И јас сакав помлада ама не секогаш животот оди по план еве сега сум на некоја средина, влегов во третата деценија со бебе во раце (се роди 9 дена пред мојот роденден )
Јас тука некаде таман сум си, барем така се чувствувам. На 20 почнав да живеам со маж ми, тогаш дечко. На 24 се венчавме, па на 25 го родив моето прво сонце, а сега на 32 се роди мојата желба од детството што траеше се додека не се оствари Воопшто не се каам, сега не сметам дека е ниту рано, ниту доцна, иако неколку месеци до пред да зачнам со син ми не сакав да имам деца, баш од тој страв што сега го имаат младите. Страв од обврски, станување навечер, плачки, и тоа дека ќе ме спречувало да шетам. Но, животот приредува чуда, морав нешто драгоцено да изгубам за да се роди желбата за да имам дете. Најмногу другари ни се со фамилии, и тоа приближна возраст со моето прво дете, а има и од оние кои се уште лутаат и не нашле партнер, а не пак фамилија да создадат. @Simon4e0507 ме потсети на еден телефонски разговор на маж ми од пред некој ден. Му се јавува некој соработник, додека малава плачеше. Тој го прашал да не чува кученце. Мојов му вика не, јас не сум модерен, чувам бебе Јас мислам дека чување на миленик дома, пред да се стане родител е многу корисно, затоа што така се челичиш за бришење каки, воспитување (тренинг) што како каде треба да прави, едноставно да научиш да се грижиш за едно малечко суштество што безрезервно ќе те сака и ќе расте покрај тебе. Само уште да имаа подолг век. Ми фали да си имам дома едно маче
Мислам дека нема врска многу миленичето. Ние имаме кучиња, мм од дете е со миленичиња растен и буквално нема проблем со нив пд ништо. И каки собирање и да помогне да се окучат и жлезди да им чисти(треба со раката да им брнце во газето што мене ми е незамисливо) но кога го пресоблекувам синко кога е покакан оддалеку гледа и му идат нагони за повраќање не може да замисли да го пресоблече. Тоа зависи од човекот. А јас сакав млада мајка да сум баш од причина што размислував дека многу повеќе живци и трпение и енергија би имала сега. Секој различно размислува, да не ме сфатите погрешно тие што покасно имате деца. Сепак секој се чувствува спремен во различен период од животот
Значи не е правило, секој човек различно, а навистина мислев дека олеснува. Така мислев затоа што од мала сум растена со мачиња, од бебиња ги имам чувано, не дека не ми било гад да чистам по нив, ама знаев дека е ненамерно и тоа е тоа. Инаку, не знам зошто, ама според твојот ник мислев дека си дури и малку постара од мене, скроз ме изненади
Јас родив на 29, и искрено многу ми е жал што порано не сум родила. Сега сум 30 и имам многу успешна кариера, два стана купивме, две коли, одмори и шетања, финанскиски сум ептен стабилна. АМА сакам три деца, и ми е страв дека ќе поминам 35 дури родам трето. А со маж ми сум од мои 17 години, се венчавме после 11 години врска. Си мислам да се венчавме порано, може ќе беа сеа и трите деца родени. Дури се решивме за дете, сѐ имаше нешто - ајде факс, ајде работа, ајде кола, па стан. И времето си поминува. Мислам дека што порано-толку подобро, во моментот ќе се снаоѓаш и решаваш сѐ што ќе дојде. Ќе се реши и кариера, и сѐ ќе си дојде на место. Двајцата само да сте си поддршка еден на друг. Не дека сега многу ни е лесно, сами сме со мм. Некогаш посакувам барем мајка ми да беше во ист град, на два саати да ја оставам и да отидеме на свирка со маж ми некаде... Ама е едноставно невозможно.
Скроз иста ситуација, а и тоа ковидот плус уште толку одолжи мислам... Ама ајде бе имаме време за колку и да сакаме
Абе на 34 родив прво. До 40 ка, плански сум трето да родам. За ништо не е касно, само да се има желба и љубов.
Јас се омажив прилично млада на 23 (после 8 годишна врска хах) но и јас и мм не сакавме веднаш бебе и си почекавме 6 години во брак без бебе. И слично како и муабетот погоре, секогаш имаше нешто што чекавме да помине, нови работи, некои стручни сертификати, нов стан, опремување, патувања итн итн. Родив на 29 и да се навратам сега не би го сменила тоа, баш во периодот кога ми требаше ќерка ми си дојде на светов. Кога почнав да се осеќам дека нешто ми фали и дека не сум доволно исполнета. Сега се осеќам сталожено, ситуирани сме доволно, немаме главоболки за работи кои би ни го отежниле овој период со неа. Исто така постопартум не се осеќам дека ептен нешто ме кочи животот со малата, дека поголем дел од работите што сум сакала да ги постигнам сум ги постигнала, да родев порано можда ќе се осеќав дека некои работи потешко или нема да можам воопшто да ги постигнам топрва. Едит: Да се надополнам на темата за имање куче пред бебе, еве ние сме со куче веќе 8 години и можда помогна малку бидејќи сепак имаш нечив живот комплетно на твоја одговорност. Не е истото дефинитивно ама сепак си бара нега, храна, вода, шетање, бањање, ветеринар. Па се повредило, се разболело, барем мал предвесник за тоа што е со бебево сме го имале од кучето. Сега сами со бебето и кучето функционираме без помош, знае да е напорно ама срцето полно.
Додуша иста со чекај ова, чекај она. Дека толку сум постигнала на кариерен план за жал не. Кариерата во која што имав амбиции сфатив дека не можам многу да постигнам и сега цупкам во место, не знам што сакам друго. За стан, да се живи и здрави моите што мислеа на времето и инвестираа за мене и сестра ми, па д ане трескам глава од земја сега. Ама и тоа ќе си дојде на место.
Дали е и кај вас вака? Кога е будна сакам да дремне малце за да имам време за себе а кога спие сакам што побрзо да се разбуди пошто ми фали Дури и дур спие си гледам видеа и слики од неа хахах. На маж ми му викам да знаев дека може да постои ваква љубов одамна ќе си родев бебе
Јас не сакав млада да се мажам, се омажив на 27, тогаш и родив, сега сум 32, децата имаат скоро по 4 и 5 години, за сега не сакам трето дете ни на сон, ама до 40ка ќе видиме што ќе ме стрефи!
Дааа, исто скроз. Поголемиот ми е шест години, се уште ми е така. Додека е дома ќе се искараме, ќе пукнам некогаш дека и со прваче и со бебе, ама само што ќе излезе од дома, или само што ќе заспие ми фали, па одам во соба да го погалам, бакнам, да му се извинувам зошто сум го карала Гледам слики од кога бил бебе па наваму, не ми се верува колку брзо ми расте и менува пред очи. Сфаќам дека колкави и да се, тоа никогаш нема да се смени. Љубов во неизмерна количина
Би рекла таман ,,на време,, се омажив. На 25 се омажив на 26 родив. За кратко ќе сум 28. Од 18години испаднав од дома, живеев и сама и со цимерки. Прошетав доволно. Дипломирав и се вработив. Но неможам да кажам дека сме снајдени, ама се надополнуваме со мм. Мајка ми ме родила на 37, јас мислам да родам после 30 ќе немам енергија да се справувам со ова. Секогаш сакав повеќе деца, но сега ја немам таа желба. Синко ме исполнува максимум. Со причина дека се правам сама, несакам да бидам домаќинка уште 5години. А со мала разлика на деца не би се снашла. И така некако. Си велам се во свое време, како ќе биди така. Најбитно да сме здрави, среќни и психички стабилни.
Се омажив на 24, родив на 26. Од мои 18 како завршив средно се вработив и земам просечна плата. Уште од кога памтам за мене сакам да сум мајка. Сакав многу порано да родам, ама long story short, сега ми било пишано. И не, не ми жал што родив баш сега. Пред дете си го живеев животот како што баш јас сакам. Ништо не би променила. Мајчинството ме научи да сум уште посилна и похрабра личност. Првиот месец ми беше хаос. Си реков уште еднаш низ ова да минувам, не. Ама како расте син ми, сфаќам дека навистина се навикнуваш на новата улога и забораваш на маката и депресијата. Едноставно тераш. Мајките ќе ме разберете. Не знаете колкава огромна желба имам за барем уште едно детенце да ни дади Господ. За синко да биде големо братче. Со едно сега ми е на моменти претешко, не па со две. Ама нема кој не се снајдил, па и ни ќе се снајдеме. Не сакам да ми се мала разлика, ама не сакам ни огромна. Сакам некоја си златна средина. Па натака, како е пишано така. Колку и да ми беше депресивен периодот новороденче, сега со овој ум, тој период го гледам како нешто најслатко на свет. Пак сакам да мириснам новороденче, пак сакам да имам толку мало желче и да ми спие стуткано на мене. И едвај чекам да сум пак мама. Ама има време уште, не се брзаме никаде.
Ќере денес полни една година. Кај отиде времето, си се изнаплакав сабајле. Го прославивме веќе, денес е само за нас тројца денов, ќе се гушкаме и играме цел ден. Не знам дали сакам второ, кај мене е пак спротивно, си го сакам детето повеќе од животот, ама се каам што не сум го ценела времето пред бебе. Што сум и дала толку време на анксиозноста да ме мачи, што не сум поуживала повеќе во некои работи. Нема потешка улога во животот да бидеш мајка, но нема и поубава. Можеби понатака ќе посакам второ, зашто мене најголем поклон од мајка ми и татко ми е сестра ми, не знам шо би правела да сум била без нејзе. Од таа причина, оставам на времето да ме предомисли. Пак ќе кажам, нека дава Господ на секој што ќе посака, кога и да си посака. На темата, се омажив на 29, на 30 родив. Дефинитивно колку постар, живците ти се потенки хахах. Не би родила порано, не би сменила ништо во тој дел, стабилни сме финансиски, се сами си створивме со маж ми, секогаш може подобро, ќе видиме што ни носи иднината.