А мојата дека насила и ги буташе рачињата во уста? Прво исто беше муабет дека се заби, и и ги вадеше рацете да не си ги јадела, па откако се објасниме дека не се, туку е нормална фаза, стана обратно, она и ги буташе во уста.
ХАХАХА е ова немам слушнато. Леле колку бисери има кај постариве чудооо... Луѓе ако ми верувате мојата како свекрва е златоо. Пред да се роди синко како втора мајка и ме гледаше и се. Како е роден синко за некои работи ме гледа како ништо да не знам и не разбирам ама многу преќутував може за тоа. А е млада баба, 47 години има дури и ме изненадува со некои постапки
И И мојата е 48 и се гледаме на 3недели максимум. Последниот пат почна да ика и запна вода со лимонче да сме и дале. Викам ниту вода ниту лимон не смее бебе н4ипол месеци. Ау па детето да ика вака 10минути тешко да му биде ја собра мм и станавме од кај нив да си одиме.
Интересното е што не е многу наметлива, генерално "слуша" што ќе и се каже, како правиме, што правиме, ама кога ќе каже или направи нешто, закон е. Еве сеа ми кажа дека сум требала да престанам да ја дојам веќе зошто ќе ме гризела дека и излегле заби. И викам А зошто, што има врска? Одговорот и беше Па јас така направив.
Кај мене мм на почеток беше крив. Јас обично не коментирам и не пререкувам, ама кога си дојдовме од болница хормони на најјако и пререкував. И мм немој, послушај, сепак они имаат изгледано, знаат што кажуваат, ти не знаеш и на крај од глава ни се удри. И сега да видиш како он е првиот да искоментира и да им рече и да пререче.
До карактер е крајот, јас тоа од тетка ми го сфатив. Тетка ми има 70 и кусур, медицинска сестра цел живот, двата внука ги има изгледано, пораснато, вториот на 60 го гледаше. Ама кога ќе и кажам, Не давам тето вода не се препорачува веќе, ми вика Ааа добро тета ако е така сега. И викам Ќе давам парчиња на тој начин ќе ја хранам ми кажа, нормална реакција, Уф леле парчиња? Па добро ако сметаш дека е така подобро. 3 пати ми носи плазма, првиот пат и кажав дека нема да и ја дадам сега зошто има мед, ми рече, Ааа ако тета, имаат рок, ќе ги чуваш за кога ќе ги дадеш. 70 годишна жена и медицинско лице што реално најмногу треба да се "прави" дека знае.
Јас за тоа им имам кажано ни еднатс ни другата да не ми кажуваат што дс правам оти и свекрва ми и мајка ми немаат доено. И мене може ми е прво и прв пат го минам ова ама они не се ништо постручни.
Маж ми само чека да каже нешто он прв ја сече мрази експертски мислења од нестручни фаци Едит и свекрва ми е медицинар
Па затоа викам дека е до карактер, иако знам и дека не може многу да се спореди тетка со мајка/свекрва, односно баба, ама знам дека обично сите постари се прават „паметни“, ама еве тетка ми е од ретките примери што дури и прифаќа мои мислења А на мајка ми цело време решението и е Тебе од едното нека ти флеве, од друагто нека ти излеве остави ма мене да си лафум
Е свекрва ми на пример има доено, и кога се мачев на почетокот да ја „задојам“, зошто немав млеко, не фаќаше, се молзев, па користевме силиконски, па ги тргавме, тогаш ни еднаш не дојде да ме праша дали ми треба помош, да ми даде некој асален совет. Ама за неасални совети, први се. До сега едно 20 пати ми има кажано дека сум требала да ја научам со друг да спие и да заспива, и мислам дека ми го прави муабетот зошто и е криво дека она не ги прави тие работи, ама ич не ми е гајле.
Знаете уствари што мене најмногу ме нервира кај бабите (и тука зборам и за свекрви и за мајки)? Можеби некој и погрешно ќе ме сфати ама да си кажам. Толку они сакаат да си ја доживеат улогата баба, што забораваат дека и ние сакаме уште повеќе да си ја доживееме улогата мајка, а особено па кога ни е прв пат. Значи они да бањаат, они да хранат (ви се верува дека првото шише што го испи ќерка ми кога си дојдовме дома, тогаш уште бевме на комбинирано, беше од свекрва ми и дека буквално од раце ми го зема), они да заспиваат, они да го израснат бебето зошто они знаат а ние немаме појма, абе се они. А ние?
Јас па немам таков проблем среќа, генерално за се ме оставале мене. Мајка ми само ме нервира што е екстра паничар и што е многу акнсиозна и секогаш нешто ми измислува, што ако паднел од спалната се лизнел на играчката и се удари во вратата и се скрши???Мислам такви глупости, некогаш се чудам како и текнуваат, некои црни сцнарија. Ама зборам за жена што кога грмеше додека ние бевме на базен како мали со трчање дојде по нас, иако бевме со уште 10 деца и ниедна друга мајка не дојде. Така растевме и ние и сега со внуците е бетер. Свекрва ми ме нервира само што на секое излегување она стави аутан цело лето, а она е единствена изгледа што секогаш смета дека му е жешко на детето не ладно Она е саклетчика и мисли и ние така и што сака детето да спие по цел ден, она и да не треба ќе го успие, оти ина е мрзлива и спанка. Ама за бањање, успивање, шетање, шише и се друго на мене било, освен што мајка ми кога ќе падне дете она прва трче до него, а свекрва ми прва се осуди без прашање да му ја ошиша косата и за тоа шизнав… Мојата свекрва е инат голем, со неа не можеш на крај да излезеш па затоа не и оставам ништо да прави за да не морам да се расправам, она и со детето се инаети така да. Него доста ми е од тема мајки и свекрви, скоро сите ударени со мокар чорап. Кажете ми ефикасен начин на смирување онаква нервоза што те тера низ кожа да излезеш. Пример во последните месеци пред добивање сум многу многу живчана, ама онака злобни живчана, порано не бев таква и ужасно ми смета. Мали осеќа и дефинитивно повеќе нервоза на него му стварам и само се караме, денес ми докриве многу сабајле оти ептен нервозно постапив оти не сакаше сируп и дури почна да плаче и вика мамо земи ме јас се плашам, си се исплачав после ми идеше да си завртам шамар, несвесно многу го исплашив, ама се исклучувам во тој момент и ептен нервозно настапувам. Ова се случува само пред добивање и стварно сакам некако да си помогнам.
Хормони..пиј нешто Ашваганда,Б6 и троши енергија тие денови..чисти пешачи вежбај нешто ..не мора на тренинг ако не можеш дома на тв пушти си вежби рипај скокај ..од искуство
Ох мајка јас не сум седнала да заштедам енергија не да потрошам, моето дете да е живо и здраво е мајмунче и јас цело време сум во движење. Ете денес пример Spoiler Ќе приметите дека ние сме единствени во паркот, минимумм 4-5 саата сме на шетање секој ден без исклучок, така да не ми помага тоа. Ми треба нешто што може да се пие пример…пијам едно кафе и не можсм повеќе, пијам витамини и едни на база валеријана ама џабе, мада ми треба и техника на саморегулирање, очигледно не сум способна.
Да да ..тоа е карактер..и јас сум си понервозно типче по природа ..избувнувам се карам ..ама само дома со моите најблиски..надвор сум воздржана ..кравата лета дааа лета и астронаут е ..не си трошам енергија веќе со годиниве..пиј нешто да те смири..и 2 пати на ден чај од маточина ако можеш
Јас од 6 месеци почнав, значи после 5ти скок. Не знам колку кила беше, 8 може имаше, поим немам ама јас имав проблем до тоа што само со мене се успиваше, со никој друг, не раце, се живо ми падна. Па почнав после 5ти скок да ја легнувам на спална и со тапкање и гушкање да ја успивам, исто и за раче ја држев така сакаше па полека си створи сама навика и од тогаш не ја нишкаме веќе. Годинка имаме.
Тоа или Е де, е де, јас кажаХ само, шо беше толку лошо... Или А грешиш де, мисљаах арно ќе направум...