Мајчински муабети (не е за барање совети)

Дискусија во 'Бебе' започната од slobodka, 30 април 2016.

  1. Stone

    Stone Истакнат член

    Се зачлени на:
    22 јуни 2024
    Пораки:
    356
    Допаѓања:
    466
    Пол:
    Женски
    Кога си дома по цели денови лесно е да забегаш.4 месеци до роденден на синко а јас барам ли барам тема што да му биде.И најдов да се пофалам па сега го пополнувам времето со тоа.Многу тешко ми паѓа ова што сме надвор од град и не одиме никаде.Вчера се испокарав со мм кога ме праша кај да одиме...кај знам каде е океј место за бебе,толку време немам мрднато.Туку ново на бебуш му е да ме гушка кога е во раце..се топам луѓе.
     
    На merriel0, naturally, MariaBouli и 4 други им се допаѓа ова.
  2. Miss_S

    Miss_S Популарен член

    Се зачлени на:
    11 февруари 2022
    Пораки:
    3.989
    Допаѓања:
    8.257
    Пол:
    Женски
    Зависи до каде си блиску, возиш или не. Ама со ептен мало бебе на ова време освен ептен да се погоди топло и во парк да шетате опции и немаш многу.
    За игротека ако е мало за само да игра нема раат да седнеш. Ако е сеуште баш бебе и нема нешто да го интересира.
    Во трговски пак е на затворено.
    Далеку од тоа дека не е убаво да шеташ, нормално е, и на сите ни треба промена на секојдневието. И со други луѓе да се видиш и сето тоа.
    Ама дека кај нас има забава за ептен мали бебиња/деца еве пак посебно во внатрешноста и нема.

    Ако ме веруваш одвај чекам центарот на градот да се украси новогодишно, за барем колку толку да и е интересно кога ќе излеземе на попладне/вечер.
     
    На dummy, Трагедијаупмм и Puffy2019 им се допаѓа ова.
  3. Peperutce6

    Peperutce6 Истакнат член

    Се зачлени на:
    29 април 2025
    Пораки:
    630
    Допаѓања:
    2.611
    Пол:
    Женски
    Ти си добра хахахха . Моето е 2 ипол ама знам што тема за роденден ќе има :D:D:D:D
     
    На Puffy2019 и Stone им се допаѓа ова.
  4. Stone

    Stone Истакнат член

    Се зачлени на:
    22 јуни 2024
    Пораки:
    356
    Допаѓања:
    466
    Пол:
    Женски
    Положив пред да се породам и не возам.Бебуш е 8м не е премал ама не сме ни за шетање навечер.Додека отидеме некаде не можеме да стигнеме ладно и темно е.Во трговскиве немам што да праам а и не ми се бута дете по продавници без потреба.Мислев некој кафич ресторан но да не е пренатрупан.8 месеци може 10 пати сме отишле некаде.Психички попуштам.Се каам што сме толку далеку ,да бев во стан може до пред зграда ќе искочевме што се вика.Вака немам опција никаква.Да почисто повеќе простор ама психички опаднав посебно што не сум била карактер дома да седи.Ни кај што живееме не можам ни пред куќа да искочам од кучиња а сами сме.
     
  5. Miss_S

    Miss_S Популарен член

    Се зачлени на:
    11 февруари 2022
    Пораки:
    3.989
    Допаѓања:
    8.257
    Пол:
    Женски
    @Stone , роднини, соседи во близина за дружба можеби?

    Или твои да викнеш да дојдат на гости? Да се организираш со друштво + деца викенд да поминете некаде? Или само со сопругот и дете.
    Со дете потешко ама не е скроз неизводливо.
    Било каква промена на секојдневието би ти дошла одлично.
     
    На Puffy2019 му/ѝ се допаѓа ова.
  6. Stone

    Stone Истакнат член

    Се зачлени на:
    22 јуни 2024
    Пораки:
    356
    Допаѓања:
    466
    Пол:
    Женски
    Роднини ретко доаѓаат,ни најблиска фамилија.Друштвото ми се чини ми се распадна изгубив контакт зошто ретко кој некогаш пиша како си,поголемиот дел од нив беа само љубопитни дали се снаоѓаме.Соседи со кој што би седнала немам.Навистина психички ми влијае ова се до степен и кога може да се отиде некаде да не сакам да одам затоа што си направив своја комфортна коцка од која не искачам.На фамилијата замерив одамна што не остави сами да тераме иако знаеа колку ни е тешко..прво дете непознато се.Иако се нудеа на помош,не ми требаше помош за муабет тогаш,ми требаше вистинска помош но тоа значеше расправии кој како правел порано а како сега е па реков ќе стиснам заби и ќе издржам сама отколку да се расправам.Секој ден си викам идат болје денови ама ми се чини никако да дојдат.Разочарувањето од сите ме бутна премногу.
     
    На merriel0 му/ѝ се допаѓа ова.
  7. Puffy2019

    Puffy2019 Популарен член

    Се зачлени на:
    17 јануари 2019
    Пораки:
    729
    Допаѓања:
    1.650
    Пол:
    Женски
    Жално е што навистина сме биле, а и многу други биле во таа ситуација во која ќе бираме дали ќе седиме и трпиме, или ќе се избориме за подобар и посмирен живот. Но, на крај од денот, пак ги мислиш, пак ти фалат, какви и да се.
    Ако е затворена цело време, за жал е очекувано, и ако нема со кој друг да сподели. Иако, секако дека не е во ред.
    Ме потсети на ситуацијата кога му кажав на татко ми за втората бременост, а тој само рече онака ладно со среќа нека ви е, и си продолжи со муабетот за колегата. Се запрепастив и многу се разочарав. За среќа, во текот на бременоста се поправи, па почна да ме прашува како сум, како терам и сл.
    Истите муабети ги имав и од мајка ми. Кога ќе отидев се разочарував, затоа што не ме прашуваше како сум, како се снаоѓам, туку ми раскажуваше за други луѓе, ми се жалеше од брат ми...како да не знаеше да ми ги покаже љубовта и вниманието. Сега сфаќам дека тоа го правела затоа што тоа и било секојдневние, тоа и тежело да го каже, а немала на кого, иако живееше со татко ми и брат ми.

    Затоа, она се што го немав јас, се трудам да им го дадам на моите деца. Близината со родител, искрениот разговор, да им кажувам често колку ги сакам, да ги гушкам пречесто, да читам книги пред спиење (на поголемиот засега), купување на гардероба кога треба. Буквално сето она кое на мене ми фалеше сето детство.

    Вторава дремка мачна, неколку пати прокенкува, турка со ноџињата, сега ја гледам спие а шета со очињата , па пак ги затвора 8-|
    Уште малку и ќе помине тој проблем со стомачето. После ќе следуваат забите со течење нос, нервозни спиења, чешање непца со се што ќе најде и лигавење до бескрај (да си се опремам со мноогу лигавчиња дури е време) :)
     
    На merriel0, Carolin. и Трагедијаупмм им се допаѓа ова.
  8. LaTama

    LaTama Истакнат член

    Се зачлени на:
    1 октомври 2019
    Пораки:
    691
    Допаѓања:
    791
    Пол:
    Женски
    Шетаме во парк сега и пред нас две баби ја шетат внуката. Ги здогледува нивен познаник и културно ги поздравува, здраво како сте? Повратно добива - еве си шетаме името(facepalm) Само мене ли ми е тоа толку заостанато еве се прашувам :D
     
    На Carolin. и Puffy2019 им се допаѓа ова.
  9. Puffy2019

    Puffy2019 Популарен член

    Се зачлени на:
    17 јануари 2019
    Пораки:
    729
    Допаѓања:
    1.650
    Пол:
    Женски
    Знам дека не е лесно да се помине низ разочарување од најблиски, но мораш. До тебе имаш едно човече со живот пред него, на кое му треба насмеана, среќна мајка. Верувам дека нема да дозволиш да ја гледа твојата разочараност :)
    Ако можеш, стави го во количка и врти кругови во близина, ако имаш тераса, седи на тераса. Знам како ти е, и јас сум далеку од центар на град, дури и автобуската ми е далеку. Продавници немам во близина. Што ти се вика судбина, и кај што живеев како дете, и сега кај што живеам, се гратски населби, но што дека кога за да стигнам до продавница ми треба па едно добри пола саат пешки. Втора кола во моментов немам, иако активно возев до крај на бременост, баш сега кога ми треба немам и страшно ми фали.
    Кога не врне, облечи бебе убаво, поседи во двор. Секоја мала промена ќе ти дојде добро. Е сега, за навечер во малите гратчиња ви е многу потешко, ако имате можност, некоја вечер дојдете во поголем град што ви е во близина па така...
    Ќе се разведри, не грижи се :f:
     
    На Трагедијаупмм и Stone им се допаѓа ова.
  10. Puffy2019

    Puffy2019 Популарен член

    Се зачлени на:
    17 јануари 2019
    Пораки:
    729
    Допаѓања:
    1.650
    Пол:
    Женски
    Не ти е само тебе, и јас се пријавувам :D
    ама фалењето со тоа ми е уште повеќе
     
    На LaTama му/ѝ се допаѓа ова.
  11. Stone

    Stone Истакнат член

    Се зачлени на:
    22 јуни 2024
    Пораки:
    356
    Допаѓања:
    466
    Пол:
    Женски
    Пробувам стварно да бидам позитивна ради него иако мал број пати ме има гледано како плачам.Претешко го поминав постпородилниов период баш ради тие разочарувања.Криво ми е што моите чуства влијае толку многу па дури и не се сеќавам на многу денови и недели од кога се породив.Стварно давам максимум да сум најдобра мајка за него,и сигурна сум и дека сум,но психички што ме исцрпува оваа изолираност мене ме боли и морам да си најдам решение.Дворот ни е незаграден сеуште,надвор има улични кучиња соседи се на работа а јас сама со него не би ризикувала.На тераса искачаме но пак...дома сме.Едина позитива ми е да мислам на времето кое ќе дојде и дека се ова се исплати.Дека ќе има голем двор кај што ќе трча,планини околу него и чист воздух и дека се ова ќе пројде.Но додека да пројде е тешко.
     
  12. Baby warrior

    Baby warrior Истакнат член

    Се зачлени на:
    27 декември 2023
    Пораки:
    2.303
    Допаѓања:
    4.548
    Пол:
    Женски
    Еве јас како сугестија новово roosty ми е мн убаво за со бебе/дете преку ден. Има паркинг, внатре комфорно и за со количка, преубав ентериер … за ручек мн ми се допаѓа, услугата предобра храната уште повеќе
     
    На Stone му/ѝ се допаѓа ова.
  13. Трагедијаупмм

    Трагедијаупмм Истакнат член

    Се зачлени на:
    2 ноември 2023
    Пораки:
    1.442
    Допаѓања:
    3.073
    Пол:
    Женски
    Не е сама ,мислам сама живее ама има друштво ,излегува и има повеќе пријателки отколку јас...
    Не е тоа проблемот ,имам пишувано тука и таму не би да проширувам веќе но ете накратко отсекогаш правела разлика меѓу нас тројца и затоа меѓудругото ми било страв да имам второ бебе ,да не им правам разлики ;(.... и длабоко во себе се надевам нема... :l:
    Еве коментар што ми беше преодвратен не знам и како се воздржав да се карам ,само си реков доаѓаш толку ретко не вреди да се скараш и нервираш.
    Збориме за доењето и дека многу апетит имам на секои два часа јадам и она сеа :
    ,,Па нормално е да јадеш често те трга детето " :puke: и продолжува ,,а золвата на сестра ти со толкави цицки не се ни потруди да дои "
    Знае колку ми значи ама така како го претстави ,,трга" не знам многу лошо се почувствував.
    Близина ,никогаш сме немале. И најлошо е шо мене ме обвинуваше :(
    И доста е веќе нема да пишувам за ова тука !



    Колку има бебка ?
     
  14. LizzyGrant

    LizzyGrant Истакнат член

    Се зачлени на:
    27 мај 2021
    Пораки:
    662
    Допаѓања:
    1.294
    Пол:
    Женски
    Мене баш тоа невозењето ме кочи. Моментално живееме во место кај што сѐ ми е блиску и си функционирам супер, ама ќе треба да бараме поголем стан/куќа и да се селиме од тука :(
    А размисли дека треба да се развозува дете за некоја година на родендени, курсеви, спорт... Не знам искрено како издржуваш, барем во двор да може да си седите би ти било полесно. Посебно сега за некој месец кога ќе ти прооди.
    Цела недела да сум дома затворена ќе полудам, породилното така некако го издржав во парковиве секој ден (кога не беше премногу загадено).. инаку и јас немав со кој еден муабет да направам да не беше мајка ми на кафе да дојде секој понеделник, тешка е таа изолација, те сфаќам.
     
    На Трагедијаупмм и Stone им се допаѓа ова.
  15. AngelOfArh

    AngelOfArh Форумски идол

    Се зачлени на:
    26 септември 2011
    Пораки:
    21.546
    Допаѓања:
    113.115
    Пол:
    Женски
    Ама не се сите од Скопје, еве мајкава ко што сфатив не е од Скопје.
     
    На Трагедијаупмм му/ѝ се допаѓа ова.
  16. dummy

    dummy Истакнат член

    Се зачлени на:
    21 август 2024
    Пораки:
    690
    Допаѓања:
    995
    Пол:
    Женски
    Ова со будењево рано истото и мојава го правеше и баш ја читав Др. гуднајт и почнав да и ги зголемувам прозорите будност и да отфрлам последна дремка и се среди.
     
    На Baby warrior му/ѝ се допаѓа ова.
  17. troublemaker94

    troublemaker94 Истакнат член

    Се зачлени на:
    2 ноември 2018
    Пораки:
    203
    Допаѓања:
    887
    Пол:
    Женски
    Вчера си читав некои стари мислења кога ќерка ми била бебе, а сега ,7 ипол години подоцна ми вика, ај одам во соба да си играм нешто, и може цел час 2 да не'не побара, си прави кујќи за барбиките ,од секое можно книже ливче парталче, кутивче се што е за во канта, не дај боже да се фрли нешто, се и е потребно.
    Креативец невиден. Сакам да се научам да шијам ми вика вчера, за роденден сакала машина за шиење алишта.
    Кога помина времето бе луѓее. :sweat:
     
    На naturally, Autumn Love, Noemi и 5 други им се допаѓа ова.
  18. Stone

    Stone Истакнат член

    Се зачлени на:
    22 јуни 2024
    Пораки:
    356
    Допаѓања:
    466
    Пол:
    Женски
    Од Скопје сум само живеам надвор од градот па кај и да тргнам не ми е ништо блиску,секогаш има мин 40мин возење а времето е ограничено,треба да спие.
     
    На Трагедијаупмм му/ѝ се допаѓа ова.
  19. AngelOfArh

    AngelOfArh Форумски идол

    Се зачлени на:
    26 септември 2011
    Пораки:
    21.546
    Допаѓања:
    113.115
    Пол:
    Женски
    Епа научи го да спие надвор, па во количка и шетајте. Немој да си правиш ограничувања, они се кратко мали а нас психичкото здравје ни страда. Ехееее колку сум дремела надвор сама со дете а он спиел. Од 20 дена бебе сум го вадела надвор да спие за да може да се научи.
     
    На Peperutce6, Трагедијаупмм и Ladyme им се допаѓа ова.
  20. thinkerbell

    thinkerbell Популарен член

    Се зачлени на:
    20 ноември 2010
    Пораки:
    2.589
    Допаѓања:
    14.178
    Пол:
    Женски
    Добро е, мислев само ние се давиме во ливчиња, картончиња, глупости што неа и требаат. А очајно сакам да ги фрлам. Еве ппследно картонската кутија од пелените за бебе ја испосече, залепи и ја направи кафич за барбиките. Собана ќе прооди. Ама си викам нека, ќе помине, па ќе ми фали. Летово една недела беше со моите на одмор, со маж пукнавме по неа. Раскренавме, џитнав се што можев и после тишина. Нечепната соба, се на место.
    Сфатив дека можеби е хаос таму (не дозволувам тоа во други делови во куќава), ама топло на душата ни е.
     
    На Yowannty, MariaBouli, Peperutce6 и 1 друга личност им се допаѓа ова.