Ама каде да го носам?Кола немам,не возам.Попладне додека искочиме треба да се враќаме он да легне вечерно за спиење,не би да го малтретирам надвор да спие па да го префелам иако мислам не е ни возможно тоа.
Нели, исто еве последно ми ги задржа она книжено за чорапи 3 во пар што се потфатени, и кутијата за хулахопки доколенки, кревет било за седење на барбиките. И нешто наајситно да фрлам, абе си го памти, па одма каде е, па ми го имаш фрлено. Јас си викам подобро да се заигрува со вакви џубретинки, одколку па да виси на телефон и пред тв, Затоа па со синот, друга приказна, заигрување со реквизити сам, е научна фантастика.
Па зимава да ја изгуркате, после од 1 година обично имаат 1 дремка и ти е предвидливо кога ќе спие. Две дремки е потешко за организација. Кога беше мал пред да прооди спиеше во количка мојот за дремки, па пробај некогаш нема што да изгубиш. Мора да си најдеш решение зашто изолацијата и осаменоста не се штетни само за психичко туку и за физичкото здравје, докажано е. Јас кога би била во твојата ситуација би земала пак уште некој час по возење за да се опуштам малку и да си возам.
Попладне може да искочиме само чим се врати мм од работа а тогаш нема дремки следи само ноќното спиење.И ја се тешам дека кога ќе намали со дремки ќе е полесно ама како ќе се издржува денот со активности не знам.Не е проблем дополнително час,нема кој да го чува бебето за ја да одам некаде.Неспособни се сите до еден. И небитно мислам дека не би сакала да ја полнам темава повеќе со овие работи,знам дека ми треба решение но ете немам.Не знам како гурам ни како натака ќе гурам.Свесна сум дека и психички и физички влијае.Да не се вртиме во круг со мислењава и да ја трупам со негативни работи темава...биче болје кад тад.Фала ви на сите.
Разочарана си те сфаќам ама на тебе и сопругот е да најдете решение како да функционирате. Има и жени за чување има и градинка. Не е работата како да се издржи и во survival mode да си цело време. Еве биди ти поспособна. Треба и да уживаш малку во овој период зашто не се враќа. Среќно
И јас мислев дека не може да спие надвор и се имав откажано, трчав дома за секоја дремка. Но во месец дена од бебе што дремки спиеше само контактно на мене почна да спие и сама откако се наканив да ја префрлам на кревет. По неколку дена едвај собрав сила да пробам да ја успијам надвор. Во количка не одеше ама па затоа во раце со нишкање успеа и ја префрлив во количка без никаков проблем. И истото уште неколку пати и сега не ми е ноќна мора ако треба негде да одиме надвор, имам начин како да си спие дур сме било каде. Не си ставај бариери во главата дека не може и дека те кочи бебето да излезеш, и јас го правев тоа ама барем гледав да шетам дур беше будна. Среќа сум во град па обврски од типот на пазарење ги правам често со неа во количка дур е будна. Ти ја немаш можеби опцијата за тоа ама сама кажа на чист воздух живееш, користи го тоа. Имало кучиња, е добро де што ако има што ќе ти направат? Страв ти е за себе? На бебето верувам нема шанси нешто да му направат. Пробајте со сопругот неколку дена давајте им храна нешто нека ве научат па ќе ве засакаат и наместо страв од нив они ќе те чуваат од други со бебето кога ќе шеташ. За се има решение ако си ги тргнеме бариерите во главата.
Секако дека си и ќе бидеш најдобра мајка за тоа детенце Прво дете ти е, далеку од се и од сите. Во иста ситуација бев и јас првиот пат. Се доселивме, никој не познавав. За се ми требаше кола а немав. Па тогаш кога дојде ред да имам кола ми беше страв да го возам, се одлободив дури после повеќе од една година. Страв од се и од сешто. Да не му студи, да не го фатат грчеви, да не се разбуди, па како што спомна кучиња, јас се плашам од птици па и тоа ми беше причина. Но сето тоа ни штети. Ќе се среди и дворот и се, но ако сега не се охрабриш, верувам дека и тогаш кога ќе биде готов дворот нема да одиш затоа што и тогаш ќе најдеш причина зошто да не отидеш. Ова ти го кажувам затоа што на своја кожа го имам осетено, истите работи ги правев, и пречките за да направам нешто сама само се зголемуваа и зголемуваа. Знам дека и да имав продавници и се друго во близина, пак ќе си најдев причина зошто да не излезам. Пробај зголемувај го изложувањето надвор малку по малку. Помислив да не си од кај мене, но штом спомна планини, не си тука, а помислив да се дружиме
За некој ден два месеци Тебе те памтам од темите за бременост. Мислам дека околу полот на бебето пишувавме. Твојата колку направи? Ми се чини не бевме голема разлика.
Престимулирана е мал збор за тоа што сум во моментов, ма животов. Последните 3 месеци барем. Година ипол каде што на една рака можам да избројам повеќе од 2 саати врзани сон. Од толку набивање страв дека ако дадам шише млеко ќе се одбие од цицање иако фаќаше тие неколку пати што имав оставено молзено, сега имам гремлин што виси на цицка цели ноќи. Да беше цицање, нормално цицање кај што го држам во раце или лежи до мене, нејсе, ќе издржам. Ама не, последните 3 месеци цица апла со двете цицки на мегдан и паралелна размена, малце на едната малце на другата. Кога цица на една со другата мора да си игра или да ми ги корне бемките и секое мое пробување да го прекинам преоѓа во факинг вриштење што ги пара ушите на пола комшилук. I can't fucking take it anymore. Исто така ги фаќа сите можни позиции, жими се уште на ушите нема застанато да цица. Пробав да го одбијам со нежно гушкање, галење, објаснувањe, пробав да останам доследна и да не пропуштам на мега тантрумот од 4 ебани саати, пробав со бабини деветини и мачкав сенф, па црвен кармин ама на крај добив мајмун измачкан до ушите ама барем најаден. Настрана тоа што со никој друг не заспива, не дека има со кој освен мажот ми де, ама не бе, вриштење додека не ме види и не се залепи не на едната, на двете цицки. Убавината на работата од дома е тоа што I don't get a fucking break, туку секое подавање на главата од собата помеѓу еден куп таскови на работа е тоа што сум пречекана со мама, цице, мама, цице и тегнење ко слеп за стап. Ако случајно успеам да го заспијам во нормално време, дур што завршам со работа и успеам да легнам, веќе има станато барем 3-4 пати and of course, ако не одам јас да го презаспијам, се претвора во дремка и е буден барем наредните 3 саати, if I am lucky. Денес не е тој ден, денес заспа во 7ипол стана во 8 ипол и ете го седи до мене рецитирајќи мама, коли, топка, цице, коли... Јас, најголемиот поборник за доење, ми иди со инка да му давам формула само да ми се мавни од глава. Налет и работa и работа од дома и факинг втора смена. За тоа во некој нареден rant. Let's gooo, дванајсти обид да се успие ова торнадо што 1 минута не седнува на газ ама има енергија за 6 деца. The joys of motherhood.
Празнично утро, па и дождливо. Направен појадок, дете реши од рано утро да плаче и за снегот лански. Како ближиме на кај 3 години, плачките без причина се почести ама пак и толку јас сум лабава веќе. Ја оставам да си се исплаче, нормално прво да видам да не е некоја физичка повреда и после гушкање, па си функционираме нормално. Маж од друга страна уште повеќе паники го фаќаат само што ќе отвори дете уста. Туку се фатив како се повеќе ми смета и му замерувам на старите (од двете страни) за изјавата од типот - Дојди да ме бакнеш/гушнеш, ако сакаш тоа и тоа... Толку ми е уценувачки, па дури и безвеза. Дете се моли за коцки да редат пример и одма изјава, ајде да ме гушнеш, за да редиме... Не, не мора ни гушкањето, ни редењето заедно.
Денот имаше потенцијал да почне убаво, ама кратко траеше... Ги гледам видеана за женскиот mental load цело време и чатпат ќе му пратам на мм, и се поминува со хаха хихи. И еве денес ми преќипе. Сфатив дека стварно се носиме на рамена, се мислиме, мозокот работи со 150% капацитет што го нема. Значи јас на тераса, ја правам сушарата да биде со црево зошто ни се скрши садот за вода (да иначе, јас сум мајсторот, господинот е научен "Ќе го викнеме тато" и за најмалото штрафче и веќе почнува многу да ми смета тоа), и му викам направи и јајца на бебе (готви за гоа не можам да се пожалам, иако за бебето само јајца пржи), и се враќам гледам уште дреме и викам Што? ми вика Па да ја земеш. Полудев, затоа што не знае да се снајде не за друго, морав да му кажам да ја остави во столче и да и праи иначе сам нема да му текне. Обврска му е да празни машина за садови и да смука, ама мора да му кажам. Дури и тој му е муабетот "Ама мора да ми кажеш, мене нема д ами текне". Ќе полудам начисто веќе од тоа жими се....
Леле жива глупост тоа со шишето, дека ќе се одбие од цицање. Јас така се малтретирав првите 6 месеци. Душа ми излезе од тоа себеизмачување без причина. Као тоа АД отров да е. Колку дечиња се само на АД и одлични се. Ама хормони јбг, не размислував јасно. Маж ми кога ми викаше дај и АД да одмориш малце од неспиење и воспалени брадавици, јас се лутев. Мрдната работа.. И почнав да и давам, нит од цицање се одби нит нешто и се случи што чат пат давав шише да одморам. Сега е на 3 подои во 24 ч.иако почна ноќе да се буди да ме фаќа по цицки да ме влече. Знам што бара, ама се воздржувам. Над 1 г.веќе разбираат и потешко е одбивањето. Напротив за беља, повеќе бараат. Работам и јас понекогаш од дома и тоа е голема потешкотија во осамостојувањето. Коа е кај баба и супер е, кога ја чува баба и додека работам од дома се нешто цивка, сака јас да ја заспивам, гребе на врата. Мачно е. Ако некогаш имам второ бебе, многу попаметна ќе сум за цицање + АД. Гуд лак мајка.
Хахаха. Мојава стана синоќа во 3.50 и саат и пол пробував да ја успијам, раце ми паднаа. И после саат и пол нишкање, пеење, галење му викам на мм (кој си хрчи) дека се преморив. И ме прашува, па што да правиме кога неќе да спие? Му велам, па ајде земи ти пробај да ја успиеш. Ми вика, па така кажи дека сакаш . Ја заспа. Мора за се команда да се даде.
Тоа со шишето дека ако дадеме ќе се одбијат од цице ваљда е повеќе за мали бебиња според други мајки што сум слушала. Ние сме на доење еве 7м и без проблем пие АД од шише чат пат. Во главно тоа е кога не сум дома, во кола кога патуваме и некаде надвор во пренатрупан локал кај што ми е безвезе да ја дојам. Можда и зависи од бебето, некои па не прифаќаат. Среќа она прифаќа и олеснува дефинитивно, дури и си викам и да немам потреба бар еднаш на неколку недели е паметно да и дадам за да не заборави како од шише па да одбива
Леле цело време се трудам да не се нервирам за машкиот слаб механизам за мултитаскинг (понекогаш само таскинг) ама некогаш претешко иде, особено ако сум уморна и престимулирана. Ако ти е за утеха јас ќе станам со бебе, ќе ја пресоблечам, средам, ќе и направам за јадење, ќе ја наранам, ќе средам садови од машина или алишта зависи од денот, ќе направам јадење за нас а за целото ова време мм ќе поспие уште малце( работи до покасно па сме договорени да доспие) и ќе стигне до пола да се искака (да до пола, нема да стигне ни тоа да го заврши мора саат време во вц) хах… Јбг не функционираме исто. И да мора да им се каже за да направат нешто ама битно па ќе послушаат и ќе направат
Добро утро мамичкиии Вчера излеговме на кафе со мм и бебка. Поминаа едно пола саат и осеќам смрдеа.. Моево дете веѓите и се зацрвениле скроз , рацете во тупаници и се напрега кака Ја средив некако блиску бевме до капитол има таму за пресоблакање.. Вечерта вика мм ајде иди ти у дневна ја неа ќе ја успијам. Ај викам супер може. Се вртам ја не можам да заспијам, луѓе сум се навикнала да спијам со ФЕН И така си го пуштив фенот и си заспав Сабајле стана во 6 саат. Дремка до сега имаше , оутфит облечен , средена е. А сега ќе идам и јас да си се средам, на кафе па на депилација, а мм нека му ја мисли цел ден
Добар ден. Времево милина. Изгледа само јас обожавам дожд. Многу сакам да си бидам дома кога врне и да си пијам топло чајче. Ма и да си чистам. Дека верувале или не , ме опушта. Амаааа со бебе, реалноста е малку подруга. Среќа тета е тука неколку дена па ќе го почува за да средам низ дома. Еден куп машини имам за пуштање. За усисавање и прашина па да не зборувам. Од сабајле стигнав само да му ги соберам алиштата на бебе од сушара и да направам појадок за нас и за бебуш нормално, а будни сме од 6 ипол. Среќа попладне сме на слава , па нема да шекнеме дома цел ден. Синко спие со татко му. Јас да земам да смислам што да ставам за ручек. Ништо не ме нервира толку колку што треба да мислам што за појадок, што за ручек. Мада за ручек 80% ни е месо , јер маженце ручек без месо јок. Јас искрено не сум љубител ич на месо. По би нешто друго, ако би бирала јас. Така и сме договорени, во неделата 3-4 пати правам мефце, другиот дел јас избирам без месо. Убав ден!
За маживе, 3дена по ред бебка се буди навечер ми плаче во спална не може да ја презаспијам и маж ми што спие во дневна онака лабаво 5месеци без мака овие три дена пошто плаче посилно доаѓа и ја зима па ја смирува и ја легнува и нејзе до него во дневна па ми ја носи за 2саати за цицање во спална. Ако верувате три дена се караме за ова зошто он би ненаспан а требало да работи, па тешко му е и преку ден да ја заспие бар еднаш зошто он нил буден еден саат ноќта јас се распаѓам здравствено косата ми падна пола среќа се обновува, премногу ме болат зглобовите на рацете веќе неколку месеци ама почнува да е остра болка и ќе закажам неделава доктор зошто веќе не можа ни да ја дигам бебка и тоа плус ми прави грижа на совест… и така викендов малце аут почна се надевам ќе се смириме и ќе сфати дека тоа што три дена е сонлив јас го живеам 5месеци и гледам да не се жалам зошто тоа ми е во опис на позиција мајка
Ние уште малку 5... Тоа викам на мм уште малку ќе почне повеќе да се движи и толку од бебе периодот. За полот уште се нервирам од коментарите од страна ,навистина не ми е јасно што им е на луѓево. ,,мора на трето да идете за машко" бе Уште не пркнато второво