1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Мајчински муабети (не е за барање совети)

Дискусија во 'Бебе' започната од slobodka, 30 април 2016.

  1. Надеж♥️

    Надеж♥️ Истакнат член

    Се зачлени на:
    4 ноември 2024
    Пораки:
    619
    Допаѓања:
    1.503
    Пол:
    Женски
    @Baby warrior вие 4 скок поминавте кај нас удри на најјако. Луѓее ова лудило било, а тек смо почели. Дневни дремки, што е тоа 20 мин макс 30 станува насмеан не иде во предвид презаспивање. За помалку од еден саат почнуваат врискотници. Само на цицка смирување. Ноќно спиење хаос. Среќна сум 2.5-3 часа ако врзе. Не ни презаспива на цицка сака нишкање, пеење легни го 30мин ајде одново.|( Ни навечер спиена ни денски имам време да преспијам дека од тие 30 мин што ги спие 15 се во раце. Буквално скоков е ко преживи причаче. Ве читав дека е тежок ама не знаев дека е вака. :sweat:
     
    На Baby warrior му/ѝ се допаѓа ова.
  2. Ladyme

    Ladyme Популарен член

    Се зачлени на:
    8 август 2020
    Пораки:
    2.828
    Допаѓања:
    5.926
    Пол:
    Женски
    Неуспешен дејт со мм, ај на филм демек фрајдеј спешл од т мобиле и таман се опуштивме звони свеки плаче дете, не се смирувало. Она дремка 30 мин и може сакала да спие ама реков да не презаспива после нема да може да заспие. И рикнала. Ние станавме на сред филм дојдовме она смирена. Мислам испаничиле малку и они, рече прв пат така дете да плаче до зајдување, викам зарем децава од деверов не плачеле никогаш така, пошто ги чувала и нив од мали. И тоа. Следен пат повеќе среќа. А едвај чекав да излезам малку навечер.:smirk:
     
    На Baby warrior, dummy, Carolin. и 3 други им се допаѓа ова.
  3. Feniksgirl

    Feniksgirl Популарен член

    Се зачлени на:
    27 јануари 2022
    Пораки:
    8.953
    Допаѓања:
    15.202
    Пол:
    Женски
    И моето прво искачање беше слично… нервен слом мислам добив од што ми прекипа. Ама после гајле немаше.:rofl:
     
    На Puffy2019 и Ladyme им се допаѓа ова.
  4. Peperutce6

    Peperutce6 Истакнат член

    Се зачлени на:
    29 април 2025
    Пораки:
    1.009
    Допаѓања:
    4.409
    Пол:
    Женски
    Луѓе а неуспешен секс ? :D:D:(
    Таман да бидне работава детево заспало, од еднаш почнува да вришти.
    Мм скока да ја земе да се смири и..
    Ме мава по НОС СО НОГА.
    Ама она убаво мавање не малку.И си се изнасмеавме после за променава и више не беше вајбот и ме болеше носот;(
    Толку ќе кажам, и слично е секогаш:hai: Мислам дека никогаш нема да е ко што било.
     
    На WhiteCat33, Iva.T, Noemi и 12 други им се допаѓа ова.
  5. Anaroz1

    Anaroz1 Популарен член

    Се зачлени на:
    14 април 2021
    Пораки:
    3.107
    Допаѓања:
    7.091
    :rofl::rofl::rofl: ме изнасмеа

    @Dodo1 и јас се одмарам на работа :drunk:
     
    Последна измена: 14 ноември 2025
    На Peperutce6, Dodo1 и Puffy2019 им се допаѓа ова.
  6. Peperutce6

    Peperutce6 Истакнат член

    Се зачлени на:
    29 април 2025
    Пораки:
    1.009
    Допаѓања:
    4.409
    Пол:
    Женски
    Не можам кога ќе ми текне се смеам..
    Сега кога ќе имаме следен пат на тоа ќе ми текне
     
    На dummy, Puffy2019 и Anaroz1 им се допаѓа ова.
  7. Kjara2025

    Kjara2025 Активен член

    Се зачлени на:
    16 август 2025
    Пораки:
    138
    Допаѓања:
    300
    Пол:
    Женски
    Хахаххахха ме изнасмеа Пеперутче. Ние некако многу повеќе уживаме во сексот откако направи 6 месеци малава. Ни во врска, ни во брак пред бебе не ни било толку убаво. Некако кога ќе заспие бебе, се опуштам од цел ден хаос и се препуштам на тоа да уживам. Се осеќам помоќно откако родив :lol:
    Е сега има периоди кога не можам рака да дигнам од што сум уморна, не па да мислам на секс.
     
    На Peperutce6 и Puffy2019 им се допаѓа ова.
  8. Anaroz1

    Anaroz1 Популарен член

    Се зачлени на:
    14 април 2021
    Пораки:
    3.107
    Допаѓања:
    7.091
    ние предходно живеевме блиску до баба и дедо па успевавме да ја пратиме таму големата и попладне да имаме секс додека имаме уште сили, сега не сме блиску па имањето секс ми изгледа како невозможна мисија :rofl: прво затоа што седи до 12 секоја вечер и не заспива без нас а најчесто кога еден ќе зема да успива и тој се комира и плус спие меѓу нас :drunk::drunk::drunk:
     
    На Peperutce6, Tea SK и Puffy2019 им се допаѓа ова.
  9. Ladyme

    Ladyme Популарен член

    Се зачлени на:
    8 август 2020
    Пораки:
    2.828
    Допаѓања:
    5.926
    Пол:
    Женски
    Хаос сега заспа... изгледа се вознемирила многу пробај да ја заспиеш вика колку што ја држи душа. И неколку обиди. И сум пуштила песна да гледа биби боби и занеме... и кога се смири исклучив продолжив јас да пеам... па уште едно 20 мин низ стан кругови да гледа лево десно и после мм ја думка јас со тел со фен музика и шшкам идам по нив и да заспие. Седнав се напив бруфен ме фркна глава. Влезена е 2 дена во 5ти скок. Више у пм све.
     
    На Feniksgirl и MariaBouli им се допаѓа ова.
  10. Elly989

    Elly989 Истакнат член

    Се зачлени на:
    8 март 2024
    Пораки:
    780
    Допаѓања:
    576
    Фала ви мајкички на советите и поддршката :f:со вас е полесно :sun:

    @Ladyme и други ми кажале дека во градинка пројадуваат, се солидаризираат со други дечиња.

    @MariaBouli ќе пробам ко што викаш со моделирање, можеби ќе ја заинтересирам повеќе. Иако не ми е јасно како може со 10 зрна грашок да е сосема ОК :D

    @Feniksgirl и мојава е активна, весела и многу троши. Еве ќе кажам на година немаше ни 8 кг.:?: |(

    @Kjara2025 мразам споредби, сите дечиња се различни. Иако искрено ја споредувам со мене.. многу слаба и ситна растев, и нон стоп соучениците ме исмејуваа дека сум најмала. Мислам од тука многу притисок си стварам, дека ќе ја снајде исто. А нема везе може ќе се разјаде па ќе стане бабачка на татко и 8-|
     
    На Kjara2025 и Feniksgirl им се допаѓа ова.
  11. LadyR

    LadyR Популарен член

    Се зачлени на:
    27 јуни 2012
    Пораки:
    2.868
    Допаѓања:
    10.469
    Хаххаах ме изнасмеа. :D

    Маж ми се силеше прееска за вечерва. Во 21:30 појдов на теретана, си дојдов во 23 ч, а тој спие рчи како заклан. Утре ќе го зафркавам цел ден. :D
     
    На Peperutce6 му/ѝ се допаѓа ова.
  12. Надеж♥️

    Надеж♥️ Истакнат член

    Се зачлени на:
    4 ноември 2024
    Пораки:
    619
    Допаѓања:
    1.503
    Пол:
    Женски
    Мојот е истиот некако. Ми вика што да правам сакаш филм да гледаш, а он кутриот пред бебе е заспан. А бебе релативно рано легнува 8,8ипол 9 најкасно спие. :rofl:
     
    На Peperutce6 му/ѝ се допаѓа ова.
  13. Spidy

    Spidy Форумски идол

    Се зачлени на:
    19 ноември 2009
    Пораки:
    6.290
    Допаѓања:
    15.510
    Пол:
    Женски
    Ич да не се чудиш, имам внука што јаде 3 зрна, па гајле нема :) се пресмеав кога се јави учителката да каже дека јадела на адаптација, цели три зрна грашок :rofl:
     
    На Elly989 му/ѝ се допаѓа ова.
  14. Skyler

    Skyler Популарен член

    Се зачлени на:
    18 октомври 2022
    Пораки:
    4.099
    Допаѓања:
    13.505
    Пол:
    Женски
    Дали некоја била во Дино парк во Штип, да ми каже дали вака саботно лесно би нашла паркинг или ич да не тргам со тројцата бандити?
     
  15. merriel0

    merriel0 Истакнат член

    Се зачлени на:
    3 ноември 2023
    Пораки:
    1.813
    Допаѓања:
    4.034
    Пол:
    Женски
    Хај,
    Бебка пред месец дена падна, па носето и надусницата убаво ги разбрани. Помина, сега како црвена лузничка и се приметува. Ќе мине или треба со нешто да ја мачкам?
     
  16. Suze18992

    Suze18992 Популарен член

    Се зачлени на:
    7 март 2020
    Пораки:
    1.160
    Допаѓања:
    1.632
    Пол:
    Женски
     

    Прикачени фајлови:

  17. Tea SK

    Tea SK Популарен член

    Се зачлени на:
    1 август 2021
    Пораки:
    5.340
    Допаѓања:
    11.011
    Пол:
    Женски
    Златна дневна сестро за секс. 4 ипол години не сум имала секс на спална, баш поради горенаведеното. До пред година ипол големата спиеше меѓу нас, од пред година ипол малиот спие меѓу нас.
    @LiquidLuna да се пријавам дека сум жива плус викенд да ја размрдаме темава :D.

    Јас станав мајка на 29, второто го родив на 32. Сега имам 33 и после месец дена дома на боледување со две деца со варичела, се осеќам како да имам 73.
    Иначе на нервна база дојдов да се изнапишам.
    Има некој друг баби што не сакаат да чуваат внуци или само јас таа среќа ја имам во животов?! Мајка ми работи државно, не и одбиваат за боледување, си излага горе доле кога сака, 90 посто ништо не работи, дреме на работа. Значи месец дена сум на боледување со децава, и викам земи 2 недели боледување да го почуваш малиот 1 недела да му помине скроз сипаницата и 1 недела да не го враќам одма во градинка. Е како баш сум ја погодила работа имала......така ми ги врза нервите зашто лаже, кажи си нејќам децата да ти ги чувам. Секогаш ама баш секогаш она нешто има и искача, ја боли кога ќе ја прашам дете да почува. 100 пати сум рекла не ја прашувам веќе никогаш ама си викам ај може ќе се сожали, ем на работа не ме виделе ем во декември вкупно една плата ќе земеме со маж ради боледувања....не брееее нејќееее. Многу се нервирам, многу...
    Блазе си ви на сите што имате мајки и свекрви што ви се наоѓаат. Моиве, едната месец дена не ги видела децава, а работи во иста населба каде што живееме, другава се ќе направи само да не ги причува, ми иде вето да им ставам за гледање на деца.
     
    На WhiteCat33, kozuf, Feniksgirl и 14 други им се допаѓа ова.
  18. Carolin.

    Carolin. Форумски идол

    Се зачлени на:
    1 декември 2014
    Пораки:
    3.798
    Допаѓања:
    20.813
    Пол:
    Женски
    Ај здраво викендашки, неделава беше хаотична. Преживеав втое напад на бубрези и мислев ми дојде крајот, за сметка на тоа мм не беше дома, сама со се дете се убив од повраќање цела ноќ, сабајлето него во градинка јас на лекар. Како преживеав не знам ни сама. Сеа сум со едно кесиче апчиња и забрана за јадење и пиење во се што уживав. Живеам на двопек и храна на пара, жива гладна сум цело време, а цело време нешто јадам и се дупнав вода и чаеви пиење :drunk:

    Детево почна да останува до 3 во градинка а никако да заспие таму или дремнува 20мин после до вечер не можеме да се поднесеме. Вчера заспа у 7 стана сабајле у 6 и сеа еве го спие пак. Дали ке се стабилизираме за брзо кој знае (facepalm)

    Користете се освен спална по дома за забава :rofl: спалната е за спиење посебно се деца што спијат меѓу вас, никако изводливо.

    @Skyler ако одиш пиши како е јас за утре сакав да одиме натаму :D



    Имајте убав викенд :f:
     
    На Simon4e0507, Ladyme, dummy и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  19. LaTama

    LaTama Истакнат член

    Се зачлени на:
    1 октомври 2019
    Пораки:
    780
    Допаѓања:
    850
    Пол:
    Женски
    Знам како ти е, во иста куќа живееме доаѓа 1 во неделата на 20 мин и си оди зашто серијата и започнала. Буквално помош за ништо
     
    На Simon4e0507 и Tea SK им се допаѓа ова.
  20. Noemi

    Noemi Популарен член

    Се зачлени на:
    7 април 2010
    Пораки:
    3.170
    Допаѓања:
    11.901
    За првпат после 9 месеци јас попуштив ментално. Кога беше новороденче со грчеви јас не се осеќав
    Не знам дали е скок што трае факинг 3 месеци ама не издржувам веќе. Ноќеска стана 7!!!! пати, од бебе што се успиваше за 5 до 10минути да се бори и да заспива после 1 саат задолжително со ревење. Како зомби сум ама секојден е прошетана, 40 минути е максимумот пред да почне да плаче и вика па и искачањето ми е хорор. Пресоблакање е со плачење до зајдување секој.ебан.пат. Не знам веќе каде грешам, не знам како да си помогнам, да ја одбивам скрос од ноќно цицање океј, ама тоа нема да помогне со трескањето од земја преку ден.
    Ама ме насмеа :rofl: Нашава има сензор, единица ќе си остане засекогаш со ова темпо :rofl: 10дена нема да се разбуди ниеднаш, една вечер ќе сме поодморени за акција она тогаш ќе стане со вриштење. Колку пати не презаспива одма па мене ми умира и расположение и се.
     
    На Hinebrra, Simon4e0507, dummy и 3 други им се допаѓа ова.