јас мислев дека само мојата баба е модерна, ама очигледно сите се модерни за тоа раѓај деца ќе ти ги чуваме одамна сфатив дека благе везе нема, никој ништо не ти помага јас од моја страна немам мајка, а свекрва ми, ќерка ми кога се роди јасно ми стави до знаење дека баби не биле за чување деца и цело време ми потенцира дека нејзе никој не и помагал, цела беше во паники кога ќе и ја оставевме да ја чува и истиот муабет не знаела пелена да и смени итн. најмногу ми се наоѓала тетка ми и братучетките кога сме морале негде да ја оставаме, е сега е поголема веќе па и свекрва ми ја почувува и подолго и да ви кажам секој саат го ценам што ќе ми се најде некој затоа што стварно е потребно. иначе 90 посто со маж ми сами сме со децава и еден искача еден дома седи, изглегување заедно без деца ми изгледа како невозможна мисија..ептен би ми дошло добро да ја пратам на спиење негде големава и да земам здив, вие што имате помош блазе си ви
Кога планиравме со мм дека е време за нов член во семејството не ни сакавме помош, а не ни очекувавме некој да ни го гледа бебето, јас искрено знаев дека не е лесно да се гледа бебе, но дека ќе ми биде премногу тешко не очекував, а и бебе си е такво какво што е, само да е живо и здраво. Благодарна сум што и свекрвата и мајка ми, ми помагаат колку што можат. Со свекрвата живееме во иста куќа, на различни спратови, во години е, ги чува внучињата од деверот, се понудила за помош за што и да ми треба слободно да ја побарам. Мене не ми е згодно да ја барам, ептен кога е неопходно, знае да ми ја причува саат време, а јас тој саат го користам турбо да расчистам низ дома. Мајка ми скоро секој ден иде приквечер, помлада е, оди и на работа. Тие два, три часа се рехабилитирам, малку да одморам раце, да се избањам, да се средам. Мм е на работа од 8 до 16, кога ќе се прибере дали да одмори или бебе да чува за јас да здивнам, барем еден оброк да каснам нормално. Како расте бебе е се по свесна, многу се приврза за мене, почна да плаче кога други ќе ја земат во раце, дури не сака ни мм да ја успива, плаче за јас да ја земам. Најтешко ми падна кога требаше првата вечер со бебе да ја поминам, бев со царски породена, психички и физички истоштена, ми требаше помош од мајка ми, сакав да преспие кај нас, а не остана затоа што татко ми се лутеше, плачев, мм само ме прегрна и ми рече јас сум тука, ќе се снајдеме двајцата, како сите, така и ние. Не ми падна тешко тоа што не остана таа вечер, туку тоа што, тие што ми се најсакани кога ми беше најтешко не ми пружија помош.
Ептен се пронајдов во кажаново Јас му реков ако сака второ, единствен услов ми е да најде работа со 40 работни часа неделно. И мм е многу отсутен, се труди секое слободно време да го помине со бебо, но едноставно времето му е многу ограничено, па има денови кога бебо е веќе заспан кога ќе се врати, па не го ни гледа воопшто. Во однос на бабите, имам две крајности. Од едната страна е мајка ми која ми е мноогу голема поддршка. И покрај тоа што работи, секогаш наоѓа време да дојде, да го причува бебо, но и да ми помогне со обврски или едноставно да дојде до врата да ми остави јадење ако сум имала бурна ноќ/ден со бебето. Од друга страна, свекрва ми само збори колку го сака, колку е тука за нас, а уствари врска нема. Дури и кога ќе дојде на гости, го зема 5мин и одма почнува да му вика: а ти си ја бараш мама, ти се вртиш по мама, сакаш да си со мама. А тоа нема врска, бебето си разгледува лево-десно. Еднаш само ја имаме викнато за помош пред да се породам, зашто се селевме, а јас бев на bed rest, па на мм му требаше целата достапна помош и одма добивме коментар како она ни помагала на младост, за да сме ја чувале на старост така што, таква условена помош, не фала.
Кај мене не е дека не сакаат туку логистички е тешко со мајка ми. Еве сабајле се вратив откај мајка ми, на 80км сме, ама беба ужива со неа не ме бара што не е случај со никој друг. Сабајле се буди и вика баба, срцето ми се кине. Од друга страна мајка ми работи, викенд што попрво да направи и не сакам да бидам досадна постојано да одиме. Свеки сака да излезе во пресрет ама е факт дека не е детишнар и некако има изгубено осет, другото внуче и е тинејџер. За некои банални работи и вика не на ќерка ми и и не можам за секое едно да се објаснувам. На 5 месеци става раце во уста она и вика не раката во уста викам зошто не? Тоа е нормална развојна фаза. Сега оди покрај ѕид, мебел, нормално некогаш паѓа на газе, она целата паника. Од овие причини не ми е за оставање освен во безизлезна ситуација. Таква до сега за среќа немало. Кога ќе дојде јас морам да одам во другата соба да ја види 5минути пошо ќерка ми оди само по мене не се заигрува со неа. Золва ми од друга страна за минута ќе дојде и ќе ја чува кога и да посакам и за тоа сум преблагодарна ама ја викам еднаш на две недели ако имам закажано нешто а маж ми заглавил на работа, си има и она семејство и јас имам осет. Во главно си страдаме со маж ми сами, работата не му е со фиксно време ама тоа значи дека има денови кога е слободен после 13саатот и друг кога се враќа во 19саат.
Како што ве читам така се убедувам и јас дека среќа е да имаш помош и да ја користиш. Моите и на мм ќе се испотепаат кој да дојде да ја чува. Дали било утро или после полноќ сеедно им е. Јас сум уште многу посесивна и не ја оставам а треба. Ќе се почне на работа и иако планирам приватна градинка си викам добро е да почекам да прооди па да ја запишеме…но дали ќе биде тоа на година или три никој не знае… од такт ме вадеше бакнување од бабиве на главче и само што се научивме дека не треба одиме на педијатар и тој ја бакна на лице… е ај осмели се кажи му дека не треба. Тоа е.
Прво татко то не е нормален што се лутел за ваква работа, второ многу го жалиш мм. Значи и ти до 16ч си работела, зар не може да одмориш мора он прво да одмори? Без разлика колку работел после 16ч обврските треба да се на двајцата, и после двајцата да се релаксирате. Дали ти ако одиш на работа до 16ч кога ќе си дојдеш ќе одмараш или ќе трчаш се да направиш што треба? Не ги жалете толку.
Здраво мајки, Се извинувам за непријатнава тема, но анксиозноста ме здроби, му пукаат паники дека нешто не е во ред. Дали вие што доите или сте доеле, а воглавно сте се хранеле со сува храна, сте имале проблем со столицата, со запек? Ме здроби паника дека нешто не е во ред, затоа што откако се породив честа појава ми е запекот, чуствувам потреба за во тоалет, но понекогаш не можам да се испразнам од што е пресуво, или едвај ќе успеам и после имам некој период мала болка долу, а на два пати со болката се случи и малку крв да има на бришење, но поминува. Се сомневам во хемороиди, но не знам дали тие би спречиле да се испразнувам...
Ти 24 ч со бебе и жалиш маж ти што дали да се одмори или со бебе да е. Тебе сестро никој не те жали. Тоа дете е и на маш ти. Ќе почнеш со работа и после работа ќе одмараш? Не. Ти си повеќе исцрпена од маж ти.
Јас вака да те утешам, кога беше во 7ми скок мислев дека има некој проблем детево. Спремна бев да ја носам по лекари, ама сериозно. Не знаеш какви дешавки имавме навечер, маж ми што за се е лабав се преплаши и почна да ме прашува дали е океј детево.
Леле девојче знам низ што поминуваш многу ми е жал, го поминав истото со второто дете. Мораш под итно да ја средиш исхраната. Имав многу многу тежок период, сама со бебе буквално закачено за мене како коала. Во раце ми порасна, после едно одење во вц, кое морав да го убрзам ради бебето, имав анални пукнатини, со крв и болка со денови после тоа, одењето во тоалет ми беше хорор. Се додека не почнав со грав, грашак и боранија секој ден. Мораш да внесуваш што е можно повеќе влакна. Да се разводни столицата и ќе се среди. Можда 2-3 недели секое одење во тоалет ми беше хорор. И потоа ручекот цела недела ми беше 2 дена грав, 2 дена грашак, 2 дена боранија. Се разводни столицата и почна полека да е подобро. Требаше уште некој период да се среди целосно. Сега од страв грав, грашак или боранија имаме дома секоја недела на мени по 2 дена. И така некако одржувам. Дополнително, овесна каша за доручек, суви сливи варени да пиеш и јадеш, ама исхраната ти е најбитна. Ако не можеш сама, порачувај по другарки, мајки, свекрви нека готват и праќаат, многу е битна исхраната, да бев поблиску јас ќе ти праќав.
Последните зборови...ми насолзи очи. Ти праќам една силна , затоа што сум големо гушкало Јас се лишев од тие работи ем поради време, ем поради маж ми што не ги јаде, па кај некогаш немам време за еден ручек да правам, за два пак ич. Но после ова ако не стигам ќе порачувам, ќе барам решение, вака веќе не оди. Ти благодарам многу за советот, ме смири. Те уште еднаш.
И јас имав проблем после породување со хемороиди и тврда столица..нели мешунки не се јадат поради грчеви..пиј течности чаеви,јади овошје салатичка нешто..сега есен е можеш и печена тиква,јаболко ..стави у рерна нека се пече лесно е и набрзина можеш да си поткаснуваш сабајле и навечер..супи ..од петел готова свари изеди еден тањир..да се раздвижат цревата..ќе бидеш супер..ќе видиш
@Puffy2019 Исто и мене ми беше првите два три месеци. Не секогаш но доста често и потоа ми се среди. Сигурно се хемороиди. Бебе има 5 месеци, гледам во скок треба да е.. дали во овој скок вашите имаа проблем со денски дремки. Му се спие, а не заспива, ни в раце со нишање, едвај в количка во ходник да го нишам, а па сам не доаѓа во прашање. Таман после пола сат ќе го успијам и се буди за 5 минути. Дали е од скоков или настинува, зошто и јас сум малку настината
Дојдов само да се пофалам дека бебуш има три запчиња и од вчера седна сам.Мајка пресреќна си плаче по цел стрес и паники зошто не седи.Тибам и интернет и клипчиња и се што дополнително не толчи. Нема да се враќам детално на темата чувањето и бабите и мајките НО заклучив дека додека не наметнеш на некого дека треба помош џабе е да очекуваш.Ретки се тие што сфаќаат дека треба помош и ќе те послушаат како си одлучил дека треба да го растеш детето.Еве 9м сама и сфаќам дека полесно ми било да не се објаснувам и да правам конфликти но по која цена.Да сум преморена депресивна и да не уживам во мајчинството.И нека не ми кажуваат порано како не растеле...порано повеќе живееле во заедница,немале појма што значело дека не треба бебе да го оставиш да се исплаче и што биле скокови во развој.Ретки исклучоци постоеле не дека не.
Се поделивме со маж. Јас со бебе тој со децата, средното е со тт. Имам некој немир, знам дека нема да спијам и онака вечерва. 5 цели дена бевме добри. Пак сите болни по 837573 пат за два месеца. Додуша маж само нема уште пројавено некој симптом. А дојдов пред некоја вечер. Реков ќе пишам колку е магична темава. Таман ќе пофалиш дете, има низ нос да ти ги извади сите фалби во најкраток рок. Минатиот пат се пожалив за спиењето и така следните два-три дена спиеше убаво. И ете не стасав ни да го пофалам, излезе првото запче и си реков толку е, ќе одмориме малку сега. Еве го 3 дена пак во некоја вештерска фаза. По цел ден само во мене, само да се кенка…кенка… и само кенка, ако ме види и само да се фатам за кваката, па тоа е драми, лиење солзи, зајдување како да се селам за вселената, а не дека одам до другата соба. Ова дете зајдува за се што ќе му перне, сериозно веќе се прашувам дали оддавам некој погрешен стабилен вајб на универзумов па си ме тестира, ама со секое згрчување негово кога зајдува, имам 100 нови бели влакна, 5 мали инфаркти, 2 мозочни и 1 пукнат хемороид. Може треба да уклучам жалење на појако. Колку помалку се жалам, толку сите ме земаат здраво за готово, чак и универзумов. Помош немам. Прв пат за 6 години мајка ми беше на 3 месеци и ми се најде. Се си правиме самите. Тешко е, ама уиграни сме и имаме развиено одлична логистика. Со него уште 3 деца да имаме знам дека ќе се снајдеме. @MariaBouli иста бев со ќерка ми. Не сакав, ама повеќе не можев едноставно на никој да ја оставам, ме маваше анксиозност и само на помисла. А едно такво питомо дете е нема со кој не може да седи и ден денеска. Маж ми исто. И тој не се дели од нив. Ни за супермаркет. Оставање деца за ние да шетаме ни на сон. Ми вика ова се се спомени на кои ќе се навраќаме во староста, а со нас нема вечно да се дружат. Јас немам проблем да оставам дете за до супермаркет, па и да излеземе сами, тој не може. И не го форсирам. Сите планови што ги прави ги вклучуваат и децата. Кому како му чини, сите да се согласни и среќни.
Ах темава Помош од никој, мм работи флексибилно, јас втора смена ама барем од дома и само си ги продаваме обврските како штафета. Де фати го да фатам ова, де земи го имам повик и така Некогаш ми докривува, повеќе од моите, синдром на второ дете подзаборавено И снаа ми и јатрва ми останаа бремени 2 месеци после мене и помошта отиде таму, едната ужасно тешка бременост што на никој не би ја посакала со плус дете што му треба внимание, вторава со 2 години разлика деца, странство, сами. И фала богу се' добро заврши. Ама летово толку многу ми се собра и ми докриве што никако не доаѓаме на ред, кај можиш ти со едно дете да се мериш со тие со две, ако ние се' сами и работа и сабота. Мм со мала операција ама неподвижен, свекрва ми појде поддршка на син и два дена во болница, а мене немаше кој да ми го чува за да работам, па морав да користам одмор порано. Се преку мене, и маж во опоравување што не смееше да го крене малото и дете од годинка и никој не дојде еднаш да ми испазари или да го причува за да пазарам, а не па друго. Живеат на 20 минути оддалеченост, ама цело лето ги чуваа малите на јатрва ми што патем не работи и си беа на одмор тука 4 месеци. Кога почнав на работа свекрва ми што исто така не оди на работа идеше цели 3 дена само во периодот што јас бев на работа, да го почува, читај, го гледа како си игра и ќе му дадеше еден оброк што јас го имав спремено, патем и ручек за сите. Еднаш го оставивме на чување кај нив, ние отидовме на свадба 15 минути оддалеченост, пазете дете од 13 месеци што јаде се'. Им реков ако не можете да го заспиете повозете го во количка, така нема гајле ќе заспие, нека спие и на тераса дур што си дојдиме, сред лето. Во 10 звонат, не, плачи и крај, дојдете. Океј, ноу проблем. За да го утредента го слушнам овој муабет, си мислевме ако не можевме да го смириме ќе му дадеше јатрва ти да цица , што да му прајме. И тука заврши помислата дека некогаш ќе имам доверба да го оставам на чување Настрана тоа што "ее баба ќе го земи в скут зошто в седиште" косата ми ја крева. Моите пак, тие се подалеку 200км што за мајка ми значат 200 илјади, се молиме да дојдат еднаш во месецот, дали и толку. Тие работат преку недела така да и толку е времето, до некаде... Овие па на 20 минути, дали 10 пати имаат дојдено и тоа со едната рака низ врата се тој еден саат што ќе поседат. Мене па ме нервира обврската што ми ја стават да мора ние да се влечкаме и ваму и таму за да се видиме, кога е 100 пати полесно тие да дојдат, да го поиграт, да поседат, вака обавезно му се заебува цел ритам. Ако продолжам да пишувам ќе се заборавам Настрана ова, го одбив од цицање после мојот тантрум на форумот некни ми прекипе од се', истрпев 2 дена хорор тегнење и вриштење, ама сега малку од малку фаќаме некој ред. Дури страв ми е да се пофалам, се излажа фати и формула и сега се треси накај шишето кога ќе му го спремам. All in all, can't complain. Денов сто години, станата сум од 5 сабајле, а сега завршив со работа. Night night
леле полудо нешто немам чуено одамна... Патем и јас сум анксиозна и на мајка ми да ја оставам, а не па на некој друг. Плус она е малце трапава се мислам ќе и падне од раце, страв ми е до вц да отидам некогаш. Не е само до мене, и мм вика дека чудно ја фаќа во раце и не дрма двајцата стрес кога ќе ја земе. Затоа само заспана па да ја гледа на камера сме пробале...
Преточно. И јас по цел ден сум со нејзе уште ако не ми ја почува кога ќе дојде.. Јас и по уморна сум од него , тој нема тешка работа. Кога ќе дојде, јадеме, се бања и кај него е бебе. Си гледам серија се бањам што сакаат нека прават Навечер заедно заспиваме и ајт. Кога беше немирна многу, точно, ја зимав. Имаше сменето ден за ноќ и по цела вечер будна. Мм го праќав во двевна зашто ми беше жал, а во петок и сабота тој ја чуваше ја спиев по цели ноќи.. Мора да се направи баланс иначе ќе пукне.. @Puffy2019 женска а сливи проба? Мене ми рекоа зашто бебка не какаше демек да јадам сливи па преку млекото. Цела вечер од вц не искочив И се е океј. Нормално е да се осеќаш и така и да имаш такви стравови ама диши длабоко и кажи ќе бидам добро и ништо лошо не се случува... Баци тоа дечињата од нас
Исто бев, а не ни бев само на сува исхрана. Обавезно во неделата 2 дена некогаш и повеќе некоја манџа, течно имаме за јадење дали е грав, леќа, грашок и сл. Секако имав мака со хемороиди тогаш ме дотолчија а мислам дека не ни можеме нешто посебно дс користиме додека доиме не знам(ако има некој да знае што може да се користи help please) Кај мене само се среди, сливи не ми помагаа никако ама почнав пак со магнезиум цитрат. Ако ти е прекинат од кога си породена почни го пак на некое време. Јас на Солгар го имам по 2 таблетки дневно.