1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Мајчински муабети (не е за барање совети)

Дискусија во 'Бебе' започната од slobodka, 30 април 2016.

  1. Stone

    Stone Истакнат член

    Се зачлени на:
    22 јуни 2024
    Пораки:
    490
    Допаѓања:
    809
    Пол:
    Женски
    Не ми зборете за чување деца коса ми се крева.Од какво зборење за чување до еве 9м бебе ќе прави никој бре го нема чувано.Свеки прва беше да каже остајте го да го чуваме а пелена еднаш не рекла да смени.Од бабински работи па да не почнувам...пред некој ден земала стаклена чаша вода што пие и ќе го играла...се потрга бебе да ја фати да бутне раце ...среќа мм реагира.И ај оди остај дете...две чисти немаат бе не знам како ги изгледале нивните.Бебе кога беше 40 дена идеме кај нив нели адети да испочитуваме...цуцла паѓа она под вода само ќе ја промиела.Колку имам да пишувам охо....па и само свеки да беше.Моите ништо поарно ,живеат во заедница со брат ми ..внуката од градинка нон стоп болна а ја чуваат автоматски не доаѓаат кај нас.9 ебани месеци да речеш чекај бе ќе се изолираме да го видиме и другово внуче...ма каки бе.На камера им ѕвонам и доволно им е.Не знам мене страшно ми смета ова.Одвај на нозе стојам од умор и никому ништо.А први де сите да речат за братче сестриче...дали помислуваат дека нивната незаинтересираност влијае токму на тоа.
     
    На WhiteCat33, arwen93, LadyR и 13 други им се допаѓа ова.
  2. Marijana93

    Marijana93 Популарен член

    Се зачлени на:
    7 декември 2013
    Пораки:
    1.856
    Допаѓања:
    15.502
    Ех сеа и ти... Свеки се знае.. Или па кога ќе ти рече ти колку деца имаш изчувано (демек што кажуваш што како за своето |() ама пред народ ќе се фали како најбаба (fingers)
     
    На Трагедијаупмм, Carolin., merriel0 и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  3. Stone

    Stone Истакнат член

    Се зачлени на:
    22 јуни 2024
    Пораки:
    490
    Допаѓања:
    809
    Пол:
    Женски
    Не ја сфаќам таа одбивност кон нешто медицински кажано дека не е во ред да те убедуваат дека они го правеле па што има везе.Секогаш одговарам со тоа среќа сте имале и завршувам муабет.Јас не викам дека намерно правеле погрешно...толку се знаело.И јас кога ќе сум свекрва може работите ќе се сменети..медицина иде напред.Никад не би наметнувала.Абе џабе е се тоа...се нема волја да се помине над тие работи за да се помогне и крај.
     
    На Puffy2019, Cvetce_, Eho и 5 други им се допаѓа ова.
  4. Simon4e0507

    Simon4e0507 Истакнат член

    Се зачлени на:
    30 октомври 2023
    Пораки:
    391
    Допаѓања:
    721
    Пол:
    Женски
    ...тотал ..плус друго време е сега .многу се глави и на работа...кој си доаѓа дома пред 16.30..никој моиве на времето во 15ч дома биле веќе пола ден на располагање е тоа.Памтам мајка ми за викенд чистење перење пеглање па готвеше манџи за неколку дена ..колачи правеше во недела немаше вака избор да се купува се по маркети и слаткарници и плус моите се повозрасни на 38 ме има родено сакам да кажам не била млада за тоа време ..или не се замарале баш или не знам ние дали сме лигави генерации..губиме многу време со телефониве шо знам ..а свекрва ми коа ќе ми каже дека переле и пеглале пелени сеа се имаме готово и пак сме свилени
     
    На Carolin., happygirl и Marijana93 им се допаѓа ова.
  5. BellaBibi

    BellaBibi Форумски идол

    Се зачлени на:
    15 јануари 2021
    Пораки:
    8.956
    Допаѓања:
    26.999
    Пол:
    Женски
    Мене ми е најјак муабет, кога ќе каже: Амори Бела, мислиш толку знаат докториве? Појма си немаат.
    И тука од мене следува прашање: А зошто одиш на лекар и пиеш апчиња? Може те трујат.
    И завршува дискусијата.

    За свеки имам пишувано, колку малку, скоро ич не ја гледаше додека беше бебе. И тоа не дека јас нешто сум забранила или слично.
    Ама сега ја чува кога треба без а да каже. И ја чува. Се јавува дали смее да даде нешто или не.
    Јас пак не ја сакам, ниту она мене де. Ама детево го сака и нема да скратам задоволство да се гледаат.
    А мајјка… Господе фала ти што постои и што се преселија на минута пеш од кај мене.
     
    На Puffy2019, Трагедијаупмм, Cvetce_ и 7 други им се допаѓа ова.
  6. Marijana93

    Marijana93 Популарен член

    Се зачлени на:
    7 декември 2013
    Пораки:
    1.856
    Допаѓања:
    15.502
    Точно, јака среќа имале.. Мојата па кога ќе ми кажеше, јас на моето давав кравјо млеко одма давај и ти, адаптираното демек поскапо... Мене пример дете кога ќе ми оставиш ми кажуваш што јаде, пие во колку спие и така терам, а не да се правам јас се знам... Кога ќе рече па докторите многу знаат (facepalm) или од што многу ги пазите се свилени, вас како сме ве гледале .. :tmi:
     
    На Трагедијаупмм и Cvetce_ им се допаѓа ова.
  7. Надеж♥️

    Надеж♥️ Истакнат член

    Се зачлени на:
    4 ноември 2024
    Пораки:
    619
    Допаѓања:
    1.503
    Пол:
    Женски
    И јас искрено ве читам и се чудам. И мајка ми и свекрва ми со душа чекаат да го видат синко и да минат време со него. Уште немаше 40 дена јас го оставив со двете да го чуваат бев на свадба. На 2 месеци исто со свеки го оставив исто на свадба бев се чуваа. Се нараниле се успале мир. За преку ден или преку недела да ми помагаат не можат толку дека и двете се по 47год млади баби одат на работа. Свеки е од 7 до 3 во Скопје работи си иде во 5ипол, мајка ми оди во 3 смени на работа исто. Дедовците со душа го чекаат да потпорасе за да можст да го носат во парк и да го играат(ќе видиме колку ќе биде така ама надежна сум). Е сега многу помош имам од баба му и дедо му на мм. Стари се скоро по 80год ама се на нога како по 60 да имаат. Ручек да направам, алишта да средам, да исчистам цело време се со него дека со нив сме во истс куќа. Ако треба на 1-2 часа да испаднам они без проблем го чуваат оддвај чекаат да им го оставам. Нека ги поживее господ ако не ми се они не знам како би постигнала барем нешто низ дома. Мм е на работа по цел ден додека си дојде 1саат 2 макс со синко и заедно заспиваат. Еве денес е дома па малку ќе можам да здивнам и јас
     
    На LadyD, Guns N` Roses, medena147 и 7 други им се допаѓа ова.
  8. Milkiway

    Milkiway Форумски идол

    Се зачлени на:
    1 април 2020
    Пораки:
    7.735
    Допаѓања:
    19.808
    А ти им имаш кажано на твојте да се изолираат една недела и да докјдат да ти помогнат? Еве и да не се изолираат кога е при крај со болеста нека дојдат во прв прилика.
    Знаеш зошто ти го кажувам ова? Been there, на крај ти ќе си крива, ти не си кажала, они нејќеле да ти сметаат да ти се натураат.
    Него не, ќе речеш Ало мамо прати неделава ручек, однеси и месо, компири што треба нека ти напрај. Ало мамо дојди надвор со количката нека ја шета не мора дома да се пикате еве уште е убаво времето ако ти е шубе. За свекрва ти исто, да видиш како се опасни мајкиве(бабите) на два ипол се прават намерно пред тебе за да не им го оставаш. Итекако се прават глупи само да не се кичмат, поготово дете кога проодува едвај доаѓаа и кај мене ја се нервирав исто вака и се инатев додека пример сестра ми макс користеше, а го немаа дп 3години видено детево асално никој.
    Значи викни ја не и се плаши ќе ја гледа дома ти излези. Замисли ја на 10м во градинка го пуштив со 30 деца и 2 негователки, значи нема ќе го пази верувај страв ќе и биде.
    И мојата беше таква "глупа" се праеше и оставав јајца варени за доручек за малиот и и кажувам во фрижидер се спремни во тањирче со сиренце патлиџан комплет ...ми пишува дали живи јајца да му дала ко глупа искрено ама во тој момент од памет те вади дека ќе згреши и ќе му даде живи јајца на 12мес дете. После тоа и цртав се напишано и оставав
    Денес 1ч, утре 2ч...
     
    На defocus, Ladyme, Carolin. и 2 други им се допаѓа ова.
  9. 1209

    1209 Форумски идол

    Се зачлени на:
    1 август 2010
    Пораки:
    7.404
    Допаѓања:
    47.672
    Пол:
    Женски
    Абе види друго е 47г, друго е 62, реално немаат иста сила тие и тие.
    Свекрва ми не дека не ги сака внуците, ги сака, ама нема живци, нема ниту сила, мајка ми има живци, ама 55 е, нема многу сила оти работата и р физички и многу напорна, а цел живот такава работа работи од 15г, има и остопороза и многу јаки мигрени, така да донекаде ја разбирам дека често не може повеќе од неколку часа.
    А дека едвај чека да го види и да помине време со него не е спорно, секогаш со неа е и наигран и најаден, ја сака како втора мајка, не можам да опишам која радост е кога ќе ја види, ама ете во вакви моменти за шетање, излегување не сака да го чува често оти ја било жал што ќе ме барал и затоа не ја ни молам.
    Татко ми работи од сабајле до вечер, често не го гледа ама ни се наоѓа на секој друг начин и да не е тој јас со многу работи ќе сум заглавена, пример немам кола тука и он ми е да не речам личен шофер.
    Ама сепак јас мислев дека уште повеќе време ќе сакаат да поминуваат со него, некако така ме убедија кога се мислевме дали фа де вратиме од странство или не.
    Мајка ми многу ме нервира што цело време детето го жали, да не плачело, да не се потресувало, да не не можело да спие, мм си дојде една недела и велам една вечер да се видам со маж ми почувајте го, и тогаш во 10 ми ѕвони, абе те бара.
    Налет такво излегување.
    Мене генерално ич не ме жали, она е од оние мајки кои 100посто се жртвувале себе и бракот за нас и тоа мене не ми е ниту нормално ниту сакам да ги применам, а според неа тоа е мајчинство, и кога и се жалам нешто или кога и велам дека сакам да поминам време со мм она на тоа одма одговара, кога ќе порасне ќе излегуваш итн, што да се убедувам понатаму или кога ќе рече де бе ќерко и јас работев и ве гледав вас, а она нас не гледала на 19, јас на 33, мислиш исти се енергијата и живците.
    А гледам нејзиниот брак цвета сега оти ние пораснавме ама…такви им се убедувањата и нема сега да ја сменам сигурно.


    Него ние да сме способни да ги гледаме, нека ни дава Господ сила, на друг да не се потпираме оти очигледно поголемо е разочарувањето само.
     
    На kozuf, merriel0, Трагедијаупмм и 9 други им се допаѓа ова.
  10. Baby warrior

    Baby warrior Истакнат член

    Се зачлени на:
    27 декември 2023
    Пораки:
    3.364
    Допаѓања:
    6.392
    Пол:
    Женски
    Нити свекрва нити мајка кај мене :D не капнаа молејки абе ајде деца зошто немате … ајде доста шетате… ајде доста фирми градите… ајде доста купувате… стварајте деца да им се радуваме :whew: и ете после толку години ние решаваме да имаме бебе, тие што ме читаме тука знаат дека првото дете го изгубив со пороѓај во 5тиот месец од бременоста и поминав низ тага и голема траума … некако животот отиде понатаму па од голема љубов со мм се решивме за второ дете по 8месеци. Господ сакал да имам ќерка па ми ја даде најубавата и најпаметната на мајка и секој ден сум му најблагодарна што го имам ова дете мое. Е сега бабиве и дедовциве после сите овие години и настани ја гледаат на 2-3 недели еднаш. Моите на 2, свекрва и свекор некогаш на 3недели па ги фаќа и месец :rofl: Млади се и да не ни сметале :@ Најмногу од се ме нервира што кога доаѓаат си доаѓаат на кафе муабетот не да помогнат :?: Јас имам прекрасен маж па среќа од пред некој месец почна на неговите кога ќе се јават да дојдат да бира кига ќе прифати … а кога ќе им рече дека имаме други планови:rofl: штом они се прават паметни и ние си тераме на лудило демек не можеме баш тогаш да ги примиме на гости пошто имаме договорено нешто друго :devil:

    Исто како некој што спомна погоре и свекрва ми и мајка ми коментираат како ние НИКОГАШ не сме биле такви деца, мн сме биле мирни, послушни, сами сме си играле, сами сме заспивале итн :D8) е доброоо ин реков и на двете, блазеси ви што сте не имале такви лесни деца, ние си родивме посебно дете што си сака внимание цел ден, урла по улица додека се вози во количка да ја приметат сите пошто е главна ѕвезда, заспива со нишкање, се буди 10пати навечер, прави скандали за цицање или нецицање, кенка во количка, нејќе долго да седи сама на подлога АМА наша си е и си ја сакаме најмногу на свет :inlove: ако нив не им чини ич не ми треба да ми кажуваат прикаски, моја си е сама си ја чувам и тоа е тоа. Што рече мајка ми и жива остана пред некоја недела…. Леле мајка ти имаш прпблем со детето, само во тебе скаа да биде , само тебе те бара со очи - а кој да бара кога дење ноќе е со мене пустата 8) и не не е проблем тоа, љубов е :l:
     
    На WhiteCat33, kozuf, Rozevata и 16 други им се допаѓа ова.
  11. Peperutce6

    Peperutce6 Истакнат член

    Се зачлени на:
    29 април 2025
    Пораки:
    1.009
    Допаѓања:
    4.408
    Пол:
    Женски
    На почеток сите се јавуваа дека ќе ја чуваат.
    Или оној муабетон :
    / Чекај ќе ја разбудам
    - Не може после ќе плаче навечер
    / Е како не викни ме мене ја ќе ти ја чувам
    Секако дека не ја чуваше, и секако дека бебка плачеше.

    Свекрва ми ја чува кога нешто ептен треба да искочам, вака цело време со нас ја носиме. Некако како да осеќам дека не сака па затоа и не и ни викам. Преку ден ме гледа дека се мачам тешко дека ми е, не вика ај јади ти на раат ќе ја почувам.

    Деновиве бев кај моите. Не ја испуштија моите од раце, плус имам две сестри немажени се одморив.
    Е сега, проблемот е што мора да кажувам што и како треба. Они имале порано подруги начини за одгледување на дете.
    Баба ми, јадевме благо некое со шербет. И сега детево ја гледа, не дека знае нешто на 3 месеци главчето го држи само, и зима големо парче од тоа благото со раце и трга да и даде.
    Се наежив цела викам како бе така, се смее. Ок викам немој веќе аман да ми е страв да ја оставам на секунда.
    На мајка ми и кажав и претходно, тоа што не правам немој да правиш почитувај ми го зборот зашто после јас се мачам.
    И стварно супер ја чуваат, кога ќе им кажев да ја успијат ја успиваа.
    Јас си одморив малку наполнив батерии и идеме со нови сили во депресивново местенце.
    Мислам да го зимам мм домазет :D

    Битно ми е да сум јас способна, иако на почеток мислев дека ќе имам голема помош, факт е декс немам. Со моите сум од еден крај на Скопје до друг, сестриве ми доаѓаат некогаш на викенд и ептен ми е олеснително.

    Тоа е, ќе си ја чувам нормално, ама мислев дека подруги ќе бидат работите.
    Туку зашто никој не збори за тоа колку осамено се осеќаш после пораѓај... Како празнина некоја осеќам како да ми фали нешто , што викам јас како светлината у очите да ми ја нема. Не дека сум депресивна ама имам некое чудно чувство во себе, мислам дека и околината во која живеам со мм многу лошо ми влијае на психата.. Се нешто не ми одговара, а не бев ваква. Напната сум у пм.

    Бејби е заспана , идам малце да се видам со мм, се надевам нема пак нога по нос да добијам.
    Лаку ночч жене моје :l:
     
    На merriel0, Carolin., Puffy2019 и 14 други им се допаѓа ова.
  12. happygirl

    happygirl Форумски идол

    Се зачлени на:
    27 јули 2010
    Пораки:
    5.223
    Допаѓања:
    26.831
    Пол:
    Женски
    Не чуваат деца ни кај мене.
    Мајка ми е во друг град, на 100км и најчесто е сама пошто татко ми работи во странство па се плаши и големиот да и го праќам на поседок летно време на пример. Еднаш само и реков во овие скоро 7години, и ме одби со изговор што ако настине и качи темп, а таа е сама и без кола, мислиш ние на месечината живееме па не можеме да си го земеме за саат време. Голем паничар е таа, страшен хипохондрик и нема шанси бебка да ја чува, кога и за големиот и е страв.

    Мајка му на мм што ако е овде, живеат на 5мин од нас ама ја гледа бебка еднаш на 3-4 недели. Не знам како не и е мерак да ја гледа почесто. Демек само ако имаме потреба е овде да ја причува. Во овие 6м два пати се случи тоа кога бевме на свадба, и тоа ја заспав бебка а таа седеше во дневна. Се враќав на два саати за доење и продолжуваше со спиење бебето.
    Затоа сега кога ќе ја види тој еден пат во еден месец и кога плаче бебка оти не ја познава, оваа се чуди зошто плаче.

    И за синко, и сега здравје за бебка ќе си плаќам дадилка кога ќе се вратам на работа. Жената го чуваше синко до 2.5год, додека да тргне во градинка. Така ми е планот и сега за бебка здравје само.
     
    На Carolin., Noemi, 1209 и 3 други им се допаѓа ова.
  13. Miss_S

    Miss_S Популарен член

    Се зачлени на:
    11 февруари 2022
    Пораки:
    4.427
    Допаѓања:
    9.163
    Пол:
    Женски
    Кога бев бремена сите блиски, па и подалечни роднини беа во фазон, еј што бериш гајле, тука сме за се што треба.
    Е арно ама реалноста е ако сам нешто не побараш, никој за ништо не е тука, а додуша пак и не читаат мисли дека мене ми требаат.
    Знам пример каде што се снаата и свекрвата договорени, кога ќе се разбуди дете наутро било 6 часот било подоцна, да го земе свекрвата, за снаата да си доспие.
    Следен пример - мајката работи во 3 смени, детето комплет бањање, успивање и слично е оставено на бабата бидејќи никако не се вклопуваат со работното време на мајката.

    За излегувања насамо ретко кога сум побарала дете да се чува дури и најчесто било тоа ако сме на новогодишна или предновогодишна забава, ако сме на свадба. На прсти да се брои во годината.

    Поголема помош ми било тоа што бабите се нафаќаат да чуваат дете кога е настината и не оди во градинка. Прво не морам да земам боледување цело време. Друга работа е што и тие се ризична категорија и со автоимуни болести и често пак и префаќаат по некој вирус од дете што и сами во ризик се ставаат.
     
    На dummy му/ѝ се допаѓа ова.
  14. tuti_fruti

    tuti_fruti Активен член

    Се зачлени на:
    20 јуни 2024
    Пораки:
    35
    Допаѓања:
    7
    Пол:
    Женски
    Не знам дали јас сум ненормална или хормониве уште ми се хаос хаха :D Кај мене сите сакаат да ја чуваат и ич да не ми ја дадат, а мене тоа страшно ме нервира. Зошто ја носам со мене секаде требало дома да им ја оставам, со нив да биде.. а јас секој момент го уживам и не ми е ич напорно да ја носам со мене. Ама кога треба да одам некаде без неа бабите се тепаат кој да ја чува:?:
     
    На Puffy2019 и Трагедијаупмм им се допаѓа ова.
  15. MariaBouli

    MariaBouli Истакнат член

    Се зачлени на:
    26 јули 2024
    Пораки:
    1.650
    Допаѓања:
    3.053
    Пол:
    Женски
    Леле ти благодарам за ова, иста сум хахаххах Мислев дека нешто е проблем до мене, дури и баш ќе пишев само ги читав другите членки, и дојдов до твоето мислење на крај и се израдував хахаха

    Додуша, не дека некој многу директно се понудил, освен индиректни муабети, Аааа кога ќе спиеш со баба, ааа ајде да останеш сеа кај дедо хехех ама знам дека ако има кажам ќе кажат нема проблем, но мислам дека и јасно им е дека и јас не сум сакала во овие 9 месеци и не знам кога ќе сакам :D Еве уште сега се туфкам што ќе правиме за на свадба за мај 2026 (тогаш ќе има година и 4 месеци она :D) и се мислам да ја земам со мене на почетокот и после да идам да ја заспијам и да ја чува сестра ми.

    Јас плус и работам од дома, едвај постигнувам се зошто по цел ден сум со неа, и готвам по 3 пати на ден, секое заспивање со мене (мм мнгоу ми помага ама некако јас така си наредив хаха), ама немам желба да дојде свекрвата да ја чува за јас да работам, работам кога ќе заспие она вечерта и надокнадувам кога мм е послободен или за викенд. Се за да го поминам останатото време со неа :inlove:
     
    На Трагедијаупмм, 1209, jungle и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  16. BellaBibi

    BellaBibi Форумски идол

    Се зачлени на:
    15 јануари 2021
    Пораки:
    8.956
    Допаѓања:
    26.999
    Пол:
    Женски
    Аууу ова го слушам уште. Па незнам детето со кој треба да биде и да сака да биде.
    И да не е проблем, љубов е.
    Дали е тешко на моменти? Да.
    Дали би сменила нешто? Не.
     
    На merriel0, Трагедијаупмм, Надеж♥️ и 2 други им се допаѓа ова.
  17. Cvetce_

    Cvetce_ Истакнат член

    Се зачлени на:
    6 декември 2024
    Пораки:
    1.260
    Допаѓања:
    1.892
    Пол:
    Женски
    Ахх да се надоврзам и јас на темава.
    Кој ме читал претходно ми ја знае приказната моја. Сите ми велеа ќути имаш помош тука, мајка свекрва, кој ќе ти помага кога ќе одиш Германија ... Епа да ви кажам право среќа си го послушав и срцето и разумот и куферите под нозе со бебко од неполни три месеци фативме авионот и кај тато Германија. Не сте свесни колку ми олесна и колку детето е помирно и поспокојно откако се преселивме тука. Мажот ми оди на работа јас сум сама со него преку ден, толку ни е исполнето времето, све ни е под ред, имаме време и за играње и ручек да направам и да исчистам и да дремнам со него и да излезиме на прошетка.
    Буквално никој не ни треба, доволни си сме тројцата.
    Од помошта на свекрва се виде, скокаше да го држи во раце а кога ќе му го дадев малце да закемкаше и одма, му се јади гладен е ... Еднаш им го оставив да одам до продавница, тоа се покакало и идам дома, таа со ќерка и ми викаат покакано е преслечи го, оф мори мајко си велам.
    Мајка ми е 15 години повозрасна од неа ама не дека ми е мајка жената буквално во најтешките моменти таа ме накрена, таа ми направи некој ред и мене и на бебко, по три часа го крлала да можам јас да фатам некој сон за да можам да издржам ноќи кога не спиевме на почеток, 75 години е жената
     
    На Mommy. S, Katie90, Carolin. и 10 други им се допаѓа ова.
  18. EnaEnA30

    EnaEnA30 Популарен член

    Се зачлени на:
    1 ноември 2020
    Пораки:
    335
    Допаѓања:
    1.040
    Пол:
    Женски
    Ретко отварам форумов ама темата баш сте ми ја погодиле.

    Искрено многу е тешко без помош. Јас исто немам баш од никој помош. Првиот месец така татко ми доаѓаше пред работа, да врзам по 2 саати, откако се уходав малку со спиењето терам сама. Кај мене е проблем што мм е турбо на работа, 2 дена во неделата го гледа бебе и тоа на по саат-два зошто кога си доаѓа од работа е веќе заспан, а некогаш сум заспана и јас па ни ние не се гледаме. Да не зборам дека и нон стоп патува па се случува и по 3-5 дена во континуитет да не е вооопшто дома и сѐ е на моја одговорност. Од оваа гледна точка, кога ќе дојде некој одма му давам бебе да го причува за да се избањам на раат или едно кафе да испијам зошто стварно немам време. Се случува да си го фрлам вчерашното кафе не ни пробано, останато во кујна со надеж дека ќе имам 5 минути да го испијам. Такашто веројатно и јас да имав маж со најн ту фајф џаб или па од дома да работеше (така изгледа рајот во моите мисли) ќе бев од оние што тврдат дека не е тешко деца сам да изгледаш. Ама кога си апсолутно сам, ептен сакам да имам барем по саат време помош во денот за чисто да гледам во една точка и ништо да не правам. Пред месец дена му реков на маж да го земе бебе некој ден да прошетаат да погледам серија малку да си дојдам на себе и месец дена уште не се погодил да е дома во тек на денот. Јес да и мене ми е тешко да побарам помош ама па некогаш и кога ќе се излажам да побарам и ќе ми фрлат некој банален изговор и си викам џабе кршев уста. Инаку голема желба имам за голема фамилија, отсекогаш сум сакала барем 3 деца, ама дур не спласне кариерава на маж тешко дека ќе се наканам зошто има шанси да збрлавам. Или да се премажам :D
     
    На Tulip023, Ladyme, Simon4e0507 и 2 други им се допаѓа ова.
  19. Cvetce_

    Cvetce_ Истакнат член

    Се зачлени на:
    6 декември 2024
    Пораки:
    1.260
    Допаѓања:
    1.892
    Пол:
    Женски
    Колкаво е бебенцето ? Организирај си го времето, и јас така на почеток бев збрлавена кога бебе беше мн мало и ми беше само во раце и на цицка, ама после тоа му го фатив редот откако почнавме да шетаме. Излези на кафе бебе во количка и нека спава, и ти раат и тоа наспано.
    Јас за дома купив релаксатор, сам се крла во него, со песнички е, се успива, си ужива, јас за тоа време или кафе пијам или готвам.
    И јас сум по цел ден сама, мм и двократно оди на работа а кога е дома е полузаспан.
     
    На Трагедијаупмм и Simon4e0507 им се допаѓа ова.
  20. EnaEnA30

    EnaEnA30 Популарен член

    Се зачлени на:
    1 ноември 2020
    Пораки:
    335
    Допаѓања:
    1.040
    Пол:
    Женски
    Неполни 5 месеци е, имаме ред не дека не, ама сакам да кажам дека е убаво понекогаш да знаеш дека има кој да те одмени. Излегувам денски, на кафе ич не ми се седнува зошто знае да се раскенка па сега да се шетам низ кафич мене стрес ми прави. Ама да има кој да ми зготви, исчисти, или да знам чисто дека некој би го погледал да се избањам, не би одбила. Првиот пат кога беше мм на пат, бев кај моите, да се најадам да не е на нога, доволно ми беше што знаев дека барем ќе му зборнат нешто ако се закенка, не ми ни треба којзнае каква помош. И психички ти олеснува кога знаеш дека ако треба нешто имаш кого да побараш, дури и да не ја искористиш помошта.

    А од некои “помоши” па налет. Колку и да е тешко, живот со свекрва не пада ми на памет.
     
    На Ladyme, Simon4e0507, Iva.T и 2 други им се допаѓа ова.