1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Мајчински муабети (не е за барање совети)

Дискусија во 'Бебе' започната од slobodka, 30 април 2016.

  1. Feniksgirl

    Feniksgirl Популарен член

    Се зачлени на:
    27 јануари 2022
    Пораки:
    8.953
    Допаѓања:
    15.202
    Пол:
    Женски
    Ви благодарам на сите за честитките, еден тон убавини кај сите да се враќаат и многу здравје, без него ништо. :l:


    Иначе супер поминавме, и во црква и во ресторан. Ја пуштив порано со свекрва ми дома, ептен и се приспа па не сакав да ја мачам, уште во кола заспала и дома утепа 2 саати втора дремка. Ама супер беше, од рака во рака се испослика со сите хахаха.
    Иначе само пофалби за фотографот, преубави слики, и стварно префин. Мија препорака исто за него.:sun: Исто и декорацијата, презадоволна, пре.
     
    На kozuf, Mumoftwo30, happygirl и 8 други им се допаѓа ова.
  2. Baby warrior

    Baby warrior Истакнат член

    Се зачлени на:
    27 декември 2023
    Пораки:
    3.364
    Допаѓања:
    6.392
    Пол:
    Женски
    Еее мн ми е драго, за фотографот со две раце потпишувам, слики ми направи за спомен за цел живот :D а за декорациите и јас ги меркам sky high здравје за годинка и кај нас :l: мн им е убав профилот :inlove: ептен нежни и интересни теми
     
    На Puffy2019 и Feniksgirl им се допаѓа ова.
  3. BellaBibi

    BellaBibi Форумски идол

    Се зачлени на:
    15 јануари 2021
    Пораки:
    8.956
    Допаѓања:
    27.000
    Пол:
    Женски
    Фотографот од Феминки, пари направи хахаххаха
    Ама алал секој денар да му е.
     
    На Mumoftwo30, Simon4e0507, Puffy2019 и 3 други им се допаѓа ова.
  4. DELFINA81

    DELFINA81 Популарен член

    Се зачлени на:
    18 ноември 2019
    Пораки:
    2.970
    Допаѓања:
    12.144
    Пол:
    Женски
    Јас ли сум "најстара " мама овде? :D
    Се омажив на 27 год.
    Судбина је тако хтела, да родам прво дете на 39,др.две на 43.
    Сега сум 44 тешко и напорно е на тие години со 3 деца искрено, ама за тоа се боревме 12 год и можам да кажам само дека сум среќна и горда мајка на 3 мали сонца и молам Господ да ме поживее уште многу години да можам да дочекам внуци.:inlove:
    Ништо друго.:inlove:
     
    На Rozevata, Mumoftwo30, happygirl и 24 други им се допаѓа ова.
  5. Kjara2025

    Kjara2025 Активен член

    Се зачлени на:
    16 август 2025
    Пораки:
    138
    Допаѓања:
    300
    Пол:
    Женски
    Деновиве размислувам дали да се кити елка :wasntme: Ако ја ставиме во салонот, малава за секунда ќе ја раскити. Друга соба немаме место. Дали имате видено нешто како ограда да ставиме или некоја друга идеја? Знам дека ќе и биде интересна, но нема да издржи ако не ја растури :devil:
     
    На Puffy2019 и MariaBouli им се допаѓа ова.
  6. mariz

    mariz Форумски идол

    Се зачлени на:
    17 март 2014
    Пораки:
    18.225
    Допаѓања:
    78.450
    Пол:
    Женски
    Имаше убави огради во Galaxy Toys.. :) И нас раскитување не чека, ама ако... Мислам и без ограда ќе издржиме :D
     
    На Mumoftwo30, dummy и Kjara2025 им се допаѓа ова.
  7. Elly989

    Elly989 Истакнат член

    Се зачлени на:
    8 март 2024
    Пораки:
    780
    Допаѓања:
    576
    Сега те читам. Среќен роденден на кукличката, жива, здрава голема да расте и да ве радува :inlove::l:

    На другата тема, јас имам 35 и за второ уште не ми се мисли, ама оптимист сум дека ако посакам ќе успеам хахаха.

    Бај д веј кој е тој фотограф што го фалите?:D
     
    На Feniksgirl му/ѝ се допаѓа ова.
  8. Spidy

    Spidy Форумски идол

    Се зачлени на:
    19 ноември 2009
    Пораки:
    6.290
    Допаѓања:
    15.510
    Пол:
    Женски
    Крената на маса. Лани така направив, плус некои поголеми дедо мразовци и кутии напред пред масичката. Годинава ќе вратам ко што беше претходно, елката во ќош и печката пред неа, и големата ќерка и сега малиот брзо научија џиш и тоа ми е најсигурна заштита на елката.
     
    На Mumoftwo30, dummy и Kjara2025 им се допаѓа ова.
  9. 1209

    1209 Форумски идол

    Се зачлени на:
    1 август 2010
    Пораки:
    7.404
    Допаѓања:
    47.672
    Пол:
    Женски
    Ти си млада секако и сега, ама ќе бидеш млада додека ги израснеш сите три, оти безразлика на годините они ќе те држат млада.
    Ти си ми мајка за пример и херој, ете од ист град сме, не те знам, ама сериозно кога те читам секогаш велам браво.

    Јас се омажив на 25 после 11г врска, во септември славевме 19г заедно(мислам):Dродив на 31, скоро сум 34.
    Не се каам што родив покасно, иако причина не беше градење кариера оти никогаш не сум била кариерист, со мм сакавме да живеевме лабаво и така живеевме. Искусивме многу во странство и сметавме дека животот во град како Лондон треба да искуси и живее пред да се решиме за дете и така и беше, не се каам за ништо низ што минавме, имавме толку слободно време, толку релаксирачки периоди, работевме кога сакаме, трошевме колку сакаме.
    Реалноста е дека немаме коли, немаме станови, не остваривме нешто многу, немаме кариери, ама има тој работа, добро платенена, јас работам на тоа што го сакам и ме исполнува, и сметам дека доволно сме постигнале, сега уште само да се стабилизираме во новото поглавје и ќе мислам за друго дете. Инаку сакам и трето ама ако бидам искрена со себе ме плаши дека недај боже на мм болеста ќе се влоши и дека нема да биде способен, па самата помисла дека нема да имам помош многу ме плаши.

    Некако се научивме да живееме спонтано и така ни тече животот, никогаш не сме мирни, ниту пак на едно место постојано, едно време се нервирав за тоа, а сега прифатив дека таква ни е ѕвездата.
    И дека животот ни е убав, не ни фали храна, не ни фали облека, не ни фали кров над глава, не ни фалат ниту искуства, така да би рекла супер сме.

    Додуша мм да не се разболеше и да не моравме да живееме со таа дијагноза веројатно уште некоја година ќе чекавме за дете.
    Некогаш си велам ако родев порано до сега ќе беше на школо, ама што ако, освен повеќе енергија што можеби би имала, реалноста е дека не бев спремна толку рано да бидам посветена на некој друг, себична бев и сакав да живеам за себе.
    Сега сто посто сум посветена и зрела и спремна да го ставам детето пред себе.

    Детето периодов е брцнато во струја, секој ден тренирам живци и се тренирам себе да не шизнам.
    Ама од друга страна да ви кажам дека конечно по малце почнав да се осеќам како старата јас пред детето, не знам на што се должи промената ама многу сум живната, мислам дека е дел што почнав секојдневно да сликам.
    Сега ми се врати апетитот, дури и либидото го осеќам дека ми се враќа иако реално мм не е тука да пробам дали е вистина, почнав да се дотерувам секој ден, кога излегуваме со синко да се шетам не одам веќе во што стигнам, туку ќе се дотерам ќе пуштам коса и ќе ставам малце шминка и се осеќам одма подруго.
    Дури и излегов со другарки еден викенд. Ми се враќа желбата за живот и оптимизмот.
    На добар пат сум не да се вратам на старата јас туку да бидам уште подобра верзија оти сега сум и мајка. И така.
     
    На kozuf, Amelia., thinkerbell и 21 други им се допаѓа ова.
  10. naturally

    naturally Популарен член

    Се зачлени на:
    15 февруари 2012
    Пораки:
    2.268
    Допаѓања:
    5.554
    Денес син ми за прв пат седна сам, не мислев дека толку ќе се радувам на вакви работи:$.
     
    На kozuf, Mumoftwo30, happygirl и 14 други им се допаѓа ова.
  11. Feniksgirl

    Feniksgirl Популарен член

    Се зачлени на:
    27 јануари 2022
    Пораки:
    8.953
    Допаѓања:
    15.202
    Пол:
    Женски
    Јас паднав во несвест дека заб и излезе.:rofl: Се испојавив на сите ко удрена.:rofl:
     
    На Mumoftwo30, happygirl, merriel0 и 9 други им се допаѓа ова.
  12. QweenSM

    QweenSM Форумски идол

    Се зачлени на:
    18 декември 2013
    Пораки:
    5.965
    Допаѓања:
    36.254
    Пол:
    Женски
    Леле ко шљакнати сме сите.
    Кога почна да си брбори та та та, ма ма ма, ка ка ка знаете бебешкото, на сите им пишав и кажав. Ами заб кога му излезе ехеее хахаха.
    Ама ако, јас му се радувам на секој мал или голем milestone. :inlove:
     
    На merriel0, Noemi, MariaBouli и 7 други им се допаѓа ова.
  13. Ladyme

    Ladyme Популарен член

    Се зачлени на:
    8 август 2020
    Пораки:
    2.828
    Допаѓања:
    5.926
    Пол:
    Женски
    Мојава почна да се смее така хахах кога ќе ме види во очи заразно се смее и вчера цел ден ја снимам ја праќам хахаха :rofl: во мол идеме она се смее на глас и сите луѓево се смеат.
     
    На kozuf, Mumoftwo30, happygirl и 7 други им се допаѓа ова.
  14. Elly989

    Elly989 Истакнат член

    Се зачлени на:
    8 март 2024
    Пораки:
    780
    Допаѓања:
    576
    Сте се осетиле некогаш како лоши мајки? Се правам за детево, се ама баш се. Но некогаш ми пука филм. Цело време сме со предизвици со јадењето. Јаде, не јаде со недели, пребира, фрла храна итн итн. Ситна е во раст, на 1 год.не триплираше тежина. Најголема секирација ми е јадењето и напредокот и максимало се трудам. Има денови по 3 ручеци и готвам само да и ср погоди нешто. На 10 м.почна да одбива каши, а немаше ни 1 заб и се плашев од парчиња. Сега на 13.5 месеци со 4 заби јаде горе доле се неблендирано, зрна ориз, грашак, леб, компир, морков, варено јајце, домат итн. Но неќе како манџа, само така обочно обарено да јаде. Проблем е месото, што не може да го јаде без заби се мачи, па правам комбинации...Вчера се пренервирав..и направив ќофтиња со месо, плус разноврсен фингер фуд. За нас не ни помислив да зготвам, само за неа. Неќеше да проба ни залак, ја фрлаше храната, викаше... Ја станав од хранилка и убаво и се развикав. Ме гледаше збунето и чудно. Мајка ми беше тука, и она збунета, ме укори. После се изнаплакав и денес се осеќам како мене некој да ме искарал, а не обратно. Каква мајка сум јас ако се лутам на бебе и му се развикам? Лута сум на себе не можам да си простам :(:(:(
     
    На Mumoftwo30, Carolin., Simon4e0507 и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  15. Ladyme

    Ladyme Популарен член

    Се зачлени на:
    8 август 2020
    Пораки:
    2.828
    Допаѓања:
    5.926
    Пол:
    Женски
    Ели ќе смени верувај, во таа фаза е. Дај некој друг да ја нарани. Пример еве на мајками и успева кога сестрами неможе и одбива храна внукава. Ако имаш некој дај му седни стај си кафе, како знаат нека се хранат. Утре во градника како така ќе научи да јаде. Ние еве пријатели наши со ќеркичката абе не ставаше ништо во уста 9.5 кг на годинка беше... да фрла храна само со бабава јадеше некако. И она кога не беше тука мајкаи мн беше напната дека неможе да ја нарани. Еве сега е 3 ипол години иде во градинка јаде све, дури ако има палачинка за неа и сестраи ја јаде и таа хаха. Само немој да се нервираш за килажа тоа нема везе. Само ако крвна слика е слаба па ќе воведеш нешто.
     
    На merriel0, Elly989 и Puffy2019 им се допаѓа ова.
  16. Kjara2025

    Kjara2025 Активен член

    Се зачлени на:
    16 август 2025
    Пораки:
    138
    Допаѓања:
    300
    Пол:
    Женски
    Немој мила да се нервираш. Буквално те разбирам. Мојава на година е 8400гр. Со јадењето сме катастрофа. Мојата не прифаќа ништо со текстура. Исто беше мајка ми на гости, јас почнав да и се дерам на бебка, затоа што два часа и готвам и ништо не сака да јаде, па мајка ме предупреди дека си правам и за мене и за бебе лошо така. Јадеше само две три недели убаво и тоа беше само. Мислам дека тој период бев пресреќна, лицево ми доби боја. Страв ми беше да кажам дека јадела. И пак се вративме на старо. Свекрва само префрла дека од ќерка и сами јаделе, она не молела, ако сакало дете ќе јаде. Кажува примери од роднини дека анимирале деца само за да јадат и тоа било глупости, а гледа дека и јас го правам истото, ми задава сол на раниве.Си се распишував јас мои проблеми. Само да знаеш не поминуваш само ти низ тоа, има многу мајки како нас. Мора да издржиме, со надеж дека ќе сменат па ќе јадат сами убаво. :l:
     
    На Mumoftwo30, Puffy2019, Carolin. и 2 други им се допаѓа ова.
  17. MariaBouli

    MariaBouli Истакнат член

    Се зачлени на:
    26 јули 2024
    Пораки:
    1.650
    Допаѓања:
    3.054
    Пол:
    Женски
    Конкретно со јадењето немам проблем засега пу пу пу, ама и се имам развикано уште на 4 месеци за спиење и плачев 3 дена и се осеќав како гомно. За жал колку и да се бориме да сме цврсти некогаш ќе попуштиме, важно е да сме самосвесни и да си ги соочуваме грешките. Никоја мајка не е безгрешна, ама таа што е свесна за своите грешки е подобра :)

    За месото, давај и цепкано месо (shredded), не и требаат заби за да може да го јаде, мојата го јаде така од 8 месеци :)

    За килажата, мојата бута како свинче искрено, нема оброк под 220 грама, а на 9ипол месеци е 7.800, до годинка не верувам дека ќе ја триплира или ќе биде тука негде. Така да не му се секирај за килажата, мани ги тие бројки. Крвна слика е битно, и детето следи си го :)

    Пробај да ја смените околината на јадење, нека јаде на мала масичка во дневна, на некое мало масиче нејзино. Најзгодно е на хранилка знам, ама можеби за неа не е. Јади со неа секогаш, најубаво истото што го јаде она, моделирај јадење ама игнорирај ја, без да и правиш ајде сега ти ајде лапни и сл. Седни си јади си како да не постои она. Децата сакаат да имитираат ама не под притисок. Исто, понуди и нешто што ќе го направи ручекот повозбудлив, како додаток. На пример, многу деца сакаат кечап, па можеш да ставиш малку врз јадењето, или ако е нешто благо да речеме како палачинка, стулијаш стави и sprinkles. Оставај fingers foods како за ужинка на достапно место каде сама може да си земе додека си игра и сл. без притисок дека мора да ги изеде. Ова се само некои трикови што можеш да пробаш ама веројатно ќе треба повеќе пати да пробаш, од еднаш шансите се дека нема да вроди плод.
     
    На Elly989, Puffy2019, Guns N` Roses и 3 други им се допаѓа ова.
  18. Feniksgirl

    Feniksgirl Популарен член

    Се зачлени на:
    27 јануари 2022
    Пораки:
    8.953
    Допаѓања:
    15.202
    Пол:
    Женски
    И мојата не ја триплираше, мене ми падна на килажа од бактерија… и тоа асално паѓање. Сеа не знам ни дали има 10кг, а се роди 3700 и тоа во полна 38ма, доста големо бебе, дуплираше на 5 или на 4ри месеци не се сеќавам веќе. Од тогаш океј беше до 8 месеци, и не уништи бактеријата, беше 9кг на 8 месеци сега еве годинка ни 10 нема сигурно, не планирам ни да ја носам во блиска иднина со вируси и слично да ја мешам. Крвна слика и е бомба, бебево ми е 300 на саат ич не ми чуе да ти кажам колку има, шпагетка ми е. Мојата јаде ама една лажица ни е на 8 пати, па така поспоро јадеме, коа ќе видам како отвараат уста, моево пола само отвара. Иначе мене па ми е криво што со бабиве луѓе јаде без никаков проблем, со мене и маж ми… па тоа е циркузи, лупање од хранилка, молење за да јаде. Стварно не знам што магија и прават.. коа ќе ми пишат изеде 250гр без проблем ја :drunk: ваква сум…
    Не се замарај, сите истите испади ги имаме, пред некој ден ме полуде ама мислам веќе ме швркна коа се раздрав го викнав маж ми му ја тупнав во раце и излегов од спална. Едноставно не си камен, и подобро некогаш така да извадиш од себе, иначе кај ни е крајот.:l:
     
    Последна измена: 14 ноември 2025
    На Elly989, Puffy2019, Carolin. и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  19. Dodo1

    Dodo1 Популарен член

    Се зачлени на:
    12 февруари 2011
    Пораки:
    2.013
    Допаѓања:
    3.056
    Пол:
    Женски
    Во средата работев од дома. Леле, преморена бев а немаше ни 2 саат. Сакам да работам ќерка ми вришти по лаптопот, сака да чепка, ми го затвори сто пати ауу. Сега сфаќам колку убава промена ми дојде да одам на работа, буквално се одмарам таму и психички и физички.. А колку се стресирав дали ќе успеам да се навикнам еве две недели ми летнаа. Добро, олеснителна околност ми е што си одам во 1ипол па имам после време за се дома ама одморена сумм повеќе отколку кога бев цело време дома. Ете така, да си кажам. Убава вечер :hug:
     
    На happygirl, Puffy2019, Anaroz1 и 4 други им се допаѓа ова.
  20. Carolin.

    Carolin. Форумски идол

    Се зачлени на:
    1 декември 2014
    Пораки:
    3.798
    Допаѓања:
    20.813
    Пол:
    Женски


    Ке пројдаат ехее сите ке се разјадат. Моево било јадач, имало периоди кога не бил и стварно ми било стресно па сваќам како е. Летово најмногу се нервирав што не јадеше месо никако, тргна градинка лапа баткото се што ке му се стави пред него. И таму кажуваат дека јаде се без никаков проблем. Дали до градинката, дали до децата или до периодот беше сега си јаде, а не е нешто крупен да речеш 15кила дали има а две години е.
    Само нека се живи и здрави се другото ке се среди.
     
    На Elly989, Puffy2019 и Feniksgirl им се допаѓа ова.