1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Мајчински муабети (не е за барање совети)

Дискусија во 'Бебе' започната од slobodka, 30 април 2016.

  1. MariaBouli

    MariaBouli Истакнат член

    Се зачлени на:
    26 јули 2024
    Пораки:
    1.650
    Допаѓања:
    3.054
    Пол:
    Женски
    И мојата правеше исто, а кога баш и излагаше заб ништо не глодаше. Така да не мислам дека прават така заради заби, туку орална стимулација дека им е, барем според мене :)
     
    На Baby warrior и Трагедијаупмм им се допаѓа ова.
  2. happygirl

    happygirl Форумски идол

    Се зачлени на:
    27 јули 2010
    Пораки:
    5.223
    Допаѓања:
    26.831
    Пол:
    Женски
    Не знам баш, јас се откажав веќе од ставање ред за денските дремки. Помина и 5 скок, и пак ништо не се смени. Бебка е веќе 6+ месеци, уште не се знае кога спие преку ден и по колку време, никаков ред нема, секој ден е различен. Никогаш не спие повеќе од 30мин преку ден, и толку многу сум изморена од нишкање, презаспивање (кое никогаш не успева), не знам веќе што да кажам.
    Почнав со вкусови, еве веќе рачунам дека има и појадок, ама секој ден појадокот и е во различно време баш поради тоа што секој ден таа различно дремнува. А ако и се спие, џабе што е гладна- нема шанси да јаде ако е ненаспана. И така нервози секојдневно со ова денското спиење. Мисловна именка ми е да спие по 1.5ч како што кажувате, никогаш не се случило тоа.
    Башка што и тие 3-4 дремки што ги има сега од по 20-30мин мора да се на мене, инаку сама во креветчето одма се буди.

    Последнава недела и ноќе многу често се буди, по 4-5 пати, претходно барем ноќе спиеше убаво со 1-2 станувања за доење само.

    Цело време мислам дека нешто грешам, а не знам каде. Иако ми е второ дете, скроз сум изгубена оти нема никаков распоред. Исцрпена сум веќе од калкулации, прозори на будност, знаци за дремка, демек се пратам и пак џабе, таа не спие. А и се спие, оти кенкава е, плаче и нервозна.
     
    На Simon4e0507 му/ѝ се допаѓа ова.
  3. dummy

    dummy Истакнат член

    Се зачлени на:
    21 август 2024
    Пораки:
    1.356
    Допаѓања:
    1.939
    Пол:
    Женски
    Не знам дали е ради тоа ама кај мојава најпрво и се продолжи првата дремка и тоа баш кога воведов целосен доручек (дремката е после доручек). Сабајлињата ни се исти, така да има некоја рутина. Значи станува и цица (ако цицала саат пред да стане официјално па презаспала тогаш не и нудам воопшто), се гушкаме во спална, предоблакање, си игра, кака (да скоро секој ден во исто време хах), ја пресоблакам, и давам доручек на по 1ипол-2 од станување, поигрува пак ако има уште сила па дремка. Е сега кај неа е многу голем првиот прозор на будност, некогаш по 3 и нешто саати. Почнавме со 2 кога беше накај 6ипол месеци и се некако уште и се играше а не кенкаше па како и го зголемував така ја продолжуваше дремката. Еве сеа 2 саати спие прва дремка се мислам да ја будам ама стана рано па беше будна 3 ипол скоро саати до дремка (првите 40 мин лежејќи во кревет)
     
    На happygirl му/ѝ се допаѓа ова.
  4. happygirl

    happygirl Форумски идол

    Се зачлени на:
    27 јули 2010
    Пораки:
    5.223
    Допаѓања:
    26.831
    Пол:
    Женски
    Мојата се буди околу 6/6:30 секое утро, и некогаш е будна по 2ч, а некогаш и се приспива веднаш после пола саат откако ќе стане. Значи некогаш прва дремка има во 8:30/9ч (во тој случај давам појадок па после спие), а некогаш дремката е уште во 7ч (чекам да дремне па давам појадок).

    Инаку за доењето исто и јас, ако последно цицала во 5ч на пример, кога ќе стане во 6ч не ја дојам пак, туку сметам дека треба да дадам појадок после 2/2.5ч од последното доење.
     
  5. dummy

    dummy Истакнат член

    Се зачлени на:
    21 август 2024
    Пораки:
    1.356
    Допаѓања:
    1.939
    Пол:
    Женски
    Пробај да не ја заспиваш толку брзо по пола саат иако ти изгледа дека и се спие, може само и се здосадило. Смени и средина, нова занимација понуди. Како растат така подобро функционираат со дремки во слично време, така ме советуваа други родители и еве кај нас многу подобро функционира.
     
    На happygirl му/ѝ се допаѓа ова.
  6. Thinkerbell.

    Thinkerbell. Популарен член

    Се зачлени на:
    27 октомври 2020
    Пораки:
    1.460
    Допаѓања:
    3.509
    Пол:
    Женски
    Кај нас супер искористено е. И големка уште си го користи. Плус се расклопува и ко масичка со клупа се прави. Од rusticmmeood.mk го нарачав. Мене ова најбезбедна варијанта ми беше зошто ептен сака да е со нас во кујна.
     
    На Dodo1 му/ѝ се допаѓа ова.
  7. LadyR

    LadyR Популарен член

    Се зачлени на:
    27 јуни 2012
    Пораки:
    2.868
    Допаѓања:
    10.473
    На тема мажи и спиење, јас мора да го пофалам мојот.
    Ние си спиеме на спална со мм, бебе е до нас во креветче. Јас некогаш заглавувам со работа, дека работам по УСА време, а ако не работам, тогаш заглавувам со чистење, перење, пеглање... Маж ми е задолжен да ја заспие ќере. И наутро сам ја зима од креветче кога ќе стане ќере, и ме остава да спијам. Јас од вечерта и го спремам ранчето за во градинка. Тој ја пресоблекува, и дава млекце и ја носи на градинка. Ако имам легнато во нормално време, станувам и јас со нив. :) И така си функционираме цело време, поделени ни се обврските околу домот и бебето. :)
     
    На joy1, Mumoftwo30, sani99 и 11 други им се допаѓа ова.
  8. Amore.Mio

    Amore.Mio Популарен член

    Се зачлени на:
    18 јануари 2021
    Пораки:
    418
    Допаѓања:
    1.145
    Леле и моево спои и 4ти и 5ти и све што можеше да се спои најлошо :D. Спиење ужас, се буди на секој саат и само со нишкање презаспива оти гледам да не му давам да цица цело време па со цуцлата се бориме ко со мечка додека ја фати убаво.
    Со баткото не ја ни отворив апликацијата за скокови ама со ова секој ден ја проверувам уште колку има:D. Се надевам ќе се среди после скоков оти ми се спие ми се плаче и на мене.
    Го купив прирачникот од наспани мајки на инста па да завршиме со скоков и почнувам со некој тренинг од тие.(fingers)
     
    На senza.parole и Baby warrior им се допаѓа ова.
  9. Anaroz1

    Anaroz1 Популарен член

    Се зачлени на:
    14 април 2021
    Пораки:
    3.107
    Допаѓања:
    7.091
    да ви кажам не обврските, нас ни се поделени децата :rofl: маж ми откако е родена малата и е 100 посто посветен на големата, сега јас сум дома па само он ја носи во градинка и ја зима, предходно он ја носеше, јас ја зимав. навечер јас успивам бебе они за тоа време завршуваат ритуали бањање/ туширање, миење заби. насабајле бебево ми се погоди за спиење, така да ние си поспиваме они се спремаат за во градинка и искачаат. е навечер е презабавно бебе е во креветче до спалната, не можам да се пожалам затоа што лесно презаспива, ама некогаш знае и по 10 пати да стане да цица, големата спие меѓу нас цело време ме клоца, се открива, а маж ми тој па рчи :drunk: еден асален сон неам истерано, пробувам да го избркам од спална ама не сака да си оди .... иначе најјако ми е кога бебево станало 15 пати ноќеска, а он појма нема и сабајле ми вика абе цицаше ноќеска ??? :drunk: како беше она сакам да спијам на неговата страна од креветот, таму не се слуша ништо :rofl:
     
    На 1209, thinkerbell, Mumoftwo30 и 15 други им се допаѓа ова.
  10. cocopuff

    cocopuff Популарен член

    Се зачлени на:
    25 март 2013
    Пораки:
    1.090
    Допаѓања:
    1.409
    Пол:
    Женски
    Сум заборавила колку е мачно станувањето во темница. Некако до сега не ми беше тоооолку мачно ама последниве две недели ми се спие ми се плаче. Синко додуша стануваше во 5, ќерево околу 6 еве ја ама што дека а 5, а 6, кога душа ти спие. Претепани сме со мм, мислам дека немам ни 5 мин одмор. Сега почнавме и со вкусови, па дремката ја користам да спремам јадење. Синко па секоја трета вечер се моча во кревет. Постелнината и ќебето ќе се распаднат на толку перење.
    Се прашувам како на се ова и сиот овој умор ќе одам и на работа за неколку месеци. Додуша од кога сум мајка понеделник ми стана омилен ден :D
    Првичниот план со мм ни беше 3 деца ама едногласно рековме no way освен ако може да се роди со наполнети 3-4 год :D
    Ова е хроничен умор, демек ќе слабеев ќе пазев што јадам. Пола денови од неделата јадеме што стигнеме, кое црно пазење. Ете ја стана мица по само 40 мин. Ни пола работи не ги направив, не ми стигаат 24те часа во денот скоро никојпат.

    Си ги обожавам децата, да не испадне само се жалам, ама стварно некојпат си викам може ли човек да е толку уморен. Само сакам да си легнам 1 саат во тишина и да не ме дира никој.
     
    На 1209, thinkerbell, Mommy. S и 10 други им се допаѓа ова.
  11. Надеж♥️

    Надеж♥️ Истакнат член

    Се зачлени на:
    4 ноември 2024
    Пораки:
    619
    Допаѓања:
    1.503
    Пол:
    Женски
    Сега скоро ми испадна на тик ток видео ми треба уште по еден ден меѓу секој ден од неделата. Со едно сум па не стасувам, можам да ве замислам вас со 2+:D
     
    На cocopuff, Simon4e0507, Puffy2019 и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  12. BellaBibi

    BellaBibi Форумски идол

    Се зачлени на:
    15 јануари 2021
    Пораки:
    8.956
    Допаѓања:
    27.000
    Пол:
    Женски
    Мајки златни. Колку менуваат како растат, не сте свесни. Ова за тие што имаат прво дете.
    Мојата од раѓање, имаше рутина, од која ниту еден ден не отстапив.
    Ние ноќно време бевме наспани перфектно. Денски беше со спиење само во раце, за да сврзе сон. Имала дремки од точно 9 минути.
    Секој ден во 19ч заспиваше, до 5 ч сабајле. Темница надвор, ние будни.
    Како растеше, менуваше. Како помала можев и на некоја од вас да ја оставам за ноќно спиење комотно.
    Еве ја сега година и два ипол месеци, денски заспива во секунда, ама навечер како со лав се борам додека заспие.
    И гледам да не е преуморна, пратам да е тивко, се , ама збеснува и често знае со плачење да заспие. Ноќно време ако не сум до неа е ужас.
    Завчера легнав во дневна да спијам, дека 3 дена со слава кај моите, спремање, гости , бев ужас. Ииии сред ноќ морав во спална, дека низ цел кревет ме бараше кај сум. Ноќеска станав до тоалет да одам, плачење одма. И си трпам по цела вечер за тоалет.

    Менуваат многу. Нека се живи и здрави само.
     
    На Peperutce6, QweenSM, Mumoftwo30 и 11 други им се допаѓа ова.
  13. Simon4e0507

    Simon4e0507 Истакнат член

    Се зачлени на:
    30 октомври 2023
    Пораки:
    392
    Допаѓања:
    722
    Пол:
    Женски
    Хахах царица..види не за џабе имаме толку самци и многу парови што не сакаат деца ,баш не сакаат обврски би рекла ..као животов е краток сите се неблагодарни и ќе си фурам сам/сама..па затоа праксата покажува дека многу од популацијата чува домашни миленичиња наместо деца..:)Да не бидам погрешно сфатена не осудувам ниту наметнувам..мојот делокруг е таков.:)
     
  14. Ladyme

    Ladyme Популарен член

    Се зачлени на:
    8 август 2020
    Пораки:
    2.828
    Допаѓања:
    5.926
    Пол:
    Женски
    Бебе е 7 месеци денеска, зарем толку време помина. Иде зима, ич не ја сакам брзо се темни, ладно, депресивно. Хаха како старине викам од Игнат ќе почне да расте ден. Па на тоа се тешам. Уште два месеци породилно, нешто сакам да продолжам здравје и тоа.
    Така значи време лета... да го живееме максимално.
     
    На thinkerbell, specificone, Mumoftwo30 и 12 други им се допаѓа ова.
  15. Mommy. S

    Mommy. S Истакнат член

    Се зачлени на:
    3 февруари 2025
    Пораки:
    168
    Допаѓања:
    235
    Пол:
    Женски
    За спиење во кревет заедно ве читам.
    Уште од почеток се префрливме одделно.
    Потоа пробавме на спална со креветче до нас. Бебе несакаше да помисли во креветче. Дали дека цицаше или јас не бев упорна незнам. Но неможев 4пати да успивам дете во креветче за да спиеме комотно со маж ми. Потоа пробавме пак и мм се префрли на душек под спална. Хаха глупости невидени. Плус рчи, морав да го шушкам за да престане. Па што ме будиш. Алергии има, знае да се закшла што на живци ми иде.
    Сега спиеме одделно, само што го одбијам дете па може да пробаме пак заедно.
    Идеално е да спие заедно, да ама ако не се наспива никој џабе, само исфрустрирани и нервозни.
    Сега работи 3смени, што едвај се гледаме така да заедничко спиење ќе почека.
    Во други работи надополнуваме, многу пати насабајле пред да оди на работа ме чека сок, кафе, доручек, фрлено ѓубре. Ќе дојде од работа ќе го земе детето јас ќе се средувам и тоа е.
    Ќе си играме сите 3ца заедно, ќе пиеме винце додека дете спие.
    И јас викав никогаш нема да спиеме одделно, ама јбг сега тоа го гледам ко мал проблем.
    Проблем е ако не најдеме време за самите нас, иако и тоа знае да се случи.
    Ама едно знам на пар со мало дете кое нема баш никаква помош е претешко се, некои работи ќе се изгубат ама треба да сме свесни и да работиме на тоа.
     
    На merriel0, Guns N` Roses, Simon4e0507 и 3 други им се допаѓа ова.
  16. Anaroz1

    Anaroz1 Популарен член

    Се зачлени на:
    14 април 2021
    Пораки:
    3.107
    Допаѓања:
    7.091
    за жал исто, jaс сум 33 години, од моите другарки само јас сум мажена со деца, сите немаат абер која маче која куче, али добро секој си знае, стварно тешко и мачно, еве братучетка ми ми вика абе мн ги сакам, ама јас не би можела бе ова ти што го правиш да го правам не бе нема шанса
     
    На LiquidLuna, MariaBouli и Simon4e0507 им се допаѓа ова.
  17. Baby warrior

    Baby warrior Истакнат член

    Се зачлени на:
    27 декември 2023
    Пораки:
    3.364
    Допаѓања:
    6.392
    Пол:
    Женски
    Јас сум 35 и моите најблиски другарки ниедна не е мажена а имам останати деугарки што имаат па и поголемки деца веќе прво одд. Ама воглавно најблиските сите се само, повеќето немаат ни врска моментално. Две другарки се жалат дека не може да се најде асален човек, другите три се во филм дека се млади и треба да акаат по светов и така… јас сум мажена 6години и јас одложував деца долго.. па после ме снајде најлошото и ми дојде памет дека не сум толку млада и дека животот тече мн брзо. Сума сумарум јас да имам пак можност да бирам пак по исти терк би одела … не би имала дете пред 32-3 години … до овој период изградив кариера, два дома, коли, патувања низ цел свет, преубава врска и брак со мм. Ако ја имав ќерка ми порано вероватно пола од овие работи немаше да бидат баш вака а и јас не се осеќав спремна воопшто порано.
    Пред некој ден читам една книга и внатре една реченица вика… додека не станеш родител не си пораснал. Се дотогаш е детинесто во некоја сфера, откако имаш дете нема простор за мн експерименти и грешки и сакаш нејќеш мораш да пораснеш :)
     
    На fragaria, Carolin., Puffy2019 и 3 други им се допаѓа ова.
  18. Miss_S

    Miss_S Популарен член

    Се зачлени на:
    11 февруари 2022
    Пораки:
    4.427
    Допаѓања:
    9.163
    Пол:
    Женски
    Утрово се разбудив во фаза наречена немам што да носам и така цело попладне во шопинг си по поминав.
    Ок, сега и вина чувствувам што се изнатрошив ама ќе ми помине тоа. :rofl:

    За другарки, имам и такви без деца кои во поодминати години се, а на секое мое -детево е настинато, имам куп алишта за пеглање пример, поминав 2 часа во правење цртежи итн, добивам коментар како е тоа претешко и тие не се пронаоѓаат или не наоѓаат време ни за дете, ни за обврски плус. Нивни избор.
    Имам другарки со веќе големи деца, кои кажуваат дека имаат време на претек, децата ептен малку време поминуваат со родителите (тинејџери се децата). И трета категорија со деца врсници, е со тие и си плачеме и си се тешиме дека и ова ќе помине и така.
     
    На 1209, Carolin., Puffy2019 и 6 други им се допаѓа ова.
  19. Simon4e0507

    Simon4e0507 Истакнат член

    Се зачлени на:
    30 октомври 2023
    Пораки:
    392
    Допаѓања:
    722
    Пол:
    Женски
    Ви ја погодив темата..:* животот и случките..се во свое време милички ..баш е така ,а животот е прекраток..јас сум 36 мм е 38..јас имав долги врски од 1ва средно до 30г и после сакав да сум сингл не сакав да се замарам живеев за себе ..со мм се ќарив на 32 негде ..врска на далечина и да не останев трудна ќе си теравме така ..:)страшно јас не сум баш како да кажам ..традиционална Мк жена сакам мир и тишина сакам самотија ..книги филмчиња ..живеев сама 6г и мн ми беше тешко да се прилагодам на се..сеа со дете ми е уште потешко го немам моментот на 5до 12 еј ај идеме ..спремај се ..немам социјален живот и ми фали ..ќе пораснат и нема да се волку мали..и да..сакав да ви кажам сите го оставаме родителството за на крај..а нашиве генерации дали и пензија ќе доживееме ...нерви се немаат..ќе не вртат маливе на центрифуга..опасни се сеа ..:)
     
    На Carolin., Puffy2019, Peperutce6 и 3 други им се допаѓа ова.
  20. Надеж♥️

    Надеж♥️ Истакнат член

    Се зачлени на:
    4 ноември 2024
    Пораки:
    619
    Допаѓања:
    1.503
    Пол:
    Женски
    Јас сум изгледа една од ретките што млада се омажив од љубов и млада сакав дете. Ретко изгледа на денешницава на 20год се мажат и на 23 раѓаат:rofl: Не се каам за одлуките во било кој случај, а со мм додека сме млади и имаме живции сакаме да си изгледаме деца па за 15-16 години пак ќе имаме време сами да шетаме и да видиме свет во 40тите
     
    На troublemaker94, Anaroz1, Baby warrior и 5 други им се допаѓа ова.