Хемороиди имаат 90% од жените дали во текот или после бременоста, за жал некои стануваат хронични некои се повлекуваат, најчесто е поради тежината од бебето не ради самата столица, јас немав проблем со столица во бременоста и после, ама сепак имав и хемороиди и анална фисура која сеуште ми се појавува на периоди и е ужасно болна, како сум седела на шоља и плачела…мене искрено ми помогна кантарионово масло на памукче па влошка одозгоре, често менување и миење и секако внесување повеќе влакна со исхраната. Инаку за хемороиди и факту маст помага која се продава во ветеринарните оти е за животни ама многу луѓе ја користат за хемороиди, е сега не знам за време на доење и бременост, не би ризикувала. Хормоните го прават своето и запек е најчесто предизвикан од нив постпородилно, ќе помине со време не е страшно ама јасно е зошто паничиме. @Puffy2019
Јас имав многу мака на почетокот на бременоста и го најдов лекот во киви. Секој ден барем по 2 јадев и многу ми помагаше. Негде читав дека со се лушпа уште подобро е, ама јас ги лупев. И кога ќе осетев мака одма киви. Е на крај сепак добив хемороид што душата ми ја извади, епидуралната на пораѓај ме препороди И сега ако сетам дека некогаш се враќа, воспалува ставам една крема Rektalaid, превентивно пред да се влоши и од тогаш немам видено мака. Безбедна е и за бременост и доење.
Додека чекам резултати од pcr тестот за варичела да пишам тука два теи реда дека вчера се развикав во систина во лабораторија не знам можда и дека прв пат ја носиме болничка (читај исфрлана и кенкава) и мене ме фати страв или пак навистина ме изнервираа две сестри доле ан боцкање добро бе мајки како во 2025та година на 5месечно бебе земаат крв од прсте / ја боцнаа и 15минути и го стискаа прстето да тече крв во епруветката. Срце ми се кинеше дете пишти и од нервоза се испоразвикав па добро нели има деуга метода освен ова? Прстето цело крваво детево не може да земе воздух од плачење. Се појави еден доктор помлад пошто слушна плачење па и на него му се пуштив и рече има и други методи ама што да правиме мора вака немаме во мк друго решение … ептен изнервирана излегов, на маж ми не му се видело толку трауматично он ја држеше … сите деца плачеле за зимање крв, јас мислам ќе ја удрев таа сестрата уште па и вика ама седи мирна повеќе ќе те боли ако мрдаш 5месеци бебе !!!
Така зимаат од прст и во лабораторииве за анализи дека понетрауматично е од другиот начин што постои а тоа е од вена што не би сакала да го пробам. Ние 3 пати сме правеле крвна слика во авицена од прст и воопшто не било толку трауматично, особено дека таму шарено и има цртани на тв па бебе е зашеметено
Бејби и на нас кога ни проверуваа крв така беше од прсте. Ја испостиска цела рака и на мене и на неа крвави. Она не плачеше многу мислам дека повеќе плачеше што и беше нелагодно и што ја стискаше цело време. Ти ја сфаќам фрустрацијата си се испаничила што плачела толку. Добри сте?
А како изгледа земање од вена на бебе некој да сподели? Ако од прст е волку мачно и долго како е од вена? @Peperutce6 ок е, кенкава е ептеееен само оди температура до 37.4 нема погоре, за сега 10тина пликчиња се само нема нови од вчера
Чекам резултати од карактеристичен pcr за варичела на крвна слика покачени леукоцити crp мирно што значи вирусно … на Никчевска во Систина и изгледаа пликчињата како варичела јас немам поима како изгледаат … по нет гледав некако слични штознам ќе видиме за некој саат резултати
Факту е за хемороиди и се продава во аптека обична, за луѓе е, Флого маст или Флогоцид се купува во ветеринарна и исто помага за хемороиди.
Мајка не од вена, да полошо е него од прст. На моето до сега 4 пати од вена му е земано и 2 пати канела ставано, многу потрауматично за него. Ама не знам зошто вака тешко ви земале од прст или тие не ја знаат работата или не знам, кај нас од прст било секогаш брзо, има вајда техника како побрзо да тече, јас бирам секогаш во државна лаб да му земаат оти таму сестрата многу лесно му зема, во друга приватна што имаме е потешко малце.
Боцкањево.. од вакцините не плачеше, глас не и се слушна ама затоа од прсте крв кога и земаа лелеее ја крена лабораторијата во вис. Освен еднаш во биотек тој што ја боцкаше колку беше фин смирен и сталожен алал да му е. Ја боцкаше и и пееше рамсамсам, глас не и се слушна хахаха
Исто и на моево на 2ипол месеци во Систина од прсте му земаа крв, тоа плаче сестрата притиска многу бел им стоеше да не бил паднат хемоглобинот поради нагли раст оти многу качуваше. Јас пак улава се направив и викам на сестрата "а не му зимате од стапалцето?" Верувам дека од прст е поедноставно и помалку болно за бебе дека за од вена треба да го боцнат, да го држиш ептен мирен,а мислам е невозможно тоа
Може лошо напишав па погрешно ме сфативте. Мм има многу стресна работа, но кога ќе се врати од работа одма ја зима јас да јадам, да одморам, а знам дека после работа и него му треба одмор, па ако има простор одмара пола час, го чекаат и други обврски што треба да се завршат, ако не дојде мајка ми на помош, заедно ја бањаме, ја успива додека јас се туширам, средувам, понекогаш не му успева да ја успие, вришти плаче за кај мене во раце. Родителите за жал не можеме да ги бираме. После породувањето и јас трет месец мака мачам со тврда столица, а имам и хемороиди. Нас кога ни земаа крв од прстето за изненадување не плачеше, ама кога ја вакцинираа такво вриштење, едвај се смири.
Никој не ми јавил до сега и енигма ми е како се зарази - не ја мешам со дечиња што одат во градинка/школо или со тие пријатели надвор се дружиме ама баш последниве 2недели не сме биле со никој посебно во контакт … 4 дена бевме и надвор од мк сами без друштво
Здраво друштво, Ви благодарам на сите кои ми дадовте мислење и совети. Пробав со суви сливи и така, дел и ги сварив, делува Морам да си направам некој ред во исхраната, затоа што вака не оди. Ви благодарам уште еднаш на сите, од сите работи ќе вклучам во исхраната
@Baby warrior , напишав и на крај ми се изгуби се. На кратко, варичелата најчесто почнува од главата. Прво е така како точка со црвен круг околу, па станува плик со вода, потоа како раничка и на крај си паѓа. Имај на ум дека ја боли на допир ако е тоа. Се ќе биде во ред За крвна слика исто, од прсте секогаш, што колку стискале не знам, маж ми го праќав а јас стоев надвор од жал, но излегуваше насмеан. Еве неколку сликички да споредиш, пред три години прележавме син ми и јас.