Леле исто. И ние влеговме во 5 скок. Овие два дена ме полуде. Уште на таван не ја закачив за да ја смирам, нон стоп да се кенкало. Барем времето да беше добро, ќе изгубивме 2 часа надвор
И ние влеговме во 5ти аман ајде си викам уште овие 4недели ќе ги изгурам па после сите викаат дека имаш ново дете и пауза малце пред 6ти Ја па си мислев од вирусов е кенкава забораив на 5ти сиок у целава мака ама изгледа комбинација е …. Само у рака ќути иначе брбори вика по цел ден
Исто вака додека беше ок бев надвор од 11 до кај 15ч и ќе ни помине денот она ќе разгледува ќе спие ќе се нараниме. Немам дома што да и правам ни во раце сака ни на кревет ни на подлога. Ни музика ни играчки.
Све и се собрало... ама ваква не била до сега, па ни болна кога беше, беше весела. Му викам на мм нешто дане ја боли бе.. што е ваква. Нервозна зема глодалката удира силно и како крева ракава се лупна во чело, замале од плачење. Па мм се смее таа уште појако плаче. Мене сите ме нервираат и таа и тој. Хаха лудница ќе фатам, кога ќе почнам на раб ќе славам.
Како мајка те разбирам се што кажуваш. Еве и повеќе членки ти пишаа со разбирање дека ја сфаќаат болката што ја имаш. Ама не можеш вака да се поставуваш, малку поладно ќе ти одговарам зошто искрено мислам дека ќе си направиш проблем во иднина. Сум носела дете и на боцкање, и на снимање, и на шиење, и на операција. И со сила инхалации и миење заби. Се надевам по болници нема да искусиш ама мал милион работи, банални и секојдневни, ќе имаш со детето кога ќе плаче и за негово добро е да бидеш малку поцврста. Ставот дека нема да ти плаче ни една единствена солза може многу да ти се плесне од глава во иднина. Деца се, ќе плачат. Ќе му бидеш поддршка кога ќе му треба, но треба да си карпа во такви моменти, а не повеќе страв и паника во тебе да има за едно вадење крв отколку во бебето. Имам другарка што бебето го однесе на земање крв од вена на 10 дена. И нејзе и било тешко, и нејзе и зашло бебето, ама се морало па издржала. Не гледај така црно на работите.
Не да ме нервираат... се фаќам сама колку нервозно се однесувам, си препишувам на хормоните што уште не се средени. Мм почна за ситници од такт да ме вади и се си викам број до 3 немора да преречеш ништо ама нема бе нема мора да си кажам некогаш стварно сум неподнослива т.е мислам многу ми е тој психички притисок а и умор константно што го имам. Нз да почнам да си пијам нешто на природна база да сум малку поопуштена
Кај мене опциите се само мајка ми и свекор ми. Татко ми и свекрва ми се починати… мајка ми е демек најок опција ама ем иде на работа ем ете и кога е слободна по природа е трапава, не резонира ок иако е витална жена. Свекор ми од помош па ич не може да биде, колку и да ја сака тој не ни знае бебе во раце да земе се плаши ко замрзнат е а плус дијабетичар. Доаѓа да ја види само да и се порадува, од помош не може да ми биде. Тоа е што е, ќе си ја раснеме и чуваме претежно сами. Баш како што пиша некогаш претешко е, ама барем мирна главата…
Леле ја секој ден си правам step back, мм ми е ептен смирен и може со неа до бесконачност да се оправа, кенкава, не спие, итн а мене ми е тенок фитилот ама цел ден сама со неа што викаш и ти се ме нервира. Вчера вечерта дете болно кенкаво, мм ми вика ќе правам палачинки … викам дали си бе нирмален немам време прашина да избришам ти палачинки … уште цела кујна да ми ја ишлапа па и таму да треба да средувам после сфати колку е саат и вика ај ок викендов ќе правиме
Извини вака, ама они таа крв што ја зимаат, за кај им е, за дома да ја носат? За твоето дете е. И не, нема друг начин за зимање крв од прст кај и да одиш во светот, освен можеби да се обидеш да го згрееш рачето, да го истрлаш прстето да се стопли. Мајка ми е лаборант во пензија од пред некоја година и не, нема друг начин верувај. Имам другарки низ цел свет и секаде е исто. Мене лично за мене ми е хорор зимање од прст крв а не па на дете, пржи после со денови.
Абе не реков дека им е за дома него начинот стискаат стискаат 15мин дете вриска они држат никој не спомна за затоплување на раче или заигрување или да направат пауза, денес и сечам ноктиња не ми го дава левото раче го стиска и кенка вероватно од страв пак да не и се деси исто
Освоив џекпот. Синко во 4 скок на најјако, а јас настината Грло боли, кашлам, носот затната, малаксана. Скоро имаше пишувано, смеам tylolhot да пијам барем 2 пати во денот, оти само тоа ме крева?
Toj e начинот, нема друг верувај, истражувај ќе видиш. Тоа е. А на мало бебе од вена па ич не е практично и лесно. Сега дајбоже да не ти треба, ама тој е начинот, загреј го рачето убаво со твоето и трлај да се зголеми циркулацијата.
Ја читам бејби и се пронаоѓам и јас.Но како расте бебуш така и јас растам со него.Кога беше помал не можев ни 2 секунди да го слушам како плаче толку ми се креваше косата.Се сеќавам и во болница кога ми покажуваа како да го бањам он вришти плаче таа збори ја стегам раце да и мавнам една.Ама хормони.Мислам дека како бебето расте така и оно учи нови работи а и мајката.И не..не се навикнуваш дека треба да го оставиш да плаче туку самата ситуација си налага свои реакции.Еве пример бебуш болен и со носко чистиме,веќе пишував еднаш колку плаче на носко и не можев да извадам и се борев...но изборот е тој.Плаче некоја секунда и поминува потоа се смее.Ако му е досадно и закенка порано веднаш го зимав...сега го оставам на подлога само нудам нови играчки.Како бебето расте така и мајката.Во контекст на реченицата не можам да го оставам да плаче ...да и не треба доколку ситуацијата налага НО вечното штитење е невозможно.Не само од страна на бебето кое треба да се формира како човек,бебе не разбира дека плачењето ќе му помогне или зајакне..бебе е,но мајката ќе се зацврсти.Ако тоа бебе утре во градинка се степа и плаче оно ќе научи реакција акција,но и мајката треба да научи што е самостојност и права реакција на какви моменти. Бејби во контекст вадење крв без разлика што е приватна процесот е таков...ете имало можеби некои олеснителни работи што би помогнале следен пат но сите ние учиме нешто ново секој ден,штета што не се сите со емпатија кон нови мајки па да ги олеснат ваквите болни моменти посебно па што се стручни лица и мал милион деца им поминале низ раце. И ве молам не го употребувајте изразот стаклено ѕвоно.Мене страшно ме иритира користењето на тој израз.Прв пат мајка се среќава со многу предизвици...зошто да се додава на целата мака.Добри совети дадоа..наместо да кажете стаклено ѕвоно објаснете што ви се случило и како сте постапиле,повеќе ќе помогне.Еве мене премногу ми помогнале сите ваши искуства што ги имам прочитано.
Ај сеа една поубава тема да отворам доста беше плачки Добра е женска нема температура веселка е игра на подлога се смее. До кога нишкавте деца за заспивање во раце тие што немаме друга опција за успивање? раце ми паѓаат 7.300гр е веќе
И мене ваков совет ќе ми помогне. Вие бејби толку сте на 5 месеци ние на 3ипол Многу ретко легнат на спална сака да се успие е сме во раце и со нишкање
Ај леле машала буцко мојата не постои друг начин засега какво успивање сама на спална се врти се смее, пробував тапкав газе, white noise, цуце во уста она ме гледа и ми се смее мисли си играме
Ние сме скоро 9м и скоро 10кила,но слична ситуација.Едино што јас не стојам туку седам на кревет а он во раце и го тапкам по газ.Брзо заспива од 3 до 5мин макс и потоа во креветче си спие па не ми е проблем засега...пробав да го легнам полузаспан ...мало сутра,си игра си баботи нема шанси.
Моето е скоро годинка и 11 и нешто кила, заспива во раце и тоа додека го шетам низ спална ♀️ и јас би сакала да прочитам мислење за тоа што помогнало кај вас за да се научат да заспиваат сами. Инаку со големото немав таков проблем. Од месец дена заспиваше сама во креветче. Ама нели не се сите исти