И моето бебе така спие ..многу кратки дремки има..единствено кога ја шетам спие..и затоа 2часа знам да ја шетам за да се раздвижам и да си поспие,па се враќаме за циц дома.И јас нешто грешам кој знае и може нека не упати..мојава заспива измеѓу 9ипол и 10ипол спие до 8 со 3 станувања за цицање на последното ја пресоблекувам зашто не сака да е мокра,а ако слушнам дека кака обавезно ја пресоблекувам зашто кенка не трпи да е валкана.Па ја презаспивам ..некако ред немам и мислам дека е мн мала ..ми се случува да ја легнам да одам во вц да се бањам итн..се буди..така да заедно си легнуваме и си стануваме на спална .
Јас не зборам двајцата да се будни, туку и таткото да се вклучи. Ако бебе вришти и не спие не е само мајката должна да дежура. Затоа што ок, ќе го надојам, он нема потреба тогаш да е буден, ама ако бебе не спие ради некоја друга причина и те како ќе си го преземе. Не е дека он е по цели ноќи оставен со децава, ама не може да си бега во дневна да ја отспива ноќта, а јас да се борам со саати.
Станува меѓу 7 и 8, прва дремка после 2 саати и 45 минути најчесто. Спие саат време. Втор буден прозорец околу 3 саати, па таа дремка и е подолга, саат ипол, некогаш и 2 саати знае да врзе со презаспивање. И потоа зависи ако се разбудила околу 17:00 од дремка знае да тера до 20:00 за спиење, а ако стане порано ја држам до кај 19:30 и почнувам рутина за спиење. Ако пробам да ја заспијам порано го сфаќа како трета дремка, се буди после пола саат-40 минути и седи будна уште 3 саати. Дневно спиење до 17:00, покасно од тоа не ја оставам. Не знам што да ти кажам, магија нема, едноставно седат будни и нејќат да спијат. И синко скрати на две дремки на 5 месеци. Кога имале по 3-4 дремки исто биле ко што велиш летечи, пола саат максимум, мора да се изморат квалитетно за да спијат . И колку повеќе спие преку ден, повеќе ми се буди навечер. Да пробаш да наголемуваш секој ден по некоја минута буден прозорец?
Пошто нашите се ептен блиску бебиња преку ден колку ви траат дремки? Абе никако не знае да сврзе повеќе од 45мин после 4тиов скок
Моево 3 саати само ноќе пред конечно спиење издржува иначе нема шанси. Буден прозор му е едвај 2 саати максимум 2 ипол поретко и чинам ради кратките дремки не издржува поише. Денеска сите сме се успале, прв пат ова ни се дешава ама болни сме со недели, конечно малце се опраивме, станавме накај 8, сега тера 3та дремка. Автоматски тоа значи дека ќе има четврта кај 5 ипол. Иначе и јас гледам до 5 последно да е истерана последна дремка и да е буден веќе. Ама сега ќе дремне кратко и нема шанса после да издржи до 7. Да гледам некако да ја скратиме третата, можда ќе му се продолжат тие 2. Колкаво е бебле? Иначе и јас кога го шетам си затерува, ама како да затера бар саат кога не го шетам е мистерија. Не знам што да ти кажам, трето ми е, сите три ми се со контактни дремки. Не ми смета тоа, сум го сфатила дека нема да трае вечно, ене другине двајца исто спиеја контактно, па сеа си спијат сами во соба. Ама, имам чувство дека на ова му треба подолг сон, оти станува раздразлив кога е сонлив. А секогаш кога е наспан е топ расположен и сам си се занимава по саат време и више.
Душички,нека се живи и здрави.Моето е 3месеци и една недела ама не спие ..јас не знам..коа ќе ми кажат по 6часа им спијат денски ..вртоглавица ме фаќаКако е така е се навикнав веќе
Мојата имаше таков период, мене ми успеваше да ја презаспијам нонстоп. Трчав и ја презаспивав и со тек на време накачи..
Малечко е. Сеуште е новороденче до 4 месеци, може и често да меша ден и ноќ. Ама полека ќе се среди. Некои беблаци спијат повеќе, некои помалку тоа е. Каков карактер ќе ти се погоди. Воглавно, ќе се снаоѓаш како знаеш и умееш и ќе мине времето.
Па да ти кажм последнава недела се и се поремети. Инаку спиеше по околу 2 часа. Оваа недела тоа и се спие трие очи, зева ,кенка ама никако да заспие. Две дремки и се по 40 тина мин една и е 2 часа и таа навечер 30 мин..... барем ноќе спие добро до сеа ,знае да се разбуди на 2 часа одвреме навреме ама не плаче. И сепак ретко е ,се надевам вака ќе остане ноќново а и шо побрзо да се среди денското посреќни се наспани Инаку денес недела ајде негде да ги прошетаме па кај да идеме кај да не идеме и падна за Дион аеродром таман за големата игротека за нас ресторанче се ок. Луѓе дали само мене ми беше премногу ? Премногу гужва, прегласно. Услуга аш седевме 30 минути на нераскрената маса кога тргнав да си одиме иде келнер леле извинете не постигам... мислам јас го разбирам и роденден имаше и рандом гости ама газдите не ги разбирам гледаш ти се полни како со толку малку персонал?
После регресијата на 4м и ние имаме проблеми. Имаше 4 дневни дремки по 40 мин, сега последните денови 2 дремки по 40мин и измеѓу една од 2ипол часа со прозорец од 2ч. Навечер си легнуваме 8ипол, сабајле стануваме 7ипол но најчесто си врзува и се буди во 9ипол. Но луѓе ние имаме проблем откако ќе заспие навечер се буди за 40 мин и бара повторно да се презаспие со нишкање, а и се буди на секои 3ч за да пие млеко (на адаптирано сме). Каде грешам? Како да не се буди на 40 минути откако навечер ќе заспие? Како да не бара навечер млеко на 3ч? Дента може да се случи и 4 и 5 часа да не јаде или на 3часа кога ќе побара да не ја испие цела доза
Е да и кај нас исто ќе ја успијам за ноќно мислејќи готово заспа таа ете ја за 40 мин се разбудила ама не е многу среќа ќе цицне 15-20 минути и презаспива.
Исто е и моето, често пати се прашувам дали не знам да го гледам детево, не функционирам нормално поради што сум често нерасположена и нервозна, а тоа го пренесувам и на бебето. Моето бебе како цело време да е во некој скок, само се надоврзуваат работите. Неделава ме полуде, 3ти скок, па и настината беше, носето затнато, кашлаше, мешето, грчеви, со еден збор хаос. Цело време бараше да цица, на секој саат, преку ден многу спиеше, саат будна, па ја фаќаше дремка, спиење стандард во рака или до нејзе, да сме гушнати. Вчера имавме гости, кога врисна да плаче, едвај ја смирив, ич не е навикната во галама, со други луѓе, цела вечер немирно спиеше, се штрекаше, се разбуди со плачки и цел ден така го истеравме со плачки.
Еве ние сме станати..нешто не мачи ..носот е веќе од саботата цела зграда мислам дека е будна од што плачешеОф..не знам како ќе биде вечерва Господ да ни помогне
Еве и ја да шкртнам у групава ненаспани лудила ноќеска! Во 19:10 заспа, 100 пати се разбуди па презаспивавме до 9саат. После цицаше во 11 и врза до 1ипол тука пак цицаше и од тука на саат ипол со плачење будење. Во 3 врисна толку јако што се исплашив дури да не се случи недшто после ова во 5 пак цицаше и еве ја во 6:28 отвори очи си брбља нешто по нејзино си се занимава јас ве читам вас и чекам да се размрда мм во дневна за да одсм да пуштам кафе хаос во најмала рака … ох а којзнае што не чека натаму со месеците мн ми е тешко неспиењево … премногу и не не минзаменува дневен сон ако легнам до неа преку ден … си сакам ноќе спиење
Кога почнавме веќе да се жалиме не наспани еве сум и јас. Господинот реши дека му се спие и заспа во 18:30. 19:45 си стана со плачки цицаше и си продолжи. Реши дека на секои 1ипол саат макс 2 да станува за цицање Во 2 стана и сакаше да си гуга до 3 и си заспа. Во 4и20 стана. Се успа некако во 6 добро утро македонијо со плачки решен дека сака во раце не сака ни да си полежи. И еве мајка во 7 кафе пие бебка весела и наспана мајка и се спие и се плаче. Обично мм го зима сабајле еден саат пред работа да поспијам ама денеска синко реши само кај мене да се смири така да се надеваме вечер подобро.
Ќе смени сама, и мојата така беше до кај 10 месеци, после си го сврза. Не знае како да префрли во следен циклус. Сама ќе научи. Нека помине 5ти скок, ќе помине. Плус ќе почнеш и сама да и ствараш навика поинаква, не те утешив ама мора да помине 5ти скок. Замисли моето бебе спие, во 5ти скок стануваше 100 пати, ко новороденче. И тоа ние немавме пауза измеѓу 4ти и 5ти.
Да не ве тагнувам сите што се жалите за кратките дремки, ќе се средат кога тогаш бидете трпеливи. Чим мојава почна да спие сега на 7м 2 дремки од по 1:10 - 1:45 а беше бебе што до 5ипол месеци спиеше секоја дремка по максимум пола саат (имавме по 4-5 дремки за да издржи). Буквално како тајмер имаше на точно 30 минути се будеше, а во скокови и порано. Презаспивање беше мисловна именка. Нагло смени на 3 дремки, одбиваше 4та и по 2 недели ги продолжи, одбиваше трета и еве сега 2 долги дремки. Се надевам нема пак да се изремети во некој нареден скок... Е ноќе уште се буди 3-4 пати ама па јас не сум ни пробала да ја научам да не се буди, реков прво некој период да помине со денскиве дремки да се стабилизира па ќе видиме, да не правам многу промени одеднаш. Ама сега па сепарациска анксиозност ја дрма и не би пробувала ништо. Ноќеска така страшно почна нагло да плаче во сон, негде 2 саати откога заспа ептен ме потресе. Ваљда сонувала нешто, само што отворив врата во соба и и прозборив преќина да плаче, и ставив раче на стомаче и и шшкав и се смири презаспа. Следува 6ти скок така да сигурно и тој би го почекала пред да пробувам било што да и сменам од навиката за ноќно станување за цицање.
Да све живо става во уста и прави некој нагон како да ќе изеде све. Онака се тресе кога ќе го пикне во уста глодалчето… проверувам секој ден ама мекичко е доле нема не гребка уште ништо кај вас? Епа мене ми изгледа дека како кај вас и ние споивме 4ти со 5ти … како излезе од 4ти така почнаа лудилава со плачење навечер и будење
@Baby warrior да и кај нас исто. Или брадавка ќе ја стисме со непцата и влече. Почнав водичка да и давам од шишето цуцлата ја гриза само. Цуцла лажливка не цуца ја гриза и влече со сила дури исто се тресе Ама тој период може да трае... негде 2 месеци мислам со големата траеше додека и излезе заб