Мајчински муабети (не е за барање совети)

Дискусија во 'Бебе' започната од slobodka, 30 април 2016.

  1. Baby warrior

    Baby warrior Истакнат член

    Се зачлени на:
    27 декември 2023
    Пораки:
    3.364
    Допаѓања:
    6.389
    Пол:
    Женски
    Прееска ми се јавува докторкава од систина и ми вика ок негативен е тестот за варичела наредна недела контролна крвна слика супер ќе биде - викам нема контролна ако нема температура и ја гледам дека е добра не даавам дете пак да доживува тоа а и ја со неа. Добро мајка ти со знаеш … си знам, нема што да ми филозофираат на крај на целиов стрес ако размислам и немаше потреба за варичела сумља зошто не ја мешам со никој. Најискрено не знаев дека така е процедурата за бебе ама бе срцево ми се скина сто посто сум сигурна дека има друг механизам не стискање насилно расечено прсте за да рече крв па и мене ќе ме боли да ме стискаат така 15минути.

    И јас како тебе на раб бев да соберам дете и да им речам колку има крв толку работете со тоа не давам веќе да ја стискате ;( и се развикав на една што дојде како втора сестра демек чекај јас сега ќе ја стискам посилно држи ти и вика на првата… па кога и се развикав, ме погледнува демек не си добра нешто?! На крај уште малце ми фалеше да ја прашам дали е мајка и дали нејзиното дете така ќе може да го слуша да плаче 15минути, ама немаше смисла толку да сум безобразна не ми стои на ликов мој :headbang:
     
    На cocopuff му/ѝ се допаѓа ова.
  2. BellaBibi

    BellaBibi Форумски идол

    Се зачлени на:
    15 јануари 2021
    Пораки:
    8.956
    Допаѓања:
    26.997
    Пол:
    Женски
    Те боли душата, сите сме поминале низ тоа. И на нејзино дете крв зимале. И неа ја болело душа. Ама така зимаат.
    И на мојата така и зимаа. Три епрувети наполнија.
    Јас знаеш како се тешам.
    Подобро да плаче за тоа, отколку јас да плачам ако недај Боже има нешто и никад да неможам да си опростам, што не сум ја боцнала , поради нејзино плачење.
     
    На Kjara2025, Mumoftwo30, merriel0 и 7 други им се допаѓа ова.
  3. Miss_S

    Miss_S Популарен член

    Се зачлени на:
    11 февруари 2022
    Пораки:
    4.426
    Допаѓања:
    9.159
    Пол:
    Женски
    Јас со уште полошо искуство. Вика немаме кадар доволно, застани ти од едната страна да ја држиш цврсто да можеме крв да земеме.
    Плус исто и за рентген. Муабетот
    Х (кон мене) : бремена си мајка?
    Ј: Не сум
    Х: тогаш ти ќе си го држиш детето, јас не се зрачам со сите овде.
    И си замина сестрата, само постави се.

    Во државна болница ова.
     
    На dummy и Feniksgirl им се допаѓа ова.
  4. dummy

    dummy Истакнат член

    Се зачлени на:
    21 август 2024
    Пораки:
    1.355
    Допаѓања:
    1.939
    Пол:
    Женски
    Стварно преубави беа тие 5-6 недели после 5ти скок
     
    На Feniksgirl му/ѝ се допаѓа ова.
  5. dummy

    dummy Истакнат член

    Се зачлени на:
    21 август 2024
    Пораки:
    1.355
    Допаѓања:
    1.939
    Пол:
    Женски
    Види во авицена ако сакаш за следно боцкање, да пак трае дур стискаат прстето ама супер се сестрите мили и со шаренилото околу и цртаните не е толку трауматично за бебе. Мојава дека не е ни навикната на тв дома не пуштаме пред неа супер поминува таму зјапа во цртаните, еднаш само со мали плачки ама без драми.
     
    На Ladyme и Baby warrior им се допаѓа ова.
  6. MariaBouli

    MariaBouli Истакнат член

    Се зачлени на:
    26 јули 2024
    Пораки:
    1.650
    Допаѓања:
    3.050
    Пол:
    Женски
    Оваа во Тафталиџе кај Веро? Треба да ја боцкам наредна недела прв пат, за Авицена земав упат таму планирам, да знам што да очекувам :D
     
    На Ladyme му/ѝ се допаѓа ова.
  7. dummy

    dummy Истакнат член

    Се зачлени на:
    21 август 2024
    Пораки:
    1.355
    Допаѓања:
    1.939
    Пол:
    Женски
    Да во детскиот оддел
     
    На MariaBouli му/ѝ се допаѓа ова.
  8. lala15

    lala15 Истакнат член

    Се зачлени на:
    20 август 2014
    Пораки:
    458
    Допаѓања:
    892
    Пол:
    Женски
    Аман бре луѓе, трагедии од едно боцкање направивте. Па животот е суров, нема да ги гали децата понатаму. Од чување во стаклено ѕвоно што ќе постигнете...ќе ги боцнат, по 30 секунди ќе заборават, ништо страшно.
     
    Последна измена: 18 ноември 2025
    На Ena05, Emy867, Mumoftwo30 и 7 други им се допаѓа ова.
  9. Kitanova77

    Kitanova77 Истакнат член

    Се зачлени на:
    18 март 2020
    Пораки:
    193
    Допаѓања:
    151
    Пол:
    Женски
    Пред да го боцнат обавезно отворете им го рачето, стоплете им го и масирајте го прстето, ова ми е совет од педијатар и навистина до сега не сме имале проблем, дури не ни плаче
     
    На Mumoftwo30, MeowMeow, Tulip023 и 4 други им се допаѓа ова.
  10. EnaEnA30

    EnaEnA30 Популарен член

    Се зачлени на:
    1 ноември 2020
    Пораки:
    335
    Допаѓања:
    1.031
    Пол:
    Женски
    Мислам стравот и нервозата од настинкава на грешно место си ги канализираш. Болно е да го слушаш дека плаче ама тоа е. За нивно добро е.
    Не постои друг метод никаде во свет. Ова е најбезболен, непријатно е, плачат ама им треба одредена количина за да испитаат.
    Ако не ја однесеш пак, не дека на сестрите им е многу грижа за твоето дете. Тоа си е за нејзе, дали и прошол вирусот и за твој мир.

    Утре веројатно ќе плаче и на стоматолог кога ќе треба да ја носиш па ќе ја оставиш ли со скапани заби да шета? Се надевам не.

    Стресно е прва настинка, боли за нашето, како плачат, ама ќе заборави за 2 минути. Не си прави на душата поголеми јадови за вакви работи.
     
    На Feniksgirl, Mumoftwo30, happygirl и 3 други им се допаѓа ова.
  11. 1209

    1209 Форумски идол

    Се зачлени на:
    1 август 2010
    Пораки:
    7.404
    Допаѓања:
    47.672
    Пол:
    Женски
    Добро има ли друга мајка што како мене на живци и иди сирупот парацетемол тој со капаче на клик што е и никогаш не можам да го отворам.
    Значи ќе ме полуди, еднаш додека беше мм на работа јас сама, дете со 40тт јас сирум не можам да отворам оно вришти пишти, мораше мм да дојде едвај го отвори, еве сега пак. Јас ли сум глупа или капачињата се заникаде?
     
    На Mumoftwo30 му/ѝ се допаѓа ова.
  12. 1209

    1209 Форумски идол

    Се зачлени на:
    1 август 2010
    Пораки:
    7.404
    Допаѓања:
    47.672
    Пол:
    Женски
    Јас сама го држев да го шијат, сама го држеб на рентген, немаше кој, нема сестри, сама го држам и во вена кога го боцкаат, не да плаче се корни, ама што да направам, за крв од прсте е малце претерано вака да се реагира, плаче оти го држат не дека толку го боли.
     
    На EnaEnA30, strelec231992, Noemi и 8 други им се допаѓа ова.
  13. Miss_S

    Miss_S Популарен член

    Се зачлени на:
    11 февруари 2022
    Пораки:
    4.426
    Допаѓања:
    9.159
    Пол:
    Женски
    Си карам мајки/шајки се по список на секое давање сируп.
    Не само парацетамол и други со такво капаче кога сум давала.
     
    На merriel0 и 1209 им се допаѓа ова.
  14. Puffy2019

    Puffy2019 Популарен член

    Се зачлени на:
    17 јануари 2019
    Пораки:
    829
    Допаѓања:
    1.810
    Пол:
    Женски
    Скроз те разбирам. Сакав да се надоврзам и јас на темата вчера, но не стигнав.
    Првото го израснавме сами со маж ми,буквално секаде со нас. На татко ми не можам да го оставам, со свекрва ми и свекор ми долго време не комунициравме. После некоја година почнавме да се гледаме, и дај ми го да го шетам, дај ваму да одиме, и ајде да не ја одбивам нели да пробаме, секогаш завршуваше со ненавремено враќање, и со куп благи, грицки, сокови, играчки, се на што го ограничував таа му даваше иако знаеше дека не треба така.
    Па полека почнав да ги намалувам гледањата.
    Сега е малку стабилизирана, а и многу понасочена на бебево, што дури ме нервира кога сме со други, затоа што се кај неа во раце го држи како друг да не сака, па морам да реагирам. Големово помалку го рецка, го гледам него криво му е, па ме бара мене
    А татко ми, тој си е приказна за себе. Таков човек што не се замара...кога ќе дојде повеќе ми е тешко како да сум дома со три деца, не со две. Кога дојде пред некое време викам дојди да ми помогнеш да ја избањаме (зглобови не ми држат страв ми е да не направам беља да ми падне), ама се покајав. Вчера доаѓа вика јас морам да се вратам дома, оставил на шпорет да се вари нешто, па праќавме човек што живее во близина да гаси осигурувачи затоа што додека дојдеше он куќата не дај Боже ќе се запалеше. Притоа, човекот ние го баравме чукавме глава што како кој да бараме, како да стигне до таблата, а тој седи и повторува како ги заборавив, се вртка, а не наоѓа начин на кој да се јави. На крај ни едно фала не му кажа на човекот...за чување дете после ова??? Не, благодарам.
    Претешко е, ама барем ми е мирна главата во тој поглед.
     
    На dummy, Ladyme и Baby warrior им се допаѓа ова.
  15. Baby warrior

    Baby warrior Истакнат член

    Се зачлени на:
    27 декември 2023
    Пораки:
    3.364
    Допаѓања:
    6.389
    Пол:
    Женски
    Абе не се помирувам дека за најбазична ствар како зимање крв треба детето да ми снемува воздух од плачење во 2025та година во приватна болница и точка. Како бе така ги гледате работите, светов кон свемир лета и се враќа ние ќе гледаме децата како ни ги малтретираат и стискаат со болка за крв секоја настинка додека пораснат??? Убедена сум дека има друг начин низ светов и баш ќе истражам… се водам по принцип дека не ја оставам да плаче за ништо, па нема ни за вадење крв, не е ова чување под стаклено ѕвоно него човечност не само за моето дете за секое дете на светов, што се им следува понатака во животот ќе видиме ама за банална ствар како вадење крв од прст молим лепо ќе реагирам и тоа како, нека си најдат начин нема да ми зајдува детето пред мене па уште и сестрата да ми се праи паметна и да покажува сила врз бебе од 5месеци пред колешката
     
    На jungle, Tulip023 и Miss666 им се допаѓа ова.
  16. mariz

    mariz Форумски идол

    Се зачлени на:
    17 март 2014
    Пораки:
    18.224
    Допаѓања:
    78.446
    Пол:
    Женски
    Исто, затоа и јас погоре и пишав... обавезно рачето да се стопли пред боцкање. Друга е циркулацијата на ладно раче... Мојава има хемангиомче на носе, кое лето поради топлото и побрза циркулација не се познава. А зима.. особено надвор кога ќе излеземе, екстра и се познава поради спора циркулација од ладното..
    Јас па во Превемед во Автокоманда последно ја носев и имаа некои нови такви за собирање крв, траеше цела вечност што од плачење си преплака и сирото си седеше да и доземат. Рече таа да ги потрошеле, веќе не порачувале такви :sweat:
     
    На Baby warrior и Kitanova77 им се допаѓа ова.
  17. mariz

    mariz Форумски идол

    Се зачлени на:
    17 март 2014
    Пораки:
    18.224
    Допаѓања:
    78.446
    Пол:
    Женски
    Не се секирај кога ќе порасне, храбро сама ќе го дава прстето. Мене големиот ми е 10г и веќе 3год од вена му зимаат, не плаче. Средното девојче исто, од мало не плаче за боцка од прсте. Ќе научи да толерира болка (оваа болка патем не е страшна болка, туку самиот момент ги вади од памет). Моиве така мали после тие први боцкања, само што ќе виделе кај одиме, плачеле вриштеле. А после оп некоја преодна возраст има, каде сами ќе го дадат прстето и А нема да речат. Вака ако размислуваш, ќе ја направиш само што ќе види игла понатаму во животот, да се онесвестува. Не се плаши толку за едно боцкање.. па дај боже поголема болка од боцкање да не осети никогаш.

    @Miss_S на клиника синко го боцкаа у вена со игла огромна (не канила) и од тука капка по капка собираа во епрувета. Немале во моментот специјални... не плачеше.

    А среднава во Систина на живо ја шиеа на чело, на 3,4г.. не плачеше. А демек ја однесов таму за на Клиника да не ја шијат на живо..
     
    Последна измена: 18 ноември 2025
    На Baby warrior му/ѝ се допаѓа ова.
  18. Ladyme

    Ladyme Популарен член

    Се зачлени на:
    8 август 2020
    Пораки:
    2.826
    Допаѓања:
    5.911
    Пол:
    Женски
    Следно земи и цуце и пушти биби боби на тел и нема ни да осети ќе се хипнотизира и ти биди мирна збори и. И земај крв во авицена во тоа детското. Шарено убаво чисто. Немора во систина чим ете имаш лошо искуство. Моево мн е боцкано ама и ние како кловнови збориме ја смееме и да помине. Сама ја боцнав за настинкава приватно без докторот матичен. Зошто ми даде по тел терапија. Па не оставив на тоа сакав да сум сигурна дека не иде на лошо работата. Ајде биди јака мораш, за да може понатака и она и ти да реагирате ок, нема безболно вадење крв, само додека е мало може да се занимава.
     
    На Baby warrior и mariz им се допаѓа ова.
  19. Cherry333

    Cherry333 Популарен член

    Се зачлени на:
    30 јули 2019
    Пораки:
    3.438
    Допаѓања:
    8.552
    Пол:
    Женски
    Јас имам проблеми со тие капачиња, на нерви ми одат. Парацетамол мислам го имам искршено у афект и со внатрешниот дел само без пластиката од надвор си се затвараше без тие фори стискања
     
    На Mumoftwo30 и 1209 им се допаѓа ова.
  20. Cherry333

    Cherry333 Популарен член

    Се зачлени на:
    30 јули 2019
    Пораки:
    3.438
    Допаѓања:
    8.552
    Пол:
    Женски
    Дај Боже да ти се погоди соработливо бебето кога ќе стане дете штом толку се потресуваш. Моево кога беше тодлер ние моравме да го држиме со сила, ништо не го занимаваше. А брис па лелеле хаос. Ќе помине, што се мора се мора, јас не му се тресам толку затоа што знам дека не е нешто болно, само толкацко дете не знае како да реагира и во тоа немаш многу удел. И за шишање се корнел од плачење како помал, тоа сигурно не го болело :mm:
     
    На Mumoftwo30, mariz и Baby warrior им се допаѓа ова.