Same, sis. Same. Анксиозноста ми се активира кога треба да го облекувам, еве сега вриштеше до зајдување и се откажав од излегување додека не преспие. Па и тежок е, кога ќе се зафрли наназад со главата се распаѓам додека да го успијам. Ќе биде ли полесно некогаш?
Не знам јас до годинка ќе се пореметам, па и блискиве кога ќе ја видат дека е уствари толку тешка за чување викаат леле детево. Е добро утро велам изгледа мислите преувеличувам кога ќе се пожалам. Не знам како функционирам уште, па кога ќе ми каже некој се заборава, абе да ама џабе sleep deprivation не се користи како метод на измачување, претешко е.
Да ќе биде! И јас имав исто бебе како што опишуватe, не спиеше до 2 години, ама стварно урлање беше, си викав кога ќе преспие ноќ- ќе частам! Сега си спие и сам, и по цела ноќ, скоро 5г е. Се поминува верувајте, само трпение!
Најтешка е оваа регресија на 9-10 месеци во комбинација со седми скок. Ја не знам што е толку озогласена таа на четири, во споредба со оваа е бонбона, дури и наспан си тогаш . Ама поминува и оттука оди на подобро, promise .
Година и два м е, менување пелена само стоечки е. Заспиваше со млеко , сега по еден саат се успива. И премногу ми фали сврзан сон. Секое сабајле сум нервозна до макс. Еднаааа вечер ми треба да се наспијам како човек. Од перфектно спиење , сега се буди, кенка. Се тешам ќе помине.
Исти сме. Значи буквално. И тоа ни се ако не грешам само 2 дена разлика бебињава. Секое облекување и соблекување ни е со врескање. Ми бега, се тегни, вришти. Преку ден муцка не затвара. Цел божји ден нешто брбори. Се кара бре со мене и татко му. Нешто ако му земам или ако не е по негово, тоа е аууу. Еве сега се враќаме од парк. 5 минути беше во количка, цел саат во раце. Вреска на цел глас не сака да седи. Гледа децата што си играат, им се радува и вреска за да го однесам таму. За спиењето не сакам да почнам. Вреска секоја вечер. Не знам веќе, ќе ме скрени. Не плачеше вака. Се надевам тие ноќни терори ќе престанат. Ако е тоа уствари де. Не те утешивме ниедна. Само си се олеснавме сите. Освен да се надеваме дека ќе помине не знам друго што да кажам.
Убав муабет викендашки Не оти ми е полесно кога знам дека и на други им е тешко, ама барем знам оти нема само јас да сум пореметена сама да одам по улица да си зборам. @Autumn Love апсолутно регресијата на 4 месеца беше песна во споредба со оваа, се тешам дека после ова веќе подобро ќе спие. До следниот настан-вештина, регресија, болест итн. @QweenSM преку неделата сами шетаме и не можам да ја носам во раце и да буткам количка тешка е веќе, па вчера ми плачеше 10минути од парк до дома, буквално како новороденче кога беше. Да не зборам пред да искочиме се препотувам додека ја облечам пошо се бркаме низ цел стан. Пинтерест мајка со количка во друг живот
Ве читам и се стресирам сеа што ќе ме чека за некој месец кога ќе сме во тој период… Бебка моја на 7ипол месеци е далеку подобра од помала, весела, слатка, си ја гњавам по цели денови. Почна да се крева демек ко за лазење ама и тежи газот, не верувам дека ќе успее набрзо. Маката е кога ќе дојде време за јадење, косава по 10 нови бели влакна ми добива мислам. Бар еден оброк дневно морам да и утнам и да не и е по ќејф и тоа секогаш е со урлањеее, фрлање, лутење. Ми врти глава како да ми е љута бе. Морам 2-3 различни комбинации да и понудам па едвај третата да упали после драмите цццц. И обавезно да и има благ вкус иначе шанси нема да прифати. Прасенце мало. За спиењето, без цице шанси нема периодов. Лепенка е се мести одма кога и се спие и урла зајдува ако не и дадам. Почна и дневни дремки да одбива со татко и да заспие нишкајќи, иако знаеше да заспие и така по некогаш. Јбг ај бар 2 дремки се сега не е страшно ама на мисла сум како ќе заспива кога ќе ја пуштам во градинка. На темата секс, секако дека во дневна бар дур бебе е во спална. Јбг мора да се навикнеме. Се распишував малце без врска викендашки, а сега да смислам вечера што да и спремам за пак да нема урлање, не можам од ручекот да се опраам.
Кај моево палеше тиквичка да ставам во зеленчуковите каши што му беа и со месо, му менуваше тотално вкус и одма лапаше се. Ако немаш пробано пробај да додадеш тиквичка.
Ве читам и се молам само да не и текне и на мојава. Колку е сменета откако беше новороденче, а особено од после 7 месеци таму негде. Веќе не вришти за соблекување, знае понекогаш да закенка ама не е страшно. Иначе од ден 1 вриштеше, на моменти до зајдување, и да имав најубав ден, се ми паѓаше во вода од толку што ќе ме потресеше тоа нејзини вриштење. За спиењето, знам дека не треба да се фалиме ама ако до толку сум малер тоа е почна да спие до 7 сабајле без да станува ни еднаш. И тоа еднаш што и беше во 6 го сменивме. Е сеа за таа сметка ми станува деновиве во 7 наместо во 8 и ужасно ми фали тој еден саат зошто јас сум будала и обавезно 12-1 ме фаќа дур да заспијам, ама и 6 саати поврзам сон ми се лотарија Јаде како прасенце, ништо не одбива, пу пу пу. Ама зошто сме мајки и мора нешто да најдеме многу ме нервира што е статична, што не сака да научи да лази, што се жали кога пробувам да ја учам. И за исправање исто, за тоа бар покажува некоја ептеен мала желба ама тромавка е малце. А мн сакам да лази, не знам зошто искрено хахах многу ми се слатки кога лазат, плус и за неа - ем да може да е подвижна, ем зошто знам дека има бенефити. Ама што да и правам... Иначе во 7ми скок сме веќе, ги гледам истите симптоми од претходните - односно плачење по мене и е најголем показател дури и кога сум на 20цм од неа, ново и е што се треска од хранилката, ама уште не е станат демонот што го кажа Феникс се надевам ќе остане ангел хахаха
Мајками доаѓа е јунак се снаоѓа, мн пати она ја заспива кога двете сме наелектризирани па се одбиваме со ќере или имам раб до факултет до лекар ја чува нема проблем ама и она де кај мене де кај сестра со внуката. Свекрва иде само кога има дупка од децата на деверот а тоа е еднаш до два пати во месец и еве последно не викна се вративме од кино, она може да чува јас да сум тука и тоа само кога чистам дома нешто па да дојде...ама ми збори и тоа ме нервира кажува некои раб као се чуди моево праело др не праеле. Нема везе последен коментар зошто со две ќебиња сме спиеле со мм. Викам спие одскриен врие човекот мене ми студи... млада сум била требало да се спие со едно ќебе да сум се навикнала бла бла. Така да за да дојде некој дете да чува треба да е способен, снаодлив и да сака. На една колешка идеше свекрваи и вика со пивото во рака, хаха пиела и вика кај ќе оставиш дете она ќе се напие ќе заспие. Другата ми вика абе оставам вода со сол и она само макароните да ги стави. Незнаела она да прави ручеци. итн да се чудиш од искуства на луѓе. Само знам дека се повеќе не им се замара на луѓево. Овие генерации 50-65год што се се чудни има екстремности или иде и во све се меша или ич не се замара ... ние све сме со баба и дедо израснати. А они сега неможат да помогнат. Без нервози тешки денови се ќе поминат деца ќе пораснат. Ако нема љубов од баба и дедо нема ни да ги погледнат утре кога ќе се големи. Тешко е мн денеска со мм зборам, таткоми сам работел и издржувал мајками и две деца. Ние денеска двајца со примања неможеш да истераш. Јебеш банана држава. Затоа замина народов ние ќе ја чуваме македонија со воздухот убав.
За свекрва можам цели истории да пишам. Го чуваше внучето од ќерка и, за кога се роди моево (меѓудругото во иста куќа сме со свекрва, не со золва) да добијам коментар како не знаела на толку мало бебе памперс да смени. 2 дена претходно на внучето друго менуваше, а додуша менуваше и кога беше новороденче, некоја година претходно. Ок, не знаеш, биди жива, здрава. Подоцна за чување кога се вратив на работа, чуваше дете, со тоа што оставав појадок спремен, ручек спремен, значи не да оставам сварено и да се избленира. Буквално надробено сето, измерено точно житарки, точно вода да се промешаат (инстант користев) точно овошје сварено. Ни плус, ни минус. И само се мислев да не сме утнале мерки, па да дојде претечно или прегусто и дете да не јаде. Витамини, лекови давање ни под разно. Еве скоро 3 години, јас си темпирам сето тоа да си давам кога сум тука. Такви одговорности не превзема. Е за скришно давање чоколатце или пудинг, тогаш може. Ама ако ништо друго бар за дел од времето кога не може/ло да оди дете во градинка, се наоѓа. За маж и спиење, легнува од горе над ќебе и така заспива . И кога ќе му достуди на пола ноќ, не бира која прекривка ќе ја земе. Дали мојот дел ќе го тргне или од дете ќе го дофати. Баш пред некоја ноќ беше, се разбудувам по навика сред ноќ да проверам дете дали се открило и гледам таа спие без ќебе, нејзиното на маж од горе. Мислам дека можев тука сред ноќ да го задавам.
Значи мене баба ми (мајката на мајка ми) ме чуваше до 4 години, не одев во градинка. Доаѓаше секое сабајле со автобус од еден крај на Скопје до друг, со тенџериња сарма и тавчиња месена пита. Јас за распуст преку недела сум спиела кај баба ми. Е сега мајка ми не сака да причува внуче. Не секој ден, не често, инцидентно, кога сите ресурси ми се исцпени. 10 дена бев на боледување, па маж ми 15, па сега пак јас 15. Двајцата сме во приватни фирми. И секогаш е муабетот ама јас сакам да ги чувам. Не, не сакаш, се правдаш пред сама себе со измислени обврски. Тоа ме фрустрира, барем кажи си не ти чувам деца. Ама затоа прва е да купува 1000 поклони за децата, па види баба што ти купи муабети. Свекрвица е друга прича скроз, си знаеме она дека не чува. Еднаш ја има чувано големата за 4 ипол години, ја успавме, излеговме, она седеше гледаше Нетфликс.
Не ми е криво толку што не ја гледа како тоа што немаш ист третман. Ајде не за мене него за внуката. На золва ми децата ги гледа од бебиња и сеуште само за спиење си одат дома, на мојта 1 памперс и нема сменето а пред луѓе кога ќе почне да зборува мед и тече од уста за како тоа она не дели внуци и сите ги гледа. Туку таква сум по природа премногу толерирам инаку добро и го собирам изгледа ќе се изненади некој ден Нејсе кажете некој трик како да ја научам беба сама да заспива читав дека ради тоа се буди повеќе пати преку ноќта. Она заспива само со нишкање во раци и песна
Генерациите се сменети, си лечат комплекси на нас. Држ недај, ќе попуштиме психички. Не е*** во здрав разум, и на крај искача дека ние ги малтретираме и им диригираме како не сакаме да растат нашите деца. Ние сме тие терсене и со многу правила, па неможат да се замараат. Немам коментар. Држ се Теа
Многу е тешко без никаква помош.. Додуша ние и немавме некоја којзнае колкава помош се додека не дојде време да почнам со работа. Пред тоа ја остававме на саат ипол два да прошета со баби дедовци ама повеќе од тоа не, плус и дека не спиеше навечер, не ни помислувавме преку ноќ да ја оставиме. Е кога се решив дека ќе ја одбивам од ноќно доење да е жива и здрава мајка ми се нафати да спие она со неа во спална како втор човек, зашто маж ми не можеше секоја вечер. Плус еве веќе две недели одам на работа, мајка ми навечер спие со бебушка зашто јас станувам многу рано и ќе ја разбудам, а ќерка ми си поспива до 8ипол сабајле. Ја чува ја храни и после оди втора смена на работа до 9 вечер. Многу ми е жал што ја мачам ама додека не ја запишеме градинка вака ќе биде. Она ми вика дека не и тешко ама знам дека е преморена..
Мајка ми го чува ако е одморена, наспиена, утре ако не е на работа и ако и де погодени ѕвездите. Се шалам многу го сака и го гледа и се, ама го чува генерално ако се е погодено. Прееска беше кај нас и детето сака со неа да оди во парк, она имала за чистење, викам добро бе мамо дете еднаш во парк сака со тебе, за месец дена нема да го гледаш често, цело време викаш дека многу ќе ти фали, а сега кога имаш шанса…не ги разбирам сериозно. Ако и речам да го чува за излегување што се дешава и 10м еднаш одма не сака оти го жали оти ќе ме барал… Свекрва ми го чува со зор, 15-20мин во денот и не ми се ни остава да го чува оти е немарлива. На другарка мајка и и татко и цело време се со детето во парк, на спиење, со се како што треба и жената оди после на работа ниту еднаш не се пожалила, и после другарка ми успевала се да постигне, епа помош има од сите, како нема да постигне. Јас и без маж и без помош, како?
Чување на бебка (ако се рачуна за чување) само да ја успијам ноќе и мајка ми кај нас во дневна да ја гледа на камера и да дреме хах. Повеќе од ова тешко дека би биднало во скоро време ама и ова е нешто дај шта даш
Леле не ми се верува вака кога ве читам се пронаоѓам ..можно ли е стариве да забегаа ..?чест на исклучоци што стварно не можат..поради возраст или здравствена состојба ..и стварно ми е чудно..си викам добро бе желба како немаат..си викам внуче да дочекам ќе летам ако сум здрава се ќе правам ќе помагам без разлика дали е за син или ќерка барем додека си фатат ред..немам повеќе што да кажам ..убав викенд на сите Додо мајка ти е царица