Мајчински муабети (не е за барање совети)

Дискусија во 'Бебе' започната од slobodka, 30 април 2016.

  1. MariaBouli

    MariaBouli Истакнат член

    Се зачлени на:
    26 јули 2024
    Пораки:
    1.344
    Допаѓања:
    2.307
    Пол:
    Женски
    Исто за коментарите исто и за теоријата. Мојата свекрва ме убедува и до ден денес дека мм не плачел кога бил новороденче. Викам Не може да не плачел, така комуницираат новороденчињата. И баш тоа и кажав, викам не памтите. Ама, не не можеш да се разбереш со неа, и плус башка ми правеше муабет дека не било НОРМАЛНО бебе да плачело.

    Јас не знам зошто секогаш мора да е нешто негативно? Цело време им го зборам тоа, еве и сега на 9 месеци. Мојата е во фаза на дерење, ама апла дерење. Абе досадна е свекрвата, што вика сега што и е - и ќе почне се да реди - и се јаде, и се спие, тажна е, нервозна е, не знам што е... А тоа она онака се дере. И кога ќе почне да ги реди одма ми е тој одговорот Значи мора нешто негативно да е, а?

    За прифаќање ново да не збориме, со мајка ми 6 месеци се карав за давањето вода. Не попушти и не попушти.

    Сега после 9 месеци почнувам да откачувам кога ќе кажат Што ви фали, и почнувам да редам - Имам проблеми со тироидна, не знам да јадам здрава и балансирана храна, имам проблеми со грб... Па ќе почнам и за мм... И не знаат што да ми кажат, обично коментарот е Ееееххх што има сеа тоа врска? Ајде сеа добро и го вртат муабетот.
     
    На Kjara2025, MeowMeow, Noemi и 8 други им се допаѓа ова.
  2. Anaroz1

    Anaroz1 Популарен член

    Се зачлени на:
    14 април 2021
    Пораки:
    2.856
    Допаѓања:
    6.470
    :rofl::rofl: јас свекрва ми еве трети месец не можам да ја убедам дека бебето нема пролив, туку дека е нормално додека е само на мајчино млеко столицата да е течна, она секое гледање на пелена кога ќе се погоди да е тука, ете пак проливче има, изгледа настината е :rofl:
     
    На merriel0, Eho, Tulip023 и 4 други им се допаѓа ова.
  3. Надеж♥️

    Надеж♥️ Истакнат член

    Се зачлени на:
    4 ноември 2024
    Пораки:
    459
    Допаѓања:
    1.119
    Пол:
    Женски
    Јас се изнервирав само што те прочитав. Кога треба да спие ТРЕБА да спие точка. На почетокот имав и јас ваква мака со свекрва додека не виде дека стварно е кенкав после тоа и дека е проблем, а не сме ни во заедница...
     
    На Peperutce6 му/ѝ се допаѓа ова.
  4. Marijanche33

    Marijanche33 Истакнат член

    Се зачлени на:
    10 февруари 2025
    Пораки:
    442
    Допаѓања:
    512
    Пол:
    Женски
    Ние на секое гледање слушаме само: Зошто ика, Зошто кивна, Зошто прдна, Зошто мрда, Зошто наваму гледа… па следи Да не и студи, Да не настинала, Да не не знам што… прво се објаснував ама сега добива само отсечно НЕ или и викам дека така и се прави.
    Бебево има 7 месеци скоро и на секое нејзино мрдање со нозе додека ја држи она не убедува дека “ја боли стомачето чим ги крева ноџичките”… Фала богу дека ќе мрда и со раце и со нозе, таман работа да седи само како кукла кај тебе во раце. Мм и вика нема она грчеви од 2 месеци веќе, не ја боли стомакот 7 месеци константно ама не и не, тоа е. Едвај после 20 кажувања престана да кажува дека ќе тепаме некого, “Овој дедо ти не слуша, ќе го тепаме, овој татко ти е ваков, ќе го тепаме..” Има среќа за мене не рекла досега, ама за нив знае да и се испушти уште ама ретко. Мм и кажа толку пати а она не прифаќаше, “од кога ти стана психолог”, “од кога ти стана експерт за пдгледување деца”, “па она мала е не разбира”, “па што кажав толку лошо, не пцујам”… жено не може со единствената внука што толку ја чекаше единствениот муабет да ти е за тепање, јас за инает пред неа викам сега ќе го ГАЛИМЕ тато, ќе го ГАЛИМЕ дедо, па кажи и нешто убаво позитивно за промена.
     
    На Kjara2025, MeowMeow, merriel0 и 5 други им се допаѓа ова.
  5. Надеж♥️

    Надеж♥️ Истакнат член

    Се зачлени на:
    4 ноември 2024
    Пораки:
    459
    Допаѓања:
    1.119
    Пол:
    Женски
    На нашите деца секогаш им е ладно како така лесно облечено бебето. Чорапи ако не носи ќе ти се разболи за 10 минути да знаеш. Капа треба да ти биде задолжителна и за спиење и преку ден ладно ќе му биде. И обавезно повиено со ќебе по цел ден. Знаеш они така правеле.
    Значи сегдее буквално сегде се истите муабети
     
    На Kjara2025, MeowMeow, merriel0 и 6 други им се допаѓа ова.
  6. Anaroz1

    Anaroz1 Популарен член

    Се зачлени на:
    14 април 2021
    Пораки:
    2.856
    Допаѓања:
    6.470
    а заборавив, сега најново и е дека заби вадела, пошо почна рацете да ги става во уста нели нормална фаза и сега ме убедува дека заби ќе вадела, викам мала е, не не, и вчера седам и ми звони сто пати и кревам и ми вика ај види на вибер шо ти пратив статија да прочиташ дека чим ги става рацете во уста заби ќе вади, ете сите знаци ги има прочитај :drunk::drunk::drunk::rofl::rofl: викам добро ајде ќе прочитам
     
    На Tea SK, naturally, MariaBouli и 7 други им се допаѓа ова.
  7. Marijanche33

    Marijanche33 Истакнат член

    Се зачлени на:
    10 февруари 2025
    Пораки:
    442
    Допаѓања:
    512
    Пол:
    Женски
    Стандард муабет, мене еден ДОБАР, СТАР ПЕДИЈАТАР ми кажа.. и ми го кажува со име и презиме а тој има сега 90 години.. ама само тие тогаш знаеле, а денешниве доктори што не ни викаат да ставаме сок од цитрусни овошки во вода на 2 месеци бебе врска немаат..
     
    На MeowMeow, Carolin. и Eho им се допаѓа ова.
  8. Надеж♥️

    Надеж♥️ Истакнат член

    Се зачлени на:
    4 ноември 2024
    Пораки:
    459
    Допаѓања:
    1.119
    Пол:
    Женски
    Same here girl. Леле се става во уста, извади рацете тргни играчката. Нормално е викам така го учи светот. Аа не заби сигурно ќе вади. Ќе вади викам да, за 2-3 месеци здравје.
     
    На naturally, Anaroz1, Eho и 2 други им се допаѓа ова.
  9. QweenSM

    QweenSM Форумски идол

    Се зачлени на:
    18 декември 2013
    Пораки:
    5.791
    Допаѓања:
    35.833
    Пол:
    Женски
    Сите една иста свекрва да не ја имаме? :D

    На почетокот беше ужас.
    Зошто ика, зошто кива, зошто плаче. Лесно сум го облекувала, требало под шпикозните и жабички. Дома шиба климава, кога се роди од пусти страв што ми зборуваше цело време и 25-26 доаѓаше температурата. Значи буквано се препотував, а на кратки сум од февруари па до ден денес. Ама нееее, тоа е новороденче, ќе премрзни на 25 степени, како така. И капче обавезно. :!:
    Син ми ни како новороденче, ни до сега, нема бљуцнато или повратено. На рака се брои. Ете вчера многу скокаше и беше премногу активен и малку млекце му потече од устата. Лелееее, е што му е сега зошто поврати.(facepalm) Луѓе, му потече само млекце од устето. :D
    И така ова траеше се додека не се испокаравме скроз што ми се наљути па не идеше некој период да го види внукот. Нека ме мене настрана. :D

    Ама не очекувам да се сменат нивните размислувања. Само си гледам и учам како да НЕ правам кога ќе бидам здравје свекрва.
     
    На Izzy_0504, MeowMeow, naturally и 6 други им се допаѓа ова.
  10. Peperutce6

    Peperutce6 Истакнат член

    Се зачлени на:
    29 април 2025
    Пораки:
    775
    Допаѓања:
    3.387
    Пол:
    Женски
    Жива се изедов цела ноќ и цело утро ми плаче детево ми доаѓа да се испокарам и отерам у пм. Без осет
     
    На merriel0 му/ѝ се допаѓа ова.
  11. Cherry333

    Cherry333 Популарен член

    Се зачлени на:
    30 јули 2019
    Пораки:
    3.061
    Допаѓања:
    8.056
    Пол:
    Женски
    Не се нервирај зошто бебето те осеќа сега, знам дека сакаш у пм да ја отераш и јас бев со првото во заедница, ама ти и бебето само губите ако си нервозна. Знам дека е полесно да се каже него ли да се направи. Инаку ние во заедница издржавме се до првото запче на бебе, тие плачки не бевме способни да го пребродиме :worried:
     
  12. Peperutce6

    Peperutce6 Истакнат член

    Се зачлени на:
    29 април 2025
    Пораки:
    775
    Допаѓања:
    3.387
    Пол:
    Женски
    Ми доаѓа да соберам партали и да живеам под кирија додека не потсебереме уште за стан.
     
  13. dummy

    dummy Истакнат член

    Се зачлени на:
    21 август 2024
    Пораки:
    930
    Допаѓања:
    1.351
    Пол:
    Женски
    Има некој синдром што се активира кај мајки и свекрви кога ќе станат баби дефинитивно. Чим и мајка ми што е лабава и модерна жена знае да одлепи со коментари, стварно нешто може хормонски им се случува друго објаснување немам. Абе не памтам кога ми рекла мене да не ми е ладно или да се облечам да се засеќира ама упорно коментира за босите нозе на бебето. И тоа на начин “еее вас педијатрите боси ве учат да ги чувате нас со чорапи” дур и ги пипка дали и се ладни (facepalm) И додатокот “Каде е голичкото бебе на баба”. Не, не ја чувам по памперс туку по памучни тенки шпихозни без чорапи на 23 степени. За друго арна е не се меша многу да соли памет ама за нозете и облеката не се откажува еве 7ипол месеци.
     
    На MariaBouli, 1209, Carolin. и 5 други им се допаѓа ова.
  14. Cherry333

    Cherry333 Популарен член

    Се зачлени на:
    30 јули 2019
    Пораки:
    3.061
    Допаѓања:
    8.056
    Пол:
    Женски
    Па јас така направив додека бидне станот. Тешко беше финансиски ама јас живнав искрено, не знам до кој степен ти трпиш. Под кирија бевме година и кусур. Среќа беше пред короната па некако се скрпивме, не знам ни јас како со плаќање кирија и рата за стан, ама мир осетив после година ипол конечно. Заматена ми беше главата инаку :|. Снаи и свекрви ја оптеретив.. Знам како ти е отприлика.
     
  15. Надеж♥️

    Надеж♥️ Истакнат член

    Се зачлени на:
    4 ноември 2024
    Пораки:
    459
    Допаѓања:
    1.119
    Пол:
    Женски
    Нема ни да се откаже. Добро и викам таман му е топло е, ако маме ако му студи на ножињата и нагоре ќе му студи. И џабе се објаснувам веќе не се ни труди, само добро викам и готово. Кога во август ми викаше оти не му облекуваш чорапи мало е фазла што
     
    На Eho, Baby warrior и dummy им се допаѓа ова.
  16. Tulip023

    Tulip023 Истакнат член

    Се зачлени на:
    4 април 2025
    Пораки:
    212
    Допаѓања:
    337
    Пол:
    Женски
    Истооо !! И почнува да му ги трга рацете од уста, он ги враќа, она му ги вади и на крај ќе се изнервира и одма коментарот: ете, нервозен е, мора да се забите.
     
    На Anaroz1, Надеж♥️ и Baby warrior им се допаѓа ова.
  17. Puffy2019

    Puffy2019 Популарен член

    Се зачлени на:
    17 јануари 2019
    Пораки:
    820
    Допаѓања:
    1.795
    Пол:
    Женски
    Леле истооо. Па ме напна како не било во ред, па бојата не била таа, она со третото дете уште во болница ја пофалиле како биле супер каките. Мислиш орден треба да и се даде... Па прашувала по колешки и таа и рекла гладна е :rofl:
    Се и алудира на ладно и глад.
    Икала, ааа ладно и е, чекај да те стоплам. Плачела одма гладна е, како да не постои можност за да плаче за спиење, од болка, неее, тоа мора да е гладно.
    А кога го бараше син ми и ќе и кажев дека треба да јаде му го одложуваше јадењето. Работава кога зависат од нас децата, ние не правиме ко што треба, нели не знаеме, а кога зависи ситуацијата од нив нема врска, може да се чека...
    Еднаш да не се карам пред нивни роднини преќутев, ама си донесов тежина во себе. Јас, маж ми тука, таа со сестра и доаѓаат кај што бевме кај родниниве, малава се буди и сестра и и вика на неа да видела да не и се ладни рачињата (во соба во која имаше 30 степени, повторувам кај што бевме и јас и маж ми):^):devil:
    Нас родителиве множење со 0.
    Затоа после секој по заслуга.
     
    На MeowMeow, naturally, Tulip023 и 7 други им се допаѓа ова.
  18. AngelOfArh

    AngelOfArh Форумски идол

    Се зачлени на:
    26 септември 2011
    Пораки:
    21.645
    Допаѓања:
    113.687
    Пол:
    Женски
    А зошто им ќутите?
     
    На happygirl, merriel0, Spidy и 3 други им се допаѓа ова.
  19. Ladyme

    Ladyme Популарен член

    Се зачлени на:
    8 август 2020
    Пораки:
    2.571
    Допаѓања:
    5.432
    Пол:
    Женски
    Пробала толку успеала па се вади на други работи. Сега како те читам коса ми се крена. Немаш твој некој во близина? Иди оставај дете кај твој некој и врши раб или со тебе. Јас сегде ја носам, до хубо, до гиниколог, на пазарење во веро, некогаш и на депилација па мм ја вози тука во близина јас да завршам, сегде кај што одиме со мм заедно и она со нас, ја темпирам да јаде дома и заспива како излагаме и си спие може пред крај да се разбуди. Така да си немаш нервози и 30 мин да дремнала немало да имаш мака.
     
    На Puffy2019 му/ѝ се допаѓа ова.
  20. Ladyme

    Ladyme Популарен член

    Се зачлени на:
    8 август 2020
    Пораки:
    2.571
    Допаѓања:
    5.432
    Пол:
    Женски
    Мојава лелее зошто зелено кака? Ама цело време ли е вака? ете пак зелено ова не сум видела вака... дане и даваш нешто зелено да јаде? пролив дане е?
    Еве 7++ е и објаснувам дека од интолеранцијата и млекото без лактоза е така.
     
    На Anaroz1, Puffy2019, Eho и 1 друга личност им се допаѓа ова.