И мојот плачеше, не да плачеше… скапа плачење. Го разбирам стресот, ама ве молам да ги оставите здравствените работници да си ја вршат работата. Нема потреба од дерење и расправање, верувај и за нив е стрес вооошто не е лесно да работиш со бебиња/деца.
Сега ми се јави докторката од систина - негативни / а крвната слика изгледа како вирусна инфекција покачени леукоцити, ниско црп, темп до 37.4 / ми вика има мн други вирози со исфрлање не е само варичела ме збуни скроз
Не ми личеа на варичела, мојата вака се исфрли од пролазано. Ама обично од вирус исфрлањето е повеќе, не вака. Може се погодило и двете наеднаш. Али ајде, нека проаѓа со лесно.
90% плачат иначе. Капиларно и венски не е исто, вената прска и тече сама крвта, од прст мора да стиска, поготово ако зимаат за црп. Поинаку не постои начин, освен од вена, што нема потреба на толку мало бебе, а и претешко е да погодиш вена на бебе. Еве пошо лежевме во болница, не знаеш што е вистинско викање кога ги боцкаат за канила да им стават, па мојата три пати ја пребоцуваа, зашто ја измести. Бебе не памти нит ќе има траума, ама ти ќе имаш. Така ми рекоа сестрите во Козле. Сепак гледај го тоа за нивно добро дека е, плус не реагирај пред малата така, те осеќа највеќе тебе и уште повеќе се плаши.
Си била нервозна што е нормално и она осеќала и настината плус и така све биднало. До сега 3 пати сме провериле крв.И еднаш за интолеранција тогаш сама ја зедоа ми ја вратија тука имало до сестрите за боцкање и не заплака. Секогаш од прсте. Два пати јас еднаш мм ја држел. Не плаче а последно настината кога беше 3 епрувети и зедоа во авицена може 5 мин ја стискаше јас и пеам тв има внатре гледа и ни да ја дирне. А на вакцина вришти како душа да дава. Види некогаш ако треба нешто ќе се издржи за нејзино добро е. Смири се во тие моменти за да ја смириш неа да види дека си тука и не е страшно. Ќе помине ајде за неколку дена ќе е како нова
Како да си го повикав малерот еве дојде денес мајка ми после работа на кратко да ја видела и секако не ги оставив сами страв ми беше. Си седам до нив и гледам ја става на коленца на лизгав паркет а масата пред неа директ. Гледам јас и знам не е стабилна уште на колена и дур речам леле ќе падне вака она бап со устата на маса директ. Среќа ја подфати не се удри многу, поплака малце и ја смирив ама како бе да ја оставам некад сама со неа. Не знам дали ќе соберам некогаш храброст, ќе ја мислам цело време
Крв имаме испитувани сигурно и преку 20пати. И болнички лекувана и се и сешто. Точно стресот за мајката е поголем отколку за бебето. На почетокот плачеше, море врескаше кога ќе ја боцнеа за крв. На 2-3 пати ми се има погодено груба сестра ем да стиска присилно. Ем да ми се развика мене оти ќерка ми ( дете од 6 месеци тогаш) не знаела да ја чува отворена раката и прстите пуштени. Еве пример реков можеш да ја научиш. Повели слободно, ако те разбери, јас честам. Сега веќе и сама дава рака. Во лабораторијата каде одиме, сестрите имаат шарени алишта, најчесто детски, дали капа таква, дали било што. Па кажуваат смешки, прашуваат, бар цело искуство не го прават трауматично.
Здраво мајки, како се справувате со загадениот воздух во Скопје (и општо во другите градови)? Попладне малку се чисти, ама иначе скоро цел ден е загадено. Колку често ги шетате малите сега?
Ако било варичела, од вчера до денес веќе ќе беше цела исфрлана... Инаку ладни да не и беа рачињата? Гледај нареден пат стопли и ги пред да боцнат, зошо знае на ладни рачиња така послабо да тече и стискаат многу. Ни се случувало така за едно зимање, две прстиња да боцкаат...
Не сакаш да знаеш Може и од пета и од глава Најнеболното од овие сте го поминале а ти си претерала Сите сме мајки и на сите срце ни се кине ама ако нешто мора тогаш мора
Стани рано, брзај да спремиш деца/доручеци/ручеци, трчај да се спремиш, брзај низ сообраќај, трчај од еден на друг состанок, брзај за дома да собереш деца, брзај да фатиш лекари, да дадеш терапии, да направиш вечера, туш…трчај да исчистиш, садови, машини… што е ова луѓе, ги трчам деновиве, преуморна, не ни осеќам како поминуваат и најтрагично - не станува полесно… Кај ми е мастер, вежбање, хоби некое не дај Боже, ништо од тоа нема… пулсот 100ка секој ден, одмор на повидок нема…
Исто е и кај мене... Среќа па на работа убаво терам, не ми е таму тешко. А домашниве обврски, активности на поголемиве 2 деца, алиштава 3 тона, храна 3 тона, ѓубре 3 тона немаат крај Како сум станата од 6, до 12 вечерта сум турбо човече... а после ноќе не спиеме дека малово станува на секое. Дај боже здрава и читава да останам од овој период турбо. Јадам безвезе, те на нога, те брзински... железото 4ка ми паднало од глупости јадење и неасално јадење. Морам да си направам некој план и за мене, а и за маж.. зошто некако почнува некое депре да ме фаќа, ништо не ми се прави и никаде не ми се оди.. нит па ништо не ми доаѓа да си купам за себе. Од премор и престимулација све ми е...
Истово ни се случи на нас притоа бебчето беше тогаш 2 месеци. Мораше да наполнат во едно како цевче а да не влезе воздух. Три пати ја боцнаа, помодре од плачење едвај ја смирив и кога после третиот пат ми рекоа пак имало воздух мора четврт, им реков дека не може и си заминавме. Сигурно не е лесно да боцкаш бебе ама ако гледаш дека не ти оди викни друг на вториот пат а не четврт. Мислам траума ми остана лд тоа, помодрена залутана негде во погледот прежална беше.
Ги држат неколку, зашто многу мрдаат, им стават тоа стегачот и се мачат да им ја најдат а тоа стои стегнато, бебе плаче урла, значи не можам да ти опишам колку е трауматично. Во Козле не даваат да гледаш, од таа причина, само слушаш како го боцкаат и се распаѓаш од жал. А тек па да видиш рентген на плуќа како им прават.
Денеска е кенкава уби боже... значи седи и кенка минутка не е расположена и цело време една глодалка во уста. Ја мачкав со гелот за забчињата. Не ми се гледа дека е отечено. По термин е во 5ти скок, по роденден е надвор од 5ти. Мирно заспива нема више тепање ме гушнува и се смирува, јаде како што треба и млеко и каша, ама све друго додека е будна е катастрофа. Незнам што ја мачи искрено освен заби или скок. По родилна сме 7++, по темин 5++.
Ќе ме умре па и дека врнеше, останавме дома денеска и не се издржува едвај чекав да заспие. Ништо не ја анимира и никој не ја анимира. Отров.