Барем полесно ќе ти биде, ќе си се заигрува само, ќе си лази, тој период некако најсладок ми беше. Е после кога ќе проодат е друг муабет ххахахаха Не се нормални луѓево, стварно не ги разбирам со коментарите за пол, па уште ти рекле мора Јас па дека ги имам и машко и женско ми викаат ааа сте си ја завршиле работата Значи сега на трето ако одам, очекувам да ме прашуваат што ќе ми е трето... Стварно е невкусно. И за прашања за доење, породување, се разбирам, кој се интересира за да научи за него во иднина, кој за муабет нели, тоа не ми пречи. Ама кога ќе замешаат пол тука вријам. Особено на вие што имате само девојчиња, дека морало да се има машко, мисламммм ми доаѓа да ги фатам
Кумот више на секое седнување ,добро викам и ако испадне девојче шо ќе праиме ? Ќути. После некој ден ќе седнеме пак на трето мора и веќе почнав само очи да превртувам ко ќе спомне . Ај мене дека големата пргава ,буквално како почна сама да се врти толку беше од раатот. Пошо немаше заигрување, немаше лазење. Цело време беше залепена за мене или во пробување да стане па мораш да вимаваш да не се акне негде.
Како бе така кажуваат ко тоа да е плукни залепи. Убаво си го прашала, само што за џабе, ете кратко траело... Господ нека ти дава трпение. Тебе ти било уште понапорно со првото Јас мислев моево дека било преактивно
И мали не верувам дека може така лесно да се одбијат. Инстинктот за глад / преживување доминира. А и да се одбијат не е крај на светот, побрзо мајката ќе ослаби
Здраво на сите. Често ве читам, ама не сум се осудила да пишам. Последно време темата ми е баш рамо за плачење. Сфаќаш дека е полесно кога гледаш дека речиси сите жени поминуваме низ истото. Растењето на деца не е лесно, посебно ако немаме ни еден на кој можиме да се потпираме. Веќе година и осум месеци сум домаќинка, ненаспана, гледаш сите функционираат ти неможеш нема опција. Се распаѓаш и физички и психички. Мене она што најмногу ми помага е воздух и само воздух. Буквално само за јадење дома. Затоа куќата е хаос. Маж на работа две смени, 2смена 12х е дома, веќе спиеме со дете. И сега кога доаѓа зима незнам, ме фаќа паника. Ручеците ги правам на рака со дете, или на земја па само пазам да не се удри некаде. Не е дека само кукаме, ама подобро да кукаш него да собираш само. И тоа ќе дојдат подобри времиња, ваљда коа ќе полнат 3/4години. Патем се одбивме и од доење, сами двајцава и тоа уште толку ме уби психички. Мислев ќе спие. Ама еве станува исто по 4пати. Ајде можеби треба да помине барем еден месец. Поздрав до сите, бидете силни
Многу ги тинтрате маживе жими се. Разбирам љубов, си го обожавам мојов, ама во поглед на спиење и деца сме рамномерни. Он работел. Пих. Ајде на страна тоа што мајката додека е на породилно е цел ден со бебе, плус работа по дома што нема крај, алишта, чистење, готвење, ама што правиме кога и таа ќе се врати на работа? Нема бебе магично да престане да плаче или да се буди ако до вчера го правело тоа. Често знае госпоѓава во 5 да се расони и да е спремна за поход, па тука он си ја зема и ич не ме интересира дали ќе успее да ја успие или ќе се борат до 7 сабајле. Кажував тргнав на работа кога бебево ми направи 7 месеци. Кога сум прва смена станувам пред 6, се средувам, будам големо дете, го спремам, се качувам и давам да цица на малава и тогаш го будам и него. Порано не ми има поента, од 7 он останува со дете и се мачи да работи, па доработува навечер во ниедно време. Поделете обврските и не им се замарајте. Ќе се лути батката. Абее ќе му ги преместам гаќите и нема никад да ги најде (гледав рил се изнасмеав). И колку и да не ги бива некогаш е и научена некомпетентност. Така им чини. Јаки сте, не им преќутувајте и попуштајте. Впрочем нели за рамноправност се бориме. Нека свиткаат тоа ракавите и нека се уозбилат.
@Baby warrior дали маж ти истово ќе го мисли кога ти ќе почнеш на работа? Не знам што работи сопругот твој, ама детето е заедничко, не му е него обврска, нит па треба да ти помага. Кога ќе слушнам ми помага ми се темни.. што помагаш бре човече, твое е детево!!! Не е помош тоа, твое дете е. Мислам дека треба да разговарате поопширно на темава, мажите за жал не се приврзуваат така и не согледуваат исто како нас жените-мајките.
Ги тинтраме и тоа како ги тинтраме 100% си во право. Само кај некои мажи е проблем и да не преќутиш како од едно да влегува од друго да излегува. Дека цица моето не го замарам мм за ноќно станување среќа до сега бебе ретко се буди за презаспивање, станува само за цицање. Јас го разбирам мм испаѓа сабајле за на работа некогаш се прибира касно навечер ако има заглавено, некогаш во 5 испаѓа во 5 се прибира и него му е тешко океј. Ама не разбира дека и со бебе дома не е лесно и дека сум sleep deprived и дека и мене на кратко ми треба оддишка. Најлесен изговор е само кај тебе се смирува и пред некој ден во 5 сабајле се скарав дека кај мене се смирува оти он не го земал да проба да го смири. И кога бебе се разбуди пак во 6ипол среќа имаше малку осет па го зема во дневна го занимаваше до 15 за 8 дека мораше за на работа да испадне и ме остави да поспијам уште 1 саат. И наајмногу што ме вади од такт е кога ќе ми рече "што да правам кога татко ти не мислел" ко демек на смеа дека женско сум па тоа ми е работа. Такви некои работии се стварно и кај него со заостанато мислење ама ајде барем викам кога ќе дојде од работа мине време со бебуш и го игра и го држи да можам малку да одморам раце. Оти бубу мој е стрвен и е 7кг на 3 месеци па мајка има раце од челик и физички се спрема за наредните месеци за држење оти изгледа си гледам мамина маза
Зглобовите не да ме болат..деснава рака кај дланката веднаш до глужд имам како топче коска дури и ми се кочи.
Закажав во систина кај трауматолог ортопед во четврток ќе ти пишам што препораки ќе ми даде и дали има лек зошто сериозно остра болка станува веќе кај мене од тоа то читам се работи за воспаление на тетивите од дигање бебе
Не вика дека помага он … вика дека бил уморен три дена што станува и е буден макс еден саат во ноќта. Јас што дојам на 2саати дење ноќе друга прикаска. Денес си напрајвме муабет малце си дојде на себе у ефект бил нервозен рече па се извини сега ми е смешно сабајле ќе го фрлев од тераса… си има он испади за родителство онака споделувам само има и добри страни што ниеден маж не верувам дека ги има … и така компензираме сите нели
Се согласувам тотално со тебе јас имам проблем со мојот сопруг..он мисли од 2000км да кажува што и како треба да правам..а реалноста и секојдневието е сосема др приказна ..и само расправии имаме ..и сеа почнав кај моите да си седам зашо не се живее сам со бебе од 3м ,мислам дека 90%од вас ќе се согласат со мене за ова.Не ми беше решение ни жена ..за 4часа на ден а остатокот од времето сама со бебе што цивка и плаче на 10 мин а јас со депресивно анксиозен синдром..хорор итн..да не ве давам ..тоа е накратко
Бејби уште не го пресели во спална... одма да го вратиш ич да не го жалиш нека се навикне нека спие со вас. Не бе јас себе само се жалам више никој друг. Значи заспива во 9 во дневна а бебе заспива во 8, и јас дремам гледам тв... и легнувам во 12 во спална и он се префрла и бебе станува нешто во 12 ипол, он мн нема осет кога влага цел тропа и она се разбуди и се свртев му реков спиеш од 9 јас сега ми дојде сон. Дружете се и сум заспала. Ја заспал и др ден он уморен бил вака така. Дека настината цела недела спиеше на нас и го будам да се смениме зошто ако сум само јас цела вечер со неа, тешко спијам со дете на мене . После преку ден што си нервозна што се дереш вака така припази се. И затоа, како јас така и он нека седи родител е и јас цел ден со неа, плус дома е средено цакум пакум. Секој ден усисано, чиста кујна, шишиња измиени нејзини, машини перат, јадење секој ден успевам да направам како така. И со неа да играм да не плаче за да не ја држам во раце. И јас дома сум била, он на раб уморен. Кој те верува бе... родител може да те жали само никој друг. Другариве негови све се повеќето така жени све им работат и деца за жени залепени. И јас неколку пати сум дошла со нив така да се конфронтирам. Лелее мн го мачиш бе. Што го мачам татко е, јас малку се мачев цела бременост. Не е само направи го и удирај се во гради си напраел две три деца. Така да не жали никој, не значи тоа дека не ги сакаме. Да не го сакам не живеам со него и не му раѓам дете. Сум му кажала не е тоа љубов еден да се мачи и разболува. Треба све подеднакво да работиме.
Бебка почн да спие во креветче преку ден, ја спремам сега во спална на деугото креветче за навечер па он нема да има веќе изговор дека е тесно на спална тројцата. Се надевам ќе успеам зошто стварно ми е мн тешко веќе 5месеци сам ноќе а муабетот што си нервозна бе? Кога ќе ми го направи и мене ми иде да го убијам скроз исто како ти
Да не испадне дека те сталкам или намерно ти контрам, ама со најдобра намера сум. Он не спие во спална со вас? Абе нека си собере перницата и паметот и нека се нацрта во спална. 5 месеци сама оправаш ноќи со бебе? Срамота. Јас верувам дека он е ок како човек и те сака и се, ама ова е детско однесување. Научена, намерна некомпетентност како што кажав погоре. Седни го и разграничете некои работи. Ајде ќе разберам да му е тешко некогаш да се пожали од неспиење, ама да си лабавее сам посебно е греота. Нека сфати дека не е помошен родител. Исти сте, мора да бидете. Ок нема цицка он, ама се друго може да прави. Некогаш ние жените сме попустливи, ама почесто така им чини на мажите, сами да се стават во улога на гревчиња, помошници само. Спискај му таму и не му се замарај. Абе да помисли само да спие во дневна така ќе спакува парталите и кај мајка му ќе го пратам и никогаш нека не ми се ни враќа. Последно кога и двете беа болни, буквално сите спиевме во спална за полесно да ни биде со станување. Укочени, ненаспани, ама јебига, тоа е. Па и со здрави деца, знам да си ја земам големата меѓу нас кога ми фали. Може во дневна да спие со малово и нормално исклучок имаше минатата недела требаше да полага за битен сертификат и буквално го терав да спие во друга соба затоа што мораше пред 6 да почне со полагање.
Истата ситуација е и кај нас. Мм спие сам во спална, јас со бебе цела ноќ се борам откако е родена. Додека беше помала и спиеше во креветче имаше шанси да се префрлиме во спална, мм секако не беше заитересиран да ја навикнеме затоа што така му одговараше, а сега веќе бебе спие на кревет со мене и тешко дека ќе се одвикне, многу се приврза со мене, среќа па цела ноќ си спие, од 21-22часот до 6-7, се буди за цицање и одма си продолжува.
Е и мојата така си цицнуваше и си презаспиваше и во 4ти скок магично од една вечер почна вака скандали со плачење за нишкање навечер …. Некогаш нејќе ни цице целата спремна ќе станува, ноќеска на пример ја нишкаше маж ми од 2:45 до 3ипол одвај презаспа
Ќе помине, после 5ти скок ќе се смени се, и ќе почнеш со одвикнување и се ќе биде подобро. Тешко е да се издржи, имало ноќи кога и сум се дерела, и после јас сум плачела 2 саати зошто сум и викала. И на крај она ќе си поспие, а јас ненаспана зошто сум се вознемирила. Како помина 5ти скок и се заинатив веќе е друга приказна. Дојдени сме до момент да станува во 6ипол прво станување, а веќе неколку вечери и од тоа ја одвикнувам. Иако се буди пак, ама ја галкам само и си продолжува. Еве денес моментално се буди (9ипол е). Не знам што и бидна ама се ухрчи, без да има цицано. Се размрда накај 6, ја галкав и си продолжи. Обично до 7ипол-8 спие, ама денес нешто и се уарни За мажите девојки не знам што да ви кажам. Мојот нема проблем со неспиење, он ко заинает во последните години почна да спие по 8-10 саати, претходно на 6 саати функционираше ама ми помагаше понекогаш кога сакав помош. Многу често и јас бев голем инат дека јас ќе си ја заспијам и на крај ќе бев нервозна ама сеа тоа е. Многу ги почитувам другите членки ама кога се прави муабетот "Што е со тие мажите, не се помош, едно друго" мислам дека не ја гледаат целата слика. Јас верувам дека маж ти ти помага, е сеа има некои аспекти за кои што се малце покомплицирани и тоа е тоа. Еве мојот не менува пелени, ама па ручек неам зготвено 8 години - колку од нив можат тоа да го кажат? Важно е да комуницирате и да пробате барем баланс да воспоставите. Јас лично не сметам дека мора толку што прави жената да прави и мажот и обратно, туку дека треба да се има баш баланс. И дека на моменти баш треба да ни помогнат кога сме overwhelmed. Ама тешко им е да разберат со тие главите некогаш што да им правиме
Лелеее абе уживање е бебе да ти станува во 8, ај можда некогаш ќе доживеам и мојава а во колку ја легнуваш?
Леле во овој момент ми иде да земам дете и да им речам ај мавнете се ништо не треба да правите. Кожа ми се ежи секундарно. Ај добро утро. Мажите да си ги вратитр кај што спиеле уште пред да се роди дете. 2години има детево, два пати болен кога бил во овие две години спиел во друга соба и тоа не вредеше пошо и ние се разболевме секако. Па се одкажав од мкнење постели низ цела куќа. Сам спиел кај мајка ми кога одам. Не дека станувал ноќе кога цицало дете, не ни имало потреба, цицал и продолжувал. Ама кога стануваше во 5:30-6 и знам дека он во 7 ипол излегува на работа комплетно заминуваа во дневна ич не ме интересира што правеле, дури и кафе ме чекаше кога станував пред да иде на работа. Ама тие 2 саати сон асален во живот ме враќаа, најискрено. Сега спие дете ноќе не се буди, сама се будам во 6ипол пошо наспана сум. Ама да станува ноќе и вие сами цела ноќ па и цел ден, никако. Јас само тоа зборев ке паднам не дај боже кој ке ме најде дома со се дете сами. Имаше една членка пишано дека само воздух и помага и да знаете дека тоа е лекот дожд,сонце,ладно,топло надвор и вие и деца. Како нови ке бидете после тоа. Сам сум вртела по 2саати како улава ама од оваа гледна точка тоа ме спаси да не полудам првите денови. Детево ми е се поинтересни се некој нови измишљотини има на газ да паднеш кога ке ти ги каже, и исто толку тантруми како на пример зошо врне надвор и зошто мувата лета, малу ми фали да полудим ама се држиме некако Имајте убав викенд