаши, скока околу неа.
    А толку се сакаат кога ќе и пријде полека, па ќе и се смешка, зборува, а таа му гуга, па тој се топи вика мамо ми зборувааа :inlove::inlove::inlove:
    Душече купив за побрзо да ја ставам во нивна соба, да не спие сам, и за тоа чувствувам вина (сакаше од прв ден заедно да спијат, а остана сам во соба, а бебето со нас).
    Воопшто не било лесно да си мајка, но затоа е и единствено, најубаво чувство на свет:l::l::l:
    Се изнапишував, искористив прилика дури ме вози маж ми, а малата спие:)

    Ете така, јас си се распишував додека се возев, некако исполнета со нежност, љубов, трпение. Посакувам овие чувства никогаш да не бидат потиснати од анксиозноста, и од било што друго негативно :l:
    Инаку, не е прв пат да забележам вакво разнежнување во ноември, не знам зошто. Изгледа има нешто магично во овој месец меѓу мајките и децата.

    @Трагедијаупмм , не си сама на таа тема, ги читав за мајките и боли.
    Овој месец ми започнува со неа, нема веќе ручек, торта за нејзиниот роденден, само свеж буќет, запалени свеќи, благце, сокче, кафенце таму каде што ја оставив засекогаш.
    Јас излегов од дома неколку години пред да си замине, и иако едвај го чекав тој ден кога ќе си отидам од таа куќа, неа ја мислев секој ден, секоја вечер.
    И сега, после речиси осум години откако таа замина се уште не стивнува. Но, барем знам дека е на поубаво место од тука.

    Бог да ви ги поживее мајките меѓу вас што подолго. И, не ги одбивајте за да се напиете барем едно кафе со нив :u:

    Се извинувам на депре муабетов, ми тежеше;(
     
    На Izzy_0504, Kjara2025, MeowMeow и 10 други им се допаѓа ова.
  8. 1209

    1209 Форумски идол

    Се зачлени на:
    1 август 2010
    Пораки:
    7.404
    Допаѓања:
    47.677
    Пол:
    Женски
    На три месеци бевме по цел ден надвор, на 4м спиеше сите дремки во количка цела зима, додека јас пиев кафе надвор и мрзнев, ама он само така сакаше да спие и најмирно спиеше.
    Јас така цела серија честитки исцртав кои ги продавав лани за НГ:D

    Ми падна тешко за муабетот за родителите, јас овие недели како се ближи време за селење толку ми е тешко…не знам како ќе успеам да си ги смирам емоциите за да не му пренесам стрес на детето.
    Таа близина со родителите и брат ми беше првата причина заради која се вратив да живеам тука, си велев еден живот имаме, они стареат, зар да се гледаме 3 пати годишно…не сакав, уште не сакам, ама морам.
    Многу ми е криво што мали ќе ја бара мајка ми многу, толку се поврзани, толку се радува на неа…кажете ми како да го олеснам тој период за него, ако некоја од вас поминала таква разделба со дете на околу 3г, како да го прилагодам дека таму ќе ја нема баба и дедо, вујче?

    Месецов ми е многу стресен искрено, кај и да е ќе пукнам.
    Свекрва ми не е тука, мајка ми нешто заглави здравствено и 2 недели не ја видов, сама ден ноќ со детето, ќе шизнам. Не дека онака имав многу помош од нив, ама барем едно попладне во неделата ќе идев до кај моите, или свекрва ми ќе го занимаваше пола саат барем да се истуширам, сега ни тоа.
    Не знам веќе ни како да го анимирам, ниту како да одморам, ни како да се смирам.
    Имам огромна грижа на совест зошто на моменти го запоставувам и го оставам пред тв за да завршам нешто, од мал има достапност на тв ама секогаш тоа беше заедничка активност и решена бев дека нема да го оставам да зјапа додека јас работам, ама деновиве е невозможно зошто толку некако е анксиозен дека и јас ќе одам некаде, го нема татко му, ја нема едната баба, сега и другата не може да ја види и детето е под стрес дека сите си одат и само ме бара, ако не е тв буквално нема да можам ни ручек да спремам.
    Пробам да се убедам дека е во ред зошто тоа не е многу време ниту пак е некоја безвеза програма, најчесто се стари Дизни цртани(патенм Тарзан му е хит, го гледаме секој ден по еднаш)
    ама мам гилт на најјако ми е.
    А и многу почнав на моменти да му викам и да не можам да се контролирам, најчесто е зошто ептен предизвик стана облекување, соблекување и менување пелени, некој ден ќе добијам нервен слом и мислам дека досега ништо не ми било толку мачно во мајчинствово како оваа фаза.

    Некако деновиве имам и анксиозни мисливо врска со здравјето, некои симптоми чудни…не можам да земам длабоко воздух веќе повеќе од две недели и не можам да се прозевнам, се осеќам како да имам заглавен воздух, не знам дали е од премор, стрес, анксиозност, паника, срце, рак?Се заедно?

    Од друга страна со детево пак многу ми е забавно периодов, го маваат некои филмови и не можам да ви опишам какви перформанси ми прави со музика секојдневно, пресмешен.
    И луѓе мајмун, едно друго дете нема во парк и игротека да се качува секаде како него, едно.
    Само он е качен на дрво, на кровот од топоганот, на мрежата во игротеката одозгоре, некогаш се качува на места каде што не можам ни да го фатам и имам по 200мини срцеви удари дневно.
    Мм бил ваков по кажување ама не знаев дека до толку.

    Во сабота планирам да го оставам кај моите и да излезам со другарките, сакам да се дотерам и да испијам 3-4 штока.:dance:
     
    На Simon4e0507, merriel0, Трагедијаупмм и 5 други им се допаѓа ова.
  9. јolene

    јolene Популарен член

    Се зачлени на:
    20 септември 2017
    Пораки:
    2.714
    Допаѓања:
    12.834
    Пол:
    Женски
    Ќерка ми каснеше со сите груби моторики. Седна на 10м, се исправи на 12, почна да оди на 17.
    Ни една екстра вежба не и правев, си беше на земја цело време и нон стоп си преташе нешто. Цела стегната и мускул, ама ете немаше интерес.
    На 19 месеци ги правеше истите работи што и другите на нејзина возраст, а оделе подолго.
    Не прооде, туку почна да трча и не застана. Сега е далеку поактивна и поспремна физички од деца што почнале на 12м да одат.
    Така да они се си надокнадуваат. Ништо не и фали, а коментари имав од околината и од бабите аман. Ни еднаш не им подлегнав, ни па ставив дете у дубак или за раце да ја држам да ја водам низ дома. Едноставно верувај му на детето, ако го гледаш дека има напредок секој ден и се труди, остави го да си најде начин. Природно им е. Инстинкти ги водат. Ќе биде се.
     
    На BellaBibi, angel4444, Трагедијаупмм и 3 други им се допаѓа ова.
  10. Baby warrior

    Baby warrior Истакнат член

    Се зачлени на:
    27 декември 2023
    Пораки:
    3.364
    Допаѓања:
    6.392
    Пол:
    Женски
    Во се случува ли бебето да се растевожи од одредени луѓе? Неколку пати приметуваме после средба со нив бебето плаче во спиење, одвај ја заспиваме се разбуди 500пати ноќеска па нишкавме шетавме. Маж ми е убеден дека е од друга енергијата а луѓево ни се блиска фамилија не може да не се гледаме ич - или можда само е навикната на нас двајца па кога ќе и се појават деуги ликови уште не може да испроцесира :| битно ноќеска беше една од полошите ноќи овие 5 месеци :sweat:
     
    На Надеж♥️ и 1209 им се допаѓа ова.
  11. Miss_S

    Miss_S Популарен член

    Се зачлени на:
    11 февруари 2022
    Пораки:
    4.428
    Допаѓања:
    9.165
    Пол:
    Женски
    :nod::nod::nod:

    Скоро 3 години е, па секогаш кога ќе одиме кај одредената фамилија или дојдат на гости, цела недела имаме маки со плачки.

    Максимално ради тоа избегнува контакт освен ептен кога се мора.
     
    На Baby warrior, Simon4e0507 и 1209 им се допаѓа ова.
  12. Guns N` Roses

    Guns N` Roses Популарен член

    Се зачлени на:
    25 август 2017
    Пораки:
    4.576
    Допаѓања:
    18.287
    Пол:
    Женски
    Да се случува, сум приметила и јас, исто од блиски луѓе, сакани, после тоа знае да вришти, растревожена да е.
     
    На Simon4e0507 му/ѝ се допаѓа ова.
  13. Трагедијаупмм

    Трагедијаупмм Истакнат член

    Се зачлени на:
    2 ноември 2023
    Пораки:
    1.762
    Допаѓања:
    3.728
    Пол:
    Женски
    Епа ова е тоа урочено што го кажуваат старите :)
    И не,нема бајач да ти советувам ама ако имаш крстена водичка измиј и го лицето.
    Јас имам и едно масленце од острог и од тоа малку и ставам на рачињата.
    @Puffy2019 жал ми е за твојата загуба...
    Секогаш живеат во нашите срца.
    Но,мајка ми е жива...и Господ нека ја поживее ,каква и да е си ја сакам!
    Само пример вака погоре како што пишале ,,секогаш можеш да се вратиш"
    ,,од утре веќе нема да си до мене " и сл..
    Мене не само што не ми кажа туку едвај чекаше да се мажам од кај 22 г до кај 26 (кога се омажив ) какви не притисоци ми правеше. Сега далеку сме некои 200 км и кога отидов ,одам со бебе прв пат го гледа таа цело време за сестра ми ми расправа ,за сватовите за не знам што...
    Прости изрази кои ми беа одвратни,едноставно ми се активираше бори се или бегај...
    Затоа боли имаш луѓе ама немаш поддршка.
     
    Последна измена: 7 ноември 2025
    На Yowannty, Liza38, Guns N` Roses и 2 други им се допаѓа ова.
  14. Feniksgirl

    Feniksgirl Популарен член

    Се зачлени на:
    27 јануари 2022
    Пораки:
    8.956
    Допаѓања:
    15.213
    Пол:
    Женски
    И тоа е лазење иначе, само војничко кај и да е ќе се исправи на сите четири.
     
    На Трагедијаупмм и MariaBouli им се допаѓа ова.
  15. MariaBouli

    MariaBouli Истакнат член

    Се зачлени на:
    26 јули 2024
    Пораки:
    1.650
    Допаѓања:
    3.054
    Пол:
    Женски
    Ама само назад оди, не напред... Деновиве гледам пробува ептен малце гзот да го дигне, плус не е толку стара баба, поседува на коленци малце :D

    А најјака е дека сега научи ако сака од седнат на меше да се префрли, прави шпага кога седи и се пушта нанапред и си легнува на меше :rofl:
     
    На Трагедијаупмм му/ѝ се допаѓа ова.
  16. Feniksgirl

    Feniksgirl Популарен член

    Се зачлени на:
    27 јануари 2022
    Пораки:
    8.956
    Допаѓања:
    15.213
    Пол:
    Женски
    Мојата почна наназад прво, после тргна напред. Не лазеше војнички, само се исправи и се клатеше еден период хахаха.
     
    На MariaBouli му/ѝ се допаѓа ова.
  17. thinkerbell

    thinkerbell Популарен член

    Се зачлени на:
    20 ноември 2010
    Пораки:
    2.655
    Допаѓања:
    14.680
    Пол:
    Женски
    @MariaBouli да си се опуштиш и да не ја носиш таму кај што си ја однела веќе. Секое дете е различно. Верувај ако има проблем со детето ќе се види. Тонусот како и е? Како реагира на звуци, дразби? Верувам не е млитава, или една страна па да и е послаба, да не ја движи толку. Боже каква дијагноза само затоа што бебе уште не лази.
    Големата на 3 месеци почна да се врти, на 4 месеци веќе пропелер беше, а сепак онака убаво лазење на сите 4 се случи на 11 месеци. Претходно само војничко лазење. Според твојава докторка требаше детето по лекари да го носам, сигурно и фалело нешто. Прооде на 13 месеци мислам. Па еве ја сега девојка цела, не застанува, еластична, се витка...
    Малово е такво пргаво, јако, ама бре мрзливо. Од стомак на грб на скоро 7 се заврте. Еве ја се движи по цела дневна со ротација сега и чудно влечење. Големата многу убаво се заигруваше од мала, ова ништо не го интересира. Сега гледам почнува да го крева газот, или скорз се исправа на раце, ама не и текнува да ги спои двете. Ниту големата ја форсирав, ниту малово. Остави ги работите да си течат и уживај со дете.
     
    На 1209, merriel0, MariaBouli и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  18. Simon4e0507

    Simon4e0507 Истакнат член

    Се зачлени на:
    30 октомври 2023
    Пораки:
    392
    Допаѓања:
    722
    Пол:
    Женски
    И моето бебе е исто дали дека не ја мешам со многу луѓе..не знам ..завчера имав гости блиски до 01 не можеше да заспие цивкање хаос..убаво ми беше топло кога беше убаво времето..сега до 15ти ако фатиме некое сонце после магли дожд загадено до февруари тмурно..да ја издржиме зимава сите ..треба по молови..а не сакам ич ..кај и да одам кога ќе почне да вришти од грчевине треба да си одам одма:(
     
    На Трагедијаупмм и Guns N` Roses им се допаѓа ова.
  19. MariaBouli

    MariaBouli Истакнат член

    Се зачлени на:
    26 јули 2024
    Пораки:
    1.650
    Допаѓања:
    3.054
    Пол:
    Женски
    Морав да читам за тонус, прв пат слушам од тебе :D Според моја проценка е океј, се врти, седи самостојно, како што пишав се бутка наназад, ротира без проблем кога е на меше. Еве сега кога седи, нозете си ги става на страна и се пушта нанапред да земе некоја играчка, се зари со главата 2 пати, ама значи го дига газот :D Е малце е тешка да ја клекнеш на колена, се жали, ги стиска нозете исправени, ама не е тоа секогаш, само почесто.
    За звуци и дразби нема проблем, реагира на се. И на најмалиот звук реагира, на името се врти од 6-7 месеци, вода обожава, храна фаќа секаква знаеш ние блв сме.
    И не е млитава и не сум осетила некоја страна повеќе или помалце да ја користи, и рацете двете ги користи и за пинцета фат ептен веќе и е развиен и најмалата трошка ја фаќа, играчки менува од раце во раце, знае да ги стиска копчињата на играчките (на пример на телефончето што го има). Огромен напредок приметувам кај неа, само што повеќето се во фината моторика ама мислам дека е супер и понаред за неа во тој поглед.

    Само лазењето и седнувањето сама што го нема совладано, што да, и јас не сум и покажувала многу како треба, ама па не ја гледам како заостаната. Еве сеа на пример ако ми седи на едната нога, она трга да се исправа, што значи и тој момент работи кај неа веќе.

    Абе вчера бев понапсихана, денес ми помина. И да ти кажам ќе ја носам затоа што платив за месецов хахаха и за дружбата со други ама се знам што сум, нема веќе толку да ме допира и да искоментира нешто докторката, тоа ко за прв пат шок ми дојде :D

    ЕДИТ: додека куцкам седи под масичката и со рацете се фаќа горе и пробува да се завлече нагоре. Ќе прави pull ups :rofl:
     
    На Simon4e0507, thinkerbell и 1209 им се допаѓа ова.
  20. thinkerbell

    thinkerbell Популарен член

    Се зачлени на:
    20 ноември 2010
    Пораки:
    2.655
    Допаѓања:
    14.680
    Пол:
    Женски
    Да му го јаде газот на детето таа. Остави дете нека ужива, супер си е.
     
    На MariaBouli, Peperutce6 и Mumoftwo30 им се допаѓа ова.