Мајчински муабети (не е за барање совети)

Дискусија во 'Бебе' започната од slobodka, 30 април 2016.

  1. troublemaker94

    troublemaker94 Истакнат член

    Се зачлени на:
    2 ноември 2018
    Пораки:
    314
    Допаѓања:
    1.587
    Пол:
    Женски
    Се сеќавам колку ми беше срам што бев со труднички стомак на 23 години, додека сите другарки шетаа по белиот свет, јас дункав бебе, завршував факултет, градевме кујќа, живот во заедница, еден куп товар на грб.ми беше жал за себе.
    На прсти се броевме реално од таа генерација што се омаживме толку млади.

    Сега штотуку влезена во триесетите, децава подпораснати, кога ќе имам 40 здравје, ќерка ми ќе биде матуранка :o
    Се мислам да запишам некој курс, да почнам да учам некој јазик плус.Така да од оваа гледна точка, I am glad што сум од оние "млади" мајки.
     
    На Lostinparadise, defocus, Anaroz1 и 9 други им се допаѓа ова.
  2. mariz

    mariz Форумски идол

    Се зачлени на:
    17 март 2014
    Пораки:
    18.223
    Допаѓања:
    78.445
    Пол:
    Женски
    Мене првото ми е на 22г, второто на 24г, трето на 31г и незнам во која категорија сум :lol: Кога се шетаме со маж ми му викам.. од страна кога не гледаат сигурно си викаат: Види го дечково ја земал со 2 деца оваа (третото ни е демек заедничко) :rofl: Генерација ми е инаку он, двајцата младички :lol: Преубаво ни е, иако на тие млади години добивме екстремно лоши коментари на кои цел живот ќе се сеќавам... тогаш се нервирав, сега се смеам кога ги кажувам. Двајцата сме вредни, посветени, совесни. Некогаш ќе си припаднам со некои лоши мисли (особено во ПМС), ама после па си викам дека сум горда на се што сум направила, особено што: Факултет завршив трудна одејќи на полагања, а за кола положив со две мали дечиња. Кога се сака, се се може :hug: А искрено толку преубави ми биле годиниве, што би ги живеела повторно 10х пати. Ми е тешко што така брзо лета времето ;(

    Е и вчера ама си приплакав на едно видео. Некои инфлуенсери си се снимаат во ресторан со 2 мали дечиња (телефон на страна оставен). И дедо еден стар доаѓа и им кажува: Ова ви се најубавите години од вашиот живот :l: Ама таков поглед им даде... како сам да си се доживеа он кога бил млад. Уф, у пмс сум пак и тоа јак. Ми касни. Трудна не сум, правев тест 8-|
     
    Последна измена: 19 ноември 2025
    На anichka94, Kjara2025, Anaroz1 и 13 други им се допаѓа ова.
  3. troublemaker94

    troublemaker94 Истакнат член

    Се зачлени на:
    2 ноември 2018
    Пораки:
    314
    Допаѓања:
    1.587
    Пол:
    Женски
    Потполно те разбирам, јас до 25 завршив со рајѓање, година ипол се разлика ќерка ми и син ми, ме фаќа некогаш мерак за трето да се размладам, искрено колку нови пријателства ми донесоа децава, мајки ' ми станале верни пријателки,што сум ги запознала покрај нив. Како и да е, јас тешко поминав додека пораснаа, коса ми побеле, а и мм ми е старичок за трето. Нека си чека внуци понатаму :D Нека дава Бог кај шо нема.

    Инаку трудна кога бев со првото на 23, го кријав мешето од срам. Колку сум била будала ^_^
     
    На anichka94, Carolin., Baby warrior и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  4. Надеж♥️

    Надеж♥️ Истакнат член

    Се зачлени на:
    4 ноември 2024
    Пораки:
    619
    Допаѓања:
    1.503
    Пол:
    Женски
    Јас ги обожавав коментарите и ми беа смешни. Јас и мм се фативме, ме побара и се земавме за 8 месеци. Уште немав ни 21:rofl: Сите мислеа сме се земале оти сум трудна(тешки да беше така и да не моравме да одиме ивф) и дека затоа сум го откажала факултетот и затоа на 20 сум се омажила толку брзо. А кога останав трудна оддвај чекав да почне да ми се познава мешето и такаа гордо си се шетав.
     
    На Carolin., Baby warrior и Puffy2019 им се допаѓа ова.
  5. Miss_S

    Miss_S Популарен член

    Се зачлени на:
    11 февруари 2022
    Пораки:
    4.425
    Допаѓања:
    9.158
    Пол:
    Женски
    Од сегашна гледна точка и со прво дете на 30+ години, мислам дека требаше порано.
    Барем едно 5 години порано. Еве нека не е во рани 20ти ама и доцни 20ти ми личат дека ќе сум имала повеќе енергија, нерви и се останато.

    Други новини немаме, освен што не чека убав период, празници, прослави, роденден од дете итн. Во следните 2 месеци тоа ама плановите се веќе почнати унапред.
     
    На Carolin., 1209, Ladyme и 2 други им се допаѓа ова.
  6. Peperutce6

    Peperutce6 Истакнат член

    Се зачлени на:
    29 април 2025
    Пораки:
    1.008
    Допаѓања:
    4.381
    Пол:
    Женски
    Леле се пронајдов хахаха
    На последни контроли во државна сите мамички +30. Јас така покрај нив се осеќав ко бебе некое плус имам премногу бејби фејс нежно стакло. И ептен ми беше срам мислев сите ме осудуваа. На врв на тоа и мм е млад, двајцата со дупчињња на образи(и бебе има сите троица исти сме :D) ко брат да ми е изгледа бог да чува :$

    Сега ги имам сите тие исти предизвици.
    Не можам да кажам дека сум згрешила што имам бебе помлада, ама дека ми се смени животот скроз тоа е точно.
    Се си има своја тежина. Некогаш си викам може требаше да почекаме малце ама човечево со очињава како ме гледа никогаш нема да се покајам што сум млада мајка.

    Е сега со мм, излегуваме редовно. Со бебе почесто зашто пишував се жалев од кои причини.
    Не знам дали е себично ама некогаш ми фали да сме само јас и тој, како да немаме време еден за друг толку веќе.

    А да не зборам за физичките промени после пораѓај. Јас секогаш сум била со стегнато тело, вежбање редовно, океј исхрана. На 8 ипол месеци за една ноќ ми распука стомакот. Да не зборам колкави комплекси имам за тоа страшни. Најдов некоја страница ќе идам на третман во март здравје.
    Немам многу време за себе , ама така им е на сите мајки.
    Нема ни врска битно ми е бејби да е добро:l:
    Едит: Self Care day ако порано ми бил пилинг, маски за тело и лице, депилација, нокти , фарбање сега ми е бањање, и тоа најбрзо што можам :D
     
    Последна измена: 20 ноември 2025
    На Kjara2025, Carolin., troublemaker94 и 3 други им се допаѓа ова.
  7. Надеж♥️

    Надеж♥️ Истакнат член

    Се зачлени на:
    4 ноември 2024
    Пораки:
    619
    Допаѓања:
    1.503
    Пол:
    Женски
    И мене едино тоа ми фали малку време на само со мм, да се видиме како луѓе. За телото од секогаш сум била полничка ама сум се осеќала привлечно со облини дека и поголеми гради малку меше не ми сметаше, ама сега од кога се породив исто ми смета дека се поправив 25+кг и многу малку намалив и се осеќам не убаво во свое тело. И прв план кога ќе престанам да дојам некој режим на исхрана и вежбање малку од малку да се вратам во форма. А стриите воопшто не ми сметаат. Показател ми се дека во мене пораснало мало чудо, мојот дар и нема да се фокусирам толку на нив во блиска иднина, а верувај испукана сум сигурно многу повеќе од тебе
     
    На Puffy2019 и Peperutce6 им се допаѓа ова.
  8. Stone

    Stone Истакнат член

    Се зачлени на:
    22 јуни 2024
    Пораки:
    488
    Допаѓања:
    796
    Пол:
    Женски
    Мене искрено телото ми е крш по пораѓај,стрии стомак се ми остана.Не дошло на ред искрено да се позанимавам со себе.Најмногу ми пречи искрено што немам желба за интимност со мм.Не знам дали е умор ама и кога не бил денот тежок ја сум иста...нула желба.Не знам што се случува и во што е проблемот дури почнав да се загрижувам малку..
     
    На Puffy2019 и Peperutce6 им се допаѓа ова.
  9. Peperutce6

    Peperutce6 Истакнат член

    Се зачлени на:
    29 април 2025
    Пораки:
    1.008
    Допаѓања:
    4.381
    Пол:
    Женски
    Мислиш ли дека е поради тоа што не си задоволна со своето тело моментално? Јас мислам дека го имам тој проблем.
     
    На Anaroz1 му/ѝ се допаѓа ова.
  10. Cherry333

    Cherry333 Популарен член

    Се зачлени на:
    30 јули 2019
    Пораки:
    3.437
    Допаѓања:
    8.549
    Пол:
    Женски
    Мислам дека нема врска желбата за интимност со тоа какво ти е телото, барем кај мене нема. Двата пораѓаи релативно брзо се враќам како да не сум родила физички, килажата малтене за 1 недела ми се регулира, желба за интимност 0. И не ми се ни врати после првото дете како претходно. Се се менува кога стануваме мајки па и тоа мислам нормално е.
     
    На Carolin. и 1209 им се допаѓа ова.
  11. Peperutce6

    Peperutce6 Истакнат член

    Се зачлени на:
    29 април 2025
    Пораки:
    1.008
    Допаѓања:
    4.381
    Пол:
    Женски
    Кај мене па многу има.. Мене ми е огромен шок за стрииве стварно секогаш сум била слаба стегната нула стрии. Мислам и сега се вратив скоро на килажата ама стриите се тука.
    И не се осеќам сигурно и убаво во своето тело а со самото тоа и желбата некако не ми е тука ко претходно. Секако дека не сум слободна зашто бебе ѓоже да заплаче во секој момент ама и ова ми има голема улога..
     
  12. MariaBouli

    MariaBouli Истакнат член

    Се зачлени на:
    26 јули 2024
    Пораки:
    1.650
    Допаѓања:
    3.047
    Пол:
    Женски
    Ај сеа да прашам, се вративме од гимнастиката денес (минатата недела не бвеме), и успеав повеќе муабет да си направам со докторката и едно 7 пати ми рече дека заостанувала со развојот затоа што не седнувала сама. Да сум ја вежбала многу почесто, дури и по "насилно" ако требало, ако немало напредок до крај на месец и на физикална ќе сум требала да ја носам.

    Кога почнаа вашите да седнуваат сами, особено тие што не лазеле на 9 ипол месеци? Значи збориме седнување сама од грб да се заврти на страна и да седне, или од меше да си клекне на колена и да седне.
     
  13. Lolita-

    Lolita- Истакнат член

    Се зачлени на:
    5 февруари 2021
    Пораки:
    162
    Допаѓања:
    242
    Пол:
    Женски
    Мами, кога сум се чувствувала најлошо во своето тело без никаква желба за блискост започнав со вежбање на Драгана фит лајф платформата. Особено е погодна за неискусни вежбачи бидејќи постепено те внесува во вежбањето. И кога сум преуморна од бебе (навечер се будиме 25 пати, а сме 9 месеци) не се откажувам и баш насила се натерувам да извежбам 20 30 минути. Кога ќе почнеш да ги чувствуваш промените ќе се осеќаш мноогу посилна, како психички така и физички. Малите промени се големи победи за нас во овој период.
     
    На Stone, Puffy2019, Peperutce6 и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  14. angel4444

    angel4444 Популарен член

    Се зачлени на:
    1 април 2016
    Пораки:
    1.270
    Допаѓања:
    1.668
    Пол:
    Женски
    Сам стабилно си седнуваше на 9+м. Почна да "лази" т.е наназад да се бутка на 7+м, после си се влечеше војнички .. профи почна да лази на 11 месеци и тогаш почна и да се исправа на мебел. На меше се преврте на 6 месеци. Еве 16м за 1 недела уште не е прооден, а трча со проодувалка, се држи за ѕидови врати мебел, сегде шета..се пушта 3 чекорчиња само колку да се дофати за нешто.. редовно носен консултирани ортопед, педијатри..апсолутно секое бебе си е приказна за себе. Рамките за исполнување на овие достигнувања се мноооогу големи. Некои бебиња во моја околина се превртуваа на 4 месеци на меше, проодеа на 11м..однеси ја на уште едно мислење да не се грижиш, мислам дека секое бебе си е различно, јас вака ептен сум размислувала, сум се секирала, а реално кога сам си се осети спремен се си направи..без вежбање без ништо..без дубаци седнување на сила и слично..мое мислење :)
     
    На Puffy2019 и MariaBouli им се допаѓа ова.
  15. Peperutce6

    Peperutce6 Истакнат член

    Се зачлени на:
    29 април 2025
    Пораки:
    1.008
    Допаѓања:
    4.381
    Пол:
    Женски
    Ниту сум лазела ниту сум имала желба за седење а ни пробувала да идам. Едно сабајле на 13 месеци сум проодела и од тогаш не сум седнала. Мајка ми ова што кажувала. А еве ме здрава права ништо не ми фали.
    Се е океј со детето аман од таа докторка. Не мора да е се ко по книга.
     
    На Puffy2019 и MariaBouli им се допаѓа ова.
  16. AngelOfArh

    AngelOfArh Форумски идол

    Се зачлени на:
    26 септември 2011
    Пораки:
    21.822
    Допаѓања:
    114.750
    Пол:
    Женски
    Чек, колку има беба? На 9ипол месеци би требало да е по стабилна, особено на седење. Јас би отишла кај друг доктор за совет, особено после советот насилно.
     
    На MariaBouli му/ѝ се допаѓа ова.
  17. MariaBouli

    MariaBouli Истакнат член

    Се зачлени на:
    26 јули 2024
    Пораки:
    1.650
    Допаѓања:
    3.047
    Пол:
    Женски
    9ипол има, стабилно седи она нема никаков проблем со седењето, уште од 7 месеци седи стабилно, дури седи и странично, се врти во круг на газ (ама не се турка напред со рачињата), ама не седнува сама од лежење - ова ми рече било проблем и затоа била заостаната.

    Насилно мислеше во смисла да бидам упорна да ја вежбам и да сакала нејќела зошто требала да знае веќе.
     
  18. Puffy2019

    Puffy2019 Популарен член

    Се зачлени на:
    17 јануари 2019
    Пораки:
    829
    Допаѓања:
    1.810
    Пол:
    Женски
    И јас мислам како Чери, не ќе да е до незадоволството од новото тело. Да, јасно е дека не ни е пријатно да си го гледаме и допираме стомакот со стрии, кај мене уште е таков црн во папокот, кога го допирам осеќам како многу вишок кожа да имам, како да не се допирам себе. Мислам дека се поправив 13 кг, што не е премногу, а ова е новата ситуација...
    Повеќе мислам дека сме психички изморени и тоа не тишти.
    Сакав пред некој ден да прашам и јас, два и пол месеци откако се породив, некаде околу првиот месец почуствував желба и толку. А и како да мислам на секс кога немаме седнато ни муабет да направиме во нормално време, вчера си легнав така празна и тажна, дома беше а немаше време за мене...
    Преку ден сум сама со бебето, кај 5 доаѓаат со син ми дома, дома продолжува со работа на телефон, лап-топ и цел ден го чекам за да имам со кого муабет да си направам, и на крај кога вака ќе помине денот се рушам ;(
    Среќа што го имам син ми, па со него успевам некоја реченица да разврзам за тоа како си поминува во училиште, да си го изгушкам:l:
    После сум била нерасположена, само на најлоши работи, болести сум мислела.
    Знаев дека ќе е вака овој период затоа што се роди малава на есен, затворени дома.
     
    На Anaroz1, happygirl, Stone и 3 други им се допаѓа ова.
  19. Cherry333

    Cherry333 Популарен член

    Се зачлени на:
    30 јули 2019
    Пораки:
    3.437
    Допаѓања:
    8.549
    Пол:
    Женски
    Па ако не лази и го нема целото тоа споено, како да седне од лежечка положба.. Син ми на 9 седна стабилно сам, баш од лазење се намести. Претходно се клатеше и не го форсирав за седење затоа што чекав само да му дојде. Последно седна од сите тие мајлстоунс пред проодување што се, дури пред 9 месеци, а воопшто не беше "заостанат" во тој поглед, ептен добра груба моторика имаше. Нели бевте на ортопед на 9 месеци? Што ти кажаа? Таа докторка ортопед ли е? Јас мислам вака од ракав ти кажува, а ти се стресираш..
     
  20. Miss_S

    Miss_S Популарен член

    Се зачлени на:
    11 февруари 2022
    Пораки:
    4.425
    Допаѓања:
    9.158
    Пол:
    Женски
    Ќерка ми скоро и да не лазеше. Некаде околу роденденот почна повремено да движи со лазење, што со држење по мебел.
    Ама баш гледав слики и снимки нејзини, кај што се врти од грб на меше и од таа положба крева газе, витка колена и седнува. Може неубаво опишав, а не се сеќавам и кога почнала. Околу 9-9,5 месеци го правела нештото.